драган даниловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 13:01:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png драган даниловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Даниловски: Скандалозна е одлуката Македонија да не набави лек против коронавирус, зошто тактизирате?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-skandalozna-e-odlukata-makedonija-da-ne-nabavi-lek-protiv-koronavirus-zoshto-taktizirate/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-skandalozna-e-odlukata-makedonija-da-ne-nabavi-lek-protiv-koronavirus-zoshto-taktizirate/#respond Tue, 26 Sep 2023 13:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=881859

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронавирусот „Паксловид“. Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ги прашува членовите на Комисијата дали тактизираат и зошто тактизираат?! -На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против ковид-19 ‘Паксловид’, ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид ‘во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи’? Набавката ќе одела ‘лесно’? Тактизирате, а? Зошто? Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски. Сте чуле ли, додава тој, дека „Паксловид“ се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите 5 дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме „Паксловид“? „Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на ‘пост-ковид’ синдромот (‘долг Ковид’) е поголема кај оние со тешка клиничка слика? Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете. Дали знаете дека бројот на ‘настинки’ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе. Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со ‘Паксловид’. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни. Како тоа да се спроведе ако немаме ‘Паксловид’? Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги ‘апдејтира’ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави ‘Паксловид’? Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи? Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два? Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?“, пишува Даниловски. „Четирите принципи на медицинската етика се: Прво,полза – прави добро. Второ, незлобност – не прави штета. Трето, автономија – давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно. И четврто, правда – обезбедување правичност. Вие ги кршите првите два принципи. Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома, порача Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-skandalozna-e-odlukata-makedonija-da-ne-nabavi-lek-protiv-koronavirus-zoshto-taktizirate/feed/ 0
Д-р Даниловски: Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-skandalot-onkologija-e-posledna-kapka-shto-ja-preli-chashata-za-doverbata-vo-zdravstveniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-skandalot-onkologija-e-posledna-kapka-shto-ja-preli-chashata-za-doverbata-vo-zdravstveniot-sistem/#respond Sun, 10 Sep 2023 20:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=876704

Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем што одамна се поткопува, смета проф. д-р Драган Даниловски. Тој во разговор за Канал 5 вели дека макотрпен ќе биде патот на враќање на довербата во здравството, кој пак треба да значи ресет на целиот здравствен систем. Тој појаснува дека и психологијата на народот „да си молчи“ придонесува за моменталните состојби. Неговата изјава слушнете ја во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-skandalot-onkologija-e-posledna-kapka-shto-ja-preli-chashata-za-doverbata-vo-zdravstveniot-sistem/feed/ 0
Доктор Даниловски: Овој срам никогаш нема да си го испереме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-ovoj-sram-nikogash-nema-da-si-go-ispereme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-ovoj-sram-nikogash-nema-da-si-go-ispereme/#respond Mon, 04 Sep 2023 05:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=874200

Доктор Драган Даниловски се огласи за Фејсбук по случувањата на Клиниката за онкологија велејќи дека ова што се случува е голем срам. -Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се: И овој да не е од „таквите“?   Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“. Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ! Едит: Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж..., пишува доктор Даниловски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-ovoj-sram-nikogash-nema-da-si-go-ispereme/feed/ 0
Даниловски: Пикот ќе настапи во следниве седум дена, новиот сој ќе ја полни статистиката додека не прегори! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pikot-kje-nastapi-vo-slednive-sedum-dena-noviot-soj-kje-ja-polni-statistikata-dodeka-ne-pregori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pikot-kje-nastapi-vo-slednive-sedum-dena-noviot-soj-kje-ja-polni-statistikata-dodeka-ne-pregori/#respond Wed, 03 Aug 2022 18:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=713660

Епидемиологот Драган Даниловски во изјава за ТВ24 порача дека не се потребни нови рестриктивни мерки и покрај зголемувањето на бројот на случаи во изминатите неколку седмици. Според неговите очекувања, бројот на заразни од наредниот месец значително ќе се намали. „Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки, за носење маски во затворени простори, ова треба особено да важи за ранливите категории. Новиот сој на Ковид-19 ќе ја полни статистиката додека не прегори. Пикот ќе настапи во следниве седум дена и веќе во септември се очекува бројките да стивнат“, истакна Даниловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pikot-kje-nastapi-vo-slednive-sedum-dena-noviot-soj-kje-ja-polni-statistikata-dodeka-ne-pregori/feed/ 0
Даниловски: Пандемијата не’ научи дека здравствениот систем е на стаклени нозе, а народот нема доверба во институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pandemijata-ne-nauchi-deka-zdravstveniot-sistem-e-na-stakleni-noze-a-narodot-nema-doverba-vo-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pandemijata-ne-nauchi-deka-zdravstveniot-sistem-e-na-stakleni-noze-a-narodot-nema-doverba-vo-instituciite/#respond Sun, 13 Mar 2022 11:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=646309

Доктор Даниел Даниловски на својот Фејсбук профил напиша кус осврт за тоа што сме заклучиле по две години коронавирус пандемија. Како што вели пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми. -ШТО ЗАКЛУЧИВМЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАНДЕМИЈА? Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе. Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви. Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем. Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки. Дека политиката е поважна од науката. Дека бизнисот е поважен од човечките животи. Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска. Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија. Но и: Дека народот нема доверба во институциите на власта. Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес. Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен. Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките. Дека образованието ни е катастрофално. Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката. Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми. Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми. Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“! Дефинитивно е време за тотален „ресет“, вели Даниловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-pandemijata-ne-nauchi-deka-zdravstveniot-sistem-e-na-stakleni-noze-a-narodot-nema-doverba-vo-instituciite/feed/ 0
Даниловски: Ни се заразуваат вакцинирани затоа што ги вакциниравме со кинески вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-ni-se-zarazuvaat-vakcinirani-zatoa-shto-gi-vakciniravme-so-kineski-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-ni-se-zarazuvaat-vakcinirani-zatoa-shto-gi-vakciniravme-so-kineski-vakcini/#respond Tue, 01 Feb 2022 15:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=625531

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ објасни зошто во последно време има ковид заразени лица кои се вакцинирани. Според него тоа е последица што голем број на луѓе се вакцинирани со кинески вакцини. -Омикронот го заобиколува имутетот па и оној со вакцини. Реинфекции се случуваат затоа што имунитетот стекнат бледее со тек на време и зависи кога сте ја прележала инфекцијата. Исто е и со вакцините чија заштита е во првите 3 месеци. Единствено решение е да се прими трета доза за граѓаните кои се постари од 50 години и е подложен на акутни заболувања. Помладите од 50 години кои биле со две дози Фајзер кај нив постои можност да се заштитени од зараза со омикрон. Вакцинацијата со кинеските вакцини е последица за зголем број на заразувања кај вакцинираните, изјави професорот Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danilovski-ni-se-zarazuvaat-vakcinirani-zatoa-shto-gi-vakciniravme-so-kineski-vakcini/feed/ 0
Пациентите по прележан коронавирус пријавуваат “мозочна магла“, доктор Даниловски објаснува што значи тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-po-prelezan-koronavirus-prijavuvaat-mozochna-magla-doktor-danilovski-objasnuva-shto-znachi-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-po-prelezan-koronavirus-prijavuvaat-mozochna-magla-doktor-danilovski-objasnuva-shto-znachi-toa/#respond Sun, 07 Nov 2021 09:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=592064

Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ објаснува дека „мозочната магла“ што сѐ поголем број пациенти со прележан Ковид-19 пријавуваат дека ја чувствуваат, е невролошки симптом што може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста. -Симптомите на „мозочна магла“ се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија. Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија. Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други. Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на „мозочна магла“, вели д-р Даниловски за „Слободен печат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-po-prelezan-koronavirus-prijavuvaat-mozochna-magla-doktor-danilovski-objasnuva-shto-znachi-toa/feed/ 0
Доктор Даниловски: Доаѓа нов бран на коронавирус во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-doagja-nov-bran-na-koronavirus-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-doagja-nov-bran-na-koronavirus-vo-makedonija/#respond Thu, 28 Oct 2021 13:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=587170

Доаѓа нов бран во Македонија, зголемените бројки на заразени се почеток на есенско зимски бран, предупредува епидемиологот Драган Даниловски. Според него поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да ја зголеми бројката на заразени. „Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран. Нивото на имунист на нашето населнеие мислам дека е преку 60 може и 70 остсто. Со заладување на времето сите средби се внатре на затворено. Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана наместо да останат или да се устрожнат мерките нашиве власти ги реалксираат мерките. Во однос на вакциналните сертификати сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност“, вели Даниловски во емисијата на Тв 24.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-doagja-nov-bran-na-koronavirus-vo-makedonija/feed/ 0
Колумна на доктор Даниловски: ЧЕКАЈЌИ ГО ГОДО! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-doktor-danilovski-chekajkji-go-godo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-doktor-danilovski-chekajkji-go-godo/#respond Mon, 13 Sep 2021 18:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=563219

Прочитајте ја вчерашната колумна на проф. д-р Драган Даниловски објавена на Доктори.ком.мк 12 септември, зора е. Четврти ден од пеколот во Тетово со четиринаесет жртви и петстотини триесетти ден од првиот смртен случај од КОВИД-19. Досега веќе имаме шест илјади двесте триесет и шест маченици — „and counting“… Голгота… пеколно крешендо – што кулминираше со живи изгорени луѓе – кои отидоа во вечноста, барајќи спас од вирусот… Длабоко сочувство до семејствата за ненадоместливата загуба! Се случи неописливо страотна несреќа денес, небаре сме во илјада триста четириесет и шестата – доцниот среден век – кога косеше „црната чума“! Ќе паднат оставки, се разбира… Што дека? Шампиони во Европа и светот сме! Шест илјади двесте триесет и шест семејства завиткани во црно! Ми се наметнува прашањето: Зошто не покажавме – и понатаму не покажуваме – барем малку пиетет? Зошто толку грозничаво инсистирање на кафани, журки, свадби, хедонизам? А, истовремено, тука покрај нас, се слушаат ужасни претсмртни крици во болниците… До таа мера ли сме потонале во тотална, монструозна индиферентност кон несреќата, смртта на ближниот? Од каде толку егоизам и отсуство на емпатија? Перверзен танц на Танатос и Ерос! Но, не е тоа тема на постов! Темата е – зошто баш ние шампиони во смрт да бидеме? Многу причини се спомнуваат. Не биле доволно добри мерките! Народот не ги почитувал! Најлошо општо здравје сме имале! Доцна барале лекарска помош болните! Но, прво срамежливо, па сѐ погласно, почна да се спомнува и една друга причина – отсуство на единствени протоколи (упатства) за третман на болни од КОВИД-19. Но, тука на сцена е она бекетовско чекање на Годо! Петстотини и триесет дена (или нешто повеќе) го чекаме, а тој никако да дојде! Се огласи – конечно – Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) – точно пред седумнаесет дена… со задоцнување од петстотини и тринаесет дена – затоа што беше прозвана. Ги повика надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија, „во услови на непостоење на национални протоколи“ (значи, признава дека нема протоколи!) „да споделат со јавноста стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми, како би можело граѓаните заклучоци и ставови да градат на точни факти, а не на дезинформации.“ Да споделат стручни ставови!? А зошто не ги повика да изготват протоколи за третман на ковид!? Зошто се бега од протоколи? Зарем досега не стана јасно дека без протоколи голем дел од нашиве доктори се снаоѓаат како „риби на суво“? Слушам по медиуми – тврдат некои – протоколи сме имале!? А зошто тогаш ЛКМ во својот проглас вели дека национални протоколи немаме!? Ај, да речеме, ги има… можно ли е, во тие „протоколи“ да пишува дека основен елемент на третманот на ковид се антибиотици од широк спектар!? Зашто, секому досега му стана јасно дека мнозинството доктори – на сите нивоа на здравствена заштита – на болни од ковид – нехоспитализирани и хоспитализирани – ординираат антибиотици… многу често дури по два, многу често двојни дози (Сумамед) – па и тројни? Дури и на деца! Во кој протокол во светот пишува дека антибиотиците се столб на третманот на ковид? Во никој! Ако такви протоколи навистина сме имале – фрлете ги во канта! Но, настрана протоколите… И без нив, ако имаат диплома од Медицински факултет, зарем нашиве доктори (не сите, се разбира) не знаат дека антибиотици не делуваат на вируси? Зарем не знаат дека антибиотик не се дава само за позитивен ПЦР тест? Или само за „црвено грло“? Или само за сува кашлица? Или за растечен нос? Зарем не знаат дека не се дава „за да не се спушти на плуќа“? Зарем не знаат дека антибиотик не се дава дури и при присутна атипична (вирусна) пневмонија, ако нема доказ во крвната слика за присуство на бактериска инфекција? Зошто буквално се апстрахира крвната слика? Зарем не знаат дека основен столб на одбраната на организмот е сопствениот имунолошки систем? Зарем не знаат дека тој е под „команда“ на цревната бактериска флора? Зарем не знаат каков масакр прават антибиотиците на таа флора? Зарем не знаат дека тогаш, како последица, доаѓа до компромитација на имуниот одговор и единствената одбрана против вирусот е на колена? И дека тогаш вирусот буквално може да збесне, како во „авлија без кучиња“? Зарем не знаат дека без заштитната улога на цревните бактерии, лесно се накалемуваат бактерии резистентни на антибиотици – и не само тие? За тогаш буквално да се направи „од готово вересија“… заради што и непотребно се умира, нели! На што се должи оваа епидемија на ординирање антибиотици на ковид пациенти – и амбулантски и хоспитализирани? Заради незнаење? Заради конформизам ли, затоа што знаат дека тоа го очекуваат пациентите од нив? Зашто, кај луѓето постои став дека ако доктор не им даде антибиотик, тој не е добар доктор? Зошто, наместо да бидат конформисти, докторите од примарна здравствена заштита не го одберат потешкиот пат – да го едуцираат народот? Нели основна мисија на примарните доктори (и не само нивна) е здравствено да го просветуваат населението и грижа за здравјето, а не лекување на изгубеното здравје (to care not to cure)? Зарем лекување е давање антибиотици за вирусна инфекција – дури и на деца? Јас ќе речам – труење е! Зарем е можно некои да се водат и од лукративни мотиви? Зошто едукативно не делуваат – голем дел од нив – и на полето на вакцинацијата? Зошто сѐ уште има невакцинирани доктори? Зошто такви има дури и на клиниките? Како може да има само околу 85 проценти вакцинирани доктори? Зошто не дадат личен пример? Како тогаш да очекуваме обичните луѓе да ни веруваат и да се вакцинираат без скепса и страв? Зошто има доктори кои дури и ги одвраќаат луѓето од вакцинирање? Зошто… Има многу „зошто“. Во таков амбиент, се создава плодна почва за теории на заговор! Теории на „мијазма“ на 21 век! Секако, не смееме да генерализираме. Има многу светли примери меѓу колегите. Мислев дека тие се мнозинство. За жал, малцинство се тие… За нив, секоја чест! Капа долу! Но, неколку ластовици не ја прават пролетта… Што да се прави? Мораме да се разбудиме од летаргијата. Мораме да ја сопреме инерцијата која води во бездна! Мораме да покажеме дека Хипократ не сме го заборавиле! Нека се разбудат стручните здруженија при Македонското лекарско друштво. Еснафот е на потег! Нека седнат заедно, нека ги изанализираат состојбите. Нека направат работна група составена од инфектолози, пулмолози, анестезиолози. Конечно да дојде на светло на денот национален протокол, упатство – наречете го како сакате – за третман на болни од КОВИД-19 на сите нивоа на здравствена заштита. Макар со задоцнување од петстотини дваесет и кусур дена. Подобро некогаш, отколку никогаш. А Министерството за здравство да се грижи тие протоколи да се спроведуваат стриктно од секој доктор во Македонија! Во меѓувреме, го чекаме Годо… Се надевам, нема долго. За животи се работи! Во продолжение, нудам на увид две упатства како урнек – едното од Светската здравствена организација и другото од Националните институти за здравје во Соединетите Американски Држави. Во ниту едно од нив не се спомнуваат антибиотици во основните протоколи, освен ако постои индикација за бактериска пневмонија!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-doktor-danilovski-chekajkji-go-godo/feed/ 0
Епидемиолог Даниловски: Настава во живо ако родителите се вакцинирани, а децата секоја недела да се тестираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolog-danilovski-nastava-vo-zivo-ako-roditelite-se-vakcinirani-a-decata-sekoja-nedela-da-se-testiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolog-danilovski-nastava-vo-zivo-ako-roditelite-se-vakcinirani-a-decata-sekoja-nedela-da-se-testiraat/#respond Wed, 11 Aug 2021 17:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=549370

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека настава во живо од први септември, кога почнува новата учебна година, би била изводлива само ако родителите и членовите на најтесното семејство, баби и дедовци, на ученикот бидат вакцинирани. -Ако продолжи динамиката со бројките на заболени од коронавирусот, наставата во живо би била изводлива само ако родителите на сите деца бидат вакцинирани и доколу на децата им се обезбеди секоја недела да се проверуваат со брзи антигенски тесови. Децата не би ги вакцинирал освен со Фајзер. Само децата со хронички здравствени проблеми кои се под висок ризик доколку се заразат со вирусот. Јас децата не би ги ставил во приоритетна група од причина што е недозволиво да се вакцинираат деца и со нив да се прави колективен имунтет, а истовремено во државата да нема опфат од 50% вакцинирани граѓани. Прво треба да се вакцинираат возрасните, рече Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolog-danilovski-nastava-vo-zivo-ako-roditelite-se-vakcinirani-a-decata-sekoja-nedela-da-se-testiraat/feed/ 0