дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 10:58:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=874770

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла. Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла. Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук. ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река. -По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/feed/ 0
„Доста ни ги труевте децата“: Протести пред депонијата Дрисла, граѓаните бараат современа депонија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dosta-ni-gi-truevte-detsata-protesti-pred-deponijata-drisla-graganite-baraat-sovremena-deponija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dosta-ni-gi-truevte-detsata-protesti-pred-deponijata-drisla-graganite-baraat-sovremena-deponija/#respond Fri, 25 Aug 2023 15:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=870941

Граѓани денеска протестираа пред депонијата „Дрисла“ која се наоѓа во скопското село Батинци барајќи современа депонија по европски стандарди. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Младината на Батинци“. - Оваа депонија многу одамна ги надминала своите граници за тоа што беше предвидена. Треба да се прекопа целата депонија, да се затвори целото старо ѓубре што се уште тлее и се уште создава метан додека гние, да се затвори со посебни мембрани што се користат во Европа и во современите земји и на тие места после десетина години никнуваат интересни и многу модерни и урбани паркови каде што нема никаква смрдеа, миризба и никакво загадување, изјави еко активистот Тони Никушевски. Информираше дека пред четири години протестирале пред истата депонија и дека оттогаш имало многу ветувања, меѓутоа дека ништо не е направено, освен што бил донесен еден стерилизатор што третира мал дел од медицинскиот отпад, но и тој отпад оди во нестандардна депонија. Сених Бреќевиќ од здружението „Младината на Батинци“ нагласи дека протестот нема политичка позадина. Целта, според него, е да се повикаат институциите да помогнат да се направи современа депонија. Најави дека протестите ќе продолжат доколку не се најде конкретно решение. - Во последните три години имаме голем број на пациенти болни од рак и белодробни заболувања. Во тој период имаме 8 смртни случаи само од една амбуланта и 12 тешко болни од рак. Не трујат со медицински отпад, со разни хемикалии кои се фрлаат нелегално спакувани. Велат дека има филтер, но оваа наша депонија нема, рече Браќевиќ. Ги повика и сите невладини организации да се приклучат на следните протести што ќе ги организираат доколку власта нема слух на нивниот проблем. Од здружението го повикаа директорот на депонијата на 29 август да присуствува на состанокот што ќе се одржи во канцеларијата на ЕУ во Скопје.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dosta-ni-gi-truevte-detsata-protesti-pred-deponijata-drisla-graganite-baraat-sovremena-deponija/feed/ 0
ЈП „Дрисла“: На општините Аеродром и Кисела Вода договорите им се истечени март годинава https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-drisla-na-opshtinite-aerodrom-i-kisela-voda-dogovorite-im-se-istecheni-mart-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-drisla-na-opshtinite-aerodrom-i-kisela-voda-dogovorite-im-se-istecheni-mart-godinava/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=854846

Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје преку соопштение информира дека општините Аеродром и Кисела Вода немаат потпишано договор со нив и оти нивниот договор е истечен во март годинава. – Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина. Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија „Дрисла“ Скопје бидејќи тој им е истечен во март, стои во соопштението. Од „Дрисла“ прашуваат каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори. – Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија „Дрисла“ Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад? Дали креирале и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?, се наведува во соопштението. Во главниот град изминативе неколку дена не се собираше отпадот поради протест на вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето. Од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот. За состојбата со хигиената на територија на Град Скопје денеска седница ќе одржи Скопскиот плански регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-drisla-na-opshtinite-aerodrom-i-kisela-voda-dogovorite-im-se-istecheni-mart-godinava/feed/ 0
Арсовска продолжува со деструкции: „Дрисла“ не го прима ѓубрето кое се собра во скопските општини https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-prodolzhuva-so-destruktsii-drisla-ne-go-prima-gubreto-koe-se-sobra-vo-skopskite-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-prodolzhuva-so-destruktsii-drisla-ne-go-prima-gubreto-koe-se-sobra-vo-skopskite-opshtini/#respond Sun, 09 Jul 2023 20:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=854743

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, продолжува со деструкции. Откако дозволи Скопје да тоне во смет, сега прави нови чекори на штета на македонските граѓани. Имено, „Дрисла“ вечерва не го прима ѓубрето кое се собра во скопските општини во организација на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи акциите се организирале без таа да знае.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-prodolzhuva-so-destruktsii-drisla-ne-go-prima-gubreto-koe-se-sobra-vo-skopskite-opshtini/feed/ 0
Секоја година на Дрисла „гние“ струја за 20.000 домаќинства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-godina-na-drisla-gnie-struja-za-20-000-domakjinstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-godina-na-drisla-gnie-struja-za-20-000-domakjinstva/#respond Thu, 05 Jan 2023 12:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=783998

Високите сметки за електрична енергија удираат по македонските фирми. Домашните компании полека ја губат конкурентноста на странските пазари, а се намалува и тука, во Македонија. Ако се сублимира што очекуваат како помош од владата фирмите од прехранбената индустрија, како ,,Витаминка”, од базичната индустрија како цементарница „УСЈЕ“, и од текстилната А.Д. ,,Мода”, тоа е следново:, пишува „Само прашај“ -Субвенционирање на цената на електричната енергија. -Вистинско законско олеснување за брзо поставување на фотоволтаици. -Тарифи за увезените стоки кои се произведени со субвенционирана електрична енергија. -Дозвола за увоз на алтернативно гориво и поттикнување да се изградат постројки за преработка на отпадот во Македонија. Од овие четири мерки, инвестирањето во постројки за преработка на отпад и за добивање на алтернативно гориво, ќе значеше значителна помош во енергетскава криза. Според податоците до кои може да се дојде во Министерството за животна средина и просторно планирање, секоја година на скопската депонија „Дрисла“ гнијат 61 гигават часа (GWh) електрична енергија. Или, електрична енергија која годишно би задоволила потреби на 20.000 домаќинства. „Само прашај“ пишува дека за да биде појасно, во „Дрисла“, која е единствена легална депонија во државава, годишно се фрлаат скоро 180.000 тони отпад. Од него би можело да се искористат околу 66.000 тони, од кои би се добиле 35.000 тони алтернативно гориво. Ако ова гориво се употреби во термоцентрали, како РЕК Битола, би било доволно да се произведат 61 GWh електрична енергија или 3,2% од производството на оваа централа во 2021 година. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-godina-na-drisla-gnie-struja-za-20-000-domakjinstva/feed/ 0
Мицевски ѝ даде оставка на Арсовска од позицијата директор на Дрисла: Никаква поддршка од Градот и бројни проблеми за кои градоначалничката нема слух, си заминувам со крената глава https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/micevski-dade-ostavka-na-arsovska-od-pozicijata-direktor-na-drisla-nikakva-poddrshka-od-gradot-i-brojni-problemi-za-koi-gradonachalnichkata-nema-sluh-si-zaminuvam-so-krenata-glava/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/micevski-dade-ostavka-na-arsovska-od-pozicijata-direktor-na-drisla-nikakva-poddrshka-od-gradot-i-brojni-problemi-za-koi-gradonachalnichkata-nema-sluh-si-zaminuvam-so-krenata-glava/#respond Tue, 13 Sep 2022 09:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=732072

Како директор на депонијата Дрисла сакам да посочам дека во овој десет месечен период откако го превземав претпријатието направив стабилизација и негова консолидација и отпочнав со процес на инвестиции кои се во насока на подобрување на работата на истото. Но секој индивидуален успех на било кое претпријатие не е целосен доколку истото не добие потркепа од колективитетот во кој Дрисла мора да функционира, а тоа е Градот и нејзиниот прв човек. Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје, истакна директор на ЈП Дрисла, Јане Мицевски. -Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла. Навистина благодарам до моите соработници во претпријатието со кои заеднички дојдовме до резултати за кус период. -Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи -Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците. -Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година. -Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба. Системот обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината. На крајот, сакам да истакна дека вработените кои беа дел од мојот тим можат да посведочат дека преку мојот начин на менаџирање успеав да сменам многу пракси на директорите од минатото. Личните привелегии никогаш не ми претставуваа пририоритет како што се личен возач, репрезентација, патувања, службен телефон и слични непродуктивни трошоци чија ставка е нула. Одговорноста спрема граѓаните е поважна од сечиј друг личен интерес и амбиција. Од Дрисла излегувам со крената глава, бидејќи резултатите се очигледни, стои во Фејсбук објавата на Мицевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/micevski-dade-ostavka-na-arsovska-od-pozicijata-direktor-na-drisla-nikakva-poddrshka-od-gradot-i-brojni-problemi-za-koi-gradonachalnichkata-nema-sluh-si-zaminuvam-so-krenata-glava/feed/ 0
Набавени два монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците „Дрисла“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nabaveni-dva-montazno-demontazni-delovni-objekti-za-potrebite-na-rabotnicite-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nabaveni-dva-montazno-demontazni-delovni-objekti-za-potrebite-na-rabotnicite-drisla/#respond Thu, 02 Jun 2022 11:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=685543

ЈП депонија Дрисла Скопје продолжува со инвестирање во самото претпријатие со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените. За таа цел спроведена е постапка за јавна набавка на стоки со која се обезбедени два нови монтажно/демонтажни деловни објекти (контејнери) за потребите на работниците. -Контејнерите имаат по две простории целосно опремени со мебел и клими и ќе се користат за извршување на тековните активности на работниците од одделението за депонирање, одделението за механизација и одделението за обезбедување во ЈП депонија Дрисла Скопје, информираат од Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nabaveni-dva-montazno-demontazni-delovni-objekti-za-potrebite-na-rabotnicite-drisla/feed/ 0
На повеќе од 65 илјади вакцини им истече рокот, ќе бидат уништени во „Дрисла“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povekje-od-65-iljadi-vakcini-im-isteche-rokot-kje-bidat-unishteni-vo-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povekje-od-65-iljadi-vakcini-im-isteche-rokot-kje-bidat-unishteni-vo-drisla/#respond Tue, 22 Feb 2022 18:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=635039

На повеќе од 65 илјади вакцини од прозиводителите „Фајзер“ и „Астра Зенека“ рокот за употреба им е истечен и тие ќе се уништуваат во „Дрисла“. Потребно е Комисија од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) да направат попис и да достават барање до „Дрисла“ за нивно уништување. Досега ниедна вакцина против ковид-19 не била запалена во печките на депонијата. Директорот на ЈКП „Дрисла“ Јане Мицевски досега не добил барање за уништување вакцини. Во оваа депонија, и според претходниот директор Коста Начевски, досега не е уништена ниедна вакцина. Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека сите вакцини што се користат во моментов се безбедни. Вакцините на кои им поминува рокот, според утврдена процедура прво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување во соработка со МАЛМЕД и од фирма овластен уништувач. Бројот на вакцини што се повлекуваат од употреба не е фиксен и се менува на дневна основа, уверуваат оттаму. -До овој момент е добиена дозвола за уништување 65.978 дози вакцини против ковид-19 со изминат рок на употреба. Вакцините се производ на „Фајзер“ и на „Астра-Зенека“. Уништувањето на вакцините се реализира по прецизно утврдена законска процедура. Во моментот дневно се вакцинираат околу 2 илјади лица. Неодамна пристигнаа 250 илјади дози од вакцината „Фајзер“, донација од Република Италија, преку КОВАКС механизмот – објаснуваат од Министерството за „Слободен печат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povekje-od-65-iljadi-vakcini-im-isteche-rokot-kje-bidat-unishteni-vo-drisla/feed/ 0
Стоилковски: ДКСК да испита дали сестринството на мајките на Рашковски и Пиперевалиев одлучило за 850.000 евра од Дрисла? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dksk-da-ispita-dali-sestrinstvoto-na-majkite-na-rashkovski-i-piperevaliev-odluchilo-za-850-000-evra-od-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dksk-da-ispita-dali-sestrinstvoto-na-majkite-na-rashkovski-i-piperevaliev-odluchilo-za-850-000-evra-od-drisla/#respond Wed, 02 Feb 2022 11:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=625878

ДКСК мора да отвори предмет и да покаже дали крвното сродство е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска Дрисла. Антикорупциска мора да отвори предмет за механизацијата во Дрисла. Мора да се утврди зошто компанија којашто и сама поседува механизација, за изнајмување на багери за две години исплаќа 850 илјади евра на фирма заради којашто менувала и ставки во огласот од Дрисла? Притоа Договор е склучен во 4 очи. И над сето тоа дали стои крвно сродство меѓу добитник на договор, директор на ЈП со генералниот секретар на владата на СДСМ, праша денеска во изјава за медиумите, Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека ДКСК мора да отвори предмет и да испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла? - ДКСК мора да одговори дали роднинството меѓу Рашковски и Пиперевалиев е причината за одливање на 850.000 евра од Дрисла? Доколку антикорупционерите не ја завршат улогата заради којашто се избрани, тие со своето неделување во случајот се соучесници во процесите на корупција во Македонија. Македонија тоне во корупција и тоа е евидентирано во сите извештаи. Корупцијата, непотизмот и протекционизмот, фаворизирањето на луѓе блиски на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економска, енергетска, здравствена, образовна и каква се не криза, појасни Стоилковски. Порптаролот додаде декаа се додека со институциите во Македонија владее политички ешалон на луѓе заштитници на криминалот и на корупцијата, Македонија нема да може да излезе од кризите во коишто тие ја втурнаа. - Решение е само брзи предвремени парламентарни избори, дециден е Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dksk-da-ispita-dali-sestrinstvoto-na-majkite-na-rashkovski-i-piperevaliev-odluchilo-za-850-000-evra-od-drisla/feed/ 0
Стоилковски: Дали зад фактурите од 850 илјади евра до Дрисла лежи крвното сродство меѓу Рашковски и Пиперевалиев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-zad-fakturite-od-850-iljadi-evra-do-drisla-lezi-krvnoto-srodstvo-megju-rashkovski-i-piperevaliev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-zad-fakturite-od-850-iljadi-evra-do-drisla-lezi-krvnoto-srodstvo-megju-rashkovski-i-piperevaliev/#respond Tue, 01 Feb 2022 12:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=625402

Дрисла, претпријатие за справување со отпад, кое што во опис на работата има потреба од градежна машинерија, и ја има и ја поседува, за само две години 2019 и 2020 година, исплаќа речиси еден милион евра за изнајмување на багери, на градежни машини. А, парите ги добива братучед на генерален секретар на влада на СДСМ, додека директорува со Дрисла кадар на СДСМ, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој истакна дека институциите како Јавното обвинителство и ДКСК мора да одговорат дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата, струмичката фирма до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев? - Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи? Според договорот од 2020-та година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откога Дрисла станува ЈП и со него почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ. Веројатно крвната врска е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број на вработени - 12 лица! Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација, праша Стоилковски. Портпаролот додаде дека СДСМ не може да го сокрие криминалот во своите редови се додека со институциите владеат истите лица. - Македонија може да излезе од кризна состојба само со брзи предвремени избори. Колку повеќе се чека толку повеќе се тоне во корупција, криминал и кризи, дециден е Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-zad-fakturite-od-850-iljadi-evra-do-drisla-lezi-krvnoto-srodstvo-megju-rashkovski-i-piperevaliev/feed/ 0