Доминик Прадали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Jun 2022 14:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Доминик Прадали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доминик Прадали нова претседателка на Меѓународната федерација на новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-pradali-nova-pretsedatelka-na-megjunarodnata-federacija-na-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-pradali-nova-pretsedatelka-na-megjunarodnata-federacija-na-novinari/#respond Thu, 02 Jun 2022 14:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=685643

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) денеска ја избра Доминик Прадали од Франција за нова претседателка на ИФЈ, на 31-от Конгрес на организацијата што се одржува во Мускат, Оман. Таа е втора жена на таа позиција во речиси 100-годишната историја на организацијата. Доминик Прадали е генерален секретар на синдикатот на француските новинари, а целата своја професионална кариера ја помина на националната телевизија, каде што беше и главна уредничка. Била и член на Француската комисија за новинарска етика и медијација. Прадали беше член на Извршниот одбор на ИФЈ во два мандата. Доминик Прадали вети дека ќе го посвети својот мандат на слободата на печатот ширум светот, солидарност меѓу колегите, како и подобрување на нивната финансиска состојба, поддршка за новинарите кои работат во воените зони и нивна безбедност, особено имајќи предвид дека од последниот Конгрес пред три години се убиени и страдале повеќе од 200 новинари. Прадали, исто така, се залага за единство и опстанок на ИФЈ како единствена организација. Меѓународната федерација на новинари е основана во 1926 година во Париз на иницијатива на новинарот и активист Жорж Бурдон, кој беше и еден од основачите на Лигата за човекови права. Неговата животна мисија беше солидарност меѓу сите новинари на планетата и подобрување на условите за работа за целосно и објективно пренесување на информациите, што остана основна задача и по речиси еден век постоење на Федерацијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-pradali-nova-pretsedatelka-na-megjunarodnata-federacija-na-novinari/feed/ 0