ДПС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Jul 2022 16:56:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ДПС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДПС повеќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-povekje-ne-ja-poddrzuva-vladata-na-abazovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-povekje-ne-ja-poddrzuva-vladata-na-abazovikj/#respond Sun, 10 Jul 2022 16:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=702926

Демократската партија на социјалистите (ДПС) на денешната седница на претседателството на партијата одлучи да ја ускрати поддршката на црногорската Влада на Дритан Абазовиќ. Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без консултација со стручната јавност влезе во склучувањето на Договор со СПЦ, нанесувајќи им непроценлива штета на државните интереси, се наведува во соопштението од ДПС. Претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ и членовите на претседателството на партијата разговараа и за понатамошните чекори откако црногорската Влада во петокот го усвои Предлогот за основниот договор со СПЦ. Според ДПС, Владата ја загуби поддршката во Парламентот и ќе иницираат намалување на бројот на пратеници. Владата на Црна Гора на 8 јули официјално соопшти дека е усвоен Предлогот за усогласениот текст на Основниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-povekje-ne-ja-poddrzuva-vladata-na-abazovikj/feed/ 0
Бугарската социјалистичка партија нема да води преговори со ГЕРБ и со ДПС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-socijalistichka-partija-nema-da-vodi-pregovori-so-gerb-i-so-dps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-socijalistichka-partija-nema-da-vodi-pregovori-so-gerb-i-so-dps/#respond Mon, 15 Nov 2021 09:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=595616

Бугарската социјалистичка партија ќе продолжи да води дијалог, изјави за БНТ Иван Ченчев од раководството на партијата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, она што, според Ченчев, би можело да се постави пред БСП како задача е приближување на позициите до партиите кои се на „новиот бран“, иако многу од нив добиле резултат што не ги задоволува. За очекуваната кандидатура на Кирил Петков за идниот премиер на Бугарија, Ченчев рече дека неговото барање одговара на она на БСП да ги исполни очекувањата на народот. Тој додаде дека за БСП не се важни имињата на министрите и позициите, туку политиките и програмите на партиите треба да бидат толку блиски за да се најде излез од кризата. Тој ги издвои пензиите и здравството како приоритет во законодавната дејност на БСП. БСП нема да учествува во преговорите со ГЕРБ и ДПС, додаде Ченчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-socijalistichka-partija-nema-da-vodi-pregovori-so-gerb-i-so-dps/feed/ 0
Пратениците на ДПС го напуштија приемот по повод Денот на независноста на Црна Гора поради срамниот говор на премиерот Кривокапиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenicite-na-dps-go-napushtija-priemot-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-crna-gora-poradi-sramniot-govor-na-premierot-krivokapikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenicite-na-dps-go-napushtija-priemot-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-crna-gora-poradi-sramniot-govor-na-premierot-krivokapikj/#respond Fri, 21 May 2021 08:35:00 +0000 https://kurir.mk/?p=513180

Пратениците на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора синоќа го напуштија приемот по повод Денот на независноста на Црна Гора поради, како што велат, срамниот говор на премиерот Здравко Кривокапиќ. Шефот на пратеничкиот клуб на ДПС, Даниел Живковиќ на Твитер напиша дека „Кривокапиќ покажал колку е недораснат за државничка функција“. „На безобзирен начин да се навредуваат луѓето кои ја донесоа државноста и независноста на Црна Гора може само невоспитан човек и човек кој работел се нашата држава никогаш да не стане независна и суверена “, напиша Живковиќ. На синоќешниот прием во вила Горица, Кривокапиќ кажа дека периодот од обновување на независноста до конечна промена на владата е обележан со знакот на еднаквост меѓу независноста и приватноста. -Независноста мораше да резултира со поголемо единство, интеграција на сите нејзини граѓани, хармонија, грижа еден за друг, негување на оригиналните вредности на нашите предци, зајакнување на граѓанската свест, вистинска демократија, јасна визија, просветлување на сите нас, просперитет, социјална правда, беззаконие, со почитување на политичките ривали и покревање на политичката култура, посочи Кривокапиќ во говорот на приемот. Тој оцени дека место тоа имало постојани поделби кои создаваа единствено неизвесност и дека црногорската реалност се до промената на владата беше свртена кон минатото и измислените непријатели. Кривокапиќ посочи дека денеска се создава држава која е свртена кон сите свои граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenicite-na-dps-go-napushtija-priemot-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-crna-gora-poradi-sramniot-govor-na-premierot-krivokapikj/feed/ 0
Мило Ѓукановиќ останува претседател на ДПС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milo-gjukanovikj-ostanuva-pretsedatel-na-dps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milo-gjukanovikj-ostanuva-pretsedatel-na-dps/#respond Sun, 24 Jan 2021 21:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=459295

Мило Ѓукановиќ денеска е реизбран за претседател на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, одлучено е на вонредниот конгрес на партијата. За Ѓукановиќ, кој е и претседател на Црна Гора, гласаа 585 делегати, додека еден беше воздржан, пренесува РТЦГ. Јевто Ераковиќ, Иван Вуковиќ, Абаз Диздаревиќ и Сања Дамјановиќ беа избрани за потпретседатели на ДПС. Ѓукановиќ беше единствениот кандидат за претседател на ДПС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milo-gjukanovikj-ostanuva-pretsedatel-na-dps/feed/ 0
Ѓукановиќ: ДПС е подготвена да биде најголемата опозициска партија во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjukanovikj-dps-e-podgotvena-da-bide-najgolemata-opoziciska-partija-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjukanovikj-dps-e-podgotvena-da-bide-najgolemata-opoziciska-partija-vo-crna-gora/#respond Thu, 03 Sep 2020 11:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=398704

Демократската партија на социјалистите (ДПС) е столб на државната политика веќе многу долго време и е подготвена да биде најсилната опозициска партија, изјави претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за австриската телевизија ОРФ, нагласувајќи дека очекува конечните резултати од пребројувањето на гласовите да ја потврдат предноста на опозицијата од едно пратеничко место. Според податоците од парламентарните избори на 30 август во Црна Гора, владејачката ДПС освои 40 места во 81-члениот парламент, а вкупниот број на опозициски пратеници е 41. Во врска со можноста за формирање на тришартиска влада, Ѓукановиќ рече дека останува да се види дали партиите во неа ќе можат да го постигнат нивото на програмска и политичка блискост потребна за формирање влада и дејствување на извршната власт. Демократската партија на социјалистите, според него, продолжува да биде најсилната партија во Црна Гора и е подготвена да преземе одговорност за државната политика. Во исто време, таа е подготвена да го прифати овој изборен резултат и да стане најсилната опозициска партија. Ѓукановиќ не очекува ова да доведе до проблеми во управувањето со земјата, што ќе се спроведе во согласност со Уставот. – Ќе има нов предизвик, при штој владата ќе биде составена од една политичка структура, а претседателот ќе биде претставник на друга политичка сила. Владата ќе има поддршка од 41 пратеник, а шефот на државата – 40, што не е сензација, бидејќи Црна Гора долго време функционира како поделено општество, оценува Ѓукановиќ. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjukanovikj-dps-e-podgotvena-da-bide-najgolemata-opoziciska-partija-vo-crna-gora/feed/ 0
ДПС: Митрополитот Амфилохије ја вовлекува СПЦ во црногорската изборна кампања https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-mitropolitot-amfilohije-ja-vovlekuva-spc-vo-crnogorskata-izborna-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-mitropolitot-amfilohije-ja-vovlekuva-spc-vo-crnogorskata-izborna-kampanja/#respond Wed, 15 Jul 2020 10:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=376085

Црногорската владеачка Демократска партија на социјалистите денеска оцени дека митрополитот Амфилохије отворено потврдил дека неговата долгогодишно мешање во политиката кулминира пред претстојните избори и дека тој лично и неговите најблиски соработници ја вклучуваат СПЦ во партиската изборна кампања. Во соопштението на ДПС до Танјуг, се наведува дека Митрополитот Амфилохије со наредбата до „верниот народ“ да излезе на гласање, исто така, испраќа и директива за кого да се гласа и дека негови политички фаворити биле оние кои Црна Гора ја гледаат како провинција на Србија, раздржавена територијална област која во погодно време, национално реорганизирана и исчистена од Црногорците би им се приклучила на „српските земји“. ДПС порачува дека литиите никогаш не биле мирен протест заради Законот за слобода на религија, туку обид да се мобилизираат луѓето да гласаат на претстојните избори за оние кои им нудат „српска Подгорица“, за што во „севдах“ јавно пее и српскиот патријарх Иринеј. ДПС во соопштението додава дека со својата долгогодишна активност, политички говори во форма на црковни проповеди, фаворизирање на опозицијата и принудување на злокобната приказна за некаков вид „братоубиство“ и вклучувањето на свештенството во бунтовите против легитимната влада, токму митрополитот Амфилохије ја позиционира Српската православна црква во Црна Гора како параполитичка организација, а оценууваат и дека една верска заедница самата се компромитира со своите нескриени политички амбиции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-mitropolitot-amfilohije-ja-vovlekuva-spc-vo-crnogorskata-izborna-kampanja/feed/ 0