достава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Mar 2023 21:49:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png достава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ваква храна никогаш не нарачувајте со достава до дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vakva-hrana-nikogash-ne-narachuvajte-so-dostava-do-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vakva-hrana-nikogash-ne-narachuvajte-so-dostava-do-doma/#respond Fri, 24 Mar 2023 21:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=816058

Еден професионален готвач откри што никогаш не би нарачал за испорака до дома од ресторан. Помфрит Помфритот најдобро е да се јаде веднаш откако ќе се извади од фритеза. Има многу краток рок на траење. Кога ќе го ставите во картонска кутија, ја губи сета крцкавост. Јајца Омлет и слични јадења направени со јајца не се добри за испорака. Ако чекате за испорака, ризикувате да добиете лепливо јадење што никој нема да сака да го вкуси. Најдобро е омлетот сами да го подготвите дома и веднаш да го послужите. Начос Ова јадење е најдобро да се јаде веднаш, бидејќи само тогаш е вистинското нешто – комбинација од крцкав чипс и кремаст свеж прелив. Ниту најцврстите чипсови не можат да ја издржат „тежината“ на салсата, павлаката и гравот за време на транспортот. Наместо свежа храна, ќе добиете каша што не може да се јаде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vakva-hrana-nikogash-ne-narachuvajte-so-dostava-do-doma/feed/ 0
Турција ќе врши достава на лекови со дронови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-kje-vrshi-dostava-na-lekovi-so-dronovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-kje-vrshi-dostava-na-lekovi-so-dronovi/#respond Sat, 29 May 2021 14:13:38 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516571

Турскиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство (SHGM) развива модел на управување за да им овозможи на беспилотните летала да работат за цивилни цели, информираат турските медиуми. Овој модел има за цел ефикасно и безбедно користење на турскиот воздушен простор. Тој центарлно ќе го контролира движењето на воздушните коридори, во кои ќе се користат повеќе од 50.000 дронови. Пробните летови ќе бидат спроведени меѓу две болници во Истанбул, откако планот ќе биде целосно подготвен. Беспилотните летала ќе носат лесни лекови до 6 јуни. Тие, исто така, можат да се користат и за собирање примероци од крв и доставување вакцини на тешко достапни места. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-kje-vrshi-dostava-na-lekovi-so-dronovi/feed/ 0
Тоа што го фрли пакетот не е најлошото – ваков доставувач, за среќа, немате видено (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-go-frli-paketot-ne-e-najloshoto-vakov-dostavuvach-za-srekja-nemate-videno-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-go-frli-paketot-ne-e-najloshoto-vakov-dostavuvach-za-srekja-nemate-videno-video/#respond Sat, 07 Nov 2020 20:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=426338

Ова семејство од американската држава Џорџија може да биде среќно што на својот дом има инсталирана безбедносна камера. Инаку, тие веројатно никогаш немаше да дознаат што всушност се случило кога најлошата и најнесовесната девојка за испорака во светот дошла да го достави пакетот. Погледнете што направи таа, фрлањето на пакетот не е најлошото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-go-frli-paketot-ne-e-najloshoto-vakov-dostavuvach-za-srekja-nemate-videno-video/feed/ 0
Во полициски час смеат да работат само маркети со дозвола од кризниот штаб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-policiski-chas-smeat-da-rabotat-samo-marketi-so-dozvola-od-krizniot-shtab/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-policiski-chas-smeat-da-rabotat-samo-marketi-so-dozvola-od-krizniot-shtab/#respond Fri, 10 Apr 2020 13:22:39 +0000 https://kurir.mk/?p=330253

За време на полицискиот час Државниот пазарен инспекторат во секој град има дежурни екипи кои ќе вршат проверка на маркети кои работат и дали имаат соодветни дозволи, изјави директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. – Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани, нагласи Пауновски. Појасни дека за сите угостителски објеки на кои е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, најпрво се доставуваат платни налози за глоба, па доколку не се платат во определениот рок, тогаш се упатуваат на суд. – Што значи изречени казни се уште нема, меѓутоа дали ќе ги платат во рок од осум дена глобите или ќе одат на суд, тоа е право на самите субјекти, рече Пауновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-policiski-chas-smeat-da-rabotat-samo-marketi-so-dozvola-od-krizniot-shtab/feed/ 0
Само ова време ќе се врши достава на медикаменти и прехрамбени производи во Дебар и Центар Жупа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-ova-vreme-kje-se-vrshi-dostava-na-medikamenti-i-prehrambeni-proizvodi-vo-debar-i-centar-zupa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-ova-vreme-kje-se-vrshi-dostava-na-medikamenti-i-prehrambeni-proizvodi-vo-debar-i-centar-zupa/#respond Sat, 14 Mar 2020 16:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=316601

Достава на прехрамбени производи, медикаменти и останати потребни стоки на подрачјето каде што е прогласена кризна состојба (општините Дебар и Центар Жупа) ќе се врши единствено во периодот од 8 до 14 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека заради продолжување со работа на индустрискиот капацитет „Кнауф Радика“ Дебар овозможен е безбеден проток на возилата со кои се врши транспорт на ресурси и стока во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба. – Возилата со кои се врши дотур на стока и возилата на компанијата „Кнауф“ се упатуваат кон безбедносниот пункт во правец на ХЕЦ Шпиље и ХЕЦ Глобочица или безбедносниот пункт преку Бошков Мост, од каде само со полициска придружба се упатува кон територијата на кризното подрачје, информира МВР. Истоварот на стоката, додаваат, ќе го вршат исклучиво лица кои се веќе во подрачјето каде е прогласена кризна состојба, а на возачот на возилото или негов сопатник нема да му биде дозволено напуштање на возилото. По истоварот на стоката, возилото исто така со полициска придружба се враќа кон еден од безбедносните пунктови, каде по извршената дезинфекција му се дозволува слободно движење надвор од територијата на која е прогласена кризна состојба. – Во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните, сите граѓани задолжително да се придружуваат кон овие насоки за постапување, апелираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-ova-vreme-kje-se-vrshi-dostava-na-medikamenti-i-prehrambeni-proizvodi-vo-debar-i-centar-zupa/feed/ 0