Достојно ест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 18:29:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Достојно ест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 В петок сеноќно бдение во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-petok-senokno-bdenie-vo-bigorski-vo-chest-na-chudotvornata-ikona-dostojno-est/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-petok-senokno-bdenie-vo-bigorski-vo-chest-na-chudotvornata-ikona-dostojno-est/#respond Tue, 20 Jun 2023 18:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=847950

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. - На 23 јуни (петок) 2023 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја, стои во соопштението на манастирот. Отец Кирил за МИА изјави дека дека Бигорскиот собир се закитил со копијата од оваа прекрасна икона во 2009 година, како „една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта". – Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ќе ги собере сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, вели отец Кирил. Според црковниот календар и преданијата на црквата, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996). Традиционално во Бигорскиот манастир се очекува големо присуство на верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на денот на иконата „Достојно ест“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-petok-senokno-bdenie-vo-bigorski-vo-chest-na-chudotvornata-ikona-dostojno-est/feed/ 0
Достојно за „Достојно ест“ во Бигорски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dostojno-za-dostojno-est-vo-bigorski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dostojno-za-dostojno-est-vo-bigorski/#respond Thu, 24 Jun 2021 19:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=527658

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава го одбележа празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. – Бигорскиот собир се закити со копијата од оваа прекрасна икона уште во 2009 година, како една слатка утеха после страшното огнено искушение врз Обителта. Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно Ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ги собра сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, изјави за МИА, отец Кирил. Додава дека денес за Неа најтопло проговорил „оној кој сиот свој живот ѝ го доверил и со љубов му служи верно на нејзиниот син и на неговата невеста, црквата – нашиот Старец и Епископ г. Партениј. – И нашата Света Обител од пред дванаесетина години е удостоена со верна изобразба на светогорската чудотворна икона „Достојно ест“. Многупати сум кажал, а и сега ќе повторам, дека оваа икона дојде во Манастирот како благодатна посета од Мајката Божја, како најголема утеха веднаш после пожарот. Впрочем, требаше да стаса многу порано, но ете, по промисла на Богородица, се случуваше сè некакво одолговлекување, за на крај да дојде како утешителна роса и како прва радост после тагата од големото искушение за Манастирот. Дојде преку својата икона, за да ни каже дека е со нас, дека нема да нè остави, дека е посебна заштитница на монашкиот род, рече во својата беседа г.Партениј. Порача дека преку своите свети икони мајката Божја е благодатно присутна меѓу нас и верниците тоа го чувствуваат, бидејќи секогаш кога ние искрено ѝ се молиме, таа притекнува на помош. – Помага на сите и на секого, оти е Мајка на сиот човечки род, украс и убавина на човештвото, порача г. Партениј. Според црковниот календар и преданијата на црквата на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dostojno-za-dostojno-est-vo-bigorski/feed/ 0