доживотен затвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 05:39:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доживотен затвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинец осуден на доживотен затвор поради шпионажа во корист на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainets-osuden-na-dozhivoten-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainets-osuden-na-dozhivoten-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/#respond Thu, 18 May 2023 05:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=835570

Маж од западна Украина е осуден на доживотен затвор поради помагање на Русија, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ). Тој пренесувал информации за локацијата на украинските војници и стратешки важни претпријатија во западниот дел на Украина, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ). Осудениот исто така бил вклучен во насочување на ракетни напади врз транспортните артерии и индустриските локации во западниот дел на Украина. Жителот на Лавов бил регрутиран како соработник на руските тајни служби набргу по почетокот на инвазијата. Тој го привлекол вниманието на руските разузнавачи со неговата активност на социјалната мрежа Телеграм.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainets-osuden-na-dozhivoten-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/feed/ 0
Доживотна казна затвор му се заканува на приведениот шеф на железничката станица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozhivotna-kazna-zatvor-mu-se-zakanuva-na-privedeniot-shef-na-zheleznichkata-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozhivotna-kazna-zatvor-mu-se-zakanuva-na-privedeniot-shef-na-zheleznichkata-stanitsa/#respond Mon, 06 Mar 2023 15:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=808726

„Безбедноста на железницата е најважна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Тие разговараа за „понатамошна техничка поддршка што ЕУ може да ѝ ја обезбеди на Грција за да ги модернизира нејзините железници и да ја подобри безбедноста на железничкиот сообраќај“, напиша таа. Поради несреќата, во Грција е приведен шефот на станицата во градот Лариса, а железничарите продолжуваат со штрајкот и протестите. Адвокатот на приведениот шеф на станицата денеска изјави дека неговиот клиент во неделата бил испрашуван од истражителите повеќе од седум часа. Доколку биде прогласен за виновен за убиство од небрежност, може да добие казна од најмалку десет години затвор, но и доживотен затвор. Тоа е најтешката железничка несреќа во историјата на Грција. Грчките железничари денеска стапија во штрајк шести ден по ред, изразувајќи незадоволство од безбедноста на железничката мрежа во земјата. Синдикатите тврдат дека безбедносните стандарди се ослабени со текот на годините и дека на железничкиот систем му е очајно потребно итно реновирање и јавни инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozhivotna-kazna-zatvor-mu-se-zakanuva-na-privedeniot-shef-na-zheleznichkata-stanitsa/feed/ 0
Поранешен полицаец осуден на доживотен затвор за десетици силувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-politsaets-osuden-na-dozhivoten-zatvor-za-desetitsi-siluvana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-politsaets-osuden-na-dozhivoten-zatvor-za-desetitsi-siluvana/#respond Tue, 07 Feb 2023 17:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=797444

Дејвид Керик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој дваесет години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени. - Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши кризата на доверба во Скотланд Јард, која ги оглуши на предупредувањата за нивниот вработен. - Се однесуваше како да си недопирлив“ затоа што си припадник на полицијата, додаде таа. Во делот за обвинетите, Дејвид Керик (48) со затворени очи и наведната глава го слушаше изрекувањето на пресудата. Нему му беше судено за најмалку 85 злосторства, вклучително и 48 силувања, кои се случиле помеѓу 2003 и 2020 година. Во тој период, тој беше унапреден во елитната полициска единица во главниот град задолжена за заштита на парламентот и дипломатските претставништва. „Злосторствата на Дејвид Керик се дамка за нашите полициски сили“, реагираше преку соопштение министерката за внатрешни работи Суела Браверман, оддавајќи им почит на „храбрите“ жртви на Керик. „Во нашата полиција нема место за такво предаторско и грозоморно однесување“, истакна таа. Полицијата девет пати пропуштила можност да го уапси овој сериски силувач кој 17 години работел во полиција. Тој на крајот беше уапсен во октомври 2021 година за првиот случај на силување, што ги поттикна и другите жени да го пријават.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-politsaets-osuden-na-dozhivoten-zatvor-za-desetitsi-siluvana/feed/ 0
Украинското обвинителство побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воени злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-pobara-dozivoten-zatvor-za-ruskiot-vojnik-komu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-pobara-dozivoten-zatvor-za-ruskiot-vojnik-komu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva/#respond Thu, 19 May 2022 15:16:55 +0000 https://kurir.mk/?p=679102

Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил. На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна“ за Вадим Шишимарин (21),пренесуваат француските медиуми. Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил за убиството на нејзиниот сопруг. Овоа е прво судење за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, што почна на 24 февруари. Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил, Олександр Шелипов, во североисточното украинско село Чупахивки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-pobara-dozivoten-zatvor-za-ruskiot-vojnik-komu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva/feed/ 0
Албанец осуден на доживотен затвор за убиство на младa наставничка: Со метален сообраќаен знак ја удрил по глава 34 пати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanec-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-ubistvo-na-mlada-nastavnichka-so-metalen-soobrakjaen-znak-ja-udril-po-glava-34-pati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanec-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-ubistvo-na-mlada-nastavnichka-so-metalen-soobrakjaen-znak-ja-udril-po-glava-34-pati/#respond Fri, 08 Apr 2022 13:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=660374

Албанецот кој ја нападна наставничката Сабина Неса додека се шетала во парк во Лондон е осуден на доживотен затвор за убиство. 36-годишниот Коци Селамај ќе одлежи најмалку 36 години затвор за, како што рече судијата, „дивјачки“ сексуално мотивиран напад. На судењето беше кажано дека Селамај 34 пати ја удрил Сабина во главата со метален триаголник, кој се користи во сообраќајот. Нападот се случи на 17 септември минатата година. Сабина таа вечер се поминувала низ паркот бидејќи доцнела на состанок со пријател, веруваат обвинителите, пренесува Скај Њуз. Селамај бил осуден на доживотен затвор со минимум 36 години откако одбил да се појави на суд. Албанец од Истбурн бил уапсен во крајбрежен град во Источен Сасекс, а подоцна се изјаснил за виновен за нејзиното убиство. На судењето беше кажано дека Селамај и претходно бил насилен кон својата поранешна партнерка. Селамај дошол во Велика Британија пред околу седум години, откако го напуштил училиштето на 12-годишна возраст без никакви квалификации, рече неговиот адвокат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanec-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-ubistvo-na-mlada-nastavnichka-so-metalen-soobrakjaen-znak-ja-udril-po-glava-34-pati/feed/ 0
Русија усвои закон за доживотен затвор за педофили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-usvoi-zakon-za-dozivoten-zatvor-za-pedofili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-usvoi-zakon-za-dozivoten-zatvor-za-pedofili/#respond Tue, 18 Jan 2022 14:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=620783

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години. Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело. Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега. – Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-usvoi-zakon-za-dozivoten-zatvor-za-pedofili/feed/ 0
Американски милионер осуден за убиство, му се заканува доживотна казна затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-milioner-osuden-za-ubistvo-mu-se-zakanuva-dozivotna-kazna-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-milioner-osuden-za-ubistvo-mu-se-zakanuva-dozivotna-kazna-zatvor/#respond Sat, 18 Sep 2021 08:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=565108

Магнатот во областа за недвижни имоти и американски милионер Роберт Дурст денеска е осуден во Лос Анџелес. Тој е обвинет за убиство на неговата блиска пријателка Сузан Берман пред речиси 20 години. Седумдесет и осум годишниот Дурст отсуствуваше од судницата бидејќи се наоѓа во изолација, откако претходно бил во контакт со болен пациент од коронавирус. Судот заседаваше речиси седум часа во траење од три дена. На милионерот му се заканува доживотна казна затвор без право на помилување. Судското рочиште, на кое ќе биде изречена пресудата, е закажано за 18 октомври. Богатството на Дурст, кој поседува голем број деловни згради во центарот на Њујорк, во моментов се проценува на 100 милиони долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-milioner-osuden-za-ubistvo-mu-se-zakanuva-dozivotna-kazna-zatvor/feed/ 0
ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТA НА ДРЖАВАТА: Доживотен затвор за поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-zagrozi-bezbednosta-na-drzavata-dozivoten-zatvor-za-poraneshniot-premier-na-bregot-na-slonovata-koska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-zagrozi-bezbednosta-na-drzavata-dozivoten-zatvor-za-poraneshniot-premier-na-bregot-na-slonovata-koska/#respond Wed, 23 Jun 2021 18:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=527219

Поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска и лидер на бунтовниците, Гијом Соро, од кривичниот суд во Абиџан денеска е осуден на доживотен затвор заради „загрозување на државната безбедност“ во врска со делата извршени на крајот на 2019 година, јави ДПА. Неколку многу блиски соработници на Соро, меѓу кои се поранешната шефица на протоколот, Солејмане Камагејт, поранешната министерка за комуникација, Афоусијата Бамба и поранешниот шеф на неговите комуникации, Туре Муса, се осудени на 20 години затвор. Агенцијата наведува дека Судот, исто така, нареди одземање на имотите на Соро и на другите 19 осудени лица, негови блиски соработници. Двајца браќа на Соро и неговата поранешна десна рака, поранешниот член на парламентот Ален Лобоњон, се осудени на 17 месеци затвор заради „нарушување на јавниот ред и мир“. Но, тие наскоро треба да бидат ослободени, со оглед на тоа што веќе минаа повеќе од 17 месеци зад решетки. Соро во април 2020 година веќе беше осуден на 20 години затвор заради проневера на јавни средства во времето кога беше премиер. Оваа казна доведе до поништување на неговата претседателска кандидатура неколку месеци подоцна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-zagrozi-bezbednosta-na-drzavata-dozivoten-zatvor-za-poraneshniot-premier-na-bregot-na-slonovata-koska/feed/ 0
Братот на претседателот на Хондурас осуден на доживотен затвор поради трговија со дрога https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bratot-na-pretsedatelot-na-honduras-osuden-na-dozivoten-zatvor-poradi-trgovija-so-droga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bratot-na-pretsedatelot-na-honduras-osuden-na-dozivoten-zatvor-poradi-trgovija-so-droga/#respond Wed, 31 Mar 2021 06:59:37 +0000 https://kurir.mk/?p=490067

Тони Хернандез, брат на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, е осуден на доживотен затвор од федерален судија во Њујорк. Неговата казна е изречена поради испраќање на околу 185 тони кокаин во САД, објавија американските медиуми. Претседателот на Хондурас ја оквалификува пресудата како скандалозна, истакнувајќи дека казната е заснована на лажно сведочење. Тони Хернандез (42) е поранешен пратеник. Тој беше уапсен во Мајами во 2018 година. Во октомври 2019 година, по две години судење во Њујорк,  беше прогласен за виновен поради трговија со дрога, за што ја имаше заштитата на неговиот брат, според американските обвинители. Тони Хернандез беше прогласен за виновен и за фалсификување и поседување огнено оружје. Семејството на Хернандез соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата, која вклучува и конфискација на имот вреден 138,5 милиони американски долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bratot-na-pretsedatelot-na-honduras-osuden-na-dozivoten-zatvor-poradi-trgovija-so-droga/feed/ 0
Изречена првата казна доживотен затвор во Прилеп: Осуден мажот кој ги уби сопругата и нејзината мајка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrechena-prvata-kazna-dozivoten-zatvor-vo-prilep-osuden-mazot-koj-gi-ubi-soprugata-i-nejzinata-majka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrechena-prvata-kazna-dozivoten-zatvor-vo-prilep-osuden-mazot-koj-gi-ubi-soprugata-i-nejzinata-majka/#respond Fri, 26 Feb 2021 11:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=474263

Прилепскиот основен суд изрече доживотна казна затвор за 52-годишниот Никола Петрески, кој во јануари лани уби двајца, а тешко рани едно лице во семејна трагедија која го потресе Прилеп. Според Жарко Велески, портпарол на Основниот суд во Прилеп, пресудата донесена вчера е за сторени четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство и за семејно насилство. Со психијатриско вештачење, судот утврдил дека бил пресметлив кога ги извршувал тешките кривични дела, а судот ги зел предвид отежнувачките околности за извршување на овие дела. -Осуден е за четири кривични дела, а станува збор за најтежок вид кривични дела. Тука има кривично дело од областа на семејното насилство. Судот, при донесувањето на одлуката, согласно одредбите по член 39 од КЗ ги ценеше сите околности за донесувањето на пресудата. Посебно земени се отежнителните околности: видот и карактерот на кривичните дела за кои се товари обвинетиот, бројот на сторените кривични дела, начинот како се направени кривичните дела, изјави Велески. Тој вели дека ова е прва доживотна казна затвор што ја изрекува прилепскиот суд. -Ова е првпат од постоењето на прилепскиот Основен суд, прво како општински, а потоа со проширена надлежност, да биде изречена ваква ригорозна, највисока казна. Не е за пофалба, камо да не се случеше ваква семејна трагедија, рече Велески. Семејната трагедија која го потресе Прилеп, се случи на 11 јануари лани во утринските часови, околу 8 часот, кога Петрески се појавил на вратата од семејната куќа на семејството на поранешната сопруга. Со пиштол ги убил неа и нејзината мајка и тешко го повредил братот на поранешната сопруга. Трагедијата се случила пред очите на 10-годишниот син кој е сместен кај роднини на мајката и е под надзор на Центарот за социјални работи. Петрески е во притвор до издржувањето на казната. Има право на жалба пред Апелациониот суд во Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrechena-prvata-kazna-dozivoten-zatvor-vo-prilep-osuden-mazot-koj-gi-ubi-soprugata-i-nejzinata-majka/feed/ 0