Дритан Абазовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 09:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дритан Абазовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Абазовиќ: Иднината на сите е во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-idninata-na-site-e-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-idninata-na-site-e-vo-eu/#respond Mon, 16 Oct 2023 09:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=889284

Иднината на сите е во ЕУ, изјави во Тирана премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и нагласи дека одржувањето на самитот во Берлинскиот процес е многу добар знак. „Ова е многу добар знак, премиерот Рама ја приближи цела Европа во Тирана и во Западен Балкан, тоа е многу добар знак“, рече тој. Самитот ги зближи и домаќинот Рама и неговиот косовски колега Албин Курти. -Пред неколку дена се избегнуваа на стадион „Ер Албанија“, на натпреварот Албанија-Чешка, денеска ги „обедини“ Самитот на Берлинскиот процес, Рама и Курти се ракуваа на црвениот тепих . Односите меѓу двајцата лидери се очигледно напнати по последните случувања меѓу Косово и Србија и односот на шефот на албанската влада во врска со тоа, наведуваат медиумите. Рама му ја подаде раката на Курти и двајцата им позираа на фотографите пред Курти да влезе во зградата. По Курти, премиерот Рама го дочека и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого исто така имаат заладени односи поради случајот „Берели“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-idninata-na-site-e-vo-eu/feed/ 0
Абазовиќ не исклучува одржување вонредни парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-ne-iskluchuva-odrzhuvane-vonredni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-ne-iskluchuva-odrzhuvane-vonredni-parlamentarni-izbori/#respond Sat, 16 Sep 2023 15:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=878691

Претседателот на црногорската влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека не ја исклучува можноста за вонредни парламентарни избори бидејќи, како што вели, Црна Гора постојано е во изборен циклус, а изборите се најчистото решение „кога има политичка криза“. „Како држава постојано сме во изборен циклус. Не би исклучила ниту да одиме на парламентарни избори. Постојано сме во изборен циклус, и постојано бараме резултати. Мислам дека навистина ги испорачуваме резултатите , во многу тешки политички услови“, рече Абазовиќ. Вонредните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа на 11 јуни годинава, но мандаторниот Милојко Спајиќ се уште не формирал влада. Преговорите за формирање влада се во тек, а рокот е 10 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-ne-iskluchuva-odrzhuvane-vonredni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Абазовиќ: Шест лица осомничени за ископаниот тунел, а камионот е пронајден https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-shest-litsa-osomnicheni-za-iskopaniot-tunel-a-kamionot-e-pronajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-shest-litsa-osomnicheni-za-iskopaniot-tunel-a-kamionot-e-pronajden/#respond Wed, 13 Sep 2023 19:27:41 +0000 https://kurir.mk/?p=877790

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека шест лица се осомничени дека ископале тунел под Вишиот суд, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено. Неверојатно е дека Вишиот суд не можел да постави камера во депото, чини околу сто евра, мислам, да има видео надзор. Депото изгледа како од рубриката Верувате или не. Архивата во Врховното обвинителство изгледа исто, голем институционален проблем“, изјави Абазовиќ за РТЦГ. Депото на Вишиот суд во Подгорица е урнато и до него е ископан тунел, чиј почеток е во стан на соседна зграда, што се наоѓа спроти споредната зграда на судот, во центарот на Подгорица. Зградата на Вишиот суд беше во реконструкција во последните месеци, а тој дел од Подгорица е вмрежен со тунели од претходниот период. Во депото биле чувани документи од истраги, материјали одземени при увид и значително количество дрога запленета при полициски акции. Тунелот го откриле судски службеници кога почувствувале провев. Бирото за оперативна координација на органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор (БОК) денеска соопшти дека ова е најопасниот напад врз државните институции и правосудниот систем. Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи. Иако Подгорица е поврзана со подземни тунели, за да стигнат до просториите на судот, сторителите морале да ископаат и да пробијат ѕидови со дебелина од 70 до 80 сантиметри, изјави претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ. - Имаме сомневање дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на просторијата за притвор, рече Савиќ. Тој ги демантираше информациите дека недостасува некој од документите во депото на судот. Но, со тоа не се согласува шефот на црногорската полициска управа, Никола Терзиќ. - За разлика од претседателот на Вишиот суд, кој рече дека речиси ниту еден доказ од депото не недостасува, мислам дека никој не вложил толку труд и напор заради рекреација, иако би сакал да е во право, а јас да грешам. Стравувам дека вистината ќе биде поинаква, рече Терзиќ. Тој потенцираше дека полицијата прави се за да го расветли овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-shest-litsa-osomnicheni-za-iskopaniot-tunel-a-kamionot-e-pronajden/feed/ 0
Абазовиќ: Црна Гора е подготвена да биде домаќина на Дијалогот Белград – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-tsrna-gora-e-podgotvena-da-bide-domakina-na-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-tsrna-gora-e-podgotvena-da-bide-domakina-na-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Fri, 16 Jun 2023 12:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=846567

Црна Гора е подготвена да биде домаќин на следната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави денеска премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти. – Само што имав важен разговор со премиерот Албин Курти на маргините на Преспа форумот за дијалог. Црна Гора, како пријателска земја на Србија и Косово, но и на сите други во регионот, е подготвена со вклучување на европски и американски претставници, да биде домаќин на следната рунда од дијалогот Белград-Приштина, напиша Абазовиќ на Твитер. По средбата со Курти на маргините на Форумот во Струга, Абазовиќ изјави дека „промовирањето на мирот, стабилноста и регионалната соработка се една од главните надворешнополитички цели на Црна Гора“. – Наш заеднички интерес е во отворен разговор да најдеме решение прифатливо за сите страни, посочи Абазовиќ. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, ги покани лидерите на Србија и Косово на разговори во Брисел следната недела, поради влошената ситуација на теренот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-tsrna-gora-e-podgotvena-da-bide-domakina-na-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
Абазовиќ: Резултатите покажуваат дека Црна Гора не е пред банкрот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-rezultatite-pokazhuvaat-deka-tsrna-gora-ne-e-pred-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-rezultatite-pokazhuvaat-deka-tsrna-gora-ne-e-pred-bankrot/#respond Fri, 05 May 2023 11:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=830922

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека Владата минатата година има спектакуларен резултат над сите очекувања. Владата работеше во шеста брзина сите 365 дена, истакна Абазовиќ на презентацијата на постигнатите владини резултати минатата година. Тој истакна дека резултатите покажуваат дека не станува збор за банкрот на државата. - Бруто домашниот производ (БДП) во Црна Гора во 2022 година изнесуваше рекордни 5,8 милијарди евра, дека невработеноста е намалена, а минималната плата изнесува 450 евра, што е убедливо највисока во регионот, што е и случај со просечна плата од 771 евро, наведе Абазовиќ. Тој додаде дека по 40 години се градат нови здравствени установи, дека се создадени услови за изградба на 33 нови инфраструктурни објекти, меѓу кои и мостот на Ада Бојана, што ќе ги поврзува Црна Гора и Албанија, како и аеродромот во Беране. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-rezultatite-pokazhuvaat-deka-tsrna-gora-ne-e-pred-bankrot/feed/ 0
Абазовиќ: Изборите во Црна Гора нема да го сменат односот кон Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-izborite-vo-tsrna-gora-nema-da-go-smenat-odnosot-kon-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-izborite-vo-tsrna-gora-nema-da-go-smenat-odnosot-kon-kosovo/#respond Fri, 14 Apr 2023 12:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=823979

Црногорскиот технички премиер Дритан Абазовиќ денеска изјави дека Подгорица и Приштина имаат одлични односи и дека изборите во Црна Гора нема да ги нарушат односите со Косово. Тој на заедничката конференција со косовскиот премиер Албин Курти посочи дека Црна Гора и Косово се пример како треба да функционираат две соседни земји. - На добар пат сме да направиме некои проекти, кои би ги нарекол историски. Нашата идеја е да создадеме полесен пристап за двата народа на нашите земји. Доаѓаме со мирна, пријателска порака и во иднина ќе имаме атмосфера, која ќе биде за пример. Во Црна Гора се случија неколку политички процеси, но тоа нема да го смени пристапот кон Косово. Ние сме подготвени со нашите капацитети да го поддржиме Косово, нагласи Абазовиќ. Тој додаде дека својата иднина ја гледаат во Европската унија, дека и Косово и Црна Гора покажале дека „биле многу успешни со својата правда против корупцијата“. Абазовиќ го покани премиерот Курти да ја посети Подгорица. Курти наведе дека средбата била фокусирана на односите меѓу Косово и Црна Гора. Тој изрази задоволство што Црна Гора ратификувала три договори во рамките на Берлинскиот процес. - Денес тесно соработуваме како две соседни земји за промовирање на мирот и безбедноста, истакна Курти. Претходно, Курти и Абазовиќ потпишаа билатерален договор за коридор на отворено небо, со кој се обезбедува дозвола за користење на црногорскиот воздушен простор од авиони кои летаат од приштинскиот аеродром. Курти денеска ја почна дводневната посета на Косово, при што се предвидени средби и со лидерите на опозициските партии, со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рам, како и со поранешните претседатели на Косово, Атифете Јахјага и Беџет Пацоли. На вториот ден од посетата Абазовиќ ќе се сретне со вицепремиерката Емилија Реџепи, со членовите на мултиетничката парламентарна група во косовскиот Парламент и со министрите во Владата на Косово од малцинските заедници. Предвидени се и средби на Абазовиќ со командантот на КФОР Анџело Ристуца и со градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери. Абазовиќ со синоќешното интервју за ТВ Клан изјави дека Договорот помеѓу Косово и Србија, што беше постигнат во Брисел и во Охрид е добар за сите во регионот. Постигнувањето договор меѓу Косово и Србија има исклучително добри импликации за сите во регионот. Разбирам дека тоа е прашање меѓу две земји и ние немаме амбиции да влегуваме и да се мешаме, ниту пак зависи од нас, истакна Абазовиќ, додавајќи оти би било многу добро да се постигне конечен договор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-izborite-vo-tsrna-gora-nema-da-go-smenat-odnosot-kon-kosovo/feed/ 0
Абазовиќ во посета на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-vo-poseta-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-vo-poseta-na-kosovo/#respond Fri, 14 Apr 2023 09:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=823904

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска ја почнува дводневната посета на Приштина, при што е предвидено да се сретне со највисоките претставници на Косово. Предвидено е Абазовиќ и премиерот на Косово, Албин Курти ќе потпишат билатерален договор за користење на воздушниот коридор, врз основа на кој авионите што полетуваат од приштинскиот аеродром ќе можат да го користат воздушниот простор на Црна Гора. Црногорскиот технички премиер ќе се сретне и со лидерите на опозициските партии и со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рам, како и со поранешните претседатели на Косово, Атифете Јахјага и Беџет Пацоли. На вториот ден од посетата Абазовиќ ќе се сретне со вицепремиерката Емилија Реџепи, со членовите на мултиетничката парламентарна група во косовскиот Парламент и со министрите во Владата на Косово од малцинските заедници. Предвидени се и средби на Абазовиќ со командантот на КФОР Анџело Ристуца и со градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери. Абазовиќ со синоќешното интервју за ТВ Клан изјави дека Договорот помеѓу Kосовo и Србија, што беше постигнат во Брисел и во Охрид е добар за сите во регионот. - Постигнувањето договор меѓу Косово и Србија има исклучително добри импликации за сите во регионот. Разбирам дека тоа е прашање меѓу две земји и ние немаме амбиции да влегуваме и да се мешаме, ниту пак зависи од нас, истакна Абазовиќ, додавајќи оти би било многу добро да се постигне конечен договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-vo-poseta-na-kosovo/feed/ 0
Абазовиќ: Положивме голем демократски испит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-polozhivme-golem-demokratski-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-polozhivme-golem-demokratski-ispit/#respond Mon, 03 Apr 2023 16:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=819645

Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим. - Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, и да им овозможиме на граѓаните да избираат онака како што мислат дека треба, рече Абазовиќ. Тој додаде дека верува оти со тоа се отвора нова перспектива кога станува збор за владеењето на правото во Црна Гора. - Ова е дел од нашата европска агенда и сигурен сум дека целиот политички спектар треба да се собере околу нашата европска иднина, рече Абазовиќ. Тој наведе дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан разговарале за многу теми. Додаде дека средбата поминала во многу добра и позитивна атмосфера. Абазовиќ му се заблагодари на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој го отвори прашањето за идејата за изградба на регионален енергетски терминал, кој би го финансирала Европската унија. Тој рече дека Црна Гора е подготвена да аплицира, да ги понуди своите капацитети и додаде дека енергетиката е во нивниот фокус подолго време. - Она што не интересира е конечно да добиеме поморска врска со Италија, да го вратиме траектот Бар-Бари, Бар-Анкона, да го вратиме нашиот Свети Стефан. Тоа е амбиција на Владата, рече Абазовиќ. Според него, Црна Гора е место на спојување. - Верувам дека можеме да придонесеме за некои регионални процеси што се случуваат и дека конечно треба да се стави фокус на она што е заедничка иднина, економија и животниот стандард, рече Абазовиќ. Зборувајќи за претстојната туристичка сезона, тој рече дека очекува голем број туристи од ЕУ и од регионот. - Мислам дека во секој случај, на секое место во Европа и светот, Црна Гора демонстрира дека е земја достојна за почит, рече Абазовиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-polozhivme-golem-demokratski-ispit/feed/ 0
Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-se-nadeva-deka-tsrna-gora-ke-dobie-nov-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-se-nadeva-deka-tsrna-gora-ke-dobie-nov-pretsedatel/#respond Fri, 27 Jan 2023 14:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=792885

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат. Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој рече дека е подготвен да слушне предлог доколку некој има. Премиерот рече дека не е преокупиран со претседателските избори и додаде дека за тоа дополнително ќе се изјаснат и органите на неговото движење. „Најважно е Црна Гора да добие нов претседател и тоа да биде заеднички граѓански кандидат. Тоа би било одлично. Значајно би било и тоа да биде дама“, рече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ. Истакна дека е сигурен дека Црна Гора ќе добие нов претседател за кој се надева дека ќе биде покооперативен во остварувањето на националните интереси. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovik-se-nadeva-deka-tsrna-gora-ke-dobie-nov-pretsedatel/feed/ 0
Црна Гора почнува своја вселенска програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrna-gora-pochnuva-svoja-vselenska-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrna-gora-pochnuva-svoja-vselenska-programa/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=792245

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на денешната владина седница најави дека Црна Гора покренува своја вселенска програма. -Црна Гора покренува своја вселенска програма и започнува со развој на сателитот Луча кој треба да биде лансиран во вселената. Ова ќе биде финансирано од Фондот за иновации. Не се работи за големи средства, меѓутоа бара многу работа. Но, Црна Гора ќе отвори уште една перспектива, а тоа е да стане нација која ќе учествува во активностите на другите земји во светот, рече Абазовиќ. Тој најави и дека ќе ги поддржи иноваторите со пари од економското државјанство. -Државата не сака да препушти сè на ентузијастичките млади луѓе, туку и да ги поддржи. Се надевам дека нашиот Луча гордо ќе служи во догледна иднина. Нашиот сателит ќе биде во орбитата како сателитите на многу земји, рече тој. Црногорскиот премиер вели дека најголемата пречка за иноваторите е администрацијата која ќе треба да се усогласи. Тој додаде дека очекува црногорскиот сателит со помали димензии за краток рок да биде во вселената.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrna-gora-pochnuva-svoja-vselenska-programa/feed/ 0