дозвола за движење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Aug 2021 15:28:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дозвола за движење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кривична пријава против маж од скопско – ја злоупотребувал дозволата од работа за движење во полициски час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-maz-od-skopsko-ja-zloupotrebuval-dozvolata-od-rabota-za-dvizenje-vo-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-maz-od-skopsko-ja-zloupotrebuval-dozvolata-od-rabota-za-dvizenje-vo-policiski-chas/#respond Sat, 21 Aug 2021 16:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=553410

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.А.(35) од с.Радуша, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.04.2021 во 22.50 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот во с.Октиси, струшко и при извршената контрола тој приложил дозвола за движење која му важела само за одење до и од работа, но не и за времето во кое бил затекнат. На тој начин тој ја прекршил забраната за движење определена со одлука на Влада на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-maz-od-skopsko-ja-zloupotrebuval-dozvolata-od-rabota-za-dvizenje-vo-policiski-chas/feed/ 0
Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за службени потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-da-vazat-samo-lanskite-dozvoli-za-dvizenje-za-sluzbeni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-da-vazat-samo-lanskite-dozvoli-za-dvizenje-za-sluzbeni-potrebi/#respond Wed, 10 Mar 2021 06:57:09 +0000 https://kurir.mk/?p=479873

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, може да ја отпечат од својата е-маил адреса. Напоменуваме дека дозволите беа пратени од [email protected]. Вработените во полиција, армија, безбедносно разузнавачки служби, здравствени установи, слободно се движат исклучиво за службени цели. Физичките лица не е дозволено да се движат за време на полицискиот час за приватни потреби, освен во случаи кои се итни (медицинска грижа, аеродром, меѓународен превоз на патници), за што мора да најават на службата 192 во Министерството за внатрешни работи. Економските оператори да го користат Образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи. За нови потврди, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk. Дозволите за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Сите дополнителни прашања во однос на дозволите можете да ги поставувате на: [email protected]к информираат од МИОА. Владата на Република Северна Македонија, поради состојбата со корона вирусот, вчера донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-da-vazat-samo-lanskite-dozvoli-za-dvizenje-za-sluzbeni-potrebi/feed/ 0
Кривична пријава за фалсификување дозвола за движење за време на „полициски час“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-falsifikuvanje-dozvola-za-dvizenje-za-vreme-na-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-falsifikuvanje-dozvola-za-dvizenje-za-vreme-na-policiski-chas/#respond Thu, 24 Sep 2020 08:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=407747

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“, а во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“, против Х.Р.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против М.Н.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Како што соопшти МВР, првопријавениот С.М., во својство на неовластено лице во правно лице од Скопје, во кое сопственик и управител е второпријавената Х.Р., инаку брачен другар на првопријавениот, во период на постоење на вонредна состојба, забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, на третопријавениот М.Н. му овозможил непречено движење на територијата на град Скопје и околните општини. Тој, иако знаел дека не е овластен во правното лице да издава Дозвола за движење на вработени, со својот потпис и со неовластена употреба на вистинскиот печат од правното лице, заверил и издал Дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа, а печатот му бил овозможен да го користи од страна на второпријавената. Третопријавениот се движел на подрачје на град Скопје, при што на 7 јули годинава бил сопрен и контролиран од полициски службеници, а како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење, на увид им ја приложил гореспоменатата дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа од 4 јуни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-falsifikuvanje-dozvola-za-dvizenje-za-vreme-na-policiski-chas/feed/ 0
Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadenite-dozvoli-za-dvizenje-prodolzuvaat-da-vazat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadenite-dozvoli-za-dvizenje-prodolzuvaat-da-vazat/#respond Fri, 05 Jun 2020 06:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=354020

Веќе издадените „трајни“ дозволи за движење на одредени категории граѓани продолжуваат да важат и за време на овој карантински викенд, од 5-ти до 7 јуни. Исти остануваат и процедурите за добивање дозвола, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Со дозволите што ги издава Министерството се опфатени претставници на институции со одлука на владиниот Кризен штаб, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие), дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории земјоделци, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз, како и ловочувари во регистрирани здруженија, јавни претпријатија и национални паркови. Сите дозволи што ги обезбедува МИОА се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“. -Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, наведува Министерството. МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadenite-dozvoli-za-dvizenje-prodolzuvaat-da-vazat/feed/ 0
Претрес во Скопје поради фалсификувани дозволи за движење во полициски час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-skopje-poradi-falsifikuvani-dozvoli-za-dvizenje-vo-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-skopje-poradi-falsifikuvani-dozvoli-za-dvizenje-vo-policiski-chas/#respond Sat, 16 May 2020 11:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=346651

Припадници на скопската полиција во саботата вршат претрес на стан во скопската општина Аеродром, поради сомневања за организирано произведување повеќе фалсификувани документи и исправи, дознава НетПрес. Според неофицијалните сознанија, станува збор за претрес по претходна судска наредба, на стан на улицата „Владимир Комаров“, во кој престојува 22-годишен битолчанец, а цел на полициските активности е пронаоѓање предмети за изработување на дозволи за движење во полициски час, фалсификувани документи за кредити и други предмети. Според досегашните сознанија, осомничениот признал дека досега имал изработено и најмалку пет лажни дозволи за движење во полициски час со печат на неколку фирми, а осомничениот и е вработен во едната од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-skopje-poradi-falsifikuvani-dozvoli-za-dvizenje-vo-policiski-chas/feed/ 0