драган миновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Jul 2019 12:47:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png драган миновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драган Миновски разрешен поради вработувањето на синот на Мира Дизел и ќерката на Талат Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragan-minovski-razreshen-poradi-vrabotuvanjeto-na-sinot-na-mira-dizel-i-kjerkata-na-talat-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragan-minovski-razreshen-poradi-vrabotuvanjeto-na-sinot-na-mira-dizel-i-kjerkata-na-talat-dzaferi/#respond Wed, 17 Jul 2019 12:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=219424

Драган Миновски денеска беше предложен за разрешување од страна на премиерот Зоран Заев како директор на најбогата државна компанија АД ЕЛЕМ, а тој на својот профил на Фејсбук меѓу редови објави дека си заминува и поради вработувањето на Виктор Стојчевски, синот на пратеничката Мира Стојчевска. За време на неговото директорување беа вработени и други блиски на функционери од политиката, а случаите беа испитувани од Државната комисија за спречување на корупцијата, како ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, сопругата на шурата на министерот Крешник Бектеши и синот на Тахир Хани, заменик-секретарот на Владата. „Кога се работи, некогаш и се греши. Со цел да напредуваме и повеќе млади луѓе да вработуваме и задржиме во нашата земја, направиме и неколку пропусти во делот на вработувањата, за што јавноста некогаш со право не напаѓаше, но некогаш поради недоволно информации, бевме безправно напаѓани. Свесен дека секој почеток има и свој крај, како што и веќе сте информирани од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата Претседател на Управниот Одбор и директор на АД Електрани на Северна Македонија - АД ЕСМ. Дозволете ми на СИТЕ Вас да Ви се заблагодарам за досегашната соработка, за Вашата посветеност, за искрените желби и напори да излеземе како побединици од сите ситуации и да Ви посакам добро здравје Вам и на Вашите најмили, но и да Ви посакам уште многу, многу успеси во животот, како на професионален, така и на приватен план. Ви благодарам и од се срце може да кажам дека беше чест и задовоство да се работи со секој од Вас!“, порача Миновски на својот профил. Миновски додава дека минатат година Ад ЕЛЕМ направил рекордна добивка, но и дека разрешувањето ќе му дојде добро за да им посвети повеќе време на своите најблиски. „Во изминатите 1 година и 11 месеци заедно поминавме многу добри, но и стресни моменти. Заедно успеавме да го направиме најдобриот резултат од постоењето на АД ЕСМ и за прв пат да направиме профит од над 29 милиони ЕУР. Успеавме да го стабилизираме производството и да го зголемиме во 2018, но и да проектираме и да се држиме до планот од 10% раст во 2019 година, со реални шанси да биде и уште поголемо. Долго ќе остане во сеќавање и почетокот на 2018 година кога со денови и ноќи заедно со колегите од РЕК Битола се трудевме да ископаме што е можно повеќе јаглен и да ги пребродиме проблемите кои ги имавме со лизгање на земјиштето, но и со откажувањето на економскиот оператор од ископот на јаглен и се тоа со цел да нема увоз на електрична енергија и да произведеме што е можно повеќе. Ќе се сеќавам и на уште бројни стресни моменти кои заедно со Вас, но и со подршка на моето семејство и на Пријателите, кои никогаш не ме оставија, успеавме да ги пребродиме и успешно да чекориме напред. Ќе се сеќавам и на прашањата и на очињата на моите две ќеркички кога ќе си дојдев доцна дома и на моите одговори дека само со напорна, чесна и искрена работа, со Вас драги колеги, работиме на подобра иднина за нив, за Вашите деца, но и за сите граѓани на нашата земја“, вели Миновски во дел од неговото објаснување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragan-minovski-razreshen-poradi-vrabotuvanjeto-na-sinot-na-mira-dizel-i-kjerkata-na-talat-dzaferi/feed/ 0
Мицкоски за обвинувањата од ЕЛЕМ: Миновски ако не се извини, следува тужба, ова е обид да се одвлече вниманието од коруптивните бизниси на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-obvinuvanjata-od-elem-minovski-ako-ne-se-izvini-sleduva-tuzba-ova-e-obid-da-se-odvleche-vnimanieto-od-koruptivnite-biznisi-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-obvinuvanjata-od-elem-minovski-ako-ne-se-izvini-sleduva-tuzba-ova-e-obid-da-se-odvleche-vnimanieto-od-koruptivnite-biznisi-na-vlasta/#respond Sun, 15 Apr 2018 15:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=40991

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по обвинувањата од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски на денешната прес-конференција. Мицкоски вели дека прес конференцијата на Миновски е наменета за одвлекување на вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија. -Миноски призна дека помалку произведуваат од истиот период минатата година и тоа за 10%, имаат прелив и притоа губат значителни количини електрична енергија и немаат развојна политика. Миноски со лаги, клевети и измислени тези упатени кон мене сака да ја покрие вистината за тоа како најпрво поништуваат тендери, и наместо вториот најповолен понудувач со веќе објавена цена се избира иситата таа фирма но овој пат со далеку повисока цена, и во договор во 4 очи, како се прави оглас за милионски тендери со услови кои може да ги исполни само една компанија, и како тие услови преку ноќ се менуваат само за да се покрие скандалот и ред други неправилности кои повлекуваат сомнежи за сериозен криминал, пишува Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и како ништо од ова да не е важно за раководството на ЕЛЕМ и Владата, но важни се клеветите и измислените информации упатени кон него. -Затоа колега Миноски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно се што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка. Одите во погрешен правец и ве советувам пола од енергијата која ја трошите да ме извалкате со невешто читање на напишани соопштенија да сработите нешто за доброто на татковината, за граѓаните за ЕЛЕМ. За сите злоупотреби кои ги исполнувате за вашите нарачатели ќе одговарате и ќе одговарате многу скоро, пишува Мицкоски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-obvinuvanjata-od-elem-minovski-ako-ne-se-izvini-sleduva-tuzba-ova-e-obid-da-se-odvleche-vnimanieto-od-koruptivnite-biznisi-na-vlasta/feed/ 0