домородно население – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Sep 2020 05:38:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домородно население – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Болсонаро го обвини домородното население за пожарите во Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-go-obvini-domorodnoto-naselenie-za-pozarite-vo-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-go-obvini-domorodnoto-naselenie-za-pozarite-vo-amazonija/#respond Wed, 23 Sep 2020 05:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=407054

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска во својот говор во ОН кажа дека домородното население е виновно за годинашните пожари во прашумата на Амазонија и притоа ги нападна и медиумите за ширење паника за пандемијата на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Во однапред снимениот говор на седницата на Генералното собрание на ОН, екстремно десничарскиот лидер ги демантираше критиките за неговата еколошка политика и потезите што ги направи за време на пандемијата на коронавирусот. -Пожарите секогаш се случуваат на истите места, на источната страна од шумата, каде што селаните и Индијанците ја палат својата земја во веќе опустошените области, рече Болсонаро. Соња Гуајајара, лидер на главната домородна организација, веднаш возврати дека Болсонаро лаже. -Ние, исто така, мора да ја разоткриеме оваа политичка катастрофа што ја уништува нашата животна средина и нашата иднина, рече таа. Болсонаро, кој постојано ја минимизира сериозноста на пандемијата, овој пат изрази жалење за смртта на повеќе од 137.200 лица во неговата земја од Ковид-19. Но, притоа, тој ги обвини медиумите за „политизација“ на пандемијата и создавање паника меѓу бразилските граѓани, што речиси доведе до социјален хаос]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-go-obvini-domorodnoto-naselenie-za-pozarite-vo-amazonija/feed/ 0