доналд туск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 11:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доналд туск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Туск: Доаѓам во Брисел со задача да го вратам местото на Полска во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tusk-doagam-vo-brisel-so-zadacha-da-go-vratam-mestoto-na-polska-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tusk-doagam-vo-brisel-so-zadacha-da-go-vratam-mestoto-na-polska-vo-eu/#respond Wed, 25 Oct 2023 11:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=892916

Поранешниот и најверојатно идниот полски премиер Доналд Туск денеска пристигна во Брисел, каде кажа дека доаѓа со мисија да го врати местото на неговата земја во ЕУ. -Пред речиси 10 години, во мојот прв говор како претседател на Европскиот совет, реков дека дојдов во Брисел со чувство за мисија, а тоа можам да го повторам и денеска. Денешната мисија е враќање на местото на мојата земја во Европа и зајакнување на ЕУ, рече Туск. „Резултатите од изборите во Полска јасно покажаа дека демократијата, владеењето на правото, слободата на говорот, европското единство се многу важни за нашите граѓани. Горд сум на моите сонародници - тие докажаа дека не треба да надвладеат антидемократските и антиевропските сили“, додаде тој. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека нејзиниот разговор со Туск денеска ќе влијае на обезбедувањето средства од европскиот буџет за Варшава, поддршката за Украина и стабилноста на економијата на ЕУ. „Рекордна излезност на изборите во Полска претходно овој месец покажа дека Полјаците се силно посветени на демократијата“, рече таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tusk-doagam-vo-brisel-so-zadacha-da-go-vratam-mestoto-na-polska-vo-eu/feed/ 0
Туск за инвазијата на Русија: Секоја отстапка ќе биде искористена против нас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tusk-za-invazijata-na-rusija-sekoja-otstapka-kje-bide-iskoristena-protiv-nas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tusk-za-invazijata-na-rusija-sekoja-otstapka-kje-bide-iskoristena-protiv-nas/#respond Thu, 10 Mar 2022 19:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=645092

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре нејзиниот напад врз Украина. -Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас, рече Туск. – Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема шансата да се избегне најлошото сценарио, а тоа е војна на наша територија. Говорејќи пред средбата на лидерите на земјите од ЕУ, претседателот на Европската народна партија рече дека европското „помирување“ со Русија во изминатата деценија е „можеби најголемата геополитичка грешка“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tusk-za-invazijata-na-rusija-sekoja-otstapka-kje-bide-iskoristena-protiv-nas/feed/ 0
Честитка од претседателот на ЕПП, Доналд Туск до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-na-epp-donald-tusk-do-pretsedatelot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-na-epp-donald-tusk-do-pretsedatelot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/#respond Thu, 13 Jan 2022 18:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=619028

Претседателот на ЕПП, Доналд Туск му го честиташе реизборот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за прв човек на партијата Сакам срдечно да ви честитам за реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата. По многу успешните локални избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето градови – вклучувајќи ги и силните резултати во главниот град Скопје – убеден сум дека и вашиот реизбор ќе придонесе за вбризгување на нова енергија во партијата. Мило ми што се запознав и со новата партиска доктрина која што беше усвоена на Конгресот, која се фокусира на најважните предизвици со кои се соочува земјата, а тоа се борбата против корупцијата и потребата од дигитализација и реформи за зајакнување на економскиот развој на земјата и нејзино придвижување на Европскиот пат, кои што се клучни столбови за иднината. Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води силна и конструктивна опозиција, што ќе овозможи да си ја врати поранешната сила на идните парламентарни избори, а притоа сметам на вас, да продолжите да се држите до европските и вредностите на ЕПП. Ви посакувам успех во новиот мандат, стои во честитката на Туск, упатена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-na-epp-donald-tusk-do-pretsedatelot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/feed/ 0
Претседателот на ЕПП Доналд Туск: Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и кандидатите за локалните избори- имате брилијантен тим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-epp-donald-tusk-poddrshka-za-vmro-dpmne-mickoski-i-kandidatite-za-lokalnite-izbori-imate-brilijanten-tim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-epp-donald-tusk-poddrshka-za-vmro-dpmne-mickoski-i-kandidatite-za-lokalnite-izbori-imate-brilijanten-tim/#respond Tue, 12 Oct 2021 09:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=577564

Како ваш посветен и лојален сојузник, сега и секогаш Ве повикам да излезете на изборите и да го дадете вашиот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Ја подржувам вашата земја како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, ве поддржувам денес и ќе продолжам да ве поддржувам и во иднина. Ги заслужувате највисоките стандарди, почит и ефикасна држава, вели Доналд Туск, претседател на ЕПП. -Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На локалните избори, партијата е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија. Се работи за нови луѓе во светот на политиката кои се истовремено чесни и компетентни. Се работи секако за Ваш избор, но како Ваш пријател кој секогаш ги поддржува Македонците во нивните напори за подобра иднина сакам да ви кажам дека доколку јас гласав со Вас на овие избори, без задршка ќе го одберев ВМРО-ДПМНЕ. Секако одлуката е ваша. Вашата иднина е во ваши раце. Благодарност за поддршката упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -ВМРО-ДПМНЕ се бори за ЕУ која ќе овозможи иднина за сите луѓе во Македонија, за заедничките европски вредности, за наше идентитетско почитување што подрабира вреднување на нашиот јазик, на она што навистина сме, што се гледа и од самата поддршка на нашиот пријател Туск. Заедно и одлучно, сите ние и нашите пријатели ќе создадеме нова иднина! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-epp-donald-tusk-poddrshka-za-vmro-dpmne-mickoski-i-kandidatite-za-lokalnite-izbori-imate-brilijanten-tim/feed/ 0
Ѓорчев во Брисел на средба со претседателот на ЕПП Доналд Туск https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-vo-brisel-na-sredba-so-pretsedatelot-na-epp-donald-tusk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-vo-brisel-na-sredba-so-pretsedatelot-na-epp-donald-tusk/#respond Tue, 07 Sep 2021 16:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=560660

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев учествува во работата на политичкото собрание на ЕПП во Брисел. Ѓорчев оствари средба и разговор со претседателот на ЕПП Доналд Туск на која се заблагодари за неговата поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и воедно го информираше за актуелните случувања во Македонија. Претседателот Туск најави дека на почетокот на октомври ќе се оддржи посебен лидерски самит на ЕПП за Западниот Балкан, на кој е поканет претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата со меѓународниот секретар на ЕПП Патрик Фолер стана збор за претстојните локални избори, на кои се очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и ЕПП во наредниот период ќе ја интензивираат соработката, вклучително и билатерална соработка со ЕПП партиите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-vo-brisel-na-sredba-so-pretsedatelot-na-epp-donald-tusk/feed/ 0
Доналд Туск најави повлекување од функцијата претседател на ЕПП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donald-tusk-najavi-povlekuvanje-od-funkcijata-pretsedatel-na-epp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donald-tusk-najavi-povlekuvanje-od-funkcijata-pretsedatel-na-epp/#respond Sun, 04 Jul 2021 14:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=531801

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск денеска најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Европската народна партија (ЕПП), еден ден по најавата за враќање во полската домашна политика. Туск, кој во саботата се врати на позицијата лидер на либералната партија Граѓанска платформа (ПО), чиј ко-основач е, е претседател на Европската народна партија од 2019 година. Актуелниот претседател на ЕПП рече дека „разговорите за неговиот наследник ќе започнат на есен“. „Се разбира дека формално можам да бидам шеф на партијата Граѓанска платформа и на Европската народна партија, која обединува многу европски партии“, рече Туск. Сепак, тој додаде дека „сака да се вклучи сто проценти во полската политичка сцена“. „Веќе ги информирав моите партнери, премиерите и претседателите од Европската народна партија за одлуката дека ќе посветам на политиката во Полска“, рече Туск. Тој се врати на полската политичка сцена во саботата како лидер на најголемата опозициска партија, чии членови се надеваат дека партијата ќе добие нов замав со Туск. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donald-tusk-najavi-povlekuvanje-od-funkcijata-pretsedatel-na-epp/feed/ 0
„Политико“: Доналд Туск во самоизолација со симптоми на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-donald-tusk-vo-samoizolacija-so-simptomi-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-donald-tusk-vo-samoizolacija-so-simptomi-na-koronavirus/#respond Thu, 29 Oct 2020 10:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=422032

Претседателот на Европската народна партика и поранешен претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск е во самоизолација поради симптоми кои укажуваат на коронавирус, јавува „Политико“. -Туск од 27 октомври се наоѓа во изолација со симптоми на коронавирус и сега ги чека резултатите од тестот, изјавил функционет од ЕПП за Политико. Туск на 15 октомври претседаваше со состанокот на Европската народна партика, кој е одржан на највисоко ниво пред самитот на лидерите на Европската инија во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politiko-donald-tusk-vo-samoizolacija-so-simptomi-na-koronavirus/feed/ 0
Претседателот на Европската народна партија по телефонскиот разговор со Мицкоски: Сите треба да им служат на интересите на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-evropskata-narodna-partija-po-telefonskiot-razgovor-so-mickoski-site-treba-da-im-sluzat-na-interesite-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-evropskata-narodna-partija-po-telefonskiot-razgovor-so-mickoski-site-treba-da-im-sluzat-na-interesite-na-gragjanite/#respond Thu, 04 Jun 2020 13:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=353837

Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск денеска оствари телефонски повик со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој дел од тоа што разговарале го сподели преку твит на својот Твитер профил. „Во мојот разговор денес со Христијан Мицкоски, претседател на нашата сестринска  партија ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за ситуацијата со  КОВИД-19 и за политичката ситуација во земјата. Сите треба да им служат на интересите на граѓаните“, напиша Туск на својот Твитер профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-evropskata-narodna-partija-po-telefonskiot-razgovor-so-mickoski-site-treba-da-im-sluzat-na-interesite-na-gragjanite/feed/ 0
Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Туск https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-telefonski-razgovor-so-pretsedatelot-na-evropskata-narodna-partija-tusk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-telefonski-razgovor-so-pretsedatelot-na-evropskata-narodna-partija-tusk/#respond Thu, 04 Jun 2020 11:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=353793

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск. -Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот. Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект. Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните, откри Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека разговарале и за соработката во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија  при што ја истакнал важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија. -Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-telefonski-razgovor-so-pretsedatelot-na-evropskata-narodna-partija-tusk/feed/ 0
Туск: Реформата за проширување на ЕУ не треба да биде штетна за Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tusk-reformata-za-proshiruvanje-na-eu-ne-treba-da-bide-shtetna-za-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tusk-reformata-za-proshiruvanje-na-eu-ne-treba-da-bide-shtetna-za-zapaden-balkan/#respond Sat, 07 Dec 2019 17:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=274672

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), донеодамнешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск му забележа на францускиот претседател Емануел Макрон за односот кон Западен Балкан и предупреди дека процесот за проширување не смее да биде штетен за Македонија и за Албанија. – Можам да се согласам дека на процесот за проширување му е потребна реформа, како што бара Макрон, но не на штета на тие земји. Спротивставувањето е стратешка и геополитичка грешка, бидејќи на Унијата и е потребен стабилен Балкан, истакна Туск во интервју за полскиот весник „Газета виборча“. Туск упати критики до Макрон поради блокирањето на почетокот на пристапните преговори за Македонија и за Албанија, предупредувајќи дека станувало збор за формално започнување на преговори, односно да се даде позитивен сигнал кој му е потребен на Западен Балкан, а не да се потврдува проширувањето. – Ако кон Макрон треба да се однесуваме како кон европски лидер, тогаш тој мора да чувствува одговорност за цела Европа, а не само за Франција. Тоа секогаш била карактеристика на Ангела Меркел. Секој греши, но таа секогаш истовремено мисли на Европа како целина и е подготвена да посвети некои внатрешни интереси поради одбрана на Европа како целина, нагласи Туск. Новиот претседател на ЕПП, исто така, во интервјуто го критикува Макрон за односот кон НАТО. – Мораме да бидеме сега многу внимателни во овој критичен момент кога во Вашингтон првпат имаме претседател кој е отворено против ЕУ како партнер против Европа. Но претседателите доаѓаат и заминуваат. И иако сега имаме сезонски проблеми со Трамп, токму Макрон, како еден од најважните европски лидери, треба силно да ги чува нашите односи со САД, изјави Туск. Тој се осврна и кон позитивните изјави на Макрон за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин. – На сум толку разочаран, колку што сум дезориентиран. Што сака тој да постигне, кои се неговите вистински цели? Се надевам дека Макрон ќе остане доследен да ја заштити Украина од Русија. Доколку не успееме да ја заштитиме, тоа ќе биде проблем за цела Европа, бидејќи украинското прашање не претставува нас – Европа со нејзините принципи, нагласи Доналд Туск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tusk-reformata-za-proshiruvanje-na-eu-ne-treba-da-bide-shtetna-za-zapaden-balkan/feed/ 0