дозволи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Mar 2022 14:53:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дозволи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektorite-na-grad-skopje-odzedoa-devet-soobrakjajni-dozvoli-na-divi-prevoznici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektorite-na-grad-skopje-odzedoa-devet-soobrakjajni-dozvoli-na-divi-prevoznici/#respond Thu, 24 Mar 2022 14:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=652710

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници, информираат од Град Скопје. Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, стои во соопштението од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektorite-na-grad-skopje-odzedoa-devet-soobrakjajni-dozvoli-na-divi-prevoznici/feed/ 0
Во текот на денот ќе се обезбедат дозволи за возачите на камиони, ќе се дефинираат и протоколите за непречен транспорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tekot-na-denot-kje-se-obezbedat-dozvoli-za-vozachite-na-kamioni-kje-se-definiraat-i-protokolite-za-neprechen-transport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tekot-na-denot-kje-se-obezbedat-dozvoli-za-vozachite-na-kamioni-kje-se-definiraat-i-protokolite-za-neprechen-transport/#respond Fri, 20 Mar 2020 15:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=319581

По покренатото барање од Стопанската комора на Македонија, Владата во текот на денов ќе овозможи товарните возила непречено да ги поминат граничните премини, а потребните дозволи да им бидат издадени на возачите при повторниот влез во земјава. Прифатена е иницијативата на Комората за дефинирање посебни протоколи за овозможување непречено вршење на дејноста на компаниите од специфични сектори. И тие ќе бидат објавени во текот на денешниот ден. Ова го соопшти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на здруженијата при Комората. На состанокот, како што соопшти Комората, компаниите нагласиле дека е неопходно олеснувањето на влез и излез на стоки и репроматеријали за редовно производство на индустриските капацитети. Апелира побрзо да се воспостават коридори и ефикасни протоколи за непречено одвивање на транспортот во целиот регион. Истовремено повикаа во максимален капацитет да се стави железничкиот сообраќај како алтернатива. Потенцирано беше и дека авионскиот карго превоз е исто така на располагање и компаниите може максимално да го користат. За да се обезбеди непречено работење на производните капацитети, на средбата се заклучи преку Стопанската комора на Македонија компаниите да доставуваат предлози за укинување на царините за сите неопходни репроматеријали и суровини, по кои Владата на РСМ соодветно ќе постапува. -Во овој момент никој не може да предвиди колку ќе трае кризата, како ќе влијае на светската економија и како ќе заврши. Затоа е потребно стопанството и Владата да дејствуваат заеднички и на располагање да се стават сите расположливи ресурси, подвлече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Вицепремиерката Царовска потенцираше дека во моментот е најважно да се следат препораките од Владата и со заеднички сили да се намалат економските импликации врз стопанството. За таа цел продолжува непрекинатата соработка со Стопанската комора на Македонија, со која се комуницира на дневно ниво. – Потребно е капацитетите на индустријата да продолжат со работа и да се задржат вработените. Повикуваме компаниите да ги користат економските мерки кои ги презентираше Владата, и најавуваме нови мерки во следните денови. Владата стои на располагање на компаниите и добредојдени се сите предлози и иницијативи од компаниите, за заеднички што полесно да се пребродат тековните предизвици, посочи Царовска. Во однос на посебните протоколи за овозможување непречено вршење на дејноста на компаниите од специфични сектори појасни дека со нив, со оглед на специфичноста на работењето на некои сектори, ќе се дефинираат посебни протоколи за постапување во случај да се појават заболени од редот на вработените во таквите компании, кај кои, поради специфичноста на дејноста што ја вршат не е можно запирање на производните процеси или чие непрекинато работење е од клучна важност за справување со можното ширење на вирусот (фармацевска дејност, металуршки сектор и прехранбена индустрија, компании кои снабдуваат медицински гасови или снабдуваат храна во здравствените институции, како и компании со над 1.000 вработени). Стопанствениците информираа дека имаат залихи од потребните суровини и репроматеријали и имаат капацитети да одговорат на зголемената побарувачка на домашниот пазар. мч/ац/ 2020-03-20 15:50:14, од Мирјана Чакарова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tekot-na-denot-kje-se-obezbedat-dozvoli-za-vozachite-na-kamioni-kje-se-definiraat-i-protokolite-za-neprechen-transport/feed/ 0
Афера-вирус ги демне дозволите за интервентен увоз на лекови!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/afera-virus-gi-demne-dozvolite-za-interventen-uvoz-na-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/afera-virus-gi-demne-dozvolite-za-interventen-uvoz-na-lekovi/#respond Wed, 27 Nov 2019 14:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=270056

Кумановската фирма за увоз на лекови „Гео Фарм“ не работи скоро две години, пропаднатиот обид за поткуп од 10 % од приходот, што го барале од Агенцијата за увоз на лекови, ја пломбирало фирмата тврди нејзиниот сопственик Марјан Бојковски, објавува телевизија Алфа. Деновите кога му се јавил емисарот за да ја каже сумата, пријавата во полиција, подготовките од МВР како да се изведе акцијата за да ги фатат митаџиите, инспекциите од Агенцијата за лекови, затворањето на магацините и деновите поминати де во обвинителство, де во полиција ги памети до минута. Во неврзан разговор ни раскажа се посочувајќи имиња, обвинувајќи дека се работи за органзирана група уценувачи кои како вирус се шират во бизнисот со дистрибуцијата со лекови, кога ја уклучивме камерата беше доста внимателен. – Се плашите ли дека нешто може да Ви се случи? – Како да не се плашам. Да ти стои некој …24 месеци истрага, да не знаеш што е како е, до каде е. Се допишувавме со писма, со документи, дописи сите одговараат половично, ништо конкретно – вели Бојковски, сопственик на „Гео Фарм“. Бојковски во 2017 година поднесува барање до Агенцијата за лекови за дозвола за интервентен увоз. Тврди дека поднел комплетна документација, надевајќи се дека без никаков проблем ќе ја добие дозволата, оти редовно било така. Иако рокот за одобрување е 30 дена, вели, одговор од Агенцијата не добил, конкретно не му кажувале дали е прифатено или отфрлено барањето. На 15 јануари 2018, му се јавува пријател и бара со него средба со Скопје. – Требаше да дадам финансиска … мито! Јас не прифатив, се распрашав кои се што се – малку поголема група се и така пријавив во МВР – рече Бојковски. На 8 февруари 2018 во Единицата за економски и компјутерски криминал во Скопје поднесува кривична пријава.Во неа наведува кој и зошто му бара поткуп – кој му се јавил и во чие име го барал поткупот. Веќе следниот ден на врата му тропаат инспектори од Агенција за лекови, да му извршат вонреден инспекциски надзор. Тоа е доволна причина за сопственикот на Гео Фарм да се сомнева дека некој дошепнал дека тој во полиција пријавил за митотот од 10 %. -Колку пари се тоа? -10% од секоја увозна дозвола. Па, тоа на годишно ниво е од прилика од 40.000 до 48.000 евра – објаснува сопственикот на „Гео фарм“. Инспекторите од Агенција за лекови ја пломбирале фирмата, без никаква основа, тврди Бојковски. Иако полицијата осмислила акција за поткупот, истата се реализирала, но до сега нема одговор зошто никој не е уапсен. Тој самоиницијативно 6 месеци испраќал дописи до Обвинителство за да провери до каде е случајот, а во октомври годинава го повикале во организиран да даде исказ. Случајот за затворањето на Гео Фарм, е пред Управен суд повеќе од година ипол, но нема завршница. И во обвинителството за организиран криминал се влечка работата, вели Бојковски.Во институциите нема доверба, во правна држава не верува, бидејќи како што вели тој го пријавил и митото и митаџиите, но наместо да ги фатат оние што го уценувале, им дошепнале како да се заштитат, а него му ја затвориле фирмата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/afera-virus-gi-demne-dozvolite-za-interventen-uvoz-na-lekovi/feed/ 0