доверба на влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Nov 2021 09:01:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доверба на влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џафери сам без пратеници со Заев и министрите констатираше дека Владата останува, опозицијата бара брзи предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-sam-bez-pratenici-so-zaev-i-ministrite-konstatirashe-deka-vladata-ostanuva-opozicijata-bara-brzi-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-sam-bez-pratenici-so-zaev-i-ministrite-konstatirashe-deka-vladata-ostanuva-opozicijata-bara-brzi-predvremeni-izbori/#respond Fri, 12 Nov 2021 07:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=594414

Претседателот на Собранието Талат Џафери во пленарната собраниска сала, сам без ниту еден пратеник, во присуство само на премиерот Зоран Заев и на министрите, констатираше дека Владата останува и не е изгласана недоверба. Седницата ја затвори Џафери, со образложение дека поради немање кворум, не е отворен дневниот ред и не може да се отвори дебата за гласање доверба на Владата. Претходно, по неизвесноста и бурниот ден, пратениците од опозицијата си заминаа од Парламентот, но изјавија дека не ја повлекуваат иницијативата и побараа брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза. – Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатира синоќа Џафери. Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис. – Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт, изјави Џафери. На седницата синоќа беа присутни само претставниците на Владата предводена од Зоран Заев. Откако беше затворена седницата, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред Собранието во изјава за медиуми рече дека граѓаните треба да бидат спокојни оти вечерва победила евроатлантска Македонија. Претходно, пратениците од опозицијата си заминаа од Собранието, но како што изјавија не ја повлекуваат иницијативата за гласање доверба на Владата. Бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во име на коалицијата синоќа пред Собранието изјави дека демократијата е погазена и оти власта се обидува по секоја цена да остане на власт. – За жал, имаме уште еден ден којшто ќе остане запишан во црните страници на македонската историја затоа што денес во Македонија се погази демократијата. Денес во Македонија беше киднапиран пратеник. Денес во Македонија видовме како режимот на власт се трансформира во најкриминоген режим воопшто видено на просторот на Европа. За тоа ќе има одговорност многу побрзо од тоа што мислат, ќе дојде денот кога ќе одговараат сите тие коишто денеска киднапираа пратеник и сите оние кои денес одземаа телефони од пратеници, ги чуваа пратениците во одредени простории за да не можат да излезат и да комуницираат и направија се македонската демократија да биде погазена, рече Николоски. На почетокот на седницата, денеска претпладне, присуствуваа 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата. При пребројувањето беше констатирано дека на седницата присуствуваа 60 пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60. Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61. Откако пратеникот од Беса Кастриот Реџепи објави дека нема да учествува на седницата, се појавија информации за негово наводно исчезнување и киднапирање. Лидерот на Беса Биљал Касами рече дека власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. – Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави Касами. Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето Беса е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен. Тој претходно рече дека Движењето стои на ставовите за пад на овој режим и оти последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на се за да остане на овие позиции. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека се отвораат многу шпекулации за непојавувањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи во Парламентот и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓа тој. Тој рече дека уште вчера се шпекулирало дека ова ќе се случи и дека ако се потврди дека се тргувало со пратеници „во државава веќе не вреди да се занимава човек со политика“. Непосредно по објавувањто на шпекулациите, пратеникот Кастриот Реџепи се огласи со видео порака до јавноста преку својот Фејсбук профил. Тој на почетокот се заблагодари за поддршката и вели оти сигурноста и стабилноста на државата, мирот и благосостојбата на народот, треба да биде да биде најважната работа за сите. – Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум, и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија, вели Реџепи во пораката на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-sam-bez-pratenici-so-zaev-i-ministrite-konstatirashe-deka-vladata-ostanuva-opozicijata-bara-brzi-predvremeni-izbori/feed/ 0
Пратениците денес ќе гласаат за доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-denes-kje-glasaat-za-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-denes-kje-glasaat-za-doverba-na-vladata/#respond Thu, 11 Nov 2021 06:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=593925

За денеска во 11 часот е најавен почетокот на собраниската седница на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлече претседателот на Левица Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. За Собранието да ја изгласа одлуката за недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако биде изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот. Но, останува да ја извршува функцијата се до изборот на нова Влада. На седницата, како што е предвидено во Деловникот за работа на Собранието, по поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути. Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218 од Деловникот. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера не излезе со свој став или толкување во врска со повлекувањето на 17 потписи од Иницијативата, како и дали тоа ќе се одрази на собраниската седница. Претходно во телевизиско интервју тој потенцира дека процедурите се јасни. -Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери. Претседателот на државата Стево Пендаровски, пак, синоќа во интервју за ТВ 21 рече дека нему му е важно мнозинство да се добие по демократски пат, и дека само така ќе се има легитимитет и внатре и надвор. -Она што како претседател ми е важно, и е важно и за меѓународната заедница, е следното: оној кој ќе добие во демократска процедура 61 глас, тој ќе биде потполно релевантен соговорник и внатре и надвор. Мене ми е најважно да се случи 61 глас во демократска процедура како што е пропишано во Устав и Закон, рече Пендаровски. Тој смета дека државата е во политичка криза и дека ако нема јасно мнозинство ќе биде уште полошо. Според него, во тој случај можеме да влеземе во т.н. бугарско сценарио. Пендаровски смета и дека оваа политичка криза е предизвикана од потегот на премиерот со најавата на неговата оставка. Загубата на Град Скопје на локалните избори, според него, не смеело да биде повод за Заев да се повлече од политиката. Премиерот Заев своите оставки од функциите ги најави по поразот на локалните избори, но формално тие не беа поднесени од негова страна ниту до партијата ниту до Собранието. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ бараше Заев до понеделникот до 14:30 часот да поднесе оставка во Собранието, но откако тоа не се случи тие заедно со АА и Алтернатива, Беса и Левица ја поднесоа иницијативата за гласање доверба на Владата. Во образложението на Иницијативата, меѓу другото, се наведува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани, тие за секој одминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлацијата и афери кои се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде на локалните избори, коишто всушност беа референдумско изјаснување против сегашната влада и нејзините политики“. Според предлагачите на Иницијативата, останувањето на оваа влада без кредибилитет и јасна мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на напластените проблеми, ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со еконоската криза, енергетскиот шок, ковид тенденциите кои се загрижувачки. Извршниот и Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се додека не се нормализираат процесите во државата. Карактеристично за денешната собраниска седница за гласање доверба на Владата е и тоа што, според довчерашните најави, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелика Петкова, кои се во изолација, на седницата ќе присуствуваат во скафандери бидејќи се позитивни на Ковид-19. Седниците не се одржуваат во пленарната сала поради надградба на системот за гласање туку во салата со Купола каде што има можност пратеници болни од Ковид-19 да бидат изолирани и да гласаат. Ова ќе биде втор пат вака пратеници да гласаат во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-denes-kje-glasaat-za-doverba-na-vladata/feed/ 0
Во четврток ќе се гласа за доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-glasa-za-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-glasa-za-doverba-na-vladata/#respond Tue, 09 Nov 2021 06:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=592904

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за четврток ја закажа седницата на која треба да се гласа доверба на Владата, откако вчера до него ваква иницијатива со потписи од 61 пратеник поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица. Потоа, според партиски информации, Џафери го повикал премиерот Зоран Заев на средба во Собранието, а таму беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев во четврток. Од СДСМ за МИА синоќа потврдија дека Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори. Откако беше поднесена иницијативата Кабинетот на претседателот на Собранието информираше дека е доставено Барање за гласање за доверба на Владата. -Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток, на 11 ноември 2021, во 11.00 часот. Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата, наведува Кабинетот на Претседателот на Собранието. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски претходно на прес-конференција ја најави иницијативата и кажа дека е потпишана од 61 пратеник, но оти исто така дека тие интензивно разговараат и со други пратеници. -Доколку во моментов треба да се гласа доверба на Владата очекувам да има 61 плус односно во тек се интензивни преговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на Владата ќе ја потпишат повеќе од 61 пратеник, рече Николовски. Во однос на формирање нова Влада или евентуални нови брзи избори, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е нешто што ќе се разговара после четврток. -Треба да седнеме со нашите партнери и да видиме кои се нашите програмски определби на сите што сакаат да се формира политичка влада или за брзи избори, рече Николовски. Посочувајќи делови од образложението за гласање доверба, тој рече дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот“. По поднесувањето на иницијативата на Фејсбук се огласи и премиерот Заев. – За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша Заев. Ново мнозинство во Собранието во петокот најави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со првите луѓе и претставници на АА и Алтератива, Беса и Левица, по што тоа беше потврдено и од нив. За во Собранието да се изгласа одлуката за изгласување недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот. Член 216 од Деловникот за работа на Собранието, пак, е наведено: „По поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути“. Со член 217 е предвидено дека Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-glasa-za-doverba-na-vladata/feed/ 0
Николоски: Поднесена иницијатива до Собранието за гласање доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-podnesena-inicijativa-do-sobranieto-za-glasanje-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-podnesena-inicijativa-do-sobranieto-za-glasanje-doverba-na-vladata/#respond Mon, 08 Nov 2021 13:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=592654

Би сакал да ја информирам македонската јавност дека во овој момент во Собранието на Република Македонија се поднесува Иницијатива која што треба да ја разгледа Собранието за доверба на Влада, ова денеска преку изјава за медиумите од собранието го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. -Би сакал накратко да го прочитам образложението. Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните 5 години. Напротив, владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања за народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани тие за секој поминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлација и афери кои што се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде од резултатите одржани на локалните избори кои што всушност беа референдумско изјаснување против сегашната Влада и нејзините политики. Останувањето на оваа Влада, по ваков изборен резултат, без кредибилитет, без јасно мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на здравствените проблеми ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со економската криза, енергетскиот шок, КОВИД тенденциите кои се загрижувачки, сето тоа сериозно ќе ја клекне државата на колена, вели Николоски. Тој додава дека сведоци сме сите на криминалот и корупцијата на власта. Изневерени се сите надежи на граѓаните за подобар живот. Не постои функционален систем на владеење на правото, ниту правна држава. Граѓаните заслужуваат напредок на државата и на нивен подобар живот. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија за предизвиците. Време е поделбите и конфликтите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат, време е за промени. -Изминативе 5 години се доказ дека оваа Влада владее со конфликти и не оддалечува од Европската Унија само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегии кои што ги уживаат функционерите на власт. Не се грижат ниту за државата, ниту за народот, ниту за придвижување на државата кон Европската Унија. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси назад. Поради сето ова наведено, ние долупотпишаните пратеници бараме Собранието да гласа за доверба на Владата. Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците на политичката партија БЕСА и пратениците на политичката партија Левица. Вкупно 61 пратеник ја потпишаа ова Иницијатива и 61 потпис се доставени заедно со оваа иницијатива до македонското Собрание. Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада, вели Николоски.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-podnesena-inicijativa-do-sobranieto-za-glasanje-doverba-na-vladata/feed/ 0
Менкиноски за КУРИР: Гласањето доверба на Владата на Заев не беше ништо друго освен државен удар врз парламентарната демократија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/menkinoski-za-kurir-glasanjeto-doverba-na-vladata-na-zaev-ne-beshe-nishto-drugo-osven-drzaven-udar-vrz-parlamentarnata-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/menkinoski-za-kurir-glasanjeto-doverba-na-vladata-na-zaev-ne-beshe-nishto-drugo-osven-drzaven-udar-vrz-parlamentarnata-demokratija/#respond Thu, 04 Mar 2021 14:12:11 +0000 https://kurir.mk/?p=477202

Собранието вчера попладнето изгласа доверба на Владата откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев.  За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против. Според адвокатот Тони Менкиноски вчерашниот начин на гласање на доверба на Владата не е ништо друго туку државен удар врз македонската парламентарна демократија. Тој за КУРИР го опиша детално начинот на кој е изгласана „довербата“ на македонската влада споредувајќи ја оваа ситуација со онаа во која криминалецот не бара согласност од своите жртви да врши нови кривични дела, односно тој прави се друго, освен да има јавен контакт со својата жртва пред надлежна државна инстанца. -По вчерашното одлучување за доверба на актуелната Македонска Влада без која било парламентарна дебата, и последователните официјално изразени ставови на претставниците на актуелната Влада, вклучувајќи го тука посебно Премиерот за наводен “спектакуларен триумф на македонската парламентарна демократија и правна држава”, повеќе од очигледно е дека, премиерот заборави или сака да претпоставува дека, обичниот македонски граѓани се уште го познава македонскиот јазик, на кој е напишан Македонскиот Устав, кој неслучајно уште во членот 2 јасно нагласил дека, „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните”, аналогно на што, произлегува и целта на членот 61 од Уставот каде сосема е јасно наведено дека, „Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката”.  Од тука е и логиката за уставно-правното нормирање на политичката контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието како  една од уставно утврдените надлежности на Собранието на Република Македонија, вели Менкиноски за КУРИР. Адвокатот додава дека но, за вршењето на ова надлежност на Собранието, Македонскиот Устав не предвидува само подигнување на црвени , зелени или жолти картони од страна на парламентарците, туку јавна и усна парламентарна дебата околу пратеничките прашања кои се наоѓаат во позадината на секое прашање за доверба на влада, со цел токму на македонските граѓани  да им се даде можност тие непосредно да можат ја следат и оценат таквата дебата и исходот на истата. Но, видно е дека,  овој уставен императив фактички било главна препрека за премиерот Заев, која препрека тој можел да ја заобиколи само со целосно занемарување односно флагрантно повредување на суштината на македонската парламентарна демократија, која повреда не претставува ништо друго освен класичен државен удар врз самата парламентарна демократија во нашата држава. -Ваквото заобиколување на македонските граѓани од страна на премиерот Заев е целосно разбирливо, бидејќи само  тоа е клучниот предуслов за него да нема потреба јавно да го потврдува наводниот успех и триумф на своето актуелно владеење. Затоа на него му беше многу полесно да има контакт само со своите парламентарци,  од кои не беше ништо побарано освен да го подигнат она што го имаа во своите раце. Оваа ситуација е целосно идентична на онаа, во која криминалецот не бара согласност од своите жртви да врши нови кривични дела, односно тој прави се друго, освен да има јавен контакт со својата жртва пред надлежна државна инстанца!! Шефот на една мафијашка организација не бара согласност од неговите непријатели или жртви туку само од членовите на неговата криминална организација, вели Менкиноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/menkinoski-za-kurir-glasanjeto-doverba-na-vladata-na-zaev-ne-beshe-nishto-drugo-osven-drzaven-udar-vrz-parlamentarnata-demokratija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Не сите пратеници што гласаа доверба на владата вчера, тоа ќе го направат пак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ne-site-pratenici-shto-glasaa-doverba-na-vladata-vchera-toa-kje-go-napravat-pak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ne-site-pratenici-shto-glasaa-doverba-na-vladata-vchera-toa-kje-go-napravat-pak/#respond Thu, 04 Mar 2021 13:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=477223

Костадинов само го пресликува стравот на Заев. Вчерашното себедокажување беше со цел да се сокрие стравот и разнишаноста на владата. Заев игра по нотите на ВМРО, и мораше да се тестира. Падот на владата нема да го запре. И тој самиот знае дека има пратеници кои не му се сигурни, и не му изразуваат лојалност каква што сака тој,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Заев знае дека сите што го гласале вчера тоа нема да го направат по втор пат. Заев е уплашен и затоа во паника прави непромислени чекори. Власта која ја ужива моментално, наскоро ќе биде само едно минато за него.Граѓаните се против оваа власт. Времето за одговорност доаѓа, посочуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ne-site-pratenici-shto-glasaa-doverba-na-vladata-vchera-toa-kje-go-napravat-pak/feed/ 0
Втор ден расправа во грчкиот Парламент, на полноќ ќе се гласа доверба на владата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtor-den-rasprava-vo-grchkiot-parlament-na-polnokj-kje-se-glasa-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtor-den-rasprava-vo-grchkiot-parlament-na-polnokj-kje-se-glasa-doverba-na-vladata/#respond Wed, 16 Jan 2019 10:59:52 +0000 https://kurir.mk/?p=152866

Претпладнево, околу 10 часот, по локално време, почна вториот и последен ден од расправата во грчкиот Парламент за доверба на владата, што ќе кулминира на полноќ со гласање од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина. Денешната расправа, продолжи онаму каде што беше прекината синоќа на полноќ, со обраќања на пратеници и министри од владата. Непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас. Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, владата на Ципрас ќе ги добие потребните 151 глас за да доверба и поддршка. Освен 145-те пратеници на СИРИЗА, се очекува, позитивно да гласаат независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита  Катерина Папакоста, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци, Елена Кундура,  Василис Кокалис, Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис, како и довчерашниот пратеник од Река, Спирос Данелис. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtor-den-rasprava-vo-grchkiot-parlament-na-polnokj-kje-se-glasa-doverba-na-vladata/feed/ 0
Без тројцата пребегани пратеници, Владата имаше само 59 гласа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-trojcata-prebegani-pratenici-vladata-imashe-samo-59-glasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-trojcata-prebegani-pratenici-vladata-imashe-samo-59-glasa/#respond Thu, 12 Apr 2018 10:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=39551

По вчерашната собраниска седница на која се гласаше за доверба на Владата и истата беше изгласана може да се заклучи дека парламентарното мнозинство е послабо дури и од времето кога се констатираше самата Влада. Тројцата пратеници кои што ја напуштија коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам, Чедомир Саздовски и Јусуф Хасани излегоа како клучни пратеници кои овозможија Владата на Зоран Заев да има поддршка од 62 гласа во Собранието. Без овие тројца пратеници парламентарното мнозинство брои 59 пратеници кои немаше да бидат доволни за да ја спасат Владата предводена од СДСМ и ДУИ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-trojcata-prebegani-pratenici-vladata-imashe-samo-59-glasa/feed/ 0
Александрова: Вие сте еден типичен школски пример за тоа како една власт не смее да работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandrova-vie-ste-eden-tipichen-shkolski-primer-za-toa-kako-edna-vlast-ne-smee-da-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandrova-vie-ste-eden-tipichen-shkolski-primer-za-toa-kako-edna-vlast-ne-smee-da-raboti/#respond Wed, 11 Apr 2018 18:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=39331

На денешната расправа во Собранието за интерпелација на владата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова на упатената реплика до Фросина Ременски, истакна дека заради неспособното владеење на владата на СДСМ, граѓаните во Македонија не се чувствуваат безбедни. -Колешке вие сте еден типичен школски пример за тоа како една власт не смее да работи. Тоа е фактичката ситуација. Народот вас така ве перципира. Од вас очекуваа многу.  Вие ветивте „живот“, а наспрема тоа донесовте еден куп луѓе отпуштени и без работа, немање инвестиции, немање визија, заробена држава, коруптивни скандали, убиства, запалени возила и колешке Фросина народот во оваа држава веќе не се чувствува безбеден, потенцираше Александрова. Таа посочи дека странските инвестиции во 2016 година беа 350 милиони евра, додека во  2017-та се 227 милиони евра. Александрова додаде дека единствено што може да се види е небезбедна држава додека пратениците служат како пример за тоа како не се почитува уставот, законите и деловникот во Собранието. За последниот извештај на Транспаренси Интернешанал, Александрова потенцираше дека според индексот на корупција, Македонија падна за цели 17 места. -Индексот на корупцијата е толку голем што Македонија е на ниво на заробена држава, а власта затвора очи при тоа. Откако дојдовте на власт навистина критериумите и вредностите за тоа што е добро и што не е добро некако се испореметија. Јас не знам од кога стана 0 % економски раст да биде добро, истакна Александрова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandrova-vie-ste-eden-tipichen-shkolski-primer-za-toa-kako-edna-vlast-ne-smee-da-raboti/feed/ 0
Јовановски:  Криминалци се пуштија на слобода за на нивно место да влезат во затвор политичките противници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-kriminalci-se-pushtija-na-sloboda-za-na-nivno-mesto-da-vlezat-vo-zatvor-politichkite-protivnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-kriminalci-se-pushtija-na-sloboda-za-na-nivno-mesto-da-vlezat-vo-zatvor-politichkite-protivnici/#respond Wed, 11 Apr 2018 15:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=39273

Политичкиот прогон е секојдневно присутен. Имаше закон за амнестија, се ослободија многу луѓе. Тие луѓе кои беа во затвор беа криминалци пред се, шверцери со дрога, а богами и терористи. Тие луѓе се пуштија на слобода за да можат политичките противници да влезат таму, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски на денешната седница во Собранието за гласање на доверба на владата - Дознавме дека за да бидеш терорист не треба да имаш пушки, бомби и патрони, туку треба да имаш телефон со андроид. Те слушаат што ќе кажеш и стануваш терорист. Тоа е дел од планот 3-6-9 да се замолчи опозицијата и никој нема право ништо да проговори,  истакна Јовановски. Тој ги потсети присутните во Собранието дека во еден изминат период новинари бараа смрт за некои политичари, но тоа помина и сега имаме ново време, имаме „слобода“ на медиуми, арно ама никој не смее ништо да проговори, затоа што ако се проговори ти следат пријава и тужба. Јовановски се обрати и до Заев истакнувајќи дека иако против него се води процес на суд, тој се ставил на чело на реформите за правосудство. - Има постручни луѓе кои во тој контекст ќе направат многу повеќе и ќе го доведат ова правосудство како што треба да има правда, нагласи Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-kriminalci-se-pushtija-na-sloboda-za-na-nivno-mesto-da-vlezat-vo-zatvor-politichkite-protivnici/feed/ 0