дпм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 14:08:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дпм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Членови на ДПМ: Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на ДПМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chlenovi-na-dpm-se-poveke-istaknati-pisateli-go-krevaat-svojot-glas-za-dostoinstvoto-na-dpm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chlenovi-na-dpm-se-poveke-istaknati-pisateli-go-krevaat-svojot-glas-za-dostoinstvoto-na-dpm/#respond Mon, 16 Oct 2023 14:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=889410

Зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат сè повеќе писатели – членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Зоран Анчевски, Братислав Ташковски, Гоце Ристовски, Владимир Јанковски, Сузана В. Спасовска, Елизабета Јончиќ, Александра Јуруковска, Смиле Наумовски Брсјак, Мерсиха Имајлоска и Ана Бунтеска. Македонските писатели јасно порачуваат дека по последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. - Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 година (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот, наведено е во реакцијата и јавниот повик. Писателите и нагласуваат дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото. Притоа и порачуваат дека лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница. Потписници на реакцијата и повикот од претходно се членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Санде Стојчевски, Љубинка Донева, Димитрие Дурацовски, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Ана Мартиноска, Билјана Црвенковска, Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Диме Ратајкоски, Игор Станојоски, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Румена Бужаровска, Јулијана Величковска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Милена Ристова-Михајловска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Антоновски, Михајло Свидерски и Никола Илијовски. Во продолжение ви го испраќаме и интегралниот текст на реакцијата и повикот на членови на ДПМ со ажуриран список на потписници и Ве замолуваме да ја известите јавноста. РЕАКЦИЈА И ПОВИК По неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), ние, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по обраќањето на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека: - ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата; - Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото; - Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница; - Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови. - Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси; - Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик; - Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека „работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“; - По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот. Со почит, Влада Урошевиќ Оливера Николова Цане Андреевски Гордана Михаилова Бошнакоска Митко Маџунков Санде Стојчевски Зоран Анчевски Љубинка Донева Димитрие Дурацовски Весна Ацевска Бранко Цветкоски Славе Ѓорѓо Димоски Братислав Ташковски Гордана Јовиќ-Стојковска Гоце Ристовски Борче Панов Соња Стојменска-Елзесер Лилјана Пандева Сашо Огненоски Оливера Ќорвезироска Весна Мојсова-Чепишевска Виолета Танчева-Златева Елизабета Јончиќ Зоран Јакимовски Лидија Димковска Ана Мартиноска Билјана Црвенковска Владимир Јанковски Игор Анѓелков Снежана Младеновска Анѓелков Сузана В. Спасовска Диме Ратајкоски Игор Станојоски Александра Јуруковска Снежана Стојчевска Марија Гиревска Румена Бужаровска Јулијана Величковска Ирена Јурчева Славица Гаџова-Свидерска Мерсиха Исмајлоска Драгана Евтимова Фросина Пармаковска Милена Ристова-Михајловска Живко Грозданоски Петар Андоновски Давор Стојановски Ана Бунтеска Иван Антоновски Михајло Свидерски Смиле Наумовски Брсјак Никола Илијовски (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chlenovi-na-dpm-se-poveke-istaknati-pisateli-go-krevaat-svojot-glas-za-dostoinstvoto-na-dpm/feed/ 0
Петрески: Како претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petreski-kako-pretsedatel-na-dpm-bev-i-sum-pod-pritisok-za-prashana-koi-zadiraat-vo-natsionalniot-identitet-i-prashanata-za-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petreski-kako-pretsedatel-na-dpm-bev-i-sum-pod-pritisok-za-prashana-koi-zadiraat-vo-natsionalniot-identitet-i-prashanata-za-makedonskiot-jazik/#respond Sun, 15 Oct 2023 07:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=888956

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески во писмено обрќање до јавноста тврди дека е под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме писмото на Петрески: Почитувана македонска јавност и почитувани членови на Друштвото на писателите на Македонија, Подолг период Друштвото на писателите на Македонија како столб на македонската самобитност и идентитет е стожер и борец за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Со најновите организирани напади ДПМ се наоѓа пред притисоци, доведувајќи го во прашање и неговото постоење. За жал, повеќето членови на ДПМ не знаат со што се соочува Друштвото во овие тешки моменти за Македонија и жалам што се доведени во заблуда од поединци. Изјавувам дека како Претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. Писателите се вистинскиот браник на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура и затоа апелирам и ве молам на најубав начин да ги сочуваме заедно - во одбрана на ДПМ кое има 76 години традиција, или како што би рекол безвремениот Блаже Конески: ,,Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски - ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште”, пишува Петрески во писмото до македонската јавност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petreski-kako-pretsedatel-na-dpm-bev-i-sum-pod-pritisok-za-prashana-koi-zadiraat-vo-natsionalniot-identitet-i-prashanata-za-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Вонредно изборно Собрание на ДПМ поради актуелната состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vonredno-izborno-sobranie-na-dpm-poradi-aktuelnata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vonredno-izborno-sobranie-na-dpm-poradi-aktuelnata-sostojba/#respond Tue, 10 Oct 2023 11:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=887432

Претседателката на Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 25 ноември ќе свика вонредно изборно Собрание, поради актуелната состојба. -Врз основа на Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во својство на Претседателка на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, свикувам вонредно изборно Собрание за ден 25.11. 2023 година, поради актуелна состојба, напиша денеска Николовска на фејсбук страницата на Друштвото. Инаку, вчера писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Оставката на Петрески доаѓа откако во петокот беше објавено дека седум писатели поднесоа оставки од членство во претседателството на ДПМ. Оставки, како што беше соопштено, поднесоа Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска. Оставка поднесе и писателот Бранко Цветковски. Тие не ги соопштија причините за оставките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vonredno-izborno-sobranie-na-dpm-poradi-aktuelnata-sostojba/feed/ 0
Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-chlena-na-pretsedatelstvoto-na-dpm-podnesoa-ostavki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-chlena-na-pretsedatelstvoto-na-dpm-podnesoa-ostavki/#respond Fri, 06 Oct 2023 11:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=886055

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ. - На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа:  Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска, известуваат писателите. Тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-chlena-na-pretsedatelstvoto-na-dpm-podnesoa-ostavki/feed/ 0
Свечено одбележана 75 годишнината на Друштвото на писателите на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-odbelezana-75-godishninata-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-odbelezana-75-godishninata-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/#respond Thu, 14 Jul 2022 11:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=705086

Со поетско музичка вечер што се одржа во рамки на манифестацијата „Гевгелиско културно лето“, на платото пред библиотеката во Гевгелија свечено се одбележа јубилејната 75 годишнина на Друштвото на писателите на Македонија. На присутните им се обрати директорот на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија,книжевник Стефан Марковски, кој говореше за предизвиците со кои се соочува ДПМ, за значењето на литературното творештво во современи услови и за борбата за освојување поголема читателска публика. На прославата на јубилејот на ДПМ, со поетско читање со свои творби пред гевгеличани се претставија Снежана Стојкоска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Стојкока ,Александар Прокопиев и уште десетина членови на друштвото, во кое досега членувале преку 500 писатели од сите генерации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-odbelezana-75-godishninata-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина писателот Миле Неделковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-pisatelot-mile-nedelkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-pisatelot-mile-nedelkovski/#respond Mon, 22 Jun 2020 08:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=360657

На 85-годишна возраст вчера почина писателот Миле Неделковски - поет, романсиер, раскажувач, драматург. Роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Член на ДПМ од 1963 година. Автор е на збирките поезија: Срцето од злато (1963), Јужно лето (1963), Улавиот од Преспа (1965 – поема), Еретикон–Еротикон (1969), Недела, ден за каење (1984), Битпазар – стилски вежби, ете...(1984), Заточеници (1989, поема), Огледало на сенките (1990), Секогаш иста (1990), Задушница за престапните (2002), Палимпсест (2015), како и на романите: Пепелаши (1969), Трненки (1972), Пандур (1981), Потковица на смртта и надежта (1986), Петрафил за вечната земја (1989) Подгревање на вчерашниот ручек (1989), Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (1991), Празникот на светите маченици (1996), Јавна кривична пријава (1999), Постела на сенките (прв дел 2001, втор дел 2001, трет дел 2003), Пределот со две годишни времиња (2005), Другиот ден (2007), Ланскиот снег (2009). Негови драмски текстови се: Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974), Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983), Прозорец што гледа на улица, Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (1985). Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-pisatelot-mile-nedelkovski/feed/ 0
Тажна вест: Почина позната македонска писателка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-poznata-makedonska-pisatelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-poznata-makedonska-pisatelka/#respond Tue, 10 Mar 2020 13:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=314620

По тешко боледување денес почина македонската прозаистка и книжевна преведувачка Тања Урошевиќ. Авторка е на романите „Аквамарин“ (2004), „Превид“ (2008) и „Ура, Арал!“ (2019),    збирката раскази „Црвена нишка, магнетен прстен“ (2009), заедничката збирка раскази со Влада Урошевиќ „Размена на пораки“ (2013) и книгата „Три новели“ (2017). Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2017 година. Тања Урошевиќ со децении беше најквалитетна и најплодна преведувачка и афирматорка на руската книжевност во нашата културна средина. Таа има прведено и подготвено две антологии на руски раскази: „Ѓаволијада“ и „Кристален свет“ и за македонските читатели има приопштено бројни изданија на дела од руските класици. Ги подготвила преводите на македонски јазик на: „Мајсторот и Маргарита“ и „Театарски роман“ од Михаил Булгаков, „Доктор Живаго“ од Борис Пастернак, „Руска шума“ од Леонид Леонов, „Село“ од Иван Бунин, „Дарба“ од Владимир Набоков, „Писмата до Пастернак“ од Марина Цветаева и други. Погребот ќе се изврши утре, среда (11 март), во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ во Скопје во 12 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-poznata-makedonska-pisatelka/feed/ 0
Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jazikot-e-nashata-tatkovina-poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jazikot-e-nashata-tatkovina-poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski/#respond Mon, 16 Dec 2019 09:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=278081

Во Друштвото на писатели на Македонија во петок со почеток од 19 часот ќе се одржи поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна. Од ДПМ информираат дека ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jazikot-e-nashata-tatkovina-poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski/feed/ 0
Членови на ДПМ иницираат обновување на Книжевната младина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chlenovi-na-dpm-iniciraat-obnovuvanje-na-knizevnata-mladina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chlenovi-na-dpm-iniciraat-obnovuvanje-na-knizevnata-mladina/#respond Sat, 08 Jun 2019 17:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=207086

Неколку членови на Друштвото на писателите покренале иницијатива до Агенцијата за млади и спорт  за обновување на поранешната Книжевна младина на Македонија, од каде што  ДПМ во иднина ќе ги добива своите членови. Иницијативата ја покренал писателот Христо Петрески заедно со професорките од Филолошкиот факултет во Скопје, Кристина Николовска и Весна Мојсова-Чепишевска. Петрески рече дека младите во земјава немаат свој весник како некогашниот „Млад борец“, а одамна не постои ниту Книжевната младина која, рече, беше стожер на младите заедно со Музичката младина која, сепак  сè уште постои. Потсети дека Книжевната младина порано имаше и традиционален литературен конкурс „Алса“ кој, исто така, планираат да го обноват со поддршка на Агенцијата за млади  и спорт. -Тоа е конкурс за едиција  каде што нема да се објавува само поезија, туку и проза, критика и есеј, и драмски текстови. Покрај едицијата „Алса“ ќе направиме сè повторно да ја организираме и  поранешната манифестација „Млада Струга“ како претходница на Струшките вечери на поезијата. Целта  е талентираните и надежни млади поети  од земјава да  се сретнат и другаруваат со познатите и афирмирани поети од земјава и од светот, истакна Петрески. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chlenovi-na-dpm-iniciraat-obnovuvanje-na-knizevnata-mladina/feed/ 0
Поетско читање во чест на Блаже Конески во ДПМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-dpm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-dpm/#respond Fri, 21 Dec 2018 07:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=143060

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира поетско читање во чест на поетот и лингвист Блаже Конески, еден од основачите на македонската писателска асоцијација. Читањето е насловено „Џиџиња од зборови“ во духот на  една песна на Конески од неговата стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година. Поезија од Конески по свој избор, како и стихови од сопственото творештво, ќе читаат писателите: Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски, Ана Мартиноска, Атанас Чуповски, Магдалена Хорват, Иван Додовски, Жарко Кујунџиски, Јулијана Величковска, Живко Гроздановски и Драгана Евтимова. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-dpm/feed/ 0