Доњецк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 20:36:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Доњецк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски во посета на линијата на фронтот во регионот на Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-poseta-na-linijata-na-frontot-vo-regionot-na-donetsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-poseta-na-linijata-na-frontot-vo-regionot-na-donetsk/#respond Mon, 04 Sep 2023 20:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=874532

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во својата дневна видео порака на „Телеграм“ објави дека е во посета на линијата на источниот фронт во регионот на Доњецк, пренесоа француските медиуми. -Регионот на Доњецк. Ги посетуваме борбените бригади кои ја бранат Украина, кои се дел од тактичката оперативна група Доњецк, рече Зеленски во видеото на кое се гледа како се среќава со војниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-poseta-na-linijata-na-frontot-vo-regionot-na-donetsk/feed/ 0
Руско МО: Пропадна украинската офанзива во Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-propadna-ukrainskata-ofanziva-vo-donetsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-propadna-ukrainskata-ofanziva-vo-donetsk/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=842054

Руските вооружени сили ја одбија украинската офанзива во правец на јужен Доњецк, соопшти утринава руското Министерство за одбрана. Украина офанзивата ја почнала со шест механизирани и два тенковски баталјони, објави руското министерство на Телеграм. „Утрината на 4 јуни, непријателот почна голема офанзива во пет сектори на фронтот во правец на јужен Доњецк“, се наведува во соопштението. „Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на, според него, најранливиот дел од линијата на фронтот“, се додава во соопштението. „Непријателот не ги постигна своите цели, не успеа“. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди руските наводи, а Украина веднаш не ги коментираше. Руското министерство објави и видео на кое вели дека се гледаат неколку украински оклопни возила запалени по судирот. Руските сили убиле 250 украински војници и уништиле 16 тенкови, борбени возила и 21 оклопен транспортер, наведе руското Министерство за одбрана во соопштението. Началникот на рускиот воен штаб, Валериј Герасимов, командант на руската воена операција во Украина, на Телеграм наведе дека се наоѓа во областа нападната од украинските сили. Во моментов се уште е нејасно дали наводниот напад го претставува почетокот на долгоочекуваната офанзива со која Украина сака да ја врати територијата под руска контрола. Официјален Киев во неделата повика на „молк“ пред офанзивата, потсетуваат британските медиуми. Украина во последните недели се обиде да ги ослабне руските позиции, а на крајот на мај висок функционер изјави дека веќе се започнати прелиминарни операции, како што се уништување на синџирите за снабдување и уништување на магацини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-propadna-ukrainskata-ofanziva-vo-donetsk/feed/ 0
Во последните 24 часа две лица загинаа во руско гранатирање на Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poslednite-24-chasa-dve-litsa-zaginaa-vo-rusko-granatirane-na-donetsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poslednite-24-chasa-dve-litsa-zaginaa-vo-rusko-granatirane-na-donetsk/#respond Fri, 05 May 2023 08:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=830827

Павло Кириленко, украинскиот гувернер на Доњецк, еден од окупираните региони на Донбас за кој Русија тврди дека го анектираше, соопшти дека двајца жители на регионот биле убиени, а петмина ранети во руски гранатирања во последните 24 часа. Тој на Телеграм објави дека во текот на ноќта била погодена трговска компанија во Краматорск, но во тој напад нема повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poslednite-24-chasa-dve-litsa-zaginaa-vo-rusko-granatirane-na-donetsk/feed/ 0
Руската армија соопшти дека 63 руски војници загинале во украински напад кај Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-soopshti-deka-63-ruski-vojnici-zaginale-vo-ukrainski-napad-kaj-donjeck/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-soopshti-deka-63-ruski-vojnici-zaginale-vo-ukrainski-napad-kaj-donjeck/#respond Mon, 02 Jan 2023 15:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=783287

Најмалку 63 руски војници загинаа во украинскиот напад врз град во близина на Доњецк, во источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија за уште поголем број загинати. Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град окупиран од Русија источно од Доњецк. Руските и украинските медиуми претходно јавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-soopshti-deka-63-ruski-vojnici-zaginale-vo-ukrainski-napad-kaj-donjeck/feed/ 0
Украинските сили ги одбиваат руските напади околу Бахмут во Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-odbivaat-ruskite-napadi-okolu-bahmut-vo-donjeck/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-odbivaat-ruskite-napadi-okolu-bahmut-vo-donjeck/#respond Mon, 26 Dec 2022 20:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=780853

Украинските сили одбија неколку руски напади во регионот околу спорниот град Бахмут во источната провинција Доњецк, пренесе ДПА повикувајќи се на украинскиот генералштаб. Персоналот, исто така, потврдил дека украинската артилерија ги погодила руските трупи во селото Половинкино во соседната провинција Луганск, при што биле убиени или повредени околу 150 руски борци. Сличен артилериски напад врз руски војници во провинцијата Херсон на југ резултираше со смрт на околу 50 војници, а повредени се уште 100, се вели во извештајот. ДПА нагласува дека овие информации не можат да се потврдат од независни извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-odbivaat-ruskite-napadi-okolu-bahmut-vo-donjeck/feed/ 0
Украинските сили истрелаа 40 ракети кон Доњецк, кој е под руска контрола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-istrelaa-40-raketi-kon-donjeck-koj-e-pod-ruska-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-istrelaa-40-raketi-kon-donjeck-koj-e-pod-ruska-kontrola/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=775908

Украинските сили го гранатираа источниот град Доњецк, кој е под руска контрола, во еден од најголемите напади во последниве години, изјавија денеска официјални претставници испратени од Русија во анектираните области. „Токму во 7 часот утринава, центарот на Доњецк беше цел на најмасовниот напад од 2014 година“, изјави на Телеграм Алексеј Кулемзин, градоначалник на Доњецк, поддржан од Русија. „Врз цивилите во нашиот град беа истрелани 40 ракети од повеќецевни фрлачи БМ-21 Град, додаде Кулемзин. Тој го опиша нападот како воено злосторство.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-istrelaa-40-raketi-kon-donjeck-koj-e-pod-ruska-kontrola/feed/ 0
Украина: Минатиот месец ослободени повеќе од 600 населени места, од нив 75 во регионот Херсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-minatiot-mesec-oslobodeni-povekje-od-600-naseleni-mesta-od-niv-75-vo-regionot-herson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-minatiot-mesec-oslobodeni-povekje-od-600-naseleni-mesta-od-niv-75-vo-regionot-herson/#respond Fri, 14 Oct 2022 06:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=745074

Украинската армија изминатиот месец ослободила од руска окупација повеќе од 600 населени места, од кои 75 се во стратешки исклучително важниот регион Херсон, соопшти украинското Министерство за реинтеграција на привремено окупираните области.
Според синоќа објавеното соопштение на Министерството, околу 500 населби се ослободени во североисточниот регион Харков, каде што украинските сили постигнале голем напредок откако минатиот месец биле пробиени руските линии на фронтот.Притоа се наведува дека 43 населени места се ослободени во регионот на Доњецк, а седум во регионот на Луганск. „Површината на ослободените украински територии е значително зголемена“, соопшти украинското Министерство на својата веб-страница. Информациите не се потврдени од неутрални извори, а официјална потврда нема ниту од украинската армија, ниту од Кабинетот на украинскиот претседател. Регионите Херсон, Доњецк и Луганск, заедно со Запорожје, беа „анектирани“ од Русија на крајот на минатиот месец, во мигови кога се спроведуваше контраофанзива на украинските сили во три насоки на фронтот, и тоа кон североисток, исток и кон југ. Руските „анексии“ беа наречени нелегални и од Киев и од Западот. Рускиот гувернер на украинската област Херсон вчера апелираше до населението да ја напушти областа поради продолжените борби меѓу руските и украинските сили. Украина започна контраофанзива на крајот на август за да ги истера руските сили од окупираните територии заземени на почетокот на инвазијата во февруари. Русија сè уште нападот врз Украина го нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација и „денацификација” на таа земја. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-minatiot-mesec-oslobodeni-povekje-od-600-naseleni-mesta-od-niv-75-vo-regionot-herson/feed/ 0
Четирите окупирани украински региони денеска ќе бидат припоени кон Руската Федерација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetirite-okupirani-ukrainski-regioni-deneska-kje-bidat-pripoeni-kon-ruskata-federacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetirite-okupirani-ukrainski-regioni-deneska-kje-bidat-pripoeni-kon-ruskata-federacija/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=739317

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во 14 часот по средноевроспко време, на церемонија во Големата сала во Кремљ, ќе ги припои кон Русија четирите окупирани украински региони-Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера најави дека Путин ќе ги потпише документите за анексија во присуство на лидерите на четирите региони кои се назначени од Москва, а потоа ќе одржи и говор, додека за вечерва е планиран концерт на Црвениот плоштад. Путин синоќа ги потпиша указите за признавањето на Херсон и Запорожје како независни држави, што е предуслов регионите да поднесат барање за приклучување кон Руската Федерација. Регионите Луганск и Доњецк веќе се признати од него како независни држави уште во февруари годинава, кога Русија ја почна својата инвазија на Украина. Руските окупаторски власти во регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон минатата недела одржаа референдуми за напуштање на Украина и приклучување кон Русија. Имаше извештаи дека граѓаните биле принудувани да гласаат, понекогаш и под закана со пиштол. Украина и западните сили го осудија петдневното гласање што заврши во вторникот, соопштувајќи дека нивниот резултат од повеќе од 99 отсто поддршка за отцепување никогаш нема да биде меѓународно признат. Рускиот лидер минатата недела изјави дека Москва ќе ги смета украинските напади врз припоените региони како напади врз самата Русија и дека ќе ги искористи сите средства за да ги одбрани – продлабочувајќи ја загриженоста дека Русија може да го употреби своето нуклеарно оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetirite-okupirani-ukrainski-regioni-deneska-kje-bidat-pripoeni-kon-ruskata-federacija/feed/ 0
Тројца Британци, Швеѓанец и Хрват обвинети од судот во Доњецк дека се платеници, им се заканува смртна казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/#respond Mon, 15 Aug 2022 20:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=719043

Судот во самопрогласената Народна република Доњецк (ДНР) денеска обвини петмина странци, кои се бореле од страна на Украина, дека се платеници и соопшти дека тројца од нив може да се соочат со смртна казна. Британецот Џон Хардинг, Хрватот Векослав Пребег и Швеѓанецот Матијас Густафсон, заробени во градот Мариупол и околината, можат да бидат осудени на смрт според законите на т.н. ДНР. Други двајца Британци, Дилан Хили и Ендрју Хил, исто така беа обвинети, но не се соочуваат со егзекуција. Ниту еден од петмината обвинети не се изјасни за виновен. Судот соопшти дека судењето ќе продолжи на почетокот на октомври. Хрватското Министерство за надворешни работи како одговор на обвинувањата против Пребег соопшти дека „Хрватска го отфрла обвинението и не го смета за оправдано и легално бидејќи е во спротивност со меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на притворени цивили и воени заробеници“. Властите во Доњецк во јуни осудија на смрт двајца Британци и еден Мароканец фатени како се борат на страната на украинските сили против Русија, под обвинение за обид за преземање на власта и платеништво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/feed/ 0
„Нужно за да се спасат животи“: Гувернерот Кириленко повика 350.000 цивили од Доњецк да се евакуираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nuzno-za-da-se-spasat-zivoti-guvernerot-kirilenko-povika-350-000-civili-od-donjeck-da-se-evakuiraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nuzno-za-da-se-spasat-zivoti-guvernerot-kirilenko-povika-350-000-civili-od-donjeck-da-se-evakuiraat/#respond Wed, 06 Jul 2022 06:51:02 +0000 https://kurir.mk/?p=700722

Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко повика 350.000 цивили да се евакуираат од источниот украински регион поради претстојните руски офанзиви. Повикот следува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион, Луганск. Се верува дека токму Доњецк е следната цел на Русите. Извлекувањето на 350.000 цивили е „нужно за да се спасат животи“, смета Кириленко, како и да се „овозможи украинската војска полесно да ги брани градовите од руските офанзиви“. – Судбината на целата земја ќе биде одлучена во Доњецк. Кога од регионот ќе се евакуираат цивили, војската ќе може да се сконцентрира на непријателот, истакна Кириленко. Руските сили жестоко го бомбардираа Словјанск, град во Доњецк што се смета за клучна цел на руските сили, заедно со Краматорск. Градоначалникот на Словјанск, Вадим Лика преку Фејсбук ги повика жителите на евакуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nuzno-za-da-se-spasat-zivoti-guvernerot-kirilenko-povika-350-000-civili-od-donjeck-da-se-evakuiraat/feed/ 0