допис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 May 2021 21:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png допис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средното уметничко училиште со допис до МОН и Царовска: Нема да биде усвоена ниту една одлука на Наставничкиот совет, сè додека не се задоволат нашите барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoto-umetnichko-uchilishte-so-dopis-do-mon-i-carovska-nema-da-bide-usvoena-nitu-edna-odluka-na-nastavnichkiot-sovet-se-dodeka-ne-se-zadovolat-nashite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoto-umetnichko-uchilishte-so-dopis-do-mon-i-carovska-nema-da-bide-usvoena-nitu-edna-odluka-na-nastavnichkiot-sovet-se-dodeka-ne-se-zadovolat-nashite-baranja/#respond Thu, 27 May 2021 21:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=515822

Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ испрати допис до Министерство за образование и наука и до ресорната министерка Мила Царовска со кој категорично бараат разрешување на вд.директорот, овозможување на услови за формирање на УО со цел легално и демократски да се избере директор на училиштето согласно волјата на вработените, како и запирање на постапката за донесување нови програми и нормативи во уметничкото образование. Нивниот допис Ви го пренесуваме во целост: Ви се обраќаме како мнозинство од Наставничкиот совет на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“. Ставовите претставуваат општа согласност на мноштвото професори од нашето училиште. Соочени со сериозните прекршувања на правните и моралните принципи од страна на вд. директорот Филип Фидановски, со неговото автократско и нестручно раководење, како и со непринципиелната поддршка која ја ужива од страна на институциите на државата, (Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат) принудени сме на последното можно дејство со цел да го овозможиме владеењето на правото и остварувањето на етичките вредности. Минатиот Наставнички совет, одржан на 10.05.2021 г., во исцрпна расправа, без ниту еден контра аргумент, ги изложивме сите проблеми со кои се соочуваме како колектив, континуирано испраќавме дописи, жалби, тужби и молби до релевантните институции и медиуми. Со големо мнозинство и ниту еден глас против, на Советот беше донесена одлука за Поведување на постапка од страна на Училишниот одбор за разрешување на вд. директорот. Барањето се уште не е изработено. Истовремено, и натаму се соочуваме со тенденциозни попречувања да се формира УО. Како израз на нашето незадоволство, како заснована антиципација на импликациите од постапките на вд. директорот Филип Фидановски, како последна можност за осварување на елементарните работнички права, одлучивме да пристапиме кон целосна опструкција на работата во училиштето. Нема да биде усвоена ниту една одлука на Наставничкиот совет, сè додека не се задоволат нашите барања: Разрешување на вд.директорот Овозможување на услови за формирање на УО со цел легално и демократски да се избере директор на училиштето согласно волјата на вработените Запирање на постапката за донесување нови програми и нормативи во уметничкото образование. Се надеваме дека ќе ја разберете сериозноста и тежината на проблемот во кој западнавме и дека конечно ќе излезете во пресрет на нашите категорички барања. Свесни сме за последиците по нашите ученици. Затоа, апелираме да го надминеме проблемот во најкус можен рок со цел да ги заштитиме учениците. Ја изразуваме нашата подготвеност да ги утврдиме завршните оцени на матурантите и да ги реализираме поправните испити, со гаранции дека до крајот на учебната година, ќе се задоволат нашите барања. Во спротивно, идентично ќе постапиме на следните Совети, сè до остварување на нашите цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoto-umetnichko-uchilishte-so-dopis-do-mon-i-carovska-nema-da-bide-usvoena-nitu-edna-odluka-na-nastavnichkiot-sovet-se-dodeka-ne-se-zadovolat-nashite-baranja/feed/ 0