Драги Канатларовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 11:04:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Драги Канатларовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канатларовски го објави списокот на фудбалери за последните два квалификациски меча против Ерменија и Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-go-objavi-spisokot-na-fudbaleri-za-poslednite-dva-kvalifikaciski-mecha-protiv-ermenija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-go-objavi-spisokot-na-fudbaleri-za-poslednite-dva-kvalifikaciski-mecha-protiv-ermenija-i-ukraina/#respond Tue, 17 May 2022 11:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=677786

Селекторот на Фудбалската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски, го објави списокот на фудбалери за последните два квалификациски меча против Ерменија и Украина. Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. На 2 јуни на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција. – Очекувам од моите фудбалери да го дадат максимумот на секоја средба. Секој натпревар си има посебно значење, првиот дуел го играме против Ерменија, сакаме победа и добар резултат пред домашната публика. Во вториот меч од квалификациите против Украина очекувам да покажеме карактер, добра игра и квалитет, што ќе биде увертира за тоа што не очекува во следниот квалификациски циклус, рече селекторот. Канатларовски за претстојните квалификациски дуели ги повика следните фудбалери: Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица); Одбрана: Блертон Шеји (Шкупи), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар); Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Иван Николов (Вардар), Флорент Рамадани (Шкендија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп). Агон Елези (Вараждин), Методи Максимов (Работнички); Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Дашмир Елези (Шкендија), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија); Во групата Х од квалификациите за пласман на ЕП, лидер е Франција со 19 освоени бодови, Украина е на втората позиција со 13 бодови. Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-go-objavi-spisokot-na-fudbaleri-za-poslednite-dva-kvalifikaciski-mecha-protiv-ermenija-i-ukraina/feed/ 0
Канатларовски: Тимскиот дух е нашиот најголем квалитет https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-timskiot-duh-e-nashiot-najgolem-kvalitet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-timskiot-duh-e-nashiot-najgolem-kvalitet/#respond Wed, 23 Mar 2022 19:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=652222

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги продолжи подготовките во Белград, во пресрет на дуелот од 7. коло во групата Х, во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023. Селекторот Драги Канатларовски шансата за добар резултат со силниот противник ја гледа во тимската хемија што владее кај неговите избраници. – Противникот го почитувам многу, имаат промени во составот и стручниот тим во споредба со средбата во Охрид, но секако поседуваат голем индивидуален потенцијал. Запознаен сум добро со нивните квалитети, селекцијата е составена од фудбалери кои поседуваат огромен индивидуален квалитет. Имаме јасна цел, многу добро знаеме како треба да одиграме, верувам во квалитетот на моите фудбалери, сакам да го пофалам нивното залагање на тренинзите и огромната желба за добар настап и позитивен резултат на претстојната средба. Нашата предност е во тоа што одлично функционираме како тим. Тимскиот дух што го поседуваме може да биде и одлучувачки фактор на утрешната средба. Верувам дека ќе постои огромен мотив за докажување кај двете селекции. Ќе излеземе на терен со јасна цел, да одиграме добро, квалитетно и фокусирано во текот на сите 90 минути. Не смееме да му оставиме многу простор на противникот да се разигра, нека победи подобриот, истакна Канатларовски. Натпреварот против Србија, македонските фудбалери ќе го играат утре во Белград со почеток од 17 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-timskiot-duh-e-nashiot-najgolem-kvalitet/feed/ 0
Канатларовски: Франција е голем фаворит во групата, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-francija-e-golem-favorit-vo-grupata-so-netrpenie-go-ochekuvame-utreshniot-mech/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-francija-e-golem-favorit-vo-grupata-so-netrpenie-go-ochekuvame-utreshniot-mech/#respond Mon, 15 Nov 2021 21:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=595876

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработи последниот официјален тренинг пред утрешниот меч против силната селекција на Франција во рамките на 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија. Селекторот Драги Канатларовски вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против „триколорите“. – Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција, истакна Канатларовски. Во досегашниот тек од квалификациите „црвено-жолтите“ имаат забележано една победа, три нерешени средби и еден пораз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-francija-e-golem-favorit-vo-grupata-so-netrpenie-go-ochekuvame-utreshniot-mech/feed/ 0
Канатларовски: Фудбалерите се мотивирани да одиграат добар натпревар против Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-fudbalerite-se-motivirani-da-odigraat-dobar-natprevar-protiv-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-fudbalerite-se-motivirani-da-odigraat-dobar-natprevar-protiv-srbija/#respond Tue, 07 Sep 2021 08:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=560449

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес од 16 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија. Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман. – Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да одиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема. Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност, изјави Канатларовски за веб-страницата на ФФМ Во Х-групата, покрај дуелот во Охрид, денес на распоредот е и натпреварот меѓу Украина и Ерменија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanatlarovski-fudbalerite-se-motivirani-da-odigraat-dobar-natprevar-protiv-srbija/feed/ 0