Драган Бајиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Jul 2022 10:59:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Драган Бајиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Александар Јончевски нов селектор на кошаркарската репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/aleksandar-jonchevski-nov-selektor-na-kosharkarskata-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/aleksandar-jonchevski-nov-selektor-na-kosharkarskata-reprezentacija/#respond Tue, 19 Jul 2022 10:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=707345

Александар Јончевски е новиот селектор на сениорската репрезентација на Македонија, одлучи раководството на Македонската кошаркарска федерација. Јончевски (41 година) е тренер што долги години е дел од стручниот штаб на репрезентацијата, а на позицијата на селектор на „А“ тимот, доаѓа како асистент-тренер во стручниот штаб во кој во изминатиот период беше Драган Бајиќ. Тој првпат беше асистент во националниот тим на Марјан Лазовски во квалификациите за Олимписките Игри што се одржаа во Венецуела, а потоа му помагаше и на Марјан Србиноски на Евробаскетот во 2015 во Хрватска. Претходно беше и во тимот на соработници на селекторот Јорданчо Давитков. Во работата со нашата најдобра селекција на Јончевски ќе му помагаат Никола Василев, актуелен селектор на нашата машка селекција „Под 20“ години, Никола Велев, кој е асистент-тренер во селекцијата „Под 18“ години-мажи, како и Сашо Пецев, кој ќе биде задолжен за кондициската подготовка на нашите најдобри кошаркари во периодот кој следува. Првиот предизвик новиот селектор и неговите соработници ќе го имаат веќе кон крајот на август, на стартот на вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Поточно, гостувањето во Данска на 25.август, и натпреварот против селекцијата на Словачка, кој нашите најдобри кошаркари го играат на 28. август во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/aleksandar-jonchevski-nov-selektor-na-kosharkarskata-reprezentacija/feed/ 0
Македонија остана без селектор во кошарка, Бајиќ и КФСМ ја прекинаа соработката https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ostana-bez-selektor-vo-kosharka-bajikj-i-kfsm-ja-prekinaa-sorabotkata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ostana-bez-selektor-vo-kosharka-bajikj-i-kfsm-ja-prekinaa-sorabotkata/#respond Mon, 18 Jul 2022 12:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=706958

Кошаркарската Федерација и Драган Бајиќ, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу негов понатамошен ангажман во машката сениорска репрезентација на Македонија. -Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, информираат од Федерацијата. Од КФСМму се заблагодаруваат на Драган Бајиќ, како и на неговите соработници, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ за досегашното работењe.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ostana-bez-selektor-vo-kosharka-bajikj-i-kfsm-ja-prekinaa-sorabotkata/feed/ 0
Бајиќ: Ниту еднаш немав комплетен ростер, ама горд сум на моите играчи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-nitu-ednash-nemav-kompleten-roster-ama-gord-sum-na-moite-igrachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-nitu-ednash-nemav-kompleten-roster-ama-gord-sum-na-moite-igrachi/#respond Mon, 04 Jul 2022 18:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=699945

По мечот со Украина  селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија Драган Бајиќ зборуваше опширно за натпреварот, но се осврна и на други теми. „Честитки до селекцијата на Украина за победата. Сакам да и се заблагодарам на публиката, се надевам дека беа задоволни од односот на теренот. Првата четвртина пресуди, примивме премногу поени, а и тие беа многу шутерски расположени. Премеко влеговме, не бевме доволно агресивни. Бевме хендикепирани на високите позиции, па некои ситуации моравме да ги играме поинаку. Украинците имаа искусни играчи, а ние не одигравме дел од тактиката која ја договоривме. Потоа заигравме подобро, се вративме во натпреварот до полувремето.  Им сугерирав на гирачите да веруваат во себе, да изгинат на паркетот, бидејќи мечот не е готов. Во два наврати покажавме карактер, а во одредедни моменти имавме пад на концентрацијата и промашени зицери беа можеби пресудни да не славиме. Бевме на четири поени дефицит, направивме план како да се обидеме да се вратиме. Му дадов шанса на Јакимовски во важен момент да земе шут, иако во тимот има играчи како Војдан. Сепак, задоволен сум од одиграното. Имавме тежок меч со Шпанците, па и долг пат. Кратко се подготвувавме за оваа средба и дадовме максимум. Со ваков пристап и однос, ако сме комплетни, ќе бидеме многу поопасни. Јас ниту еднаш немав среќа да бидеме комплетни и да уживам во целосниот квалитет на репрезентацијата. Сепак, горд сум на оваа група момци“, започна селекторот. Бајиќ ги посочи проблемите со подмладувањето на тимот кое според него доста доцни. Тој зборуваше за младите имиња, а најави и американски плејмејкер за во иднина. Меѓу другото, зборуваше и за својот договор и неговото останување на клупата. „Откако ја презедов репрезентацијата, не бев целосно свесен за ситуацијата. Не сум задоволен од состојбата, дел од играчите имаат поголема минутажа тука, отколку во тимовите. Претходно требало да се реагира и да се дава шанса на младите играчи порано. Минатото лето одигравме одлично, вложивме огромен труд за да се најдеме во оваа група. За нас ова е добар резултат. Низ целиот циклус, минаа многу играчи, се обидов со многу имиња. Сега имам појасна слика за составот и можностите на тимот. Ни недостига одличен плејмејкер, можеби Американец за да ја раздвижи екипата. Во континуитет мора да повикуваме помлади играчи, за да се подмлади екипата. Секој млад кошаркар мора да има однесување, упорност и поради тоа да добива шанси. Се надевам процесот ќе заврши побрзо, јас им давам шанси на младите. Ќе ја анализираме ситуацијата со федерацијата. Немам ниту една замерка за организацијата и за соработниците. Пријатно се чувствувам тука. Можеби го ризикувам моето здравје за да бидам тука. Ќе видиме што носи иднината, ќе договориме со управата на КФСМ дали ќе останам тука. Сепак, ако некој смета дека јас сум најголемиот проблем во оваа ситуација за македонската кошарка, лесно може да се реши проблемот“, заврши Бајиќ. Следен предизвик на Македонија ќе бидат претквалификациите за Европското првенство кои стартуваат во август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-nitu-ednash-nemav-kompleten-roster-ama-gord-sum-na-moite-igrachi/feed/ 0
Бајиќ пред дуелот со Украина: Имаме обврска пред нашите навивачи да дадеме сè од себе https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-pred-duelot-so-ukraina-imame-obvrska-pred-nashite-navivachi-da-dademe-se-od-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-pred-duelot-so-ukraina-imame-obvrska-pred-nashite-navivachi-da-dademe-se-od-sebe/#respond Mon, 04 Jul 2022 10:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=699570

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ, бара максимално залагање на неговите избраници на утрешниот натпревар со Украина, без оглед на тоа што шансите за пласман на Светското првенство се изгубени. -Доаѓа последното коло од овие квалификации, ги загубивме сите шанси, но имаме обврска пред домашните навивачи да го дадеме максимумот од себе и сигурно да го подобриме впечатокот од Шпанија со тоа што не можам да им замерам на играчите за борбеноста и на желбата. Украинците покажаа дека се добра репрезентација, ја совладаа Грузија во полн состав. Го контролираа цел натпревар. Сигурно е дека нè чека тешка задача. На момците им кажав, ако веќе губиме, мора да знаеме зошто губиме, а не тоа да биде без борба и без желба и без жар, изјави Бајиќ за веб-страницата на КФСМ. Тој посочи на проблемите со кои се соочуваше во текот на целиот квалификациски циклус. -Сите оние кои ја следат репрезентацијата уште од претквалификациите знаат, и гледаат дека бевме без важни играчи и тоа нè следи цело време. Јас како селектор на секој собир имам нови имиња. И тоа е голем товар за тренер да се воигрува екипата. Се надевам дека сега ги филтриравме сите работи и дека во квалификациите за ЕП ќе бидеме максимално комплетни. Предводникот на нашиот национален сениорски состав не  ја исклучува можноста за скор ангажман на уште еден натурализиран кошаркар. -Ќе се обидеме да најдеме Американец на плејмејкер или на другите надворешни позиции каде сме хендикепирани. Сигурно е дека во иднина подобро ќе играме и ќе имаме подобри резултати, оптимист е Бајиќ. Средбата со Украина е последна можност за „црвено-жолтите“ да ја побараат првата победа во групата „Г“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-pred-duelot-so-ukraina-imame-obvrska-pred-nashite-navivachi-da-dademe-se-od-sebe/feed/ 0
Бајиќ: Имавме малку добри, а повеќе лоши моменти кои мораме да ги коригираме https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-imavme-malku-dobri-a-povekje-loshi-momenti-koi-morame-da-gi-korigirame/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-imavme-malku-dobri-a-povekje-loshi-momenti-koi-morame-da-gi-korigirame/#respond Sat, 02 Jul 2022 07:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=698712

Селекторот на македонскиот национален тим, Драган Бајиќ, на прес-конференцијата по поразот од Шпанија, посочи на огромната разлика во квалитет меѓу двете репрезентации. Шпанија победи со убедливи 80:44, а Бајиќ немаше на располагање неколку важни играчи. -Знаевме дека Шпанија е голем фаворит. Немавме многу време за тренинзи и подготовки, ни недостигаа и четири-пет добри кошаркари. Тоа придонесе да се случи она што се случи. Имаше добри моменти од кои мораме да сме задоволни, имавме и лоши моменти кои треба да ги коригираме ако сакаме да напредуваме. Едноставно, мислам дека квалитетот и физичката подготвеност на Шпанците беа пресудни за да се стигне до ваков резултат. Тимот што јас го водам не е на ова ниво на натпреварување како и Шпанија, можеше да се види дека не се снајдовме на една силно агресивна одбрана, рече Бајиќ. Тој сепак е оптимист околу иднината на македонската кошарка. -Задоволен сум од атмосферата и од тимската хемија што ја имавме. Некои работи што се влечат од минатото и сè уште се присутни, тоа нешто мора да смени за да тргнеме напред. Верувам во овие момци, верувам дека ќе бидеме се подобри и подобри, штом ни се приклучат сите кошаркари кои денеска ги немавме во тимот, додаде Бајиќ. Македонската репрезентација на 4 јули во Скопје против Украина ќе ги заврши мундо-квалификациите во обид да ја забележи првата победа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-imavme-malku-dobri-a-povekje-loshi-momenti-koi-morame-da-gi-korigirame/feed/ 0
Бајиќ ги одбра 12-те кошаркари кои ќе настапат во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-gi-odbra-12-te-kosharkari-koi-kje-nastapat-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-gi-odbra-12-te-kosharkari-koi-kje-nastapat-vo-shpanija/#respond Tue, 28 Jun 2022 20:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=697017

Македонската кошаркарска репрезентација ќе ги одигра последните два квалификациски меча од првата фаза за пласман на Светското првенство 2023 година. Шпанија и Украина се противниците на „црвено-жолтите“. Првиот дуел нашите момци го играат на гости кај актуелниот светски првак, Шпанија во Сарагоса на први јули, додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваат Украина. Бајиќ за мечот со Шпанија одбра 12 кошаркари, а од списокот отпаднаа Страхил Николов од ТФТ и Валмир Какруки од Работнички. СОСТАВ МАКЕДОНИЈА за мечот со Шпанија  Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Пелистер, Андреј Маслинко – ТФТ, Виктор Ташовски – ТФТ, Виктор Ефремовски – Гостивар, Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија, Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД), Рубин Стефанов – Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-gi-odbra-12-te-kosharkari-koi-kje-nastapat-vo-shpanija/feed/ 0
Бајиќ: Жалам што не можеме да ја покажаме вистинската сила https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-zalam-shto-ne-mozeme-da-ja-pokazame-vistinskata-sila/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-zalam-shto-ne-mozeme-da-ja-pokazame-vistinskata-sila/#respond Sat, 25 Jun 2022 13:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=695624

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за двата завршни меча од квалификациите за Светското првенство во 2023 година. Пред нас се дуелите со Шпанија и Украина, средби за кои селекторот Драган Бајиќ одново нема да може да смета на сите играчи, односно да има на располагање комплетен ростер. На списокот се 14 играчи (Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Страхил Николов, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Тео Симиќ, Андреј Јакимовски и Рубин Стефанов) кои денеска се појавија на тренингот во СЦ „Борис Трајковски“. -Добро е познато дека уште ги немаме загубено шансите кога говориме за шансите за следниот круг, туку од Украина. Мора да ги одиграме што е можно подобро последните два меча. Повторно сме хендикепирани, ни недостасуваат неколку играчи… Секој круг се повторува истото, по моето доаѓање, никогаш не бевме комплетни. И жалам за тоа што не можеме да ја покажеме вистинската сила. Но, тоа е што е, ќе се обидеме да извлечеме максимум од двете средби и ако ни се даде шанса ќе одиме на победа, -истакна Бајиќ и додаде: -Мора да имаме стратегија со екипата, посебно со младите играчи. Мора да се насочиме и кон нив, за во некоја блиска иднина повторно да имаме добри резултати. Не можев да ги видам сите играчи кои ги сакав од младите, некои беа со младинскиот тим и им дозволив да бидат таму. И тука имаме некои млади имиња, кои ќе добијат шанса на последните два меча, -порача предводникот на „црвено-жолтите“]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bajikj-zalam-shto-ne-mozeme-da-ja-pokazame-vistinskata-sila/feed/ 0
Селекторот Драган Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-dragan-bajikj-gi-odbra-kandidatite-za-julskiot-kvalifikaciski-fiba-prozorec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-dragan-bajikj-gi-odbra-kandidatite-za-julskiot-kvalifikaciski-fiba-prozorec/#respond Thu, 23 Jun 2022 10:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=694582

Предводникот на нашиот сениорски национален кошаркарски тим, селекторот Драган Бајиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина. – Бајиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за Светскиот куп, закажан за први јули, кога гостуваме кај репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14 кошаркари. Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25 јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето од Шпанија, информираат од Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија. Инаку, освен дуелот со Шпанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот. На 4 јули во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18 часот, ни гостува селекцијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-dragan-bajikj-gi-odbra-kandidatite-za-julskiot-kvalifikaciski-fiba-prozorec/feed/ 0
Драган Бајиќ со проблеми пред дуелите со Шпанија и Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragan-bajikj-so-problemi-pred-duelite-so-shpanija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragan-bajikj-so-problemi-pred-duelite-so-shpanija-i-ukraina/#respond Wed, 22 Jun 2022 05:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=693939

Македонскиот кошаркарски селектор Драган Бајиќ се соочува со нови проблеми со составот на кошаркарската репрезентација на Македонија пред завршните средби од квалификациите за СП 2024, гостувањето во Шпанија на 1 јули и домашниот меч со Украина три дена подоцна. Речиси сигурно е дека Бајиќ нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ, кој се пожалил на ситна повреда и ќе го прескокне јулскиот собир. Американецот Вајли исто така нема да биде во составот, откако се пожалил на повреда. Вајли веќе обезбеди трансфер во далечната Јапонија, па многу извесно е дека тој веќе нема да настапува за националниот тим, а во најскоро време ќе треба да биде избран и нов натурализиран играч кој од наредниот квалификациски циклус ќе биде дел од репрезентацијата. Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски воопшто не се дел од списокот на Бајиќ, а мали шанси за настап му се даваат и на Бобан Стајиќ, кој влече незгодна повреда на тетивата по долгата и исцрпувачка сезона со Пелистер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragan-bajikj-so-problemi-pred-duelite-so-shpanija-i-ukraina/feed/ 0
Селекторот Бајиќ е позитивен на ковид-19, нема да патува во Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-bajikj-e-pozitiven-na-kovid-19-nema-da-patuva-vo-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-bajikj-e-pozitiven-na-kovid-19-nema-da-patuva-vo-gruzija/#respond Tue, 22 Feb 2022 13:34:38 +0000 https://kurir.mk/?p=634879

Нови непријатни информации од кошаркарската репрезентација на Македонија, селекторот Бајиќ е позитивен на ковид-19 и нема да патува на мечот во Грузија. Неизвесно е дали тој ќе може да ја води селекцијата и на мечот во салата „Јане Сандански“ на 27. февруари. Македонија по две кола е последна во групата откако ги загубивме мечевите против Шпанија и Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-bajikj-e-pozitiven-na-kovid-19-nema-da-patuva-vo-gruzija/feed/ 0