Доминик Раб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 09:02:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Доминик Раб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доминик Раб: Ќе има одговорност за секој учесник во воените злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-kje-ima-odgovornost-za-sekoj-uchesnik-vo-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-kje-ima-odgovornost-za-sekoj-uchesnik-vo-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Tue, 01 Mar 2022 09:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=638474

Секој кој ќе учествува во воени злосторства во Украина, ќе се смета за одговорен, нагласи денеска, заменик-премиерот на Велика Британија, Доминик Раб. – Ова се трансформира во многу поопасен проблем за Путин, отколку што тој самиот мисли, изјави Раб за „Скај њуз“. Тој смета дека беа „доволно јасни“ кога „кажавме дека тие, кои учествуваат во воени злосторства, за тоа и ќе одговараат“. Раб додаде дека Велика Британија нема да бара зона за забранети летови над Украина, како и дека конфликтот нема да заврши, дури и доколку Русија успее да го окупира Киев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-kje-ima-odgovornost-za-sekoj-uchesnik-vo-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Раб: Лондон нема да ја признае талибанската влада, но мора да ја прифатиме ситуацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rab-london-nema-da-ja-priznae-talibanskata-vlada-no-mora-da-ja-prifatime-situacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rab-london-nema-da-ja-priznae-talibanskata-vlada-no-mora-da-ja-prifatime-situacijata/#respond Fri, 03 Sep 2021 17:14:23 +0000 https://kurir.mk/?p=558975

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека Лондон нема да ја признае талибанската влада во Авганистан, но дека мора да ја прифати ситуацијата во таа земја. Раб во Пакистан рече дека Велика Британија не може да евакуира 15.000 луѓе од Кабул без соработка со талибанците. -Не ги признаваме талибанците како влада, но важно е да комуницираме директно со нив, рече Раб. Тој додаде дека е потребно да се почека за да се види дали талибанците ќе ги исполнат ветувањата за почитување на човековите права. -Лондон одобри повеќе од 41 милион долари како хуманитарна помош за земјите во соседството на Авганистан, кои може да се соочат со бран бегалци, рече Раб.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rab-london-nema-da-ja-priznae-talibanskata-vlada-no-mora-da-ja-prifatime-situacijata/feed/ 0
Доминик Раб ги осуди белоруските власти за протерувањето на двајца британски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-gi-osudi-beloruskite-vlasti-za-proteruvanjeto-na-dvajca-britanski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-gi-osudi-beloruskite-vlasti-za-proteruvanjeto-na-dvajca-britanski-diplomati/#respond Tue, 10 Nov 2020 09:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=427249

Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, синоќа изјави дека одлуката на Белорусија да протера двајца британски дипломати е целосно неоправдана. „Протерувањето на двајцата британски дипломати од Белорусија поради легитимно набљудување на протест е целосно неоправдано“, напиша Раб на Твитер. Раб тврди дека белорускиот претседател, Александар Лукашенко, не може „да го сокрие угнетувањето на неговиот народ“. „Единствен начин да се оди напред се слободни и фер избори и изведување пред лицето на правдата на одговорните за насилствата врз демонстрантите“, додада Раб во твитот. Белоруското Министерство за надворешни работи прогласи двајца дипломати од британската Амбасада во Минск за персона нон грата, претходно вчера соопшти портпаролот на министерство, Анатолиј Глаз. -Мистерството за надворешни работи донесе одлука да прогласи двајца дипломати на британската Амбасада за персона нон грата поради активности што не се во согласност со статусот на дипломатски агент, статусот дипломат и со целите за останување во Република Белорусија, рече Глаз за ТВ ОНТ. Британските медиуми наведуваат дека одлуката е донесена поради наводна „деструктивна активност“ на дипломатите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-gi-osudi-beloruskite-vlasti-za-proteruvanjeto-na-dvajca-britanski-diplomati/feed/ 0
Раб: Обезбедени се неспорни докази за труењето на Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rab-obezbedeni-se-nesporni-dokazi-za-truenjeto-na-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rab-obezbedeni-se-nesporni-dokazi-za-truenjeto-na-navalni/#respond Thu, 08 Oct 2020 05:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=413678

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб изјави дека се обезбедени „неспорни“ докази за труењето на рускиот активист и критичар на Кремљ, Алексеј Навални. -Застанавме рамо до рамо со Германија и Франција и ќе сториме се што е потребно за да воведеме санкции за руските официјални лица одговорни за труењето на Навални, рече Раб, цитиран од британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rab-obezbedeni-se-nesporni-dokazi-za-truenjeto-na-navalni/feed/ 0
Британско МНР: Иранските ракетни напади се непромислени и опасни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-mnr-iranskite-raketni-napadi-se-nepromisleni-i-opasni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-mnr-iranskite-raketni-napadi-se-nepromisleni-i-opasni/#respond Wed, 08 Jan 2020 12:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=286803

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го осуди денеска иранскиот ракетен напад врз две бази во Ирак, кои ги користат американските војници и нивните сојузници, повикувајќи го Техеран да се воздржи од натамошни воени акции. – Го повикуваме Иран да не ги повтори овие непромислени и опасни напади и да се посвети на итна деескалација, порача Раб. Тој нагласи дека евентуална војна во регионот ќе им биде од корист на Исламска држава и другите терористички групи. Министерството за одбрана во Лондон претходно соопшти дека во нападите нема повредени британски војници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-mnr-iranskite-raketni-napadi-se-nepromisleni-i-opasni/feed/ 0
Соочена со владина криза, Меј набрзина именуваше нов министер за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soochena-so-vladina-kriza-mej-nabrzina-imenuvashe-nov-minister-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soochena-so-vladina-kriza-mej-nabrzina-imenuvashe-nov-minister-za-bregzit/#respond Mon, 09 Jul 2018 10:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=74731

Даунинг Стрит денеска соопшти дека британската премиерка Тереза Меј го именувала министерот за домување Доминик Раб како нов министер задолжен за спроведување на британското излегување од Европската унија. Одлуката на Меј следува откако досегашниот министер задолжен за преговорите за Брегзит, Дејвид Дејвис, поднесе оставка незадоволен од исходот на владиниот состанок во петокот. На тој состанок, кој се одржа во резиденцијата Чекерс, Тереза Меј побара од нејзините министри да се обврзат да почитуваат низа на инструкции во британските преговори со европските претставници, на кои се разгледуваат идните трговски односи на Велика Британија и ЕУ, правата на државјаните и жителите, границата со Ирска, британскиот однос кон европските регулативи и низа други прашања. По состанокот, Дејвис изјави дека договореното нема да значи вистинско напуштање на Европската унија и дека британскиот Парламент ќе остане обврзан на огромен број правила и регулативи на ЕУ, по што ја поднесе својата оставка. Доминик Раб (44), чие именување денеска е одобрено од страна на Кралицата, е познат како силен поддржувач на излегувањето од Европската унија. Самата премиерка го поддржуваше предлогот Велика Британија да остане во ЕУ, поради што водачите на таборот кој е за излегување од ЕУ, како Мајкл Гоув и Борис Џонсон, гледаат сомничаво кон неа. Оставката на Дејвис и незадоволството од исходот на средбата во Чекерс ја отвори можноста за уривање на Владата на Меј и распишување на уште едни предвремени избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soochena-so-vladina-kriza-mej-nabrzina-imenuvashe-nov-minister-za-bregzit/feed/ 0