домен лепово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 May 2019 09:33:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домен лепово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вината на „Тиквеш“ со 15 награди и признанија на најголемиот светски вински натпревар „Декантер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/#respond Mon, 27 May 2019 06:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=202386

Вината на „Тиквеш“ и ‘тероар’ вината од новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ забележаа одличен успех на еден од најголемите и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter“, кој по 16-ти пат се одржува во Лондон. Врвното црвено ‘тероар’ вино „Барово“ од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји, што претставува факт кој сам по себе најдобро ја отсликува големината на овој успех. Црвеното „Барово“, од бербата 2015-та пак, освои злато и на минатогодишниот „Decanter“, што му овозможи влез во специјална оценувачка сесија на која, од страна на стручното жири на натпреварот, му беше доделен плaтинест медал, со што ова врвно македонско вино беше издвоено од сите останати добитници на највисоки награди. Дека оценувачкото жири на „Decanter“, кое оваа година беше составено од дури 280 вински експерти, високо го цени квалитетот на сите вина на „Тиквеш“, покажува и вкупната бројка на наградени вина која на годинешниот напревар се искачи на 15. Имено, покрај златниот медал за црвеното вино „Барово“, на годинешниот светски вински натпревар „Decanter“, сребрени медали освоија четири врвни вина и тоа: „Vranec Special Selection 2017“, „Sauvignon Blanc Special Selection 2018“, „Domaine Lepovo Pinot Noir 2016“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016“, а дополнително уште четири други вина се наградени со бронзени медали. Тоа се: црвените вина „Alexandria Cuvée 2017“, „Alexandria Classic 2017“, белото „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ и розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2018”. На овој натпревар, шест врвни вина на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“ добија специјални пофалници, и тоа: „Viognier Special Selection 2018“, „Temjanika Special Selection 2018“, „Merlot Special Selection 2017“, како и белите ,тероар’ вина „Барово“ и „Бела Вода“ од бербата 2018-та. Со овие признанија вкупниот број на освоени награди за вината на „Тиквеш“ на најпрестижните светски вински натпревари, кои во текот на пролетта традиционално се одржуваат на европскиот континент, се искачи до бројката 37. Ваквата импозантна бројка на освоени награди претставува ново одлично достигнување кое наговестува дека и оваа година вината на „Тиквеш“ и новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ ќе го потврдат, а можеби и ќе го надминат сопствениот рекорд од минатите години кога освојуваа и по 60-тина високи признанија на најспрестижните светски винските натревари кoи се одржуват во текот на целата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/feed/ 0
Забележителен успех на македонските винарии на „Мундус Вини“ во Германија https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zabelezitelen-uspeh-na-makedonskite-vinarii-na-mundus-vini-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zabelezitelen-uspeh-na-makedonskite-vinarii-na-mundus-vini-vo-germanija/#respond Fri, 01 Mar 2019 11:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=169803

На пролетното издание на „Мундус Вини“ во исклучително висока конкуренција од 7.200 вина што потекнуваат од 156 вински региони од различни делови на светот, се натпреваруваа и вината на ВВ „Тиквеш“, „Далвина“, „Стоби“, „Бовин“, „Камник“ и „Домен Лепово“. Значителен успех имаа вината на „Далвина“ со освоени пет златни медали за Hermes Vranec 2015, Dioniz Merlot 2016, Dioniz Vranec 2016, Hermes Cabernet Sauvignon 2015 и Hermes Merlot 2015 и еден сребрен медал за Dioniz Syrah 2016. Највисоката специјализирана награда ја понесе виното Hermes Vranec 2015 што беше прогласено за најдобро меѓу црвените вина од Македонија и се закити со медаљата Grand Gold. Награди освоија и шест вина на винарската визба „Тиквеш“, и тоа: Barovo 2018 (бело), Vranec Special Selection 2017, Alexandria Cuvee 2017 (црвено) и Bela voda 2016 (црвено) освоија златни медали, а Barovo 2016 (црвено) и Sauvignon Blanc Special Selection 2018 освоија сребрени медали. Златни медали освоија Verdot Reserve 2015 и Veritas Reserva 2015 на винаријата „Стоби“, како и A’Gupka Vranec 2012 и Alexandar 2017 од „Бовин“. Виното Cuvee de Prestige 2016 на „Камник“ освои златен медал, додека Merlot Single vineyard 2015 од истата винарија понесе среберeн медал. Со златен медал беше наградено и Domaine Lepovo Rose 2015, додека со сребен медал се закити Domaine Lepovo Chardonnay 2018 на винаријата „Домен Лепово“. За успехот на македонските винарии на овој престижен натпревар говори и фактот што во регионални рамки ниту една земја немаше толку голем број освоени награди. Конкретно, од Србија беа наградени 10 вина, 5 вина од Хрватска, шест вина од Црна Гора и 2 вина од Босна и Херцеговина. Винариите ќе ги подигнат освоените награди на овогодинешното издание на најголемиот вински саем во светот ProWein кој ќе се одржи од 17ти до 19ти Март 2019 година во Дизелдорф, Германија каде 10 македонски винарии ќе изложуваат на национален штанд организиран од Здружението Вина од Македонија. Учеството на винариите на овој саем е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство на РМ, преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2019та година. Во рамките на истата Програма, Министерството финансиски ги поддржува винариите и за освоени златни и специјализирани награди од најважните меѓународни и регионални натпревари за вино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zabelezitelen-uspeh-na-makedonskite-vinarii-na-mundus-vini-vo-germanija/feed/ 0