древна мермерна статуа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 10:03:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png древна мермерна статуа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Рим пронајдена древна мермерна статуа на Херкул https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-rim-pronajdena-drevna-mermerna-statua-na-herkul/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-rim-pronajdena-drevna-mermerna-statua-na-herkul/#respond Tue, 31 Jan 2023 10:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=794100

При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. п.н.е. – 476 г. н.е.). „Ова место ни приреди големо изненадување – мермерна статуа во природна големина. Поради тојагата и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за отелотворение на Херкул (Херкулес)“, објави Археолошкиот парк „Апија антика“ на својот Фејсбук-профил. Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во италијанската престолнина, биле надгледувани од археолози. Ваквите наоди се чести на подрачјето на цела Италија – лулката на Стариот Рим. Во областа на Сиена во ноември лани беше откриена низа бронзени статуи што останале зачувани под земјата околу 2300 години. Повеќето од 24-те статуи биле пронајдени под бањи, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети. Во тој период во областа се мешаат постарата етрурска и завојувачката римска култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-rim-pronajdena-drevna-mermerna-statua-na-herkul/feed/ 0