драган ѓилас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 13:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png драган ѓилас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓилас го повика Вучиќ да го соопшти датумот на белградските и парламентарните избори како што ветил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gilas-go-povika-vuchik-da-go-soopshti-datumot-na-belgradskite-i-parlamentarnite-izbori-kako-shto-vetil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gilas-go-povika-vuchik-da-go-soopshti-datumot-na-belgradskite-i-parlamentarnite-izbori-kako-shto-vetil/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=820092

Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска го повика претседателот на државата и Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, да го каже точниот датум кога ќе се одржат вонредните белградски и вонредните парламентарни избори, истакнувајќи дека „Србија е на пресвртница“, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓилас на прес-конференција потсети дека пред точно една година се одржаа изборите во Белград, на кои СНС доби 70.000 гласови помалку од опозицијата. -Вучиќ тогаш јавно вети дека во април ќе има повторени избори во Белград, но гледате дека ги нема, рече Ѓилас. „Граѓаните на Белград и на цела Србија имаат право да донесат одлука дали сакаат европска престолнина и европска Србија или сметаат дека треба да останеме надвор од европскиот континент на кој историски и цивилизациски припаѓаме. Сигурен сум дека на тие избори, кога и да ги свика Вучиќ, граѓаните на Белград и Србија ќе донесат правилна одлука, рече Ѓилас. Тој посочи дека Вучиќ јавно ветил, по минатогодишниот разговор со него, дека во април ќе се одржат вонредни избори во Белград, но ги „излажал“ граѓаните. -Во лице му кажав на Вучиќ дека неговата власт во Белград не е легитимна. Како претседател на најсилната опозициска партија и како поранешен градоначалник презедов одговорност; да ја заштитам волјата на граѓаните на Белград, а тој тогаш јавно вети дека во Белград ќе има вонредни избори, истакна Ѓилас. На прашањето со кои опозициски партии ССП е подготвена да соработува, тој рече со оние кои споделуваат „слични вредности и ја гледаат Србија во Европа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gilas-go-povika-vuchik-da-go-soopshti-datumot-na-belgradskite-i-parlamentarnite-izbori-kako-shto-vetil/feed/ 0
Ѓилас до Меркел: Земи го Вучиќ со себе, ти го донесе на власт! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjilas-do-merkel-zemi-go-vuchikj-so-sebe-ti-go-donese-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjilas-do-merkel-zemi-go-vuchikj-so-sebe-ti-go-donese-na-vlast/#respond Mon, 13 Sep 2021 14:05:28 +0000 https://kurir.mk/?p=563076

Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, и порача денеска на германската канцеларка Ангела Меркел „дека би било фер сега кога ја напушта политиката, со себе да го земе и Александар Вучиќ бидејќи го донесе на власт и постојано го одржува на власт“, објави агенцијата Бета. -Меркел е историска фигура, која означи една епоха на Германија и Европа. Многу работи ќе останат зад неа, но како наследство ќе останат и Орбан, Јанша и Вучиќ. Со нејзина поддршка тој дојде на власт, таа го доведе на власт, изјави Ѓилас пред зградата на Претседателството на Србија, каде им се обрати на новинарите во врска со противтужбата поднесена против него од претседателот Вучиќ. Ѓилас посочи дека тогашниот претседател Борис Тадиќ, во присуство на Меркел, одби да ја повлече полицијата од северот на Косово, но, како што нагласи, Вучиќ го прифати тоа, по што ги повлече судовите и направи многу други работи. Според него, „за возврат, Меркел и поголемиот дел од Европа не го гледаат уништувањето на институциите, демократијата, слободата во Србија“. Ѓилас истакна дека очекува на изборите во Германија победа на социјалдемократите, нова германска влада, „која навистина ќе се занимава со цела Европа и овој регион“. -Ајде да излеземе од лицемерниот однос. Ако навистина сакате овој регион и Србија да бидат дел од Европската унија, ајде да работиме заедно. Ако не сакате, престанете да ги усвојувате извештаите на Европската комисија кога нема никакви последици за оние што ги кршат сите европски норми, додаде Ѓилас, во пресрет на денешното пристигнување на канцеларката Ангела Меркел во Белград. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjilas-do-merkel-zemi-go-vuchikj-so-sebe-ti-go-donese-na-vlast/feed/ 0
Партијата на Ѓилас ќе ги бојкотира изборите во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-gjilas-kje-gi-bojkotira-izborite-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-gjilas-kje-gi-bojkotira-izborite-vo-srbija/#respond Mon, 02 Sep 2019 07:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=235911

Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас донесе одлука да ги бојкотира следните парламентарни избори во Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас на почетокот на седницата на Главниот одбор на партијата, рече дека одлуката за бојкот не е одлука за тоа дали да се гласа или не, за бројот на мандати или за финансиските средства што ги добиваат партиите при влегувањето во собранието, туку е одлука за спротивставување, на отпор на „заробената држава“. -Во овие околности, кога постои еден обвинител, судија и една вистина, каде постои страв кај луѓето да покажат слободна волја, не постои можност ССП да учествува на вакви избори, изјави Ѓилас, додавајќи дека одборот ја поддржал одлуката на претседателство од пред два месеци партијата да остане доследна на она што го ветила преку Договорот со народот и дека во сегашните околности нема да излезе на избори. -Во Србија непостојат изборни услови. Претседателот Александар Вучиќ може 100 пати да испрати порака дека „на власт се доаѓа со поддршка на народот и на избори“. Ние тоа го знаеме, но бараме народот да ги слушне и да ги види луѓето кои размислуваат поинаку, не само опозициски политичари, туку и научниците, работниците, академиците, лекарите “, рече Ѓилас. За идејата за преодна влада, Ѓилас рече дека идејата е покрената на таков начин што Александар Вучиќ на неа може да одговори и опозицијата да се подели. -Ние имаме 42 барања што ги поддржуваме, потребно е да се создаде механизам за нивно спроведување. Без разлика дали станува збор за модел на техничка влада што беше во Македонија или Црна Гора, мислам дека се уште е рано за тоа да се разговара. Но, ако сакате да ја намалите агресијата и да станеме нормална земја, тогаш веројатно ќе дојдеме до некоја форма што ќе гарантира некои работи и ќе ги намали тензиите, рече Ѓилас. Тој рече дека членовите на ССП се оние кои веруваат во ЕУ и затоа се погодени од некои пораки што доаѓаат од таа заедница. Затоа ја испраќаат истата порака до граѓаните, меѓународната заедница и Европа – дека за Србија, како што тие ја гледаат, ќе се изборат сами и дека нема да му должат на никој ништо, а кога ќе дојдат на власт, ќе инвестираат во луѓето, ќе ги зголемат платите, ќе ги вратат во државна сопственост рудните и шумските ресурси. Ѓилас кажа дека очекува до 15 септември и другите членки на Сојузот за Србија (СзС) да донесат иста одлука, додавајќи дека очекува одлука за бојкот и од сите други групации кои се вистинска опозиција во Србија. Досега од членките на коалицијата на СзС, одлука за бојкот на престојните паламентарни избори имаат донесено Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Двери на Бошко Обрадовиќ, а се очекува наскоро тоа да го стори и Демократската странка (ДС). МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-gjilas-kje-gi-bojkotira-izborite-vo-srbija/feed/ 0
Блиц: Ѓилас бара од СзС одлука за бојкот на изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blic-gjilas-bara-od-szs-odluka-za-bojkot-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blic-gjilas-bara-od-szs-odluka-za-bojkot-na-izborite/#respond Tue, 16 Jul 2019 05:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=218849

Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас на состанок побара од сите членки на Сојузот за Србија (СзС) што побрзо да донесат одлука за бојкот на претстојните парламентарни избори, пишува Блиц. Весникот потсетува дека првиот состанок на оваа тема се одржа пред десет дена и дека Ѓилас и тогаш го спомна истото, но дека не наиде на поддршка. -Ѓилас рече дека е јасно дека Александар Вучиќ нема ништо да смени, дека нема намера да исполни ниту еден од условите на опозицијата и дека затоа треба да се излезе во јавност со одлука за бојкот на изборите, пишува Блиц, повикувајќи се на извор кој присуствувал на состанокот. Како што се наведува, не биле сите согласни за тоа. -Претставниците на Демократската партија и Двери, Зоран Лутовац и Бошко Обрадовиќ сметаат дека треба  да се почека неколку месеци или барем септември, да поминат годишните одмори за да се донесе таква голема и важна одлука, додава соговорникот. Според него, постои можност Ѓилас, со инсистирање за бојкот на редовните избори, кои се за девет месеци, да се обиде да изврши притисок на власта за да попушти и да ги исполни барањата на опозицијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blic-gjilas-bara-od-szs-odluka-za-bojkot-na-izborite/feed/ 0
Српскиот опозиционер Ѓилас на протестите против Вучиќ доаѓа во лимузина од 100.000 евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-opozicioner-gjilas-na-protestite-protiv-vuchikj-doagja-vo-limuzina-od-100-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-opozicioner-gjilas-na-protestite-protiv-vuchikj-doagja-vo-limuzina-od-100-000-evra/#respond Sun, 24 Mar 2019 20:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=178440

Драган Ѓилас ги предводи протестите во Србија против претседателот Александар Вучиќ. Тој бара Вучиќ да си замине од власт, но притоа не сака да има избори бидејќи рејтингот на опозицијата е многу низок. Ѓилас е еден од најбогатите луѓе во Србија чие богатство се проценува на стотина милиони евра. Тој пред неколку денови во Белград беше забележан како по протестот влегува во лимузина БМВ чија цена е околу 100.000 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-opozicioner-gjilas-na-protestite-protiv-vuchikj-doagja-vo-limuzina-od-100-000-evra/feed/ 0
Заев остварил средба со српскиот опзициски лидер Ѓилас: По два дена молк, од Владата открија за што било разговарано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ostvaril-sredba-so-srpskiot-opziciski-lider-gjilas-po-dva-dena-molk-od-vladata-otkrija-za-shto-bilo-razgovarano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ostvaril-sredba-so-srpskiot-opziciski-lider-gjilas-po-dva-dena-molk-od-vladata-otkrija-za-shto-bilo-razgovarano/#respond Wed, 20 Feb 2019 16:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=166168

Македонската јавност не беше информирана дека премиерот Зоран Заев остварил средба со српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас. За оваа средба дознавме од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој остро говореше за разговорите кои можат да ги водат овие двајца политичари. Со цел, јавноста да добие информации дали имало ваква средба и ако да, за што се разговарало на истата, КУРИР вчера испрати прашање до Владата. Од таму, одговор добивме денес, а истиот ви го пренесуваме во целост: -Премиерот Зоран Заев одржа средба со Драган Ѓилас на почетокот на оваа недела. Владата на Република Северна Македонија со сите свои активности укажува дека единствена намера е градење на добрососедски релации засновани на пријателство, економски развој и просперитет на целиот регион вклучувајќи ја и Србија како наш сосед, стои во одговорот кој Владата го испрати до редакцијата на КУРИР. За средбата во Скопје, од македонската Влада немаше ниту опфицијална најава ниту соопштение по нејзиното одржување, иако според соопштението на опозицискиот Сојузот за Србија, стои дека Ѓилас во земјава пристигнал на покана на премиерот Заев. „Ѓилас го запозна Заев со актуелната ситуација во Србија, како и со двомесечните граѓански протести. Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности. Заев и Ѓилас договорија соработка помеѓу СДСМ и организацијата која ќе ја формира Ѓилас во следниот период“-пренесе српскиот медиум. Вучиќ на оваа тема оцени: „Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките активности против Србија, простор каде се обезбедува финансирање и поддршка на шпионите од целиот регион. Скопје стана простор од кој доаѓаат и ќе доаѓаат нападите врз Србија и претседателот Вучиќ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ostvaril-sredba-so-srpskiot-opziciski-lider-gjilas-po-dva-dena-molk-od-vladata-otkrija-za-shto-bilo-razgovarano/feed/ 0
Вучиќ откри дека Заев остварил средба со Ѓилас, Владата молчи пред македонската јавност: Што зборувале, па мора да кријат? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-otkri-deka-zaev-ostvaril-sredba-so-gjilas-vladata-molchi-pred-makedonskata-javnost-shto-zboruvale-pa-mora-da-krijat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-otkri-deka-zaev-ostvaril-sredba-so-gjilas-vladata-molchi-pred-makedonskata-javnost-shto-zboruvale-pa-mora-da-krijat/#respond Tue, 19 Feb 2019 17:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=165725

Српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава за медиумите ја коментираше средбата на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас со премиерот Зоран Заев. Но, за таква средба, македонската јавност воопшто не е информирана. Од Владата праќаат соопштенија за сите средби на Заев, со детали од разговорите и фотографии. Поради ова, се поставува прашањето поради што ја премолчуваат оваа средба? КУРИР денес постави прашања: „Зошто вие како Влада не ја информиравте јавноста за таа средба? Кога се одржала истата и за што било разговарано“? Но, како и вчера кога прашувавме за најавената, а не реализирана инвестиција, така и денес, прес службата на Владата не испраќа одговори на новинарските прашања. Инаку,  Вучиќ денеска изјави дека „нема ништо против“ средбите на лидерите на опозицијата во Србија со странски високи претставници. -Немам ништо против тоа. Тој се виде и со Сандуловиќ, тоа е веројатно истото друштво… Имаше уште некои контроверзни бизнисмени таму на вечерата. Но, тоа е се во ред, нормално… Се состануваат претставници на власта со опозицијата, власт со власта… што е тука чудно сега, сè е во ред, изјави Вучиќ запрашан да ја коментира средбата на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас со премиерот Зоран Заев, како и за тоа „дали Скопје е станат нов центар за уривање на неговата власт“. Тој во изјава за Вечерни новости ја обвини земјава дека станала центар на разузнавачки активности за уривање на власта во Србија. „Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките активности против Србија, простор каде се обезбедува финансирање и поддршка на шпионите од целиот регион. Скопје стана простор од кој доаѓаат и ќе доаѓаат нападите врз Србија и претседателот Вучиќ“ За средбата во Скопје, од македонската Влада немаше ниту опфицијална најава ниту соопштение по нејзиното одржување, иако според соопштението на опозицискиот Сојузот за Србија, стои дека Ѓилас во земјава пристигнал на покана на премиерот Заев. „Ѓилас го запозна Заев со актуелната ситуација во Србија, како и со двомесечните граѓански протести. Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности, Заев и Ѓилас договорија соработка помеѓу СДСМ и организацијата која ќе ја формира Ѓилас во следниот период“-пренесе српскиот медиум. Српската јавност дозна од својот претседател за оваа средба, но македонската јавност нема одговори. Што толку таинствено се зборувало на средбата за која Владата на Заев не сака да се знае, останува отворено прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-otkri-deka-zaev-ostvaril-sredba-so-gjilas-vladata-molchi-pred-makedonskata-javnost-shto-zboruvale-pa-mora-da-krijat/feed/ 0