дрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 12:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мбапе одбил да му го даде дресот на фудбалерот на Њукасл кој даде гол против ПСЖ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-odbil-da-mu-go-dade-dresot-na-fudbalerot-na-nukasl-koj-dade-gol-protiv-pszh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-odbil-da-mu-go-dade-dresot-na-fudbalerot-na-nukasl-koj-dade-gol-protiv-pszh/#respond Thu, 05 Oct 2023 12:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=885617

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Шон Лонгстаф, кој синоќа го даде третиот гол во победата на Чавките над ПСЖ од 4-1, останал со празни раце по мечот кога на Килијан Мбапе му го побарал дресот за да му го даде на својот брат. „Во финишот на мечот, решив да стојам блиску до Мбапе и веднаш да го прашам дали може да ми го даде дресот за да му го подарам на мојот помал брат“, рече Лонгстаф, кој бил разочаран што бил одбиен од Французинот, но ќе има уште една шанса да добие дрес, кога ќе играат во Париз. Сепак, дресот на Мбапе синоќа остана во Њукасл, и тоа кај синот на Киран Трипие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-odbil-da-mu-go-dade-dresot-na-fudbalerot-na-nukasl-koj-dade-gol-protiv-pszh/feed/ 0
Интер го претстави новиот дрес и го потврди новиот главен спонзор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-go-pretstavi-noviot-dres-i-go-potvrdi-noviot-glaven-sponzor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-go-pretstavi-noviot-dres-i-go-potvrdi-noviot-glaven-sponzor/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=856312

Европскиот вицешампион Интер денеска го промовираше дресот за сезоната 2023/24, кој истовремено носи две добри вести за клубот. Покрај продолжувањето на соработката со „Најк“ со многу подобри финансиски услови, клубот од Милано го официјализираше и новиот главен спонзор. Се работи за стриминг сервисот „Парамаунт +“, кој ќе го заземе местото на претходниот спонзор, кој не ги исполни финансиските услови кон Интер и беше отстранет од дресовите уште пред крајот на сезоната. Традиционалната сино-црна комбинација во модерно издание останува на дресовите на Интер, а покрај логото на „Парамаунт +“, на ракавите ќе стои логото на „Ибеј“, кој исто така останува меѓу важните спонзори на италијанскиот клуб. Според медиумите, Интер ќе заработува фиксни 20 милиони евра и бонуси кои може да ја подигнат сумата до 30 милиони евра само од „Најк“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-go-pretstavi-noviot-dres-i-go-potvrdi-noviot-glaven-sponzor/feed/ 0
Навивачите воодушевени од дресот на Барселона за новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-voodusheveni-od-dresot-na-barselona-za-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-voodusheveni-od-dresot-na-barselona-za-novata-sezona/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=846129

Откако вчера тоа го направи Реал Мадрид, денес дресот за новата сезона го претстави и Барселона. Дресот на Каталонците е дизајниран од страна на компанијата „Најк“ и со традиционалните црвено-сини бои. Првите впечатоци на навивачите позитивни и се задоволни од изгледот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-voodusheveni-od-dresot-na-barselona-za-novata-sezona/feed/ 0
ФОТО: 16 годишно момче во дресот на Фенербахче спасено по 119 часа, од клубот му порачаа дека го чекаат на стадион https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-16-godishno-momche-vo-dresot-na-fenerbahche-spaseno-po-119-chasa-od-klubot-mu-porachaa-deka-go-chekaat-na-stadion/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-16-godishno-momche-vo-dresot-na-fenerbahche-spaseno-po-119-chasa-od-klubot-mu-porachaa-deka-go-chekaat-na-stadion/#respond Sat, 11 Feb 2023 20:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=799353

Камилчан Агдаш е млад навивач на Фенербахче, кој преживеа под урнатините цели 119 часови, а потоа беше пронајден во дрес на својот омилен тим. Агдаш спиел во дрес на Фенербахче, кога неговиот град го погоди силен земјотрес, а неговото прво прашање по спасувањето било „кој ден е денес“. На денот кога жолто-црните од Истанбул требаше да одиграат натпревар, неговиот град го погоди разорен земјотрес. Ова 16 годишно момче помина речиси пет дена под урнатините. Од Фенербахче сакаат да му подготват пречек на стадионот на момчето. -119 часа подоцна очите ни се полни со солзи, повторно веруваме во чуда. Има многу натпревари до крајот. Камилчан, те чекаме, напиша великанот од Истанбул на Твитер.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-16-godishno-momche-vo-dresot-na-fenerbahche-spaseno-po-119-chasa-od-klubot-mu-porachaa-deka-go-chekaat-na-stadion/feed/ 0
ТРЕТ НАЈСКАПО ПЛАТЕН: Дресот на легендарниот Коби Брајант од сезоната 2007/08 продаден за 5.8 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-najskapo-platen-dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-sezonata-2007-08-prodaden-za-5-8-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-najskapo-platen-dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-sezonata-2007-08-prodaden-za-5-8-milioni-dolari/#respond Fri, 10 Feb 2023 13:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=798974

Дрес на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5.8 милиони долари, што е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави денеска аукциската куќа Сотби. „Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА сезоната 2007/08, кога беше прогласен за МВП“, коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби. Жолто – виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно. Во септември лани дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10.1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9.3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-najskapo-platen-dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-sezonata-2007-08-prodaden-za-5-8-milioni-dolari/feed/ 0
Дрес на Коби Брајант проценет на пет до седум милиони долари оди на аукција https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dres-na-kobi-brajant-protsenet-na-pet-do-sedum-milioni-dolari-odi-na-auktsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dres-na-kobi-brajant-protsenet-na-pet-do-sedum-milioni-dolari-odi-na-auktsija/#respond Fri, 13 Jan 2023 08:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=786722

Аукционерската куќа „Сотби’с“ во февруари ќе стави на наддавање дрес на американската кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година. Првичните проценки говорат за пет до седум милиони долари, а овој пазар привлекува богати колекционери и инвеститори од целиот свет, па неретко се постигнуваат и рекорди на аукциите. Жолто-виолетовиот дрес со број 24 на Коби Брајант е понуден на продажба од сопственикот кој претпочита да остане анонимен. Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс го носеше тој дрес на 25 натпревари во годината кога беше прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната 2007/2008, соопшти „Сотби’с“. Во мај 2022 година, дресот што го носеше аргентинскиот фудбалер Диего Марадона на Светското првенство во 1986. беше продаден за 9,3 милиони долари. Во септември лани, за 10,1 милиони долари беше купен дрес со бројот 23 што го носеше кошаркарот на Чикаго булс, Мајкл Џордан, во 1998 година. – Во текот на целата сезона тој го носеше дресот 25 пати и постигна 645 поени во неа, изјави Брам Вахтер од „Сотби’с“. Дресот ќе биде изложен во Њујорк од 1 февруари, а е дел од големото интернет-наддавање на предмети од светот на спортот што ќе се одржи од 2 до 9 февруари.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dres-na-kobi-brajant-protsenet-na-pet-do-sedum-milioni-dolari-odi-na-auktsija/feed/ 0
ФОТО: Дресот со кој Ливи ги отпиша Јапонците заврши кај – Стефан Ристовски! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-dresot-so-koj-livi-gi-otpisha-japoncite-zavrshi-kaj-stefan-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-dresot-so-koj-livi-gi-otpisha-japoncite-zavrshi-kaj-stefan-ristovski/#respond Fri, 23 Dec 2022 11:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=779590

Фудбалската селекција на Хрватска одново ги освои срцата на неутралните љубители на Светското првенство во Катар. „Ватрените“ одиграа нов неверојатен Мундијал и заслужено се закитија со бронзениот медал, а еден од најдобрите од четата на Златко Далиќ беше голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ. Популарниот Ливи беше фантастичен меѓу стативите и благодарение на неговите одбрани Хрватска ги елиминира Јапонија и Бразил во втората фаза од шампионатот. Дресот со кој Ливаковиќ беше херој во пенал-рулетот со Јапонија во осминафиналето заврши во рацете на македонскиот капитен Стефан Ристовски, неговиот соиграч од редовите на Динамо Загреб. И покрај моќниот настап во Катар, Ливаковиќ не ја доби престижната награда за најдобар голман на шамионатот, која што на крај заврши кај светскиот шампион Емилијано Мартинез.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-dresot-so-koj-livi-gi-otpisha-japoncite-zavrshi-kaj-stefan-ristovski/feed/ 0
Вака ќе изгледа дресот на „кралевите“ за идната сезона (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vaka-kje-izgleda-dresot-na-kralevite-za-idnata-sezona-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vaka-kje-izgleda-dresot-na-kralevite-za-idnata-sezona-foto/#respond Thu, 01 Dec 2022 14:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=769603

Специјализираниот портал за спортски дресови Footy headlines го објави дресот со кој Реал Мадрид ќе игра идната сезона. Иако изгледот не е официјално потврден, овој портал со 90% сигурност ги објавува своите сознанија, па може да се верува дека Реал со ваков дизајн ќе игра догодина. На новиот дрес, повторно има златни ленти на спонзорот Адидас, нешто што беше типично за Реал последната деценија. Дресовите ќе се најдат во продажба кон крајот на мај или почетокот на јуни 2023 година кога треба да се игра завршницата од шпанското првенство и Лигата на шампионите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vaka-kje-izgleda-dresot-na-kralevite-za-idnata-sezona-foto/feed/ 0
ФИФА го забрани белиот дрес на Белгија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-go-zabrani-beliot-dres-na-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-go-zabrani-beliot-dres-na-belgija/#respond Mon, 21 Nov 2022 15:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=764328

Фудбалската репрезентација на Белгија не смее да го носи белиот дрес на Светското првенство во Катар. Фудбалскиот сојуз на Белгија, соопшти дека ФИФА им забранила да не го носат тој дрес бидејќи на него пишува „Love (Љубов)“, а колоритните бои на буквите и бројките се поврзуваат со борбата за правата на ЛГБТ заедницата. „Ништо не можевме да направиме, не беше можно да разговараме за тоа со ФИФА“, изјави директорот Фудбалскиот сокуз на Белгија, Питер Босерт. Исто така, капитенот на Белгија, Еден Азар, требаше да носи лента во боите на виножитото, но тоа не е дозволено и во Катар. Белиот белгиски дрес има бои на виножито и е направен во соработка со„ Адидас“. Го има симболот на „Tomorrowland“, еден од најпознатите фестивали во светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-go-zabrani-beliot-dres-na-belgija/feed/ 0
Дресот на Марадона од финалето на СП 1986 вратен во Аргентина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-finaleto-na-sp-1986-vraten-vo-argentina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-finaleto-na-sp-1986-vraten-vo-argentina/#respond Fri, 21 Oct 2022 09:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=748866

Дресот кој Диего Армандо Марадона го носеше во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико во кое Аргентина ја победи Германија е вратен на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА). Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги замени дресовите со Марадона, 36 години подоцна му го подари на аргентинскиот народ, јавија локалните медиуми. Претходно оваа година, дресот кој Марадона го носеше во четвртфиналето против Англија, кога го постигна прославениот гол наречен „Божја рака“ беше продаден на аукција за рекордни 7.1 милиони долари.
Тој дрес на аукција го стави поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, но и покрај астрономската цена која ја достигна маицата, Матеус во изјава за британскиот весник „Дејли Мејл“ рече дека воопшто не помислувал да заработи на дресот на Марадона. -Ова е приказна за германскиот капитен кој за пријател имаше аргентински пријател. И како и сите пријатели, го разменија најдоброто што го имаа – прегратка, совет и дрес, наведе АФА во видеопорака по повод „подарокот од Матеус за аргентинскиот народ“.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-finaleto-na-sp-1986-vraten-vo-argentina/feed/ 0