дозвола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 18:55:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дозвола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две лица фатени во лов без дозвола, ниту оружјето не го поседувале законски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-litsa-fateni-vo-lov-bez-dozvola-nitu-oruzhjeto-ne-go-poseduvale-zakonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-litsa-fateni-vo-lov-bez-dozvola-nitu-oruzhjeto-ne-go-poseduvale-zakonski/#respond Mon, 16 Jan 2023 18:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=788097

На 15.01.2023 полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар во ловиште „Лесково“, на место викано „Тепих“ во атарот на с.Смилево, ги затекнале во незаконит лов И.С. од с.Смилево и Н.Ѓ. со престој во с.Загориче, демирхисарско. Тие не поседувале ниту соодветна дозвола за лов ниту дозвола за оружјето, а од нив биле одземени ловни пушки и ловни куршуми. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со чл. 80 ст.1.т.1 од Законот за оружје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-litsa-fateni-vo-lov-bez-dozvola-nitu-oruzhjeto-ne-go-poseduvale-zakonski/feed/ 0
Пинг-понг на институциите: „Невидливиот“ автобус на „Беса транс“ – кој го пушти возилото без дозвола да ја напушти Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ping-pong-na-instituciite-nevidliviot-avtobus-na-besa-trans-koj-go-pushti-voziloto-bez-dozvola-da-ja-napushti-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ping-pong-na-instituciite-nevidliviot-avtobus-na-besa-trans-koj-go-pushti-voziloto-bez-dozvola-da-ja-napushti-makedonija/#respond Wed, 24 Nov 2021 14:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=599406

На вчерашната прес-конференцијата министерот за транспорт Благој Бочварски обзнани дека автобусот на „Беса Транс“, кој изгоре и во кој животот го загубија 45 лица не бил пријавен за вршење меѓународен превоз, па поради тоа се поставува прашањето како воопшто тоа возило ја напуштило земјата? Од Плусинфо побарале одговор од Министерството за внатрешни работи(МВР), но оттаму им посочија дека граничната полиција не врши контрола за тоа дали автобусите ја имаат соодветната документација за вршење на меѓународен превоз. Од МВР за Плусинфо ни изјавија дека надлежни за тоа се вработените во Царинската управа кои се на граничните премини. Истите прашања ги поставивме и во Царинската управа од каде ја добивме следнава информација. – Во насока на навремено и транспарентно информирање на јавноста, Царинската управа проследува информација поврзана со автобуската несреќа што се случи на 23.11.2021 година во соседна Република Бугарија, во која изгоре автобус на превозникот Беса Транс – Скопје. Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на ГП Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез на предметниот автобус. Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин – велат од Царина. Оттаму додаваат дека за наодите од контролата јавноста ќе биде навремено информирана. Министерот Бочварски во неговото гостување во Утрински брифинг, рече дека надзорот и контролата на јавниот превоз тоа го има Државни инспекторат за транспорт. – Согласно европските регулативи инспекторатите се извлечени од министерствата за да бидат посебен дел од ресорот којшто ќе ја контролира работата и на тоа што е издадено како документација, но и работата на терен. Во делот на министерството имаме внатрешна ревизија којашто постојано ги контролира издадените акти и тоа несомнено се прави. Овде станува збор за склоп на институции. Јас не можам да ја контролирам работата на Државниот инспекторат за транспорт, на Царина, на МВР – вели Бочварски. Па додека не се извршат предвидените и најавените контроли, јавноста ќе биде покуса за информацијата како е можно возило кое нема дозвола за вршење на меѓународен транспорт воопшто да ја напушти територијата на Македонија. Извор: Плусинфо.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ping-pong-na-instituciite-nevidliviot-avtobus-na-besa-trans-koj-go-pushti-voziloto-bez-dozvola-da-ja-napushti-makedonija/feed/ 0
Трае истрагата за автобуската несреќа во Бугарија, на превозникот ќе му се одземе лиценцата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trae-istragata-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-na-prevoznikot-kje-mu-se-odzeme-licencata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trae-istragata-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-na-prevoznikot-kje-mu-se-odzeme-licencata/#respond Wed, 24 Nov 2021 06:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=599098

Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград. Според првичните информации од истражните органи во Бугарија, во автобусот вкупно имало 52 лица, од кои 45 загинаа, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Од загинатите, 12 се деца. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција истакна дека истрагата за автобуската несреќа ја водат бугарските истражни органи, како и дека е испратен наш тим од МВР да помогне во истрагата. -Ние испративме тим кој е предводен од помошник директорот на Бирото за јавна безбедност на одделот за униформирана полиција, началникот на одделот за Крим техника и претставници од сообраќајната полиција. Исто така, напоменавме дека претставници од Јавното обвинителство и Судска медицина се таму се со цел да можат да асистираат за која било потреба за истрагата. Во рамки на МВР е формиран посебен штаб што работи целодневно исто како што работи штабот во МНР и секако дека во нашиот штаб е вклучено и политичкото аташе на Република Бугарија во Република Северна Македонија, рече Спасовски. Многу е важно, додаде тој, во овие моменти брзо да се разменуваат податоци и информации кои се во интерес на истрагата и тие податоци да бидат споделени со бугарското јавно обвинителство и со истражните органи. -Секако дека многу важно ќе биде за брзината на идентификацијата на починатите во Судската медицина асистенцијата што ќе ја дадат нашите институции, истакна Спасовски. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски соопшти дека е почната постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса транс“ бидејќи од добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за автобусот, а Владата го задолжила Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор. Опожареното возило не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во изјава за медиумите вчера пред болницата „Пирогов“ во Софија, каде се сместени седуммина од преживеаните патници, изјави дека до тој момент не може да се каже која е причината за незгодата. Според него, можни се два фактори, човечкиот фактор или, пак, техничката неисправност на возилото. Тој посочи дека обдукцијата на телата ќе се врши во Бугарија, додека биолошките траги на роднините на починатите ќе се земаат во Институтот за судска медицина во Скопје и веднаш ќе се достават во Бугарија. Во Софија со Јовески беше и шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која посочи дека увидот се уште трае и оти не може да кажа подетални информации. Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, изјави дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. Според Сарафов, за неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија. Тој посочи дека во тек се распити на жртвите и очевидците, но дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата. Останатите три автобуси, појасни Сарафов, се движеле 15-20 минути пред тој што се запали, како и дека во него имало и втор возач, но не е јасно дали е меѓу преживеаните. Возилото било релативно ново, околу три години и претстои сложено форензичко и техничко вештачење. Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград. Поради несреќата Владата вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава и откажани се сите јавни настапи. Ден на жалост денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trae-istragata-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-na-prevoznikot-kje-mu-se-odzeme-licencata/feed/ 0
„Фајзер“ и „Бионтек“ бараат дозвола за трета доза од нивната вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-i-biontek-baraat-dozvola-za-treta-doza-od-nivnata-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-i-biontek-baraat-dozvola-za-treta-doza-od-nivnata-vakcina/#respond Fri, 09 Jul 2021 05:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=534203

Фајзер и Бионтех имаат намера да побараат овластување во наредните недели за да дадат трета доза од нивната вакцина против Ковид-19. Ова се наведува во соопштение на двете компании. Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните. Според прелиминарните податоци од тестови, друга доза дадена 6 месеци по втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот до 10 пати. Фајзер и Бионтех ќе обезбедат детални информации до Европската агенција за лекови и американската Администрација за храна и лекови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-i-biontek-baraat-dozvola-za-treta-doza-od-nivnata-vakcina/feed/ 0
Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ побараа дозвола за итна употреба на вакцината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/farmacevtskata-kompanija-dzonson-i-dzonson-pobaraa-dozvola-za-itna-upotreba-na-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/farmacevtskata-kompanija-dzonson-i-dzonson-pobaraa-dozvola-za-itna-upotreba-na-vakcinata/#respond Fri, 05 Feb 2021 06:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=464449

Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ побара од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) да ја одобри за итна употреба нејзината вакцина од една доза. Барањето на компанијата следува по извештајот од 29 јануари, во кој се вели дека глобалното клиничко тестирање покажало оти ефективноста на оваа вакцина во спречување на заразата со коронавирусот е 66 проценти. Вакцината која се дава во една доза може да ја забрза испораката и да ја поедностави кампањата за имунизација во САД. За разлика од вакцините на Фајзер и Модерна, кои се даваат во две дози, вакцината на Џонсон и Џонсон не бара втора доза или транспорт на ниски температури. По барањето на компанијата за регистрација на вакцини, на регулаторите ќе им треба време да ги анализираат податоците и состанок на советодавниот комитет. САД имаат договор за купување на 100 милиони дози од оваа вакцина за милијарда долари, со можност за набавка на уште 200 милиони дози. Компанијата „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека е подготвена да достави вакцини веднаш по одобрувањето и планира да испорача една милијарда дози во 2021 година, кои би се произвеле во САД, Европа, Јужна Африка и Индија. Вакцината користи аденовирус тип 26 за да инјектира коронавирусни протеини во клетките на телото и да предизвика имунолошки одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/farmacevtskata-kompanija-dzonson-i-dzonson-pobaraa-dozvola-za-itna-upotreba-na-vakcinata/feed/ 0
ЕМА: Дозволата за оксфордската вакцина не е можна во јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-dozvolata-za-oksfordskata-vakcina-ne-e-mozna-vo-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-dozvolata-za-oksfordskata-vakcina-ne-e-mozna-vo-januari/#respond Tue, 29 Dec 2020 14:34:07 +0000 https://kurir.mk/?p=449942

Европската агенција за лекови (ЕМА) нема да може во јануари да ја одобри вакцината за коронавирус на универзитететот во Оксфорд и на компанијата „АстраЗенека“, изјави денеска извршниот директор Ноел Ватион. Витион за белгискиот весник „Хет Њузблат“ изјави дека производителите се уште не поднеле барање за лиценца до Европската агенција за лекови, која добила само некои информации за вакцината. Извршниот директор на ЕМА наведува дека е потребно да се достават повеќе податоци за квалитетот на вакцината и дека после тоа компанијата може да достави официјално барање, пренесуваат британските медиуми. -Тоа значи дека вакцината е малку веројатно да биде лиценцирана следниот месец, рече Ветион. „АстраЗенека“ минатата недела соопшти дека вакцината против коронавирусот треба да биде ефикасна и против новите видови на вирусот, како и дека се во тек испитувања за ефектите врз мутациите. Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, изјави дека компанијата веќе ги доставила сите податоци за вакцината до британската регулаторна агенција за лекови и медицински помагала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-dozvolata-za-oksfordskata-vakcina-ne-e-mozna-vo-januari/feed/ 0
Вршеле јавен превоз без дозвола, кривични пријави за 15 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshele-javen-prevoz-bez-dozvola-krivichni-prijavi-za-15-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshele-javen-prevoz-bez-dozvola-krivichni-prijavi-za-15-lica/#respond Wed, 11 Nov 2020 16:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=428118

СВР Тетово поднесе кривични пријави против петнаесет сторители и тоа: Х.И. (60), Б.В.(55), С.П.(60) тројцата од Тетово, И.О.(31), Б. Б. (47), двајцата од с. Пирок, Ш.И.(59) од с.Д.Палчиште, С.Е.(34) од с.Добарце, М.М.(53) од с.Г.Палчиште, М.М.(30) од с.Калник, О.М.(20) од с.Непроштено, В.М(48) од с.Беловиште, Д.В.(58)  од с.Рогачево, Љ.К. (53) од с.Старо Село, С.И. (38) од с.Голема Речица, и Н.Н(56) од с.Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени петнаесет кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. СВР Тетово од 29.09.2020 до 03.11.2020 спроведе повеќе акциски контроли со цел утврдување нерегуларности во вршењето на јавен превоз при кои било констатирано дека горепријавените лица во својство на превозници, вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во патниот сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshele-javen-prevoz-bez-dozvola-krivichni-prijavi-za-15-lica/feed/ 0
НБРСМ: Дозволата за работа на „Еуростандард банка“ АД Скопје е укината на 12 август 2020, а не на 1 јуни оваа година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nbrsm-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka-ad-skopje-e-ukinata-na-12-avgust-2020-a-ne-na-1-juni-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nbrsm-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka-ad-skopje-e-ukinata-na-12-avgust-2020-a-ne-na-1-juni-ovaa-godina/#respond Sat, 15 Aug 2020 07:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=390925

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, што се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со кој се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, соопштија денеска од Кабеинетот на гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија. -Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува.За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал, појаснуваат од НБРСМ. Од Народна банка укажуваат дека датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, е со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nbrsm-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka-ad-skopje-e-ukinata-na-12-avgust-2020-a-ne-na-1-juni-ovaa-godina/feed/ 0
Зголемен бројот на издадени дозволи за градење, планирани нови 519 станови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-izdadeni-dozvoli-za-gradenje-planirani-novi-519-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-izdadeni-dozvoli-za-gradenje-planirani-novi-519-stanovi/#respond Fri, 14 Aug 2020 11:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=390715

Во јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење што е за 35,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 12.913.000.000 денари што е зголемување за 469 проценти. Според Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 142 или 52 отсто се за објекти од високоградба, 54 или 19,8 отсто се за објекти од нискоградба и 77 или 28,2 процента за објекти за реконструкција. Од вкупно 273-те објекти, на 159 или 58,2 отсто инвеститори се физички лица, а на 114 или на 41,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 519 станови, со вкупна корисна површина од 45.634 метри квадратни. -Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период се издадени одобренија за градење на објекти од нискоградбата со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот регион, биогасната и ветерна електроцентрала во Вардарскиот регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и во Пелагонискиот регион, наведува Државниот завод за статистика. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-izdadeni-dozvoli-za-gradenje-planirani-novi-519-stanovi/feed/ 0
КХВ и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/khv-i-ja-odzema-dozvolata-za-vrshenje-uslugi-so-hartii-od-vrednost-na-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/khv-i-ja-odzema-dozvolata-za-vrshenje-uslugi-so-hartii-od-vrednost-na-eurostandard-banka/#respond Thu, 13 Aug 2020 12:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=390249

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 77-тата седница со која претседаваше претседателот на КХВ м-р Нора Алити, а што се одржа денеска на 13 август 2020 година на Еуростандард Банка АД Скопје – Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната Банка на РМ за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање на стечајна постапка на Евростандард Банка АД Скопје. Поради овие ново настанати околности, Комисијата за хартии од вредност ги задолжи Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Еуростандард Банка АД Скопје да ја исклучат од членство, така што Дирекцијата за услуги со хартии од вредност повеќе нема да врши услуги поврзани со работењето со хартии од вредност, односно нема да биде овластен учесник на пазарот на хартии од вредност. Комисијата за хартии од вредност нагласува дека нашиот пазар на хартии од вредност останува да биде стабилен, функционален и целосно ефикасен. Истовремено укажува дека трговските трансакции со хартии од вредност кои до укинувањето, односно одземањето на дозволата на банката биле склучени, ќе се реализираат во целост согласно важечките законски прописи и правила. Клиентите кои услугите на пазарот на хартии од вредност ги остварувале преку Дирекцијата на Еуростандард Банка АД Скопје ќе можат да ги вршат преку другите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/khv-i-ja-odzema-dozvolata-za-vrshenje-uslugi-so-hartii-od-vrednost-na-eurostandard-banka/feed/ 0