Драмски театар Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 11:07:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Драмски театар Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-uchestvuva-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-uchestvuva-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=716614

Драмски театар Скопје, со монодрамата „Кармен“ во петок на 12 август ќе учествува на фестивалот РУТА. Гостувањата на членките од Регионалната унија на театри со своите претстави се реализираат со настап на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска. Домаќин на летново издание на РУТА е театарот Улисис. Фестивалската програма на Бриони е во рамките на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е трет меѓународен настап на Драмски театар со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија. Монодрамата „Кармен“ создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на регионалната унија на театри-РУТА. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-uchestvuva-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/feed/ 0
Наместо комеморација, Драмски ќе им се заблагодари на Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар – ќе се пие и црно тиквешко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/namesto-komemoracija-dramski-kje-im-se-zablagodari-na-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-kje-se-pie-i-crno-tikveshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/namesto-komemoracija-dramski-kje-im-se-zablagodari-na-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-kje-se-pie-i-crno-tikveshko/#respond Fri, 22 Apr 2022 14:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=666923

Драмски театар вчера славеше 76 роденден. Но, Драмски заборави да му оддаде почит на човекот кој беше директор на театарот од основањето. Покрај Ристо Стефановски кој почина во март годинава, Драмски не одржа комеморација ниту за актерките Сабина Ајрула која почина пред една година, ниту за Мајда Тушар која почина месецов. Големите актерки и театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје, заборавени од раководството на театарот. Наместо одржување на комеморација, Драмски вчера најави дека на Стефановски, Ајрула и Тушар ќе им се заблагодарат за се што му дале на театарот. Дополнително, пред Ѕидот на славните, како што е најавено, ќе се пие и црно тиквешко. -Денешниов ден ќе го искористиме да ви најавиме дека на 28.4. (четврток) во 12:00 часот ширум ќе ги отвориме вратите на Драмски за сите колеги, соработници, почитувачи на Драмски, без официјални покани, без билети, без протоколи. На 28.4. во 12:00 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида... за се она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она МНОГУ што Драмски го доби од Нив. А потоа, пред Ѕидот на славните на Драмски, ќе се напиеме тиквешко црно и ќе ви подариме Монографија од Драмски, која благодарение на Нив постои, стои во вчерашната објава на Драмски театар на Фејсбук. Пред десет дена, актерот Јовица Михајловски јавно праша зошто се уште не е одржана комеморација за Стефановски. -Ристо го создаде Драмски, тој ја избра екипата, да не беше Ристо можеби ќе го немаше ни Драмски и еве, веќе четврта недела како замина, а јас чекам неговиот Драмски театар Скопје да објави простување како што доликува на основачот и најзаслужниот за ѕвездените успеси на Театарот, како најтрофеен репрезент на македонскиот театар во регионот и пошироко во европски и светски релевантни театарски светилници. Зошто нема комеморација во Драмски театар? Башка што и сегашната в. д. директорка е примена на прва работа во Драмски баш во мандатот на Ристо. Нашиот Ристо е физички отсутен, но духовно, научно е најприсутен во историјата на македонскиот театар. Факт и прилика за Драмски театар да си го потврди и одбележи како свое наследство и придобивка, институцијата која тој ја создаде и обликува во паметник, вели актерот Михајловски. Два дена подоцна (14.04.2022), преку допис до медиумите стигна реакција и од директорката на Драмскиот театар Катарина Коцевска Хаџи Василева. Во одговорот до Михајловски преку медиумите, таа вели дека не и е пракса, ниту сака да се обраќам на вработени во театарот преку новини, но бидејќи, како што вели, била лично прозвана, чувствува должност да одговори. Коцевска Хаџи Василева го упати Михајловски да ја следи официјалната страна на театарот каде објавиле дека за терминот на комеморацијата дополнително ќе известат. -Истиот ден на веста за смртта на господинот Ристо Стефановски (кој за неколку дена не ја дочека премиерата на претставата „Моето име е Горан Стефановски“, за која со синот на Горан Стефановски, Игор Стефановски, се договаравме да го донесеме Ристо Стефановски во Театарот) разговарав со господинот Благој Чоревски, долгогодишниот директор на Драмски театар, кој најдолго бил со Ристо Стефановски како да ја направиме комеморацијата и заеднички одлучивме да не се поклопува со премиерата посветена на неговиот внук, Горан Стефановски, туку истата да се направи покасно и достоинствено, напиша мешу другото Коцевска Хаџи Василева во реакцијата. Но, очигледно нешто во меѓувреме се сменило, па комеморацијата за Стефановски која ја најави и самата директорка, според најавата се претвори во настан за благодарност за сето она што му го дале на Драмски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/namesto-komemoracija-dramski-kje-im-se-zablagodari-na-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-kje-se-pie-i-crno-tikveshko/feed/ 0
Драмски театар ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-kje-ja-odbelezi-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-kje-ja-odbelezi-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-koneski/#respond Wed, 09 Jun 2021 07:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=520846

Драмски театар Скопје в сабота, 12 јуни, од 20 часот ќе одржи омаж насловен „#Драмски за Конески“. – Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС. Учесници во овој проект се првенците на Драмски: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-kje-ja-odbelezi-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-koneski/feed/ 0
Драмски театар ја подготвува комеморацијата за Стефановски, датумот дополнително ќе биде соопштен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramski-teatar-ja-podgotvuva-komemoracijata-za-stefanovski-datumot-dopolnitelno-kje-bide-soopshten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramski-teatar-ja-podgotvuva-komemoracijata-za-stefanovski-datumot-dopolnitelno-kje-bide-soopshten/#respond Thu, 29 Nov 2018 13:27:23 +0000 https://kurir.mk/?p=133696

Драмски театар соопшти дека во соработка со други институции ја подготвува комеморацијата за големиот Горан Стефановски. -Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Р. Македонија. Драмски театар Скопје, подготвува и серија настани со кои ќе се обидеме да доловиме бар сегмент од неговото творештво. Ќе бидат опфатени повеќе сегменти како изложба на фотографии од неговите претстави, интервјуа со Горан Стефановски, прикажување на снимки од театарски претстави, драматуршки разговори/работилници „Дебармаало и Горан“..., се вели во соопштението. Распоредот на настаните ќе биде објавен следната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramski-teatar-ja-podgotvuva-komemoracijata-za-stefanovski-datumot-dopolnitelno-kje-bide-soopshten/feed/ 0