Драган Гајиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Jun 2021 10:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Драган Гајиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Фаза Темно“ изложба на Драган Гајиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/faza-temno-izlozba-na-dragan-gajikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/faza-temno-izlozba-na-dragan-gajikj/#respond Mon, 21 Jun 2021 10:18:23 +0000 https://kurir.mk/?p=526040

Патувањето низ кое Драган Гајиќ чекори во изложбата Фаза: Темно побудува чувства на притаени моменти естетизирани во мигот на улов. Уникатноста на неговата театарска фотографија е во визуелниот јазик кој го користи, во интимната средба што ја има со секој актер, во поставеноста на сите елементи во композицијата и во драматиката која ја носи секоја од нив, но и заедно. Фотографиите работени во периодот од 2015 до 2020 година се приказ кој во длабочината и бојата на темнината создаваат композиција на обмислена идеја, длабоки чувства и акцентиран микрокосмос. Врската на Гајиќ со театарот е интимна приказна, каква што е и секоја вистинска приказна. Тоа е приказна низ фотографии кои излегуваат од полето на кое припаѓаат: документаристичка која има за цел да го зачува мигот на претставата која ја има во одреден временски/сценски простор. Таа сега станува уметничка експресија, зачувана рефлексија, исечок од театарската магија ... Оној исечок во кој актерот преку неговиот лик/поза/трансформација станува слика која зборува илјада зборови." Драган Гајиќ е роден во Скопје, 1967 год. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности- отсек камера. Постдипломските студии за Фотографија и маркетнг ги завршил на NSSR NY New York. Во периодот 2000-2020 има низа професионални ангажмани во филмови и копродукциски проекти како асистент на камера, во Македонија и во странство. Директор е на фотографија во повеќе македонски серии, документарни филмови, ТВ филмови, реклами и музички спотови, а покрај тоа работел и на рекламни кампањи, едиториали, каталози и сл. Со фотографија се занимава од своја 6 годишна возраст кога татко му Душан Гајиќ, директор на фотографија на многу филмови во тогашната СФРЈ, ќе му подари два апаратa: Зенит лајка формат од руско проиводство и Тауер апарат од американско производство за филмови со голем формат. Изложби на фотографија: Дипломска изложба - NSSR NY New York Самостојна изложба - SUBWAY New York Самостојна изложба – Сезона 1 епизода 1 (S1E1)–Скопје Македонски народен театар Заеднички изложби - National Geographic - Македонија Мала Станица и други меѓународни и интернет изложби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/faza-temno-izlozba-na-dragan-gajikj/feed/ 0