донатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 14:11:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png донатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Телма: Сопругата на тендерџијата Адеми била меѓу најголемите донатори на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-soprugata-na-tenderdhijata-ademi-bila-megu-najgolemite-donatori-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-soprugata-na-tenderdhijata-ademi-bila-megu-najgolemite-donatori-na-dui/#respond Fri, 01 Sep 2023 14:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=873433 И сопругата на добитникот на тендерот од 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи (МНР) е меѓу најголемите донатори на ДУИ. Фирмата Виаком во сопственост на Арбе Адеми минатата година ѝ донирала на ДУИ 1,8 милиони денари, или околу 30 илјади евра, покажува годишниот извештај за донации на партијата, пренесе Телма.

-Фирмата на нејзиниот сопруг Елмедин Адеми, Еуровија од Желино, исто така донатор на ДУИ, доби 1,8 милион евра на тендер за преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември. Тендерот го организираше Министерството за надворешни со кое раководи Бујар Османи, кадар токму на ДУИ. Антикорупциската уште пред неколку дена најави дека ќе проверува дали има злоупотреби, објави телевизијата.

Османи реагираше дека немало никакво политичко влијание при изборот, туку била избрана најевтината понуда.

„Знам дека не ви се верува, но јас од медиумите дознав дека компанијата е донатор“, рече завчера Османи.

Министерството за надворешни работи денеска ја достави документацијата за тендерот до Антикорупциската комисија и до Обвинителството.

„Министерството апелира до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста“, соопшти МНР.

Инаку, фирмата Еуровија и нејзиниот сопствник Елмедин Адеми се најголемите донатори на ДУИ во 2022 година. Според годишниот извештај за донации на ДУИ, Адеми минатата година ѝ донирал на партијата 2,5 милиони денари (околу 40 илјади евра), а фирмите Еуровија и Виаком по 1,8 милиони денари (околу 30 илјади евра).

-Во ова има два спорни моменти. Според одредбите на законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор“. Адеми негираше дека токму таа Еуровија донирала со оглед на тоа што има повеќе фирми кои го содржат тоа име, но се дел од истоимената поголема групација. Другиот спорен момент е што донациите ги надминуваат законските ограничувања. Според законот, поединец може да донира до 30 просечни плати годишно, а фирма до 60 просечни плати. Адеми донирал двојно повеќе од дозволеното, пренесе Телма.

Извори од повеќе институции тврдат дека ДУИ ги вратило вишокот пари на својот донатор без да откријат на кој датум се случило тоа.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-soprugata-na-tenderdhijata-ademi-bila-megu-najgolemite-donatori-na-dui/feed/ 0
Навивач на Англија не отиде на полуфиналето на ЕУРО2020 за да спаси живот – сега доби билети за финалето! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivach-na-anglija-ne-otide-na-polufinaleto-na-euro2020-za-da-spasi-zivot-sega-dobi-bileti-za-finaleto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivach-na-anglija-ne-otide-na-polufinaleto-na-euro2020-za-da-spasi-zivot-sega-dobi-bileti-za-finaleto-foto/#respond Sat, 10 Jul 2021 08:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=534706

Навивач на Англиската репрезентација Сем Естли планирал со својата девојка Бет Хил на „Вембли“ да го гледаат за Англија историскиот натпревар од полуфиналето на Евро против Данска, откако Бет ги освоила билетите во наградната игра. Сепак, 24-годишниот Астли добил повик од болницата во кој го известиле дека неговото тело одговара на телото на човекот кој чека трансплантација на матични клетки што спасува живот. Младиот Англичанец не се двоумел и решил да го пропушти полуфиналето на Еврото за да му помогне на странецот. “Животот е поважен од фудбалскиот натпревар. Ништо не може да биде поважно од спасување на нечиј живот”, рече Естли, кој исто така ќе донира коскена срцевина оваа недела: “Некој ја чека таа донација, но не сум сигурен во кој дел од светот од кој е “, додаде тој. Откако приказната се прошири на социјалните мрежи, многу луѓе побараа да им се дадат билети на Астли и неговата девојка за финалето на Европското првенство, а оваа идеја ја поддржа и Гери Линекер. Конечно, Виво Европа, еден од спонзорите на еврото, им даде два билети за финалето во недела помеѓу Англија и Италија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivach-na-anglija-ne-otide-na-polufinaleto-na-euro2020-za-da-spasi-zivot-sega-dobi-bileti-za-finaleto-foto/feed/ 0
Над 8000 донатори на крв – меѓу нив нема ниту еден позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-8000-donatori-na-krv-megju-niv-nema-nitu-eden-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-8000-donatori-na-krv-megju-niv-nema-nitu-eden-pozitiven-na-kovid-19/#respond Sat, 23 May 2020 07:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=349270

Со маски, задолжително мерење температура, честа дезинфекција и потпишување изјава меѓу кои има и прашања поврзани со Ковид-19. Вака изминатите два и пол месеци во вонредни услови се организираат крводарителските акции. -Во екот на пандемијата изготвивме и прашалник и самиот крводеарител да се потпише, изјави прим. Д-р Горан Андонов, раководител на оддел за крводарување. Досега на Институтот за трансфузиона медицина немале случај позитивен на коронавирус да дарува крв. -Препораките покажуваат дека таа крв може да се користи, но ние би го исклучиле од преработка таквиот крвен продукт, изјави д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина. Од Институтот велат дека располагаат со доволно количество на крв и крвни продукти. И покрај вонредната состојба, ограничување на движењето и редукција на акциите за два месеци успеале да соберат околу 8000 единици. Биле покриени сите потреби во здравството. -Сакам да им се заблагодарам на сите крводарители кои изминатиот период одвоија од своето драгоцено време и во вонредни услови даруваа крв, рече д-р Усеини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-8000-donatori-na-krv-megju-niv-nema-nitu-eden-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Нема да им поверувате на сопствените очи: Има 27 години, а веќе направил 25 деца (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nema-da-im-poveruvate-na-sopstvenite-ochi-ima-27-godini-a-vekje-napravil-25-deca-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nema-da-im-poveruvate-na-sopstvenite-ochi-ima-27-godini-a-vekje-napravil-25-deca-video/#respond Tue, 12 Mar 2019 13:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=173943

Сериски донатор на сперма кој се нарекува модерен Исус вели дека никогаш немал секс, а самозадоволувањето го правел само за донирање. Во последните пет години Куле Горду станал татко на 18 деца, а уште седум ги очекува во моментов. 27 годишниот од Лос Анџелес патува низ светот само за да ги оплоди жените кои тоа го бараат од него. Тој вели и дека од секогаш сакал да има многу деца, но никогаш не се чувствувал убаво во врските, со оглед на големиот број на разводи и одговорностите кои ги носи бракот. Тој во 2014 година започнал да ја огласува својата сперма, а две недели подоцна веќе ја донирал спермата на локална жена. По успешното оплодување вели дека сите разбрале за неговата квалитетна сперма. Тој додава и дека ја одржува својата сперма за да биде квалитетна, а истото го промовира и преку видеа на социјалните мрежи, видеото од неговата реклама можете да го погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nema-da-im-poveruvate-na-sopstvenite-ochi-ima-27-godini-a-vekje-napravil-25-deca-video/feed/ 0