Драгиша Гудељ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 08:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Драгиша Гудељ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Не можам да ги гледам моите слики од тој момент“: Исповед на Драгиша Гудељ по срцевиот застој на терен, открива како Ериксен му помогнал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ne-mozham-da-gi-gledam-moite-sliki-od-toj-moment-ispoved-na-dragisha-gudel-po-srtseviot-zastoj-na-teren-otkriva-kako-eriksen-mu-pomognal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ne-mozham-da-gi-gledam-moite-sliki-od-toj-moment-ispoved-na-dragisha-gudel-po-srtseviot-zastoj-na-teren-otkriva-kako-eriksen-mu-pomognal/#respond Thu, 20 Jul 2023 08:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=858328

Ги исплаши сите кога се струполи на тревата, но сега Драги му се враќа на фудбалот и зборува за денот кој му го промени животот. На 25 март срцето на Драгиша Гудељ застанал на три минути, а потоа буквално се вратил во живот! Актуелниот фудбалер на Кордоба Драгиша Драги Гудељ, си ја отвори душата во интервју за шпанска Марка. Откако беше опериран, српскиот фудбалер кој го продолжи договорот со Кордоба до 2025 година, се врати на теренот само 111 дена подоцна, минатиот петок на пријателскиот натпревар против Севиља, тимот на неговиот брат Немања. Какво е чувството да се вратиш на теренот по ваков настан? „Кога знаев и кога ми беше јасно дека ќе играм повторно, само помислив дека морам да бидам посилен од било кога. Тоа ми беше многу јасно. Затоа веднаш сакав да дадам се од себе. Му благодарам на Бога што се вратив на теренот и што можам да се борам за она што го правам цел живот. Се чувствував добро, самоуверено и многу силно, рече Драгиша на почетокот на разговорот. Како го помина целиот процес овие месеци и сите тестови кои се сметаат за погодни за продолжување на кариерата? „Живеев доста тешки месеци, физички и психички. Особено на ментално ниво. Имаше многу емоции и многу сомнежи, со многу тестови што морав да ги направам, вели Гудељ. Многумина го споредуваат вашиот случај со случајот на Ериксен, иако тој беше во болница еден месец. „Точно, тој беше подолго, 8 месеци надвор од теренот. Јас имав можност да одиграм натпревар точно 111 дена по тоа што ми се случи. Сега е се поинаку. Инаку, многу сум му благодарен на Кристијан Ериксен бидејќи многу ми помогна во процесот низ кон минував. Веќе во првата недела која ја поминав во болница имав можност телефонски да разговарам со него. Совршено ме разбра низ што поминувам и можеше да ми ги пренесе емоциите и да ми даде вистински совет. Тој продолжи да ми помага и во овие месеци. Успеав брзо да го променам чипот во главата и да размислувам позитивно, открива фудбалерот. Се сеќаваш ли на нешто од тој ден? "Да, се сеќавам многу, речиси на се, освен оние седум или 10 минути. Откако паднав на тревата, ништо не се сеќавам. Кога се разбудив на носилки, да, од таа секунда се сеќавам на сè. Видов луѓе во близина и ме ставаа во брза помош, а потоа прашав: "Што ми се случи?" И му кажав на тренерот дека не можам да се одврзам, дека сакам да продолжам да играм, не знаев што ми се случи, мислев дека нешто ме удри. Чудно е затоа што се чувствував добро, иако со многу адреналин, очигледно. Тогаш го видов татко ми и неговото лице... Ми рече: „Драги, опушти се, смири се одма“. И од неговото лице видов дека нешто сериозно ми се случило и дека треба да се смирам. Откако влегов во брзата помош, докторот ми кажа што ми се случило. И кога ќе ви кажат дека срцето ви застанало на три и пол минути, светот исто така застанува на неколку секунди. Не знам како да го објаснам моето чувство кога ми кажаа, открива Гудељ. Дали сакавте да ги видите сликите или претпочитате да ги игнорирате? „Ги видов сликите и солзите почнаа неконтролирано да течат. Не знам дали некогаш ќе го заборавам тој ден, јас сум во кревет. Татко ми и брат ми ми рекоа дека не морам да гледам ништо, но кога ќе ти се случи нешто вакво, чувството е посилно од твојата глава. Се гледаш себеси како паѓаш на земја, не се мрдаш, знаејќи дека твоето срце застанало. Го исклучив видеото и сакав да заборавам. Не го гледав повторно и затоа првиот месец го избришав профилот на Инстаграм. Сликите беа насекаде, на социјалните мрежи и не сакав повеќе да ги гледам, изјави Драгиша Гудељ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ne-mozham-da-gi-gledam-moite-sliki-od-toj-moment-ispoved-na-dragisha-gudel-po-srtseviot-zastoj-na-teren-otkriva-kako-eriksen-mu-pomognal/feed/ 0
Ја доживеа истата судбина како Ериксен: Драгиша Гудељ бил оживеан на теренот, само под еден услов може да продолжи да игра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ja-dozhivea-istata-sudbina-kako-eriksen-dragisha-gudel-bil-ozhivean-na-terenot-samo-pod-eden-uslov-mozhe-da-prodolzhi-da-igra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ja-dozhivea-istata-sudbina-kako-eriksen-dragisha-gudel-bil-ozhivean-na-terenot-samo-pod-eden-uslov-mozhe-da-prodolzhi-da-igra/#respond Thu, 30 Mar 2023 16:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=818225

Драгиша Гудељ, братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој изгуби свест поради срцев удар минатата сабота на натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Фенарол, наскоро би можел да се врати на теренот. Пред тоа ќе мора да ќе биде подложен на операција, ќе му биде вграден кардиовертер дефибрилатор, објави неговиот клуб на својот официјален профил на Инстаграм. Од Кордоба на официјалниот Инстаграм профил напишаа дека Драгиша сака повторно да игра. -На Гудељ наскоро ќе му биде вграден апарат ICD (имплантен кардиовертер дефибрилатор) и би можел да продолжи да го демонстрира својот голем талент и на тој начин да придонесе за одбраната на тимот. Лекарските прегледи потврдиле дека Србинот имал вентрикуларна тахикардија, која предизвикала срцев удар, а со тоа и ненадејна смрт. Со брзата интервенција на лекарските служби неговиот живот е спасен. Намерата на дефанзивецот на Кордоба е повторно да игра фудбал по примерот на играчи како Кристијан Ериксен. На данскиот играч му се случи истото на натпреварот за ЕП 2020 и успеа да се врати да се натпреварува на највисоко ниво. Тој игра за Манчестер Јунајтед. Уште еднаш, клубот сака да ја изрази нашата благодарност за апсолутната грижа и се што направија за нашиот играч во болницата „Реина Софија“ – напишаа тие.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ja-dozhivea-istata-sudbina-kako-eriksen-dragisha-gudel-bil-ozhivean-na-terenot-samo-pod-eden-uslov-mozhe-da-prodolzhi-da-igra/feed/ 0
Гудељ се сруши среде натпревар, докторите успеаја да му го спасат животот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gudel-se-srushi-srede-natprevar-doktorite-uspeaja-da-mu-go-spasat-zhivotot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gudel-se-srushi-srede-natprevar-doktorite-uspeaja-da-mu-go-spasat-zhivotot/#respond Sun, 26 Mar 2023 05:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=816442

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ претрпе срцев удар на натпреварот од третата шпанска лига меѓу неговата Кордоба и Ферол и итно беше пренесен во болница. По лекарската интервенција на теренот Србинот дури и сакаше да продолжи да игра, но итно заврши во болнички кревет. Седум минути лекарите го реанимираа братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој колабираше на самиот почеток на натпреварот, далеку од сите случувања, кога топката не му беше ни блиску. Гудељ падна на тревата, па стана, а потоа уште еднаш колабираше, пред судијата да го забележи и веднаш да побара мечот да се прекине и медицинската служба да влезе на теренот. Лекарите од двата тима втрчаа и почнаа да му го спасуваат животот на Гудељ, кој неколку минути бил во несвест додека му го масираа срцето и го реанимирале со дефибрилатор. Кордоба објави дека Драгиша Гудељ сега е стабилен и ќе биде задржан во болница на дополнително испитување. Драгиша Гудељ играчката кариера ја започна во помладите категории на Ајакс, играше за Волен, Виторија Гимареш Б, Кадиз Б, додека во Кордоба е од 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gudel-se-srushi-srede-natprevar-doktorite-uspeaja-da-mu-go-spasat-zhivotot/feed/ 0