драги ѓоргиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 20:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png драги ѓоргиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓоргиев: Не е работа на Историската комисија да дава видување за идентитетот на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgiev-ne-e-rabota-na-istoriskata-komisija-da-dava-viduvane-za-identitetot-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgiev-ne-e-rabota-na-istoriskata-komisija-da-dava-viduvane-za-identitetot-na-gotse-delchev/#respond Tue, 04 Apr 2023 20:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=820269

Во македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев, ниту пак има сериозни дискусии околу тоа прашање, изјави копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев. - Ние веќе рековме дека оваа Комисија, не е Комисија која што треба да го реши идентитетот на Гоце Делчев. Апсолутно не е работа на Комисијата во својот текст да истакне некакво свое видување за идентитетот на Гоце Делчев. И тоа нема ниту да се случи, бидејќи ако ние го славиме Гоце Делчев, тогаш славењето на таа личност треба да биде на други основи и на други вредности, а не дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, изјави вечерва Ѓоргиев во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма. Ѓоргиев изјави дека Комисијата нема листа на историски личности за кои би предложила заедничко чествување, но информира дека од членовите на нашиот тим било предложено да се организира заедничко чествување на Холокаустот, но не наишле на подготвеноста за нешто такво од страна на бугарските историчари. Тој нагласи дека на последните заседанија на Комисијата главна преокупација биле учебниците и членовите на ова тело сакаат да ги надминат забелешките за средниот век за да можеме да продолжат понатаму со работата. Според него, интересот на јавноста за работата на Комисијата опадна во последно време, поради што и по последната средба одржана минатиот четврток и петок во Скопје не излегле со соопштение. - Соопштение немаше, не затоа што ние не сакавме да дадеме, но навистина немаше интерес ниту од медиумите, ниту од јавноста, изјави академик Ѓоргиев. Тој истакна дека и за самите членови на Комисијата е подобро да работат во една помирна атмосфера, без преголем фокус на јавноста врз нивното работење. - Не само оваа, туку и претходните средби во Софија и во Скопје, минаа со многу мал интерес на јавноста. Не е толку до немањето желба кај Комисијата да нема општење со јавноста, повеќе јавноста и медиумите не се интересираат за работата на комисијата и очигледно имаат други теми кои се погорливи од нашата работа, заклучи Ѓоргиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgiev-ne-e-rabota-na-istoriskata-komisija-da-dava-viduvane-za-identitetot-na-gotse-delchev/feed/ 0
Ѓоргиев: Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-komisijata-po-sekoja-cena-nema-da-nosi-reshenija-za-istoriskite-nedorazbiranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-komisijata-po-sekoja-cena-nema-da-nosi-reshenija-za-istoriskite-nedorazbiranja/#respond Mon, 15 Aug 2022 12:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=718784

Никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања, изјави Драги Ѓоргиев, копретседателот на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија на денешната прес – конференција, потврдувајќи дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата. – Ние никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме. Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија по секоја цена мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија, рече Ѓоргиев на новинарско прашање на прес-конференцијата која уследи по брифингот одржан во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје. Тој додаде дека Комисијата не расправа за тоа како историографиите гледаат на одредени личности и настани, туку за тоа како се тие презентирани во учебниците по историја во двете земји и дали е потребно нивно поинакво презентирање во бугарските учебници и во македонските учебници. – Ние не расправаме за тоа како историографиите гледаат на одредени личности и настани. Историографијата ќе си ја продолжи својата работа со истражување, историчарите ќе ги презентираат своите видувања за настани и за личности онака како што тие мислат. Комисијата на никој начин нема да влијае врз историографијата, врз пишувањето на историските книги, врз истражувањата итн. Комисијата ќе се фокусира на учебниците по историја со цел да  придонесе да се надминат одредени недоразбирања кои постојат во учебниците за да се релаксираат односите меѓу двата народи, меѓу двете држави, рече Ѓоргиев.  Прашан во однос на тоа како ќе ги исполнат роковите за постигнување резлултати од нејзината работа, кои се содржани во Протоколот што го потпишаа министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Ѓоргиев е дециден дека тој документ содржи само охрабрување од политичарите, но динамиката на работата и постигнувањето резултати ќе зависи од членовите на Комисијата.  – Рокови во однос на постигнување резултати на Комисијата имаше и порано, и тоа е начин на кој размислуваат политичарите. Тие сакаат да постигнат резултати. Меѓутоа таму не стои во Протоколот императивно кога ние мора да ги завршиме тие прашања од средниот век. Таму стои охрабрување да се заврши за одреден период. Комисијата има своја динамика на работа, свој начин на работа, и се додека двете страни не утврдат дека е постигнат резултат согласно академските принципи, согласно последните историски истражувања, резултати од последните историски истражувања, ние нема да излеземе со готов производ, препорака во однос на учебниците. Така да, ние ги земаме во предвид охрабрувањата од политичарите, но динамиката на работата и постигнувањето резултати ќе ја диктираме ние, подвлекува Ѓоргиев.  Во однос на учебниците, тој појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. – Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече копретседателот на македонскиот тим во Заедничката комисија за историски и образовани прашања Драги Ѓоргиев.  Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања усвои препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Препораките денеска се објавени на веб-страницата на македонското МНР.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-komisijata-po-sekoja-cena-nema-da-nosi-reshenija-za-istoriskite-nedorazbiranja/feed/ 0
Именувањето на бугарскиот клуб во Битола е смислена и арогантна провокација, смета Ѓорѓиев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imenuvanjeto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smislena-i-arogantna-provokacija-smeta-gjorgjiev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imenuvanjeto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smislena-i-arogantna-provokacija-smeta-gjorgjiev/#respond Mon, 18 Apr 2022 18:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=664943

Ванчо Михајлов е историска личност која негативно се доживува кај Македонците поради неговите негаторски ставови за македонската нација. Именувањето на клубот при бугарскиот културен центар во Битола според него е арогантна и смислена провикација, вели копретседателот на мешовитата историска комисија, Драги Ѓорѓиев во изјава на ТВ Канал 5. „Именувањето на клубот е чин кој е спротивен на пријателство, нема никаква врска со културата и ги минира и последните надежи за пристоен дијалог меѓу двете земји. На овој начин се минираат и сè потивките гласови на разумот од двете страни, но претставува и злоупотреба на културата, како една од ретките сфери на мостови меѓу двата народа“, вели Ѓоргиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imenuvanjeto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smislena-i-arogantna-provokacija-smeta-gjorgjiev/feed/ 0
Ѓоргиев: Не бегаме од заедничката историја, но не ја сфаќаме на ист начин со Бугарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-ne-begame-od-zaednichkata-istorija-no-ne-ja-sfakjame-na-ist-nachin-so-bugarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-ne-begame-od-zaednichkata-istorija-no-ne-ja-sfakjame-na-ist-nachin-so-bugarite/#respond Mon, 31 Jan 2022 12:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=625025

Нема промена во реториката и пристапот на бугарската страна и сѐ додека е така, не може да очекуваме напредок во работата на заедничката комисија, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, запрашан да ги коментира последните изјави на бугарскиот копретседавач Ангел Димитров дека во Комисијата нема напредок „поради неподготвеноста на колегите да прифатат дека имаме заедничка историја која почнала во средниот век“. – Колку ќе се овозможи приближување на ставовите зависи и од двете страни, но со ваквите изјави другата страна однапред одредува во која насока ќе одат состаноците. Нема промена во реториката и во пристапот на бугарската страна и сѐ додека е тоа така, не очекуваме дека ќе има придвижување. Кога едната страна ја обвинува другата страна дека не сака да ја прифати апсолутната вистина на првата страна, не може да се очекува напредок во процесот. Бугарската страна инсистира на заедничка историја, воспоставена во средниот век. Ние не бегаме од заедничката историја, но, тоа не треба да се сфаќа на начин како тоа го сфаќа бугарската страна – дека историјата од средниот век до 1945 година е заедничка. Ако е така, тогаш тоа воопшто не е заедничка историја, туку е историја на еден ист народ. Таквиот пристап не е научен, не е историски, тоа е само едно политичко толкување. Со постојанава реторика всушност се минираат исходите на средбите – вели Ѓоргиев за „Слободен печат“. Тој најавува дека дека до крајот на мај е договорено да се одржат три средби. Претходниот договор бил да се одржат до крајот на јуни, но на состанокот во Софија минатата недела било договорено да се скрати рокот, за да може и Комисијата да даде свој придонес во новата динамика на односите на двете држави. – На заедничките разговори неодамна во Софија со колегата Ангел Димитов се договоривме дека годишно можеме да имаме најмногу шест средби, затоа што и меѓу средбите имаме мнногу работа. Пртетходно бевме договорени да имаме по пет средби годишно, сега додадовме плус една – вели Ѓоргиев. Следниот состанок на Комисијата ќе се одржи кон крајот на февруари во Софија, затоа што последната средба во живо беше во Скопје. Ѓоргиев вели дека сакаат колку може повеќе да се гледаат во живо, но тоа ќе зависи од состојбата со пандемијата. Во врска со членот што недостасува во Комисијата, Ѓоргиев вели дека деновиве ќе достават предлог до Министерството за надворешни работи, но Комисијата нема да е комплетирана до следната средба. Комисијата брои еден член помалку од ноември, кога министерот за надворешни работи Бујар Османи го прекина договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев. Копретседавачот од бугарска страна Ангел Димитров за бугарските медиуми изјави дека работата се уште е во средниот век, по предметот што се учи во основно училиште, а по три години работа не стигнале до она што се учи во средно училиште. – Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да прифатат дека имаме заедничка историја која започнала во средниот век. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работата на комисијата и малите постигнати резултати – вели тој. Димитров рече дека инсистирал повторно да се отвори разговорот за Гоце Делчев и изрази жалење дека средбата на комисијата ќе биде по 150-годишнината од раѓањето на Делчев. Македонскиот револуционер Гоце Делчев долго време беше тема на разговори во комисијата, а членовите не успеаа да усогласат заедничка препорака. Досега комисијата има препораки за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј, Климент Охридски и Наум Охридски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-ne-begame-od-zaednichkata-istorija-no-ne-ja-sfakjame-na-ist-nachin-so-bugarite/feed/ 0
Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на новиот состанок на Комисијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/#respond Thu, 03 Dec 2020 06:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=437892

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На претходната средба беа разгледувани и усвоени препораки за бугарските учебници за овие периоди. Тема на разговор ќе биде и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, а средбата ќе се одржи онлајн поради состојбата со Ковид-19, информираат за МИА од Комисијата. На еден ден пред средбата копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров со различни ставови за последните случувања на реалција Скопје-Софија. Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека постојат разлики меѓу политичарите и историчарите. – Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, смета тој. Кажа дека со загриженост ја очекувал новата средба на Комисијата за историски прашања, но изрази надеж дека ќе направат барем еден мал чекор напред. – Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава. Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива. Професорот Ѓоргиев, пак во изјава за Радио Слободна Европа изрази зачуденост од изјавата на неговиот колега, кој меѓудругото кажа и дека бугарската позиција е единствена и политички монолитна, за разлика од македонската. -Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо, вели Ѓоргиев. На последната средба што се одржа во октомври во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, иако на маса биле поставени нови идеи и предлози околу неговиот лик и дело. – Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите, рече Ѓоргиев тогаш по дводвениот состанок. Димитров тогаш со порака дека очекува одговорно однесување кон историските факти за да се постигне ситуација во која нема да има повеќе проблеми. – Идентитетот на Гоце Делчев го определува тој самиот, а не ние. Тој е таков, каков што е. Тој е таков какво што е неговото семејство, средината во која е формиран како личност. Тоа е идентичноста, изјави Димитров. Средбата во октомври беше прва оваа година. Во јуни, Комисијата одржа еден виртуелен состанок на кој се дискутираше за содржината на записникот од деветата средба. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која треба да се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја и да помогне во надминување на различните толкувања, досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век. Досега, за период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил. Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас/7 одделение. Се поврдија проценките и од двете страни дека најмакотрпен период за разгледување ќе бидат токму настаните и личностите од 19 и почетокот на 20 век, периодот на појавата на културни, духовни и политички движења, кои се јавуваат на територијата на земјава, каде што има сериозни разидувања во двете историографии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/feed/ 0
Ѓоргиев: Улогата на Бугарија во 1941 не може да се дефинира поинаку, освен како окупатор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-ulogata-na-bugarija-vo-1941-ne-moze-da-se-definira-poinaku-osven-kako-okupator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-ulogata-na-bugarija-vo-1941-ne-moze-da-se-definira-poinaku-osven-kako-okupator/#respond Thu, 26 Nov 2020 14:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=434860

Во разговор за Канал 5 вели - тоа се лични позиции на политичар, чија цел веројатно била да покрене некакви иницијативи во двете општества. Сепак, за Ѓоргиев улогата на Бугарија во Втората Светска Војна е јасна и таа не била само од административен карактер. -Ставот на Комисијата за присуството на бугарската војска овде е окупација. Бугарија влегува како окупатор, влегува со воена сила и окупира делови од кралството Југославија. Не може поинаку да се дефинира освен како окупација. Секоја сила нели носи и своја администрација, но самиот чин на тогашната бугарска држава не може да се дефинира поинаку., вели за Канал 5, Драги Ѓоргиев, копретседател со мешовитата комисија за историја Целиот текст може да го прочитате на КАНАЛ5]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgiev-ulogata-na-bugarija-vo-1941-ne-moze-da-se-definira-poinaku-osven-kako-okupator/feed/ 0