доверлив документ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Sep 2021 07:18:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доверлив документ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФБИ објави доверлив документ: Нови информации за 11 септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-objavi-doverliv-dokument-novi-informacii-za-11-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-objavi-doverliv-dokument-novi-informacii-za-11-septemvri/#respond Sun, 12 Sep 2021 07:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=562565

На годишнината од терористичкиот напад, американското ФБИ објави доверлив документ кој носи нови информации за настанот што го шокираше целиот свет. Американското ФБИ објави доверлив документ во кој се наведува дека имало логистичка поддршка за двајца киднапери од Саудиска Арабија за време на терористичките напади врз САД во 2011 година, пренесува Си-Ен-Ен. Во документот се наведува дека киднаперите имале контакти со граѓаните на Саудиска Арабија во САД, но не се дадени докази дека високи претставници на саудиската влада учествувале во заговорот. На денот на одбележувањето на 20-годишнината од нападот, ова е првиот документ од истрагата на ФБИ, објавен откако претседателот на САД, Џо Бајден, нареди да се отстрани ознаката „доверливо“ од материјалите што беа недостапни за јавноста со години. Документот на 16 страници содржи разговор помеѓу оперативци на ФБИ и човек кој често контактирал со Саудијците во САД, кои им помогнале на првите киднапери да дојдат во Америка, пред нападот. Минатата недела, Бајден нареди Министерството за правда и другите агенции да ја декласифицираат ревизијата и да ги објават документите што можат да бидат објавени во следните шест месеци. Тој се соочи со притисок од семејствата на жртвите, кои долго време бараа извештаи, додека водеа судска постапка во Њујорк, при што тврдат дека лидерите на саудиската влада ги поддржале киднаперите. Редактираниот документ беше објавен синоќа, неколку часа откако Бајден присуствуваше на комеморативните собири во Њујорк, Пенсилванија и северна Вирџинија. Роднините на жртвите претходно се спротивставија на присуството на Бајден на комеморацијата, се додека документите се доверливи. Саудиската влада долго време негираше каква било вмешаност во нападите, а нивната Амбасада во Вашингтон го поддржа целосно обелоденување на сите извештаи, со цел да се стави крај на „неоснованите обвинувања против таа земја еднаш засекогаш“. Амбасадата додаде дека секое обвинување дека Саудиска Арабија е соучесник е „категорично невистинито“. Од 19 киднапери, дури 15 биле државјани на Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-objavi-doverliv-dokument-novi-informacii-za-11-septemvri/feed/ 0
Конгресот објави доверлив документ за ФБИ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-objavi-doverliv-dokument-za-fbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-objavi-doverliv-dokument-za-fbi/#respond Fri, 02 Feb 2018 18:09:28 +0000 http://kurir.mk/?p=17617

Американскиот Конгрес го објави доверливиот републикански документ во кој се обвинува ФБИ за користење нападна техника во истрагата за можно руско мешање во изборите, откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп го одобри неговото објавување. Комисијата за разузнавање при Конгресот, го објави онлајн документот откако доби „зелено светло“ од Трамп. Во меморандумот се наведени наводни пропуси на ФБИ во првите етапи од истрагата за врски меѓу Трамп и Русија за време на претседателските избори во САД.  Со објавувањето на Меморандумот, Трамп ги игнорираше предупредувањата од раководството на ФБИ. - Она што се случува во нашата држава е срамно, изјави Трамп, објавувајќи дека го декласифицирал меморандумот од републиканскиот конгресмен и поранешен член во неговиот изборен штаб Девин Нуњес. - Многу луѓе треба да бидат засрамени, додаде Трамп во изјавата фокусирана против раководството на ФБИ. Сега се очекува Комисија на Претставничкиот дом да го објави меморандумот, откако вчера таа одобри објавување. Меморандумот на четири странички ќе биде објавен и покрај приговорите на Демократската партија, ФБИ и Министерството за правда. Документот бил изготвен без одобрение на членови на комисијата од Демократската партија. Трамп имаше пет дена да одлучи дали меморандумот ќе го декласифицира или ќе стави вето на одлуката за објавување. Во меморандумот, меѓу другото се наведува дека ФБИ го злоупотребил законот за надзор на странски разузнавачки служби, така што го користел на несоодветен начин за да дојде до налог за прислушување, а потпирајќи се на непроверено досие за Трамп и Русија. Тоа досие го составил поранешниот агент на британската разузнавачка служба Кристофер Стил. Трамп, претходно денеска ги обвини ФБИ и Министерството за правда дека го исполитизирал процесот во корист на Демократската партија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-objavi-doverliv-dokument-za-fbi/feed/ 0