дора бакојани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 14:41:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дора бакојани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дора Бакојани именувана за известител за Косово во Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/#respond Tue, 20 Jun 2023 14:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=847872

Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја именуваше грчката политичарка Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа. Именувањето на Бакојани го потврди шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово во Собранието, Арбен Гаши, кој е член на делегацијата на пратениците од Приштина во Советот на Европа, а моментално е во Стразбур, јавија приштинските и српски медиуми. Задачата на Бакојани ќе биде да подготви извештај за Косово, што ќе оди на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а откако ќе добие извештај од двајца еминентни адвокати кои веќе се назначени, германски и фински адвокати, Томас Маркерт и Спилиопулу Акермарк. Во меѓувреме се очекува да бидат назначени уште двајца известители, еден во Комисијата за правни прашања и еден во Комисијата за еднаквост и недискриминација. Бакојани е грчка политичарка, која беше министерка за надворешни работи , а претходно беше градоначалничка на Атина. Во моментот а извршува функцијата потпретседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Дора Бакојани објави дека ѝ е дијагностициран рак на плазма клетките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dora-bakojani-objavi-deka-e-dijagnosticiran-rak-na-plazma-kletkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dora-bakojani-objavi-deka-e-dijagnosticiran-rak-na-plazma-kletkite/#respond Mon, 18 Oct 2021 11:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=581426

Петстотини луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив, веќе сум и јас, напиша поранешната грчка министерка и пратеник од Нова демократија Дора Бакојани на нејзиниот официјален Фејсбук профил, соопштувајќи дека има рак на плазма клетките, кој е во почетна фаза и со најдобра можна прогноза за текот на болеста, јави дописничката на МИА од Атина. -Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак. Она што не го контролираш, она што ненадејно доаѓа од никаде, тоа повеќе те плаши. И те плаши, не само за тебе, туку и за оние што ги сакаш и те сакаат. Сепак, постои борба со оваа болест и се победува. И ако едно нешто е сигурно, тоа е дека никогаш немам отстапено од ниедна битка во мојот живот, напиша Бакојани. Објасни дека ќе продолжи регуларно да работи, паралелно со терапијата, а на останатите 499 лица им порача дека е „болест со која учиш да живееш, паралелно и истовремено“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dora-bakojani-objavi-deka-e-dijagnosticiran-rak-na-plazma-kletkite/feed/ 0
Бакојани: Секако дека соседната земја ќе ја нарекувам Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-sekako-deka-sosednata-zemja-kje-ja-narekuvam-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-sekako-deka-sosednata-zemja-kje-ja-narekuvam-severna-makedonija/#respond Mon, 11 Feb 2019 14:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=162698

Поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник од Нова демократија, Дора Бакојани, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ вели дека за нашата земја ќе го користи новото име Северна Македонија, но нема да може да каже Македонец премиер или Македонец министер, јави дописничката на МИА од Атина. -Секако ќе ја нарекувам Северна Македонија, како што ја нарекувам секоја земја со нејзиното име. Јас секогаш, соседната земја ја нарекував поранешна југословенска Република Македонија, што беше нејзиното официјално име. Сега кога официјално име е Северна Македонија, ќе ја нарекувам Северна Македонија. Она што нема да можам да го направам е да кажам Македонец премиер. Следниот премиер или господинот Заев ќе го наречам премиер на Северна Македонија. Македонец премиер и Македонец министер нема да кажам. Нема да кажам, бидејќи сметам дека тоа е основната и многу голема грешка на овој договор, рече Бакојани, За време на интервјуто за грчкото радио прашана за несогласувањата на Нова демократија за Договорот од Преспа, Бакојани, осврнувајќи се на нашата земја, самата го употреби името Северна Македонија. -Нашето несогласување со Договорот од Преспа е длабоко политичко и суштинско, бидејќи она што ние го кажуваме е дека долгорочно, затоа што не е решено идентитетското прашање, односно иредентизмот, ќе постоја проблеми и во внатрешноста на Северна Македонија и надвор, рече Бакојани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-sekako-deka-sosednata-zemja-kje-ja-narekuvam-severna-makedonija/feed/ 0
Дора Бакојани кандидат за генерален секретар на СЕ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dora-bakojani-kandidat-za-generalen-sekretar-na-se/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dora-bakojani-kandidat-za-generalen-sekretar-na-se/#respond Fri, 11 Jan 2019 10:41:23 +0000 https://kurir.mk/?p=150934

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани е кандидат за генерален секретар на Советот на Европа, објави денеска организацијата. Повикот за поднесување на кандидатури за заменик на актуелниот генерален секретар, Торбјорн Јагланд  е завршен. Четворица кандидати се пријавиле, меѓу нив и Дора Бакојани, која беше шефица на грчката дипломатија кога Атина го блокираше членството на Македонија во НАТО во 2008 година. Другите тројца кандидати се белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ и поранешниот литвански премиер, Андриус Кубилиус. Конечната одлука треба да биде донесена до јуни годинава, а новиот генерален секретар на Советот на Европа ќе ја преземе функцијата во октомври. Советот на Европа е европска организација различна од Европска унија, таа брои 47 членови, меѓу кои и Македонија и се занимава со човекови права и демократија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dora-bakojani-kandidat-za-generalen-sekretar-na-se/feed/ 0
Бакојани: Се чини дека референдумот ќе помине https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-chini-deka-referendumot-kje-pomine/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-chini-deka-referendumot-kje-pomine/#respond Wed, 19 Sep 2018 13:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=103156

Во овој момент најверојатно сценарио е дека референдумот ќе помине, така се чини, но не сум жител на ПЈРМ за да знам, вели поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани во интервју за грчкото радио „Њуз247“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бакојани истакна дека „Договорот од Преспа веќе произведува резултати“, а коментирајќи ги последните изјави на Панос Каменос, рече дека „сериозноста и Каменос се два збора кои тешко одат заедно“. - Каменос не ја искористи единствената шанса што му беше дадена кога Нова демократија достави предлог за гласање недоверба на владата за скопското прашање, кога во парламентот детално беше анализиран резултатот на потписот што ќе го стави Коѕијас за време на процесот во Преспа. Тоа го кажавме јасно и гласно. Реалноста е дека господинот Каменос се скри зад неговата позната реторика, ја одбрани владата и му го даде пенкалото на господинот Коѕијас за да го потпише Договорот од Преспа. А договорот од Преспа веќе произведува правни резултати, не постои сомнеж за тоа, рече Бакојани. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-chini-deka-referendumot-kje-pomine/feed/ 0
Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-nova-demokratija-nema-da-glasa-za-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-nova-demokratija-nema-da-glasa-za-dogovorot-od-prespa/#respond Fri, 24 Aug 2018 12:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=91625

Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме „за“, вели поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, а сега пратеник во Нова демократија, во интервју за радио „Практорио ФМ“ за Договорот од Преспа. - Кога доставивме иницијатива за гласање недоверба, јасно кажав да немаме сомнежи, штом владата продолжи кон потпишување на овој договор ќе постојат завршени работи. Веќе постојат, во смисла дека господинот Заев, и правилно од негова страна, ги презентира оние работи што ги доби, рече Бакојани. Членови на најголемата грчка опозициска партија, но и претседателот,  во изминатиот период, јавно го искажуваа нивното несогласување со решението меѓу Македонија и Грција и порачуваа дека Нова демократија нема да го поддржи Договорот од Преспа кога ќе дојде за ратификација во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-nova-demokratija-nema-da-glasa-za-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Бакојани: Тешко дека ќе има договор за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-teshko-deka-kje-ima-dogovor-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-teshko-deka-kje-ima-dogovor-za-imeto/#respond Tue, 27 Mar 2018 12:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=33567

Песимизам во однос на можноста за решение на спорот со името изрази поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник од Нова демократија, Дора Бакојани. Во интервју за радиото „Тема“, таа ја коментира и денешната изјава на лидерот на Независни Грци. - Каменос нема да направи ништо. Тој е залепен за фотелјата, ни во сон не можеше да замисли дека ќе се најдеше некој да го направи министер за одбрана. Многу тешко ми изгледаат работите за решение, немам чувство дека одиме кон било каков облик на договор, вели Бакојани. Овие нејзини позиции „дека е блокирана работата и многу е тешко да постои договор“, ги поткрепува со ставот дека грчката Влада погрешно ги водела преговорите од самиот почеток во однос на суштината. - Кога велиме едно ерга омнес име мислиме на име што ќе биде за сите и внатре и надвор и билатерално и мултилатерално итн. Само така може да се реши проблемот. Да го смениме ФИРОМ односно Поранешна Југословенска Република Македонија да ја наречеме поинаку, а тоа име да се користи како што се користи и ФИРОМ, тоа не е решение. Не се запира иредентизмот. Ерга омнес има особена тежина, ја има најголемата тежина од сѐ останато. Кога ова прашање со Уставот го вметнуваш 2,5 месеца по почетокот на преговорите, нешто не е во ред, објаснува пратеничката од грчката опозициска партија Нова демократија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бакојани вели дека најлошото во целиот случај е тоа што „во овој момент се работи на следниот ден, односно на она што се нарекува „blame game“ - кој ќе го плати неуспехот од преговорите“. Таа сегашната ситуација ја споредува со онаа од пред 10 години на НАТО самитот кога токму таа беше министер за надворешни работи на Грција. Вели дека тогаш земјата успеала да има седум премиери на грчка страна, а неуспехот да не биде на товар на Атина. - Денеска не сум воопшто сигурна кој ќе биде резултатот и кој ќе го плати фијаското во преговорите, додава Бакојани во интервју за радиото, пренесе МИА. На прашањето за евентуален влез на нашата земја под привремената референца, поранешната шефица на грчката дипломатија вели дека токму за тоа бил притисокот во 2008 година, а доколку се случи тоа сега, тогаш „Грција нема да има никаква алатка за притисок врз Скопје“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-teshko-deka-kje-ima-dogovor-za-imeto/feed/ 0
Бакојани: Се намалуваат перспективите за решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-namaluvaat-perspektivite-za-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-namaluvaat-perspektivite-za-reshenie/#respond Tue, 06 Mar 2018 13:14:34 +0000 http://kurir.mk/?p=27852

Перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат, смета поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, која во интервју за радиото „Real fm“ вели дека грчката влада имала вистинска можност да го реши проблемот, но со начинот на кој управуваше со прашањето, сега води кон ќор-сокак. - Сакам да бидам јасна дека можноста ќе можеше да се искористи и ќе имавме позитивен резултат, ако имавме една сериозна влада. Во овој момент имаме владино мнозинство поделено во три дела, рече Бакојани. Според неа, јавува дописникот на МИА од Атина, една од главните грешки на актуелната грчка влада се позицијата на коалицискиот партнер Панос Каменос и одлуката да не се создаде национална стратегија заедно со останатите партии. Резултат на тоа, како што рече Бакојани, беше Грците да немаат доверба во Ципрас да преговара, но и да се вмешаат и трети страни. - Тоа го искористија и други сили, читај: Турците, влегоа на средина и ги охрабрија Скопјаните да не направат отстапки за основните прашања како што е Уставот, што е и предуслов, а резултатот е денес да имаме пораст на национализмот и во Грција и во ПЈРМ и секако перспективите за едно сериозно решавање на прашањето сѐ повеќе се намалуваат, додаде поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник во Нова демократија, во интервјуто за грчкото радио. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-namaluvaat-perspektivite-za-reshenie/feed/ 0
Бакојани: Се плашам дека е само уште една изгубена можност во синџирот можности за решение на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-plasham-deka-e-samo-ushte-edna-izgubena-moznost-vo-sindzirot-moznosti-za-reshenie-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-plasham-deka-e-samo-ushte-edna-izgubena-moznost-vo-sindzirot-moznosti-za-reshenie-na-imeto/#respond Sat, 03 Mar 2018 13:24:57 +0000 http://kurir.mk/?p=26952

Се плашам дека е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани во однос на изгледите за решавање на прашањето за името, а паралелно упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите. На панел дискусија на Економскиот форум во Делфи, Грција, како што јави дописникот на МИА од Атина, Бакојани рече дека со актуелниот македонски премиер, преговорите се полесни отколку со претходниот. - Дали господинот Заев е прозорец на можност? Според мене, да, беше прозорец на можност, затоа што секој што има преговарано со господинот Груевски знае многу добро колку беше тешко, па и невозможно да се постигне било какво решение со еден радикален националист кој воопшто не размислуваше за било какво решение на проблемот,  рече Бакојани. Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од опозициската Нова демократија, објасни дека припаѓа на категоријата луѓе што сметаат дека треба да се реши проблемот меѓу двете земји, но актуелната грчка Влада „на катастрофален начин управува со прашањето, бидејќи Ципрас ги започна преговорите како лидер на СИРИЗА, а не како премиер“. - Создаде проблем во внатрешноста на земјата, создаде проблем во преговорите, бидејќи на средина на преговорите се сетија на ерга омнес, на средина на преговорите се сетија дека за да биде ерга омнес потребна е некоја промена во Уставот на соседната земја итн., објасни поранешната шефица на грчката дипломатија, пренесе МИА. Бакојани смета дека справувањето со проблемот треба да започне од основата, која според неа е иредентизмот бидејќи „историски, токму врз оваа иредентистичка логика се изгради целата оваа држава“. Во однос на поширокиот регион, таа вели дека „без сомнеж, Западен Балкан е црна дупка во Европа“, а недостигот на интерес на Европа во изминатите години го покриле други сили на Балканот. Со големо задоцнување, сепак, Европа, според Бакојани, сфатила дека ова не може да продолжи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-se-plasham-deka-e-samo-ushte-edna-izgubena-moznost-vo-sindzirot-moznosti-za-reshenie-na-imeto/feed/ 0
Бакојани: Решението за името треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-reshenieto-za-imeto-treba-da-bide-prifateno-od-celata-megjunarodna-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-reshenieto-za-imeto-treba-da-bide-prifateno-od-celata-megjunarodna-zaednica/#respond Tue, 20 Feb 2018 13:00:43 +0000 http://kurir.mk/?p=23248

Решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница и од оние земји што билатерално го користат името Македонија, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, во интервју за телевизија Скај, јавува дописникот на МИА од Атина. - Ние сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина. Ова е целта. Бидејќи во овој момент меѓународната заедница ги нарекува Македонија. Ние сакаме едно решение што ќе ја обврзе меѓународната заедница и да ја смени одлуката за билатерално признавање и да ги нарекува со името што нема да биде иреденистичко или со барања од нашата историја, нашиот идентитет или нашата култура, вели Бакојани за Скај. Во однос на тоа какво би требало да биде решението, таа го повторува ставот на Нова демократија дека не смее во никој случај да има решение во етапи, туку договорот да биде пакет. - Ако постои страв за нешто, тоа е токму решението да се подели на делови. Односно поделбата на делови на решението може да доведе до тоа, да речеме дека најдовме едно Х име, а потоа останатите работи, иредентизмот, имплементацијата, спектарот, Уставот, итн... да ги оставиме. Ова ќе биде смртна грешка. Драго ми е што слушам дека по нашата силна реакција, барем на ниво на премиерот, во неговата реторика влегоа некои од потребните работи, рече поранешната министерка за надворешни работи, а сега пратеник од Нова демократија. Бакојани упати критики до грчката Влада, дека не ја информира опозициската партија за текот на разговорите и токму затоа одбегна да ги коментира и последната изјава на македонскиот премиер дека идентитетот не е тема во преговорите и натписите во грчките медиуми за предлогот Горна Македонија како можно решение. Рече дека не може да каже што влегува на преговарачката маса, бидејќи не постои информација, а нејзината партија и таа лично за текот на преговорите се информираат од изјавите Заев. - Многу е потценувачко, ви кажувам најискрено, и за мене лично, но и за партијата што ја претставувам тука, да дознаваме од господинот Заев за преговорите во скопското прашање, рече Бакојани, пренесува МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bakojani-reshenieto-za-imeto-treba-da-bide-prifateno-od-celata-megjunarodna-zaednica/feed/ 0