доналд трмп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Mar 2021 08:46:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доналд трмп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меланија и Доналд оваа тајна поврзана со коронавирусот ја криеја долго од јавноста- еве што се случувало во Белата куќа во последните денови од нивниот престој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/melanija-i-donald-ovaa-tajna-povrzana-so-koronavirusot-ja-krieja-dolgo-od-javnosta-eve-shto-se-sluchuvalo-vo-belata-kukja-vo-poslednite-denovi-od-nivniot-prestoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/melanija-i-donald-ovaa-tajna-povrzana-so-koronavirusot-ja-krieja-dolgo-od-javnosta-eve-shto-se-sluchuvalo-vo-belata-kukja-vo-poslednite-denovi-od-nivniot-prestoj/#respond Tue, 02 Mar 2021 08:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=475850

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија биле вакцинирани против коронавирус во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, дознаваат локалните медиуми од сигурни извори. За разлика од Џо Бајден, кој се вакцинираше на 21 декември, што беше пренесувано во живо на телевизија, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не кажа дека е вакциниран. -Претседателот Трамп и првата дама беа вакцинирани во Белата куќа во јануари, изјавил за локалните медиуми извор близок на поранешниот претседател, без да наведе други детали. Доналд Трамп, во неделата во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа, изјави дека „сите треба да се вакцинираат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/melanija-i-donald-ovaa-tajna-povrzana-so-koronavirusot-ja-krieja-dolgo-od-javnosta-eve-shto-se-sluchuvalo-vo-belata-kukja-vo-poslednite-denovi-od-nivniot-prestoj/feed/ 0
Поддржувачите на Трамп во Конгресот прават напори за поништување на изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-tramp-vo-kongresot-pravat-napori-za-ponishtuvanje-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-tramp-vo-kongresot-pravat-napori-za-ponishtuvanje-na-izborite/#respond Wed, 06 Jan 2021 18:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=452488

Американскиот Конгрес денеска испишува историја. Ова е првпат во својата модерна историја законодавното тело на САД да дискутира за поништување на резултати на едни претседателски избори.  Група републикански  конгресмени денеска во Сенатот на броењето на сертифицираните гласови од секоја сојузна држава, обично прифатено како формална процедура, ја отфрлија победата на Џо Бајден во Аризона, сертифицирана со гласовите на електорите од изборниот колеџ.  Забелешката за изборите во Аризона не е единствена. Бидејќи постојат неколку забелешки, претставниците на Сенатот и Претставничкиот дом се вратија на своите места да дискутираат за ова.   За да се прифати секоја забелешка на сертифицирани избори во некој сојузна држава, потребно е да биде изгласана од секој дом одделно. Според еспертите тоа нема да биде возможно, така што победата на Бајден и неговиот потпретседател, Камала Харис, не е ставена во прашање, туку само се одложува формалната постапка на нејзино официјализирање.  Моментално, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, се обраќа пред горинот дом. Тој претходно укажа дека овој говор ќе биде „најважниот и најодлучувачкиот во мојата кариера“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-tramp-vo-kongresot-pravat-napori-za-ponishtuvanje-na-izborite/feed/ 0
Зошто Трамп беше пуштен толку брзо од болница? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-tramp-beshe-pushten-tolku-brzo-od-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-tramp-beshe-pushten-tolku-brzo-od-bolnica/#respond Tue, 06 Oct 2020 14:04:24 +0000 https://kurir.mk/?p=413013

Доколку се заразите од коронавирус, не очекувајте ист третман како и претседателот Доналд Трамп, бидејќи тој можеби е единствената личност во светот што примил коктел од три лекови, им порачуваат американските медиуми на грѓаните. Очекувано е дека лидерот на земјата ќе добие дополнително внимание и најдобра можна грижа, но некои од третманите што ги добил тој не се достапни за пошироката јавност, посочуваат лекари. Пред да биде хоспитализиран во петокот, Трамп примил експериментална терапија со антитела на „Регенерон“, што може да го намали нивото на коронавирусот и покажа ветувачки резултати во студијата со 275 пациенти. Сепак, третманот сè уште не доби одобрение за итна употреба од американската Администрација за храна и лекови. Биотехнолошката компанија „Регенерон“ соопшти дека го обезбедила лекот откако добила барање за т.н. сочувствителна употреба од страна на лекарите на Трамп. Покрај експерименталната терапија со антитела, Трамп добил и ремдесивир и дексаметазон. „Ја напуштам одличната болница Валтер Рид во 18:30 часот. Се чувствувам многу добро! Не плашете се од Kовида-19. Не дозволувајте тоа да владее со вашиот живот. Развивме одлични лекови и стекнавме големо знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години“, напиша Трамп на Твитер. „Се враќаме на работа. Како ваш водач, морав да го сторам тоа. Знам дека постои опасност, но морав. Влегов и водев. Секој лидер би го направил тоа што го направив јас. Знам дека постои ризик и опасност, но тоа е во ред “Сега сум подобар и можеби сум имун, не знам. Но, не дозволувајте (коронавирусот) да доминира во вашите животи”, рече Трамп во видео пораката што ја сними и ја објави по повод излегувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-tramp-beshe-pushten-tolku-brzo-od-bolnica/feed/ 0
Трамп: Ако не бидам реизбран за претседател, американската економија ја чека крах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-ne-bidam-reizbran-za-pretsedatel-amerikanskata-ekonomija-ja-cheka-krah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-ne-bidam-reizbran-za-pretsedatel-amerikanskata-ekonomija-ja-cheka-krah/#respond Sat, 15 Jun 2019 17:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=209490

Американската економија може да доживее невиден крах, ако јас не бидам реизбран на функцијата на претседателските избори во ноември 2020 година, оцени претседателот на САД, Доналд Трамп. – Економијата на Трамп постигнува рекорди и во иднина не чекаат уште многу… Но, ако некој друг, наместо мене, победи на изборите во 2020 година, тогаш ќе настане крах на берзите, каков што не сте виделе претходно. Да ја зачуваме Америка голема, објави Трамп на Твитер, без да прецизира за какви „рекорди во економијата“ станува збор. Трамп планира да биде кандидат за претседател на САД на Републиканската партија и да се бори за втор претседателски мандат на изборите следната година. Од друга страна, во трка за демократски претседателски фаворит се десеттина кандидат, меѓу кои за најсериозни важат поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и сенаторот Берни Сандерс. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека и Бајден и Сандерс се попопуларни меѓу Американците од Трамп. Така, според последната анкета на „Политико“ и „Морнинг Кансалт“, во случај на дуел Трамп-Бајден, за поранешниот потпретседател би гласале 44 отсто од испитаниците, а за актуелниот претседател 33 проценти. Во случај на претседателска трка меѓу Трамп и Сандерс, за сенаторот од Вермонт би гласале 42 отсто од анкетираните, а за актуелниот станар на Белата куќа – 32 проценти. И во двата случаи, околу една четвртина од испитаниците изјавиле дека не знаат за кого би гласале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-ne-bidam-reizbran-za-pretsedatel-amerikanskata-ekonomija-ja-cheka-krah/feed/ 0