дренак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 14:34:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дренак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/#respond Mon, 06 Feb 2023 14:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=796813

Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец. Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е околу осумдесетина сантиметри, а силниот ветар континуирано прави навеви на патот, високи и над еден метар. - Овој патен правец е планински, работиме интензивно, условите се отежнати, но веќе успешно е расчистен поголем дел од трасата. Машините се стасани до село П'клиште, очекувам дека до крајот на денот ќе биде пробиен и расчистен целиот пат. Инаку, сите останати регионални патни правци, кон повисоките села: Огут, Луке, се проодни, а чист е целосно магистралниот пат А2, рече Димитровски. Градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски, информира дека селото е отсечено втор ден, а лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите за расчистување. Вкупно шеснаесет ученици кои учат во селото денеска не се на настава бидејќи ниту наставниците не можеа да доспеат до своите работни места. - Селото Дренак во Крива Паланка е остечено уште од четврток, по паѓањето на снегот, но овој патен правец што го поврзува селото и осуммината жители што живеат на 40- тина километри од градот, е локален,но и земјен пат, така што, истиот не може да се расчисти и речиси секоја зима е неминовна невоља што ги снаоѓа мештаните, велат од Подрачната единица на ЦУК, Крива Паланка.
Пепица Давитковска, жителка на селото, рече дека нејзиниот сопруг е во селото и информира дека снежната покривка е околу четириесетина сантиметри. Таа со своите деца е во градот, дечињата редовно се сместени во општинскиот ученички дом, од каде одат на настава, а престојуваат од понеделник до петок. Но таа има изнајмено стан под кирија и ги прифаќа за време на викендите, прва зима, бидејќи досега тие не можеле да одат дома за викенд и по неколку месеци за време на зимскиот период, па биле приморани да остануваат кај роднини или соседи во градот. Што се однесува до останатите села, и Нерав е отсечено веќе трет ден, а за зимско одржување на овој локален пат задолжени се екипите на Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка кои, според директорот Миле Марковски,на терен се и вчера и денеска. - Екипите и механизација се на терен, се расчистува, но станува збор за лоша конфигурацијата на теренот, заледени површини и многу потешки се условите за работа. И нашите вработени прават напори за расчистување во што пократок рок, но вчера помагаа и мештаните, информира Марковски. Информира дека во текот на изминатите 24 часа од страна на екипи на ЈП Комуналец расчистени се локалните патишта кон селата: Подржикоњ, Странци, денес интензивно се работи на расчистување на патните правци кон село Дурачка Река, Метов и кон Трново.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/feed/ 0
АКТИВНИ 9 ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Критично во Старо Нагоричане и Пехчево, Ангелов вели ќе ги контролираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-9-pozari-vo-makedonija-kritichno-vo-staro-nagorichane-i-pehchevo-angelov-veli-kje-gi-kontroliraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-9-pozari-vo-makedonija-kritichno-vo-staro-nagorichane-i-pehchevo-angelov-veli-kje-gi-kontroliraat/#respond Wed, 04 Aug 2021 09:39:30 +0000 https://kurir.mk/?p=546054

Девет пожари во моментоов е активни во земјава, а најсериозна е состојбата околу селото Дренак кое се наоѓа во општина Старо Нагоричане. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вели дека состојбата се менува од час во час. -Ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави за МИА Ангелов. Состојбата е најкритична околу селото Дренак, а во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш армиски хеликоптер. Сериозна е и состојбата околу Пехчево. -Тука утрово делуваше хеликоптер на Армијата, кој што се повлече за дотур на гориво и истиот повторно ќе се врати да дејствува, да продолжи со гаснење на пожарот околу тоа село, изјави Ангелов. Други активни пожари во овој момент има во Валандово, во месноста Погана, кој исто така зафаќа поголема површина со ниско стеблесто растение. Потоа, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, пожар има и во Прилеп, поточно на Плетвар, и уште еден пожар во Делчево. Исто така, и пожарот во Кочани што гори веќе трет ден таму е упатен голем човечки потенцијал и имаат контрола врз него. Во однос на пожарот во Валандово, пожарот се шири во различни правци, затоа што ветрот на едно место дува во една насока, а на само 500 метри, дува во друга насока. Но, Ангелов напомена дека имаат контрола врз ситуацијата. -Дури имавме ситуација, конкретно во Валандово, во текот на вчерашниот ден јас ја посетив Гевгелија и Валандово односно двата пожари, со свои очи да видам што се случува на терен, за пожарот во Валандово има една карактеристика дека на одредено место ветрот дува во една насока, а само 500/600 метри понатамау дува во друга насока. Пожарот се шири во различни правци, но генерално имаме контрола врз ситуацијата. Ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси и верувам доколку не се појават нови пожари во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави Ангелов за МИА. Како што посочи, од Србија веќе има четири хеликоптери, но бидејќи гаснат на туѓа територија, во придружба се со еден наш армиски хеликоптер. Тој посочи дека е побарана и помош и Словенија и Грција, но дополнително ќе информира кога би требало да пристигне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-9-pozari-vo-makedonija-kritichno-vo-staro-nagorichane-i-pehchevo-angelov-veli-kje-gi-kontroliraat/feed/ 0