доријан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Sep 2019 09:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доријан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ураганот Доријан ја зеде првата жртва, се удави 7 годишно дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-dorijan-ja-zede-prvata-zrtva-se-udavi-7-godishno-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-dorijan-ja-zede-prvata-zrtva-se-udavi-7-godishno-dete/#respond Mon, 02 Sep 2019 09:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=235983

Седумгодишно момче се удави, а неговата сестра се води за исчезната кога ураганот Доријан вчера ги погоди Бахамите, прераснувајќи во категорија пет. Со тоа тој стана најсилна бура во светот оваа година. Високите бранови, обилните дождови и разорните ветрови со јачина и до 320 километри во час вчера ги погодија Бахамите и се приближува до американското копно. Доријан нанесе катастрофална штета на неколку острови на Бахамите, пренесува Си Ен Ен. Голем број згради и куќи се уништени или делумно поплавени. Со оглед на тоа дека ураганот се приближува до американското копно, гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи задолжителна евакуација на брегот и населените места кои се на патот на ураганот. Евакуацијата опфаќа 830.000 жители, а за многумина ова ќе биде четврта евакуација во последните четири години. Вонредна состојба е прогласена на Флорида, каде се мобилизирани 2.500 припадници на Националната гарда, а 1.500 се во состојба на подготвеност. Вонредна состојба е прогласена и во 12 окрузи во соседна Џорџија со цел да им се помогне на настраданите во бурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-dorijan-ja-zede-prvata-zrtva-se-udavi-7-godishno-dete/feed/ 0