Донбас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 07:12:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Донбас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски ја опиша битката за Донбас како болна и тешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ja-opisha-bitkata-za-donbas-kako-bolna-i-teshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ja-opisha-bitkata-za-donbas-kako-bolna-i-teshka/#respond Mon, 06 Mar 2023 07:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=808410

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут. - Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“. И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа. Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбија нападите, го уништија окупаторот, ги ослабнаа позициите и логистиката на непријателот и ги заштитија украинските граници и градови“. - Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ja-opisha-bitkata-za-donbas-kako-bolna-i-teshka/feed/ 0
ЕУ ги осуди најавените руски референдуми во Донбас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-osudi-najavenite-ruski-referendumi-vo-donbas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-osudi-najavenite-ruski-referendumi-vo-donbas/#respond Wed, 21 Sep 2022 05:54:28 +0000 https://kurir.mk/?p=735501

Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални. -Тие се спротивни на законски и демократски одбраните украински власти и се нарушување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и на меѓународното право. Резултатот на овие дејствија ќе бидат неважечки и нема да бидат признаени од страна на ЕУ и нејзините земји членки, соопшти Европската Унија. Според ЕУ, од почетокот на руската инвазија на Украина, бројни украински граѓани биле киднапирани, нелегално уапсени и жртви на тортура, додека друг дел од населението бил протеран, а легално избрани претставници биле насилно заменети. Пристапот до слободни и независни медиуми е силно ограничен. -Поради ова, овие нелегални “гласови“ не можат да се сметаат, под било кои околности, како слободен израз на волјата на народот кој живее во овие региони под постојана руска воена закана и заплашување, е ставот на ЕУ. Унијата предупредува дека сите политички лидери од Русија инволвирани во најавените референдуми на Донбас ќе се сметаат за одговорни пред меѓународното право и ќе бидат најверојатно предмет на санкции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-osudi-najavenite-ruski-referendumi-vo-donbas/feed/ 0
Зеленски: Украина ќе се врати во Донбас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-kje-se-vrati-vo-donbas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-kje-se-vrati-vo-donbas/#respond Mon, 29 Aug 2022 06:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=725243

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се врати во Донбас. Во видео обраќањето, по повод Денот на градот Доњецк и Денот на рударите, кои се слават во Украина последниот викенд во август, Зеленски рече дека Украина не заборавила и нема да заборави ниту еден свој град и ниту еден свој човек. „Доњецк отсекогаш бил еден од најбогатите и најмоќните градови во Украина“, рече Зеленски. Според него, Донбас сега е речиси уништен од руските напади. „Но, Украина ќе се врати. Задолжително. Ќе се врати достоинството на жителите на Донбас. Тоа ќе биде симболизирано со нашето украинско знаме кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови на Донбас и регионот Приазов, во сите области под руска окупација: Харков, Запорожје, Керсон. И секако – на Крим. Украина памети се“, рече Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-kje-se-vrati-vo-donbas/feed/ 0
Украински генерал: Русите напредуваат во Донбас, испукуваат до 60.000 парчиња муниција дневно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-general-rusite-napreduvaat-vo-donbas-ispukuvaat-do-60-000-parchinja-municija-dnevno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-general-rusite-napreduvaat-vo-donbas-ispukuvaat-do-60-000-parchinja-municija-dnevno/#respond Wed, 17 Aug 2022 06:11:11 +0000 https://kurir.mk/?p=719576

Генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, призна дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но рече дека ситуацијата е под контрола. – Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана, изјави Залужни по средбата со канадскиот генерал Вејн Доналд Ер. Залужни додаде дека „непријателот продолжува да напредува по целата линија на фронтот. Во исто време, непријателот секојдневно извршува околу 700-800 гранатирања на нашите позиции, користејќи од 40 до 60.000 парчиња муниција“. Таа проценка е во согласност со проценките на многу западни аналитичари за количината на муниција што ја користат руските сили, по релативното затишје на почетокот на јули. – Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Доњецк. Најинтензивна ситуација сега е на линијата Авдивка-Писки-Маринка“, рече Залужни. Тоа е борбен фронт западно од Доњецк, долг 25 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-general-rusite-napreduvaat-vo-donbas-ispukuvaat-do-60-000-parchinja-municija-dnevno/feed/ 0
Лавров: Целта на Русија веќе не е само Донбас, туку и други територии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-celta-na-rusija-vekje-ne-e-samo-donbas-tuku-i-drugi-teritorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-celta-na-rusija-vekje-ne-e-samo-donbas-tuku-i-drugi-teritorii/#respond Wed, 20 Jul 2022 13:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=707970

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека географските задачи на „специјалната операција“ во Украина се променети и оти тие сега ја опфаќаат не само територијата на Донбас, туку и бројни други територии, пренесе Бета. – Географските задачи на руската специјална воена операција во Украина се сменија – веќе не се работи само за Луганск (ЛНР) и Доњецката Народна Република (ДНР). Една од причините за тоа е испораката на американските повеќецевни ракетни лансери HIMARS на Киев“ рече Лавров во интервју за државната агенција РИА Новости и Раша Тудеј (РТ). Според него, задачите поставени од рускиот претседател Владимир Путин сè уште се во сила, а тоа се „денацификација и демилитаризација“, во смисла да нема воени закани од територијата на Украина. – Кога имаше состанок на преговарачите во Истанбул, постоеше една географија и нашата подготвеност да го прифатиме украинскиот предлог се базираше на таа географија, на географијата од крајот на март 2022 година, рече рускиот министер за надворешни работи. Тој истакна дека сега географијата е „поинаква“. – Далеку од тоа дека се само ДНР и ЛНР, тоа се и Херсонската област, областа Запорожје и голем број други територии, а тој процес продолжува и продолжува, постојано и упорно, рече Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-celta-na-rusija-vekje-ne-e-samo-donbas-tuku-i-drugi-teritorii/feed/ 0
ОН: Хуманитарната ситуација во Донбас е алармантна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-humanitarnata-situacija-vo-donbas-e-alarmantna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-humanitarnata-situacija-vo-donbas-e-alarmantna/#respond Fri, 17 Jun 2022 09:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=692079

По четири месеци од руската инвазија, хуманитарната ситуација во Украина, а особено во Донбас, е „крајно алармантна“, соопштија денеска ОН додека продолжуваат борбите меѓу украинската и руската армија на истокот на земјата. „Хуманитарната ситуација во цела Украина, особено на истокот на Донбас, е крајно алармантна и продолжува брзо да се влошува“, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA). Според агенцијата, ситуацијата е особено загрижувачка во и околу Северодонецк, последниот џеб на украинскиот отпор во областа Луганск, кој речиси целосно е под руска контрола. Агенцијата на ОН посочи дека е намален пристапот до вода за пиење, храна и струја како резултат на борбите кои постојано се засилуваат, поради што цивилното население плаќа висока цена. OCHA изрази жалење што двете завојувани страни се уште не постигнале договор за олеснување на евакуацијата на цивилите или дозволување пристап до хуманитарна помош во Северодонецк и соседниот град Лисичанск, кои се под постојано гранатирање неколку дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-humanitarnata-situacija-vo-donbas-e-alarmantna/feed/ 0
Во борбите во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/#respond Thu, 16 Jun 2022 09:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=691558

Во борбите во Донбас секој ден гинат или се повредени до илјада украински војници, а во просек гинат од 200 до 500 војници, изјави шефот на украинската делегација за преговори со Руската Федерација Давид Арахамија, цитиран од УНИАН. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој ден гинат 60 до 100 украински, а подоцна рече дека таа бројка се движи од 100 до 200. Според Арахамија, тој број значително се зголемил во последните две недели. Украинскиот дипломат додаде дека во украинската армија служат околу милион луѓе, а постои можност да се регрутираат уште два милиони. Арахамија вели дека вооружените сили на Украина имаат сила да ја продолжат битката, особено во Донбас. Според него, во моментов она што им недостига се оружје и муниција. – Имаме луѓе обучени за напад, за контранапад, но за тоа ни треба оружје, рече Арахамија. Тој додаде дека и покрај замрзнувањето на официјалните разговори со Руската Федерација, телефонскиот дијалог продолжува: тие комуницираат со Русите еднаш или двапати неделно. Според прогнозата на Арахамија, Руската Федерација целосно ќе го почувствува влијанието на западните санкции за три или четири години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/feed/ 0
Зеленски: Судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sudbinata-na-donbas-se-reshava-vo-bitkata-za-severodonjeck/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sudbinata-na-donbas-se-reshava-vo-bitkata-za-severodonjeck/#respond Thu, 09 Jun 2022 05:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=688615

Претседателот на Украина Володимир Зеленски оцени дека судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк. Зеленски во видеообраќање рече дека битката за Северодоњецк е една од најтешките во војната со Русија. – Северодоњецк останува епицентарот на конфликтот во Донбас, нагласи Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sudbinata-na-donbas-se-reshava-vo-bitkata-za-severodonjeck/feed/ 0
Зеленски: Донбас ќе биде украински https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-donbas-kje-bide-ukrainski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-donbas-kje-bide-ukrainski/#respond Sat, 28 May 2022 06:54:00 +0000 https://kurir.mk/?p=682788

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија лаже ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини. – Донбас ќе биде украински, истакна Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град. Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили се обидуваат барем за 100 дена да ги постигнат целите што се надеваа дека ќе ги остварат уште во првите денови од конфликтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-donbas-kje-bide-ukrainski/feed/ 0
Украина: Борбите во Донбас со „максимален интензитет“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-borbite-vo-donbas-so-maksimalen-intenzitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-borbite-vo-donbas-so-maksimalen-intenzitet/#respond Thu, 26 May 2022 13:02:53 +0000 https://kurir.mk/?p=681921

Украинските власти денеска соопштија дека борбите во источниот регион Донбас во земјата го достигнале најжестокото ниво досега, бидејќи руските сили навлегуваат подлабоко во индустрискиот регион. – Борбите го достигнаа својот максимален интензитет, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Гана Маљар на брифинг со новинарите. Таа предупреди дека претстои „исклучително тежок“ и „долг“ период на борби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-borbite-vo-donbas-so-maksimalen-intenzitet/feed/ 0