донатори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Oct 2022 07:35:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png донатори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ММФ и одобри на Украина итен заем од 1,3 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-i-odobri-na-ukraina-iten-zaem-od-1-3-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-i-odobri-na-ukraina-iten-zaem-od-1-3-milijardi-dolari/#respond Sat, 08 Oct 2022 07:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=742751

Одборот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина за да обезбеди дополнително финансирање како помош државата да ја одржи својата економија додека се бори против руската инвазија. Парите ќе дојдат од новата програма за итни заеми заради справување со недостигот на храна, која одборот на директори на финансиската институција ја одобри минатиот месец. Украина, исто така, побара бордот на директори на ММФ да ја надгледува програмата со цел да ја зајакне политичката посветеност и дополнително да ја катализира поддршката од донаторите, објави ММФ. ММФ објави дека руската војна против Украина, што почна на 24 февруари, предизвика „страшно човечко страдање и економска болка“, проценувајќи дека оваа година БДП на Украина ќе претрпи пад од 35 проценти. ММФ веќе и одобри заем од 1,4 милијарди долари на Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-i-odobri-na-ukraina-iten-zaem-od-1-3-milijardi-dolari/feed/ 0
Макрон на видео конференција со главните донатори за заштита на климата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-na-video-konferencija-so-glavnite-donatori-za-zashtita-na-klimata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-na-video-konferencija-so-glavnite-donatori-za-zashtita-na-klimata/#respond Fri, 20 Nov 2020 06:27:41 +0000 https://kurir.mk/?p=431985

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска ги собира на видео конференција претставниците на триесетина фондови и меѓународни менаџери на берза кои се обврзаа да промовираат „зелени“ финансии со цел да се борат против климатската вонредна состојба во светот. Тоа ќе биде трет состанок на работната група „Суверени фондови – Самит на една планета“, создаден по предлог на шефот на француската држава во декември 2017 година. Групата, пак, порасна на 33 финансиски институции, вклучително и 14 државни фондови, во вредност од 30 илјади милијарди долари или скоро 30 отсто од светските фондови, соопшти кабинетот на Макрон. Претставници на суверени фондови од Норвешка, Нов Зеланд, Катар, Саудиска Арабија, Индија, Сенегал, Велика Британија, Италија и неколку други европски земји ќе учествуваат на видео конференцијата. Меѓу финансиските менаџери ќе бидат од „Блекрок“, „Голдман Сакс“, „БНП Парибас“, ХСБЦ, „Натиксис“, „Амунди“, УБС. Со „Самитот на една планета“, Макрон се обидува да создаде меѓународна коалиција за мобилизирање на приватниот сектор пред глобалното затоплување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-na-video-konferencija-so-glavnite-donatori-za-zashtita-na-klimata/feed/ 0
Донаторите ветија 253 милиони евра помош за Либан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donatorite-vetija-253-milioni-evra-pomosh-za-liban/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donatorite-vetija-253-milioni-evra-pomosh-za-liban/#respond Mon, 10 Aug 2020 07:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=388613

Меѓународните донатори ветија 253 милиони евра на вчерашната донаторска конференција за Либан наменети за итна хуманитарна помош за земјата по катастрофалната експлозија во Бејрут, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го организираше виртуелниот собир. Франција ќе испрати 30 милиони евра, како и Европската комисија. Донаторите ветија дека ќе обезбедат итна помош пред се за лекови и болници, училишта, храна и домови. Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, рече дека е подготвен да го стави морскиот простор и аеродромот на земјата на располагање на меѓународната заедница за трансфер на хуманитарна помош или каква било друга помош за соседниот Либан. Тој рече дека Кипар ќе испрати уште 40 тони санитетски материјал, генератори, облека и конзервирана храна во Либан, покрај петте тони кои веќе се испорачани. Шпанската Влада соопшти дека ќе испрати итна помош во Либан, вклучувајќи лекови и медицински материјали. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека на Либан „ќе му треба голема поддршка за да се справи со штетата“. Велика Британија вети 22 милиони евра помош на Либан. Велика Британија претходно вети 5,5 милиони евра и во Бејрут испрати медицински експерти и брод за истражување на Кралската морнарица. Бродот ќе помогне да се процени штетата од експлозијата предизвикана од илјадници тони амониум нитрат. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека неговата земја ќе му обезбеди на Либан дополнителни 10 милиони евра итна помош. САД ќе обезбедат пари за Светската програма за храна за итни оброци за околу 300.000 луѓе погодени од експлозијата во пристаништето во Бејрут, покрај комплетот за итна медицинска помош, соопштија американски функционери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donatorite-vetija-253-milioni-evra-pomosh-za-liban/feed/ 0
Дали партиското раководство уште му верува на СДСМ: Драстично намален бројот на донатори во кампања! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-partiskoto-rakovodstvo-ushte-mu-veruva-na-sdsm-drastichno-namalen-brojot-na-donatori-vo-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-partiskoto-rakovodstvo-ushte-mu-veruva-na-sdsm-drastichno-namalen-brojot-na-donatori-vo-kampanja/#respond Sat, 13 Apr 2019 14:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=185939

СДСМ во предизборната кампања за локалните избори во 2017-та година имаше 743 донатори. Меѓу нив, бројни партиски функционери, истакнати активисти на партијата и поддржувачи. Листата на донатори, со име, презиме и донирана сума, за минатите избори, можете во целост да ја погледнете ТУКА. Во оваа кампања, според извештајот на СДСМ, партијата има само 11 донатори кои како физички лица донирале 150.000 денари. Дали партиското раководство уште му верува на СДСМ? Каде се донаторите кои до минатите избори даваа пари за кампања на матичната партија? Инаку, во својата досегашна кампања, Пендаровски има потрошено 10 милиони денари од џебот на партиските членови, но не дадени како донација, туку земени од партискиот буџет каде членовите на СДСМ плаќаат членарина. Тие луѓе не сакале да донираат директно за кампањата на СДСМ, па од таму нашле друг начин да ги потрошат нивните пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-partiskoto-rakovodstvo-ushte-mu-veruva-na-sdsm-drastichno-namalen-brojot-na-donatori-vo-kampanja/feed/ 0