Донавинсел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 10:31:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Донавинсел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Островот Донавинсел – австриската зелена оаза среде Дунав https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ostrovot-donavinsel-avstriskata-zelena-oaza-srede-dunav/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ostrovot-donavinsel-avstriskata-zelena-oaza-srede-dunav/#respond Mon, 04 Jul 2022 10:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=699606

Популарниот вештачки остров Донавинсел изграден пред 50 години, а сместен меѓу природниот тек на Дунав и паралелно ископаниот канал Нов Дунав, денес претставува нераскинлив дел од австриската престолнина. Но, според првичните градежни планови, на истата локација била предвидена изградба на згради и патишта. Во 1972 година, Донавинсел, долг 21 километар, како што било најавувано, бил многу значаен проект на градежните стручњаци и градските власти. Во почетокот, за заштита од разорни поплави, кои во тоа време правеле големи материјални штети, била предвидена изградба на целосно рамни брегови и стрмни, скалести насипи, без капалишта и без патишта. На крајот од сѐ тоа се создало една „зелена оаза“ од 3,9 квадратни километри за возење велосипед, капење, излети со скара и за опуштање и рекреација. Промената на планот се случила сосем случајно. Поради сообраќајна несреќа, координативен тим за таа област, го посетил градилиштето и се запознал со потенцијалот на брегот и прекрасниот контраст меѓу островот и градот. Бргу дошле до заклучок дека градењето згради на тој простор би било погрешно. Новиот план бил Виена „да се доближи“ до Дунав, па тоа повлекло и нов пат дотаму. Така, на островот денес, покрај барови, ресторани и ноќни клубови, има и спортски објекти за возење ролери, велосипедизам, пливање и веслање. Една од најбитните плажи на островот првично изгледала толку егзотично што набрзо ги добила прекарите „Копа бич“ и „Копа Каграна“, како алузија на светски познатата „Копакабана“ во Рио де Жанеиро. Донавинсел е познат и по големиот истоимен европски фестивал на отворено, кој редовно се одржува на крајот на јуни, од 1984 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ostrovot-donavinsel-avstriskata-zelena-oaza-srede-dunav/feed/ 0