донор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 09:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png донор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова шанса: Еден донор утрово спаси четири животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shansa-eden-donor-utrovo-spasi-chetiri-zhivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shansa-eden-donor-utrovo-spasi-chetiri-zhivoti/#respond Thu, 20 Jul 2023 09:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=858362

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. -Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, информираат од Министерството за здравство. Оттаму упатуваат уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shansa-eden-donor-utrovo-spasi-chetiri-zhivoti/feed/ 0
За прв пат извршена трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/#respond Fri, 25 Nov 2022 20:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=766727

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија од Министерството за здравство. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите, посочуваат од Министерството. -Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/feed/ 0
Пациент (46) доби срце од починат донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacient-46-dobi-srce-od-pochinat-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacient-46-dobi-srce-od-pochinat-donor/#respond Thu, 22 Sep 2022 19:49:51 +0000 https://kurir.mk/?p=736396

Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46 годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа, информираат пред малку од Министерството за здравство преку социјалната мрежа „Фејсбук“. „Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување. Голема благодарност до семејството на донорот, до нејзинте три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи. Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме“, информираат од МЗ. Две смејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив, не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacient-46-dobi-srce-od-pochinat-donor/feed/ 0
Утрово двајца пациенти на дијализа добија бубрег, донорот е младо момче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-dvajca-pacienti-na-dijaliza-dobija-bubreg-donorot-e-mlado-momche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-dvajca-pacienti-na-dijaliza-dobija-bubreg-donorot-e-mlado-momche/#respond Mon, 28 Mar 2022 08:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=654423

Рано утрово двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива. - Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат инплантирани здрави коскени ткива. Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти одлучи да помогне и да спаси друг живот. Сочувствуваме со нивната болка, ја почитуваме нивната одлука и благодариме за тоа што го направија. Во неделите кои се пред нас, неколку пациенти со тешка болест ќе добијат шанса за нов живот, се заблагодари министерот д-р Беким Сали. Ова е втора трансплантација од почетокот на годинава и 12-та од мај 2020 година, откако Програмата за трансплантација на Министерството за здравство се прошири во делот на мултиорганската трансплантација. - Секоја трансплантација за нас е голем успех затоа што со сето ова што го работиме, полека но сигурно го менуваме системот. Покажуваме колку можеме како лекари да направиме за нашите пациенти, а во исто време и како општество во целина да бидеме попозитивни во поглед на органодонорството. Уште еднаш благодарност до семејството на донорот за нивната хуманост. Благодарност до болничките координатори кои го водеа целиот процес во овие два дена, како и до екипите на клиниките за урологија, нефрологија, трансфузиологија, КАРИЛ, ортопедија, кардиологија, кардиохирургија, рендген и до Министерството за здравство, информира д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-dvajca-pacienti-na-dijaliza-dobija-bubreg-donorot-e-mlado-momche/feed/ 0
Бубрег на починато момче (28) со ретка крвна група се трансплантира кај 22 годишник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bubreg-na-pochinato-momche-28-so-retka-krvna-grupa-se-transplantira-kaj-22-godishnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bubreg-na-pochinato-momche-28-so-retka-krvna-grupa-se-transplantira-kaj-22-godishnik/#respond Wed, 01 Sep 2021 08:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=557649

На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство. – Тимовите на доктор Сотир Ставридис и доктор Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови, се вели во соопштението од МЗ. Од МЗ посочуваат дека се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот. Министерството за здравство укажува голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои покажаа што значи хуманост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bubreg-na-pochinato-momche-28-so-retka-krvna-grupa-se-transplantira-kaj-22-godishnik/feed/ 0
Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-zapochnaa-dve-transplantacii-na-bubrezi-od-pochinat-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-zapochnaa-dve-transplantacii-na-bubrezi-od-pochinat-donor/#respond Thu, 01 Jul 2021 05:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=530217

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови, информира на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. -Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари,пишува Филипче. Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-zapochnaa-dve-transplantacii-na-bubrezi-od-pochinat-donor/feed/ 0
Живот и надеж: Органите на 44 годишна жена нова шанса за тројца пациенти, четврта срцева трансплантација во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivot-i-nadez-organite-na-44-godishna-zena-nova-shansa-za-trojca-pacienti-chetvrta-srceva-transplantacija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivot-i-nadez-organite-na-44-godishna-zena-nova-shansa-za-trojca-pacienti-chetvrta-srceva-transplantacija-vo-makedonija/#respond Fri, 11 Jun 2021 05:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=521818

Медицински тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт. Според најавата од министерот Венко Филипче, тројца пациенти се подготвувале ноќеска за трансплантација на органите – срцето и бубрезите од донорот. Тоа е четврта трансплантација на срце во земјава од минатиот мај. – Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следува експлантацијата на коскени ткива. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот Филипче на Фејсбук. Претходно, неколку часа екипите за трансплантација од повеќе клиники работеа на подготовка на донорот и реципиентите. Целата постапка ја водат болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivot-i-nadez-organite-na-44-godishna-zena-nova-shansa-za-trojca-pacienti-chetvrta-srceva-transplantacija-vo-makedonija/feed/ 0
Јасмина Василковска, мајка на 10 месечно бебе е жената чии органи спасија три животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jasmina-vasilkovska-majka-na-10-mesechno-bebe-e-zenata-chii-organi-spasija-tri-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jasmina-vasilkovska-majka-na-10-mesechno-bebe-e-zenata-chii-organi-spasija-tri-zivot/#respond Tue, 01 Jun 2021 09:33:46 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517575

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи информираше дека остварил средба со семејството на починатата жена чии срце и бубрези беа донирани. -Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа, напиша Филипче на Фејсбук. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jasmina-vasilkovska-majka-na-10-mesechno-bebe-e-zenata-chii-organi-spasija-tri-zivot/feed/ 0
Успешно направена третата срцева трансплантација, срцето на донорот продолжи да чука кај 32 годишна жена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshno-napravena-tretata-srceva-transplantacija-srceto-na-donorot-prodolzi-da-chuka-kaj-32-godishna-zena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshno-napravena-tretata-srceva-transplantacija-srceto-na-donorot-prodolzi-da-chuka-kaj-32-godishna-zena/#respond Sun, 30 May 2021 10:05:18 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516801

По околу пет часа, успешно е завршена третата срцева трансплантација во Македонија. Срцето на 40 годишната почината жена донор сега чука во градите на 32 годишна жена. -Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена, објавија на Фејсбук од Жан Митрев. Во текот на денешниот ден се очекуваат уште две бурежни транспланатации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshno-napravena-tretata-srceva-transplantacija-srceto-na-donorot-prodolzi-da-chuka-kaj-32-godishna-zena/feed/ 0
Не стивнува поддршката за хуманиот чин на семејството Белчовски кое ги донираше органите на својата почината ќерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuva-poddrshkata-za-humaniot-chin-na-semejstvoto-belchovski-koe-gi-donirashe-organite-na-svojata-pochinata-kjerka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuva-poddrshkata-za-humaniot-chin-na-semejstvoto-belchovski-koe-gi-donirashe-organite-na-svojata-pochinata-kjerka/#respond Sat, 17 Apr 2021 14:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=498562

Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка која загина во сообраќајна несреќа, не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загуба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи. За братот на починатата 20 годишна девојка, и покрај трагичниот чин, семејството сака да остави пример за потребата од вакви хумани гестови. -Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа бидејки сакаме да спасиме животи. И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејки така ќе живее и нашата сестра, истакна Мартин Белчовски, брат на 20 годишната Верица. Огромна поддршка до семејството Белчовски, изрази и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски. -Пред се огромна поддршка за ова семејство кое и во услови на голема тага и скршеност се одлучија на храбар чекор да ги донираат органите нанесреќно загинатата Верица и со тоа да продолжат нови животи. Огромен хуман чин кој значи многу пред се за општеството во охрабрување на тие акции на донори да продолжат и во наредниот период со што ќе се овозможи многу животи да бидат спасени и со тоа иако физички не е присутна, срцето на Верица ќе продолѓи да чука. Како општина на семејството им стоиме на располагање за било какви потреби, кои уште еднаш ги охрабруваме за големиот хуман чекор, рече Пекевски Како што претходно беше соопштено од Министерството за здравство, пациентот кој денеска го прими срцето од донорот е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето. Во наредните денови од починатиот донор ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските. Претходно министерот за здравство Венко Филипче за МИА изјави дека трансплантацијата поминала успешно. -В понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Претходно два бубрега од донорот денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава, се наведува во соопштието од Министерството. Тие упатуваат голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. -Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други. Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри. Според МЗ, тие уште еднаш ни докажаа дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно. Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина. -Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката, истакнуваат од Министерството за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuva-poddrshkata-za-humaniot-chin-na-semejstvoto-belchovski-koe-gi-donirashe-organite-na-svojata-pochinata-kjerka/feed/ 0