драч – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 09:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png драч – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Драч уапсен македонски државјанин баран од Интерпол https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-uapsen-makedonski-drzhavjanin-baran-od-interpol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-uapsen-makedonski-drzhavjanin-baran-od-interpol/#respond Tue, 10 Oct 2023 09:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=887373

Во пристанишниот град Драч, албанската полиција уапсила 45-годишен македонски државјанин, при обид да ја напушти Албанија со пасош на српски државјанин. - По деталните проверки извршени од страна на полицијата, во соработка со Интерпол Тирана, се потврди дека лицето Џенгиз Сејди алијас Џенгиз Исеини се бара од органите на РСМ, откако од страна на Обвинителството е одредена безбедносна мерка затворски притвор за сторено кривично дело „убиство“, стои во полициското соопштение. Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице. Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-uapsen-makedonski-drzhavjanin-baran-od-interpol/feed/ 0
Албанија: Претрес во кампот на муџахедините во Драч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-pretres-vo-kampot-na-mudhahedinite-vo-drach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-pretres-vo-kampot-na-mudhahedinite-vo-drach/#respond Tue, 20 Jun 2023 10:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=847774

Албанската државна полиција денеска соопшти дека започнала оперативна контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез, кај Драч, каде се сместени над три илјади лица. Според соопштението на Државната полиција, контролата доаѓа во рамките на одлуката на Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал. -Во спроведување на одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал и налогот за извршување на Обвинителството при овој суд, за контрола на сите простории и канцеларии во кои живеат лицата од хуманитарни цели, државната полиција во рамки на оперативен план, започна контрола на сите простории и канцеларии во кампот на МЕК, во Манез, Драч, соопшти полицијата. Додава дека во спроведување на контролните наредби издадени од Судот, Државната полиција презела мерки за нивно спроведување, со контролен план на просториите на територијата на кампот МЕК „строго применувајќи ја етиката и комуникацијата и почитувајќи ги основните права и слободи на сите граѓаните и заедницата што живее во овој камп“. Детални информации околу акцијата полицијата најавува по завршува на истата. Во меѓувреме медиумите, јавуваат дека дошло до судири меѓу полицајците и луѓето таму, кои се противеле и не дозволувале полицијата да врши контрола. Пренесувајќи изјави на припадници на муџахедините, тие тврдат дека полицијата употребила солзавец и оти едно лице е убиено, но полициски извори демантираат дека има жртви при контролата во кампот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-pretres-vo-kampot-na-mudhahedinite-vo-drach/feed/ 0
Уапсен поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-poraneshniot-gradonachalnik-na-drach-vangush-dako/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-poraneshniot-gradonachalnik-na-drach-vangush-dako/#respond Tue, 06 Jun 2023 18:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=842912

По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, попладнево уапсен е поранешниот градоначалник на Драч Ванѓуш Дако, под обвинение за злоупотреба на службената положба. Уапсени се вкупно десет поранешни и актуелни раководители на значајни сектори во општина Драч, како и сопственик на градежна компанија, при што судија на претходна постапка одредил мерка притвор за 7 и домашен притвор за тројца од нив. Пред само четири дена, Ванѓуш Дако беше повикан во СПАК каде што беше испрашуван околу четири часа. Се сомнева дека случајот е поврзан со станбена зграда која претрпе сериозни оштетувања од земјотресот. -Доделувањето на одобрение за градба за објект, каде што не е издадено одобрение за 11 ката, го одведоа Дако во затвор. Градежникот ја продолжил работата и изградил уште четири ката, по што била дадена дозволата за објектот оштетен од земјотресот на 26 ноември 2019 година. Тој се сомничи и за купување на проектот „крајбрежно шеталиште“, со што наводно и нанел загуба на државата од18 милиони лека, наведуваат медиумите. Пред неколку години Ванѓуш Дако е прогласен за нон-грата од Соединетите Американски Држави, поради „неговата вмешаност во големи корупциски случаи“. -За првпат во историјата на нашата држава на удар се луѓе поврзани со власта, изјави премиерот Еди Рама. Иако не наведе конкретни имиња, оваа изјава на Рама од градот Берат дојде веднаш штом беше објавено апсењето на Дако. Предупредувајќи дека силата и моќта не можат да се злоупотребуваат, премиерот порача дека „треба да се гордееме со Социјалистичката партија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-poraneshniot-gradonachalnik-na-drach-vangush-dako/feed/ 0
Манчестер сити ќе гради спортска академија во Драч https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-ke-gradi-sportska-akademija-vo-drach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-ke-gradi-sportska-akademija-vo-drach/#respond Thu, 27 Apr 2023 10:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=828274

Манчестер сити ќе има Фудбалска академија и школа во албанскиот пристанишен град Драч. Премиерот Еди Рама, кој е во посета на Велика Британија објави дека е потпишан договорот со „Сити Фудбал Груп“, со кој Албанија ќе има соодветна фудбалска академија, на еден од најпознатите клубови. Според него благодарение на помошта на пријателите од Обединетите Арапски емирати(ОАР) Албанија сега се приклучува на многу земји каде Манчестер Сити има фудбалска школа. Покрај таленти од Албанија, можност да бидат дел од тренинг кампусите ќе имаат и млади фудбалски ѕвезди од регионот. - Да...Академија на клубот на Манчестер Сити и негова детска фудбалска школа ќе има регионален кампус во Драч. Новото поглавје од приказната за пријателството и иднината штотуку започна, на заеднички пат на успех со нашите непроценливи пријатели од Обединетите Емирати, благодарение на чија поддршка Албанија влегува на престижната мапа на CITY FOOTBALL GROUP, заедно со Англија, Шпанија, Франција. , Италија, Белгија, САД, Австралија, Бразил, Уругвај, Јапонија, Индија и Кина, напиша Рама на Фејсбук. Од албанска страна договорот го потпишале министерката за образование и спорт Евис Куши, како и градоначалничката на Драч, Емирјана Сако. Медиумите наведуваат дека на потпишувањето присуствувал и познатиот бизнисмен од ОАР, Мохамед Алабар кој доби концесија за "трансформација на Драч како Дубаи".]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-ke-gradi-sportska-akademija-vo-drach/feed/ 0
Во Драч запленети 22.500 тони шверцувана нафта од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-zapleneti-22-500-toni-shvertsuvana-nafta-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-zapleneti-22-500-toni-shvertsuvana-nafta-od-rusija/#respond Mon, 20 Feb 2023 13:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=802743

Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија. Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско знаме транспортирал многу голема количина нафта. -Врз основа на овие информации, во полициската акција „Ембарго“, на пет милји оддалеченост од морскиот брег, кај Драч, блокиран е танкерот „Grace Felix“ со либиско знаме, кој превезувал 22.500 тони нафта, со фалсификувана документација, која требало да биде прошверцувана во Албанија. Исто така, од првите истражни дејствија наведуваат дека овој товар на нафта е земен од земји со ембарго за нафта, поточно од Русија, стои во полициското соопштение. Бродот тргнал од Азербејџан, а потоа бил натоварен со нафта во пристаништето Каламата, Грција, од друг брод. -По преземените дејствија, по основани сомнежи дека оваа количина нафта потекнува од земјите под ембарго и е шверцувана, бидејќи немало соодветна документација, истата е запленета а 22-члениот екипаж е приведен. Истражната група, под раководство на Обвинителството, продолжува со длабинските увиди, со цел што поцелосно документирање на оваа незаконска активност и идентификација на физички или правни лица инволвирани во оваа нелегална активност, наведува полицијата. Ова е најголема количина на шверцувана нафта запленета во Драч, по онаа во средината на септември кога беа запленети 2.275 тони нафта шверцувана од Либија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-zapleneti-22-500-toni-shvertsuvana-nafta-od-rusija/feed/ 0
Потпишан финалниот договор тежок две милијарди евра за изградба на пристаништето во Драч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-finalniot-dogovor-tezhok-dve-milijardi-evra-za-izgradba-na-pristanishteto-vo-drach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-finalniot-dogovor-tezhok-dve-milijardi-evra-za-izgradba-na-pristanishteto-vo-drach/#respond Mon, 30 Jan 2023 18:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=793875

Најголемото албанско пристаниште Драч е подготвено да го започне процесот на изградба откако попладнево Владата и компанијата „Игл Реал Естејт Девелопмент“ го потпишаа конечниот договор со кој се завршени сите законски процедури, јави Топ чанел. Вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку рече дека ова е најголемиот проект во албанската економија со инвестиција од 2 милијарди евра. – Ги завршивме долгите законски процедури, почнувајќи од одобрување на законот во парламентот, а потоа и указот од претседателот. Во овој проект за првпат државата е коакционер во износ од 35 отсто. Државата ќе ги има истите права во однос на приходите и профитот. Државата има одговорност да ги заштити стратешките добра како што се столбовите, басенот и каналот на пристаништето. Тие остануваат сопственост на државата, како и 45 отсто од сегашниот пристанишен простор, рече Балуку. За инвеститорот Мохамед Алабар од Дубаи преговарачкиот процес бил болен, но, рече дека резултатот ќе биде фантастичен. Заедно со премиерот Еди Рама ги истакна квалитетните работни места што ќе ги обезбеди проектот. – Зад овој проект, кој без страв можам да кажам дека е најнапредниот во светот, дури и од оние во Дубаи, стои тим од млади Албанци, кои утре ќе го извезуваат своето знаење низ светот и верувајте ми, заминувањето во странство нема да биде привлечно за нив, рече Алабар. Според Рама морнарицата на Драч ќе влезе како конкурент на глобалниот пазар. – Ќе создаде квалитетни вработувања и многу добро платени работни профили за многумина кои веќе нема да имаат причина за оние кои сакаат да работат, да ја гледаат иднината во странство. Проектот ќе врати многу поединци не само од Драч, туку и од други места за работа во Албанија, најави Рама. Во меѓувреме, паралелно со почетокот на работите во пристаништето во Драч, на 1 февруари ќе се одржи презентација на инженерската студија за комерцијалното пристаниште во Порто Романо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-finalniot-dogovor-tezhok-dve-milijardi-evra-za-izgradba-na-pristanishteto-vo-drach/feed/ 0
Во Драч уапсени Косовци при обид да пренесат кон Италија 16 малолетници, се претставиле како фудбалска екипа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-uapseni-kosovci-pri-obid-da-prenesat-kon-italija-16-maloletnici-se-pretstavile-kako-fudbalska-ekipa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-uapseni-kosovci-pri-obid-da-prenesat-kon-italija-16-maloletnici-se-pretstavile-kako-fudbalska-ekipa/#respond Tue, 27 Dec 2022 19:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=781367

Камуфлирани како фудбалска екипа група Косовци се обиделе да префрлат во Италија 16 малолетници. -Во пристаништето Драч уапсени се десет лица на возраст од 21 до 54 години, косовски државјани, при обид за Италија илегално да пренесат 16 малолетници сите на возраст од 17 години. И тие се косовски државјани, чии родители на „менаџерите” им платиле од 3 до 4 илјади евра, стои во полициското соопштение. Малолетниците биле претставени како фудбалери, додека уапсените како раководство, тренери и физиотерапевти на спортската екипа. Кај еден од организаторите откриени и запленети се околу 6 илјади евра. Откако ќе биле пренесени во Италија децата веднаш требало да аплицираат за азил. Според италијанските закони малолетниците без придружба ги згрижува државата и им обезбедува образование. Во Италија се побројни се малолетниците без придружба од Албанија кои родителите ги носат во Италија, ги напуштаат и се враќаат назад во Албанија. Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања, само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја. Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја. Вкупниот број на малолетни имигранти од Албанија без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-uapseni-kosovci-pri-obid-da-prenesat-kon-italija-16-maloletnici-se-pretstavile-kako-fudbalska-ekipa/feed/ 0
Рама: Пристаништето Драч е најголемата инвестиција во регионот, оние кои се против него се непријатели на иднината https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-pristanishteto-drach-e-najgolemata-investicija-vo-regionot-onie-koi-se-protiv-nego-se-neprijateli-na-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-pristanishteto-drach-e-najgolemata-investicija-vo-regionot-onie-koi-se-protiv-nego-se-neprijateli-na-idninata/#respond Wed, 16 Nov 2022 12:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=761655

Албанскиот премиер Еди Рама денеска реагираше во врска со низата обвинувањата на опозицијата за инвестицијата во туристичкото пристаниште Драч, за која тоа претставува „мега коруптивна афера”. Во реакција на Твитер тој наведува дека „непријателството против најголемата инвестиција во регионот треба да им послужи на сите жители на Драч да го видат лицето на непријателите на иднината на Драч”. – Непријателството против најголемата инвестиција во регионот, која ќе го трансформира Драч во една од главните туристички дестинации на Медитеранот, треба да им послужи на сите жители на Драч да го видат лицето на непријателите на иднината на Драч: Или со Драч на врвот или со нив во ѓубре, напиша Рама. Додава дека „бројот на смешни работи што се зборуваат за големиот проект на туристичкото пристаниште Драч, како и едностраниот медиумски простор во служба на злонамерниците, кои се борат против проектот како ѓаволот против темјан, се одраз на злото што го следи ова место како проклетство од 1912 година“. Опозициската Демократска партија поднесе тужба до Уставниот суд против договорот за пристаништето Драч, кој го опиша како „афера подготвена во тајност, со која земјата дава многу а не добива ништо”. Сали Бериша дури обвини дека зад проектот стои српскиот бизнисмен Кариќ, заедно со Вучиќ и Рама, наспроти владата дека инвестицијата вредна две милијарди долари е на компанија од Дубаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-pristanishteto-drach-e-najgolemata-investicija-vo-regionot-onie-koi-se-protiv-nego-se-neprijateli-na-idninata/feed/ 0
Драч: Oткриени 33,5 килограми кокаин во контејнер со банани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drach-otkrieni-33-5-kilogrami-kokain-vo-kontejner-so-banani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drach-otkrieni-33-5-kilogrami-kokain-vo-kontejner-so-banani/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=755697

Во албанскиот пристанишен град Драч полицијата, заплени 33,5 килограми кокаин, откриен во контејнер со банани натоварен во Еквадор. Нарачката била на фирмата „БанаКинг” од Тирана по чиј сопственик Трифон Муратај(53) се трага. Во акцијата се уапсени администраторот на фирмата Петрит Демишај (57)и двајца вработени на скенерот во пристаништето, кои при контролата „не ја забележале дрогата”. – Врз основа на добиените информации со кои располага Државната полиција, дека во контејнер со банани, за сметка на фирма во Тирана, има наркотици, полициските службеници извршија детална контрола со кучиња и покрај тоа што скенерот го извадил чист товарот со банани, стои меѓу другото во полициското соопштение. Се додава дека споменатите лица во соработка организирале шверц на кокаин од Еквадор до Драч. Ова не е прва голема заплена на дрога на албанската полиција во Драч последните месеци. Претходно, покрај другото, заплени и 50 килограми кокаин во контејнер со пилешко месо нарачка на фирма од Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drach-otkrieni-33-5-kilogrami-kokain-vo-kontejner-so-banani/feed/ 0
Во Драч запленети над две илјади тони нафта прошверцувана од Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drach-zapleneti-nad-dve-iljadi-toni-nafta-proshvercuvana-od-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drach-zapleneti-nad-dve-iljadi-toni-nafta-proshvercuvana-od-libija/#respond Tue, 13 Sep 2022 10:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=732092

Во најголемото албанско пристаниште Драч запленет е танкер кој превезувал 2.275 тони нафта од Либија во Албанија. – Кодираната операција „Ринг“ беше финализирана по неколкумесечна истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција во државната полиција, локалната дирекција на полицијата и граничната полиција Драч, со поддршка на поморската капетанија и крајбрежната стража, под раководство на Обвинителството на судскиот округ Драч, соопшти полицијата. Според истиот извор уапсени се четири лица, на возраст од 25 до 54 години, а меѓу нив и капетанот на бродот. Шест други лица ( соработници), сите либиски државјани ќе се бранат од слобода. Како материјален доказ полицијата го запленила танкерот, нафтата и неколку мобилни апарати. Материјалите се предадени на Обвинителството во Драч за натамошно постапување, за сторени кривични дела „Криумчарење стока за која се плаќа акциза“, „Складирање или депонирање на шверцувана стока“ извршени во соработка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drach-zapleneti-nad-dve-iljadi-toni-nafta-proshvercuvana-od-libija/feed/ 0