доживотна казна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Dec 2020 13:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доживотна казна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доживотна казна за уште 92 лица во Турција поради обидот за државен удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivotna-kazna-za-ushte-92-lica-vo-turcija-poradi-obidot-za-drzaven-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivotna-kazna-za-ushte-92-lica-vo-turcija-poradi-obidot-za-drzaven-udar/#respond Wed, 30 Dec 2020 13:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=450306

Турскиот суд денеска осуди 92 обвинети, вклучително и висок воен персонал, на доживотен затвор за учество во неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, објави државната новинска агенција Анадолија. Повеќе од 250 лица беа убиени во обид за соборување на владата на 15 јули 2016 година, кога одметнатите војници се обидоа да ги преземат клучните институции со борбени авиони, хеликоптери и тенкови. Доживотни казни затвор без можност за помилување добија 12 обвинети, меѓу кои и команданти на копнените сили. Минатиот месец, судот одделно ги казни водачите на обидот за државен удар за кој Анкара го обвинува исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД. Тој го негира обвинението. – Околу 292.000 лица се приведени поради наводна поврзаност со Ѓулен, а речиси 100.000 чекаат судење, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Околу 150.000 вработени во јавниот сектор беа отпуштени или суспендирани по пучот, а судовите изрекоа речиси 2.500 доживотни казни затвор. Министерството за одбрана протера повеќе од 20.000 војници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozivotna-kazna-za-ushte-92-lica-vo-turcija-poradi-obidot-za-drzaven-udar/feed/ 0
Вучиќ најави воведување на доживотен затвор за убијците на деца https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-najavi-voveduvanje-na-dozivoten-zatvor-za-ubijcite-na-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-najavi-voveduvanje-na-dozivoten-zatvor-za-ubijcite-na-deca/#respond Sat, 12 Jan 2019 12:04:51 +0000 https://kurir.mk/?p=151391

По седницата на Советот за национална безбедност, српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференција најави дека намерата на државата е да победи во најтешките форми на криминалот и корупцијата: “Криминалците, државата ќе ве прегази! Ќе ве згазиме!” Вучиќ најави борба на пет нивоа и драконски казни за сторителите на кривични дела, вклучувајќи и доживотен затвор. Тој, исто така, најави и измена на казнената политика, особено за кривичните дела насилничко однесување и силување, педофилијата, убиствата на деца и трговијата со оружје и наркотици. “Борбата ќе трае со години, ќе биде тешка, но ние ќе ги прегазиме криминалците”, рече Вучиќ. Тој нагласи дека ќе се воведе доживотен затвор за оние што извршиле најтешки кривични дела – повеќекратни убиства и убиства на деца. Вучиќ истакна дека само државите на Балканот, „Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија немаат казна доживотен затвор додека европските земји имаат.“ “Сега сакаме и ние да имаме построги казни. Ние брзаме кон европските стандарди и ќе ги зголемиме казните бидејќи не сакаме да им падне на ум тука да се убиваат”, рече претседателот Вучиќ. Минималните и максималните казни за сите кривични престапи кои вклучуваат насилничко однесување, од семејно насилство до убиство, ќе се зголемат за 35 до 50 проценти. Казната за силување ќе биде од 5 до 15 години, без можност за олеснување на казната и никој нема да може да добие помалку од пет години казна, најави Вучиќ. За семејно насилство, минималната казна ќе биде една година затвор, кажа Вучиќ. За еден месец ќе почнеме сè да менуваме во Србија, рече Вучиќ, додавјќи дека борбата против криминалот ќе трае со години. Според него, за производство и трговија со наркотици, повеќето од криминалците добивале казна испод законскиот минимум,т.е под шест месеци. “Изрекнувањата на казни од над пет години стана исклучок,речиси да ги нема“, рече Вучиќ. Тој оцени вчерашната акција од страна на полицијата и обвинителството ја покажало намерата на државата, не само да се соочи со најопасните видови на криминал во Србија, туку и овој криминал, како и најтешките форми на корупција, да се победат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-najavi-voveduvanje-na-dozivoten-zatvor-za-ubijcite-na-deca/feed/ 0
Се обеси затвореник во Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-obesi-zatvorenik-vo-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-obesi-zatvorenik-vo-idrizovo/#respond Wed, 24 Jan 2018 10:23:32 +0000 http://kurir.mk/?p=14519

Командир на смена во Казнено поправна установа Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека И.М.(39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил. Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-obesi-zatvorenik-vo-idrizovo/feed/ 0
МОК без милост – доживотни суспензии за 11 Руси https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-bez-milost-dozivotni-suspenzii-za-11-rusi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-bez-milost-dozivotni-suspenzii-za-11-rusi/#respond Fri, 22 Dec 2017 19:49:26 +0000 http://kurir.mk/?p=984

Меѓу нив се Иван Скобрев, двократен освојувач на медал во брзо лизгање на Игрите во Ванкувер во 2010 година, како и Артјом Кузњецов, исто така натпреварувач во брзо лизгање. Суспендирани се и осојувачите на сребрени медали во санкање во Сочи, Татјана Иванова и Алберт Демченко, крос кантри скијачот Никита Кроков, Александер Бесмертњих и Наталија Матвева, натпреварувачите во бол Људмила Удобкина и Максим Белугин, како и хокеарките Татјана Бурина и Ана Шухукина. На нив им се одземени медалите и забрането им е да учествуваат на следните Олимписки игри, соопшти Дисциплинската комисија при МОК. Оваа одлука е донесена во рамките на истрагата на Комитетот за допинг на руските спортисти на ЗОИ во Сочи. МОК претходно реагираше и забрани Русија да учествува на Игрите во Пјонгчанг следната година, а право на настап ќе имаат само оние спортисти кои поканети од страна на комисијата на МОК, но во неутрална форма, односно без знаме и химна на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-bez-milost-dozivotni-suspenzii-za-11-rusi/feed/ 0