дрон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 07:14:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дрон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинските сили ноќеска собориле 27 од 36 лансирани руски дронови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-nokeska-soborile-27-od-36-lansirani-ruski-dronovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-nokeska-soborile-27-od-36-lansirani-ruski-dronovi/#respond Tue, 10 Oct 2023 07:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=887277

Украинските сили изминатата ноќ собориле 27 беспилотни летала истрелани од руските сили на југот на Украина, јавија утринава украинските воени власти на Телеграм. Русија лансираше 36 беспилотни летала од источниот дел на полуостровот Крим, што го анектираше во 2014 година, се додава во извештајот на украинските сили. Руската војска, која на 24 февруари 2022 година ја почна својата инвазија врз Украина, речиси секоја вечер напаѓа различни украински региони, користејќи беспилотни летала и проектили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-nokeska-soborile-27-od-36-lansirani-ruski-dronovi/feed/ 0
Иран промовираше дрон со најдолг дострел во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-promovirashe-dron-so-najdolg-dostrel-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-promovirashe-dron-so-najdolg-dostrel-vo-svetot/#respond Fri, 22 Sep 2023 15:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=880824

Иран денеска на годишнината од почетокот на некогашната војна со Ирак, ја покажа својата воена опрема, вклучувајќи го и „дронот со најдолг дострел во светот“ заедно со балистички и хиперсонични ракети, објавија иранските државни медиуми. Соопштено е дека дронот е „првпат претставен на јавноста“ на парадата која се емитуваше во живо, а беа прикажани и дроновите „Мохаџер“, „Шахед“ и „Араш“. Исламската Република минатиот месец соопшти дека развила напредно беспилотно летало „Мохаџер-10“ со подобрен дострел и времетраење на летот, како и со поголема носивост на товар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-promovirashe-dron-so-najdolg-dostrel-vo-svetot/feed/ 0
Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dron-so-eksploziv-pronajden-na-bregot-na-bugarsko-odmoralishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dron-so-eksploziv-pronajden-na-bregot-na-bugarsko-odmoralishte/#respond Mon, 18 Sep 2023 07:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=879013

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив, јавија бугарските медиуми. Дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата. Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање дрон со експлозив. Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dron-so-eksploziv-pronajden-na-bregot-na-bugarsko-odmoralishte/feed/ 0
Во Романија повторно пронајдени делови од дрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-povtorno-pronajdeni-delovi-od-dron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-povtorno-pronajdeni-delovi-od-dron/#respond Wed, 13 Sep 2023 13:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=877735

Романија повторно откри потенцијални делови од беспилотни летала на нејзина територија, објави Министерството за одбрана. Во раните утрински часови Русија изврши напад со дрон врз областа Измаил во јужна Украина, во близина на границата со Романија. Трет пат во една недела Романија пријавува идентификација на фрагменти од дронови на нејзина територија. Романските власти на 6 и 9 септември пронашле фрагменти од дрон. По инцидентите со фрагменти од дрон, Романија, членка на НАТО, денеска соопшти дека почна со изградба на засолниште за воздушни напади во југоисточниот регион на границата со Украина. Романија одлучи да ги зголеми безбедносните мерки по руските напади врз украинските пристаништа и инфраструктурата на Дунав. Романската армија почна да работи на изградба на две бетонски засолништа со цел „да го заштити населението“ во градот Плаур што е во близина на украинското пристаниште Измаил, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. За изградбата на засолништата е ангажиран одред од околу 50 војници, а кога ќе бидат изградени ќе бидат предадени на локалните власти. Претседателот на Романија, Клаус Јоханис претходно испрати протестна нота до Москва, осудувајќи ги „тешките нарушување на воздушниот простор што претставуваат закана за романските граѓани“ кои живеат во областа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-povtorno-pronajdeni-delovi-od-dron/feed/ 0
Би-би-си: Украински дрон уништил бомбардер „Ту -22“ длабоко на руска територија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukrainski-dron-unishtil-bombarder-tu-22-dlaboko-na-ruska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukrainski-dron-unishtil-bombarder-tu-22-dlaboko-na-ruska-teritorija/#respond Mon, 21 Aug 2023 19:45:19 +0000 https://kurir.mk/?p=869341

Руски бомбардер од долг дострел „Ту-22“, гордоста на руската воена авијација, е уништен во напад на украински дрон, јави денеска Би-би-си, повикувајќи се на слики објавени на социјалните мрежи, што се подложни на анализа на оваа медиумска куќа. На сликите се гледа запален „Тупољев Ту-22“ во воздухопловната база „Солци-2“, јужно од Санкт Петербург. Москва соопшти дека дронот бил погоден со оган од малокалибарско оружје, но дека успеал да „оштети еден авион“. Објаснувањето е дека „во терористичкиот акт нема жртви“ и дека „пожарот на пистата на аеродромот е брзо изгаснат“. Украина засега не го коментираше овој извештај. Бомбардерите „Ту-22“ летаат со двојно поголема брзина од брзината на звукот и Русија ги користи за напади врз градовите во Украина. Руското Министерство за одбрана во денешното соопштение наведе дека нападот со „коптерско беспилотно летало“ се случил околу 10 часот по московско време, на „воениот аеродром во Новгородската област“. Би-би-си објансува дека во овој регион се наоѓа и воздухопловната база „Солци-2“. Сликите објавени на платформата за социјални медиуми Телеграм покажуваат голем пожар што проголтува авион „Ту-22“ со неговиот карактеристичен конус на носот. Сервисот за верификација на Би-би-си (BBC Verify) ги анализираше фотографиите и верува дека тие се автентични. Оваа операција укажува на фактот дека е зголемена оперативната способност на Киев да напаѓа цели длабоко во руската територија, затоа што аеродромот „Солци-2“ се наоѓа на околу 650 километри од границата со Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-ukrainski-dron-unishtil-bombarder-tu-22-dlaboko-na-ruska-teritorija/feed/ 0
Русите со дронови го гаѓале Измаил, клучното пристаниште на Дунав за извоз на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-so-dronovi-go-gagale-izmail-kluchnoto-pristanishte-na-dunav-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-so-dronovi-go-gagale-izmail-kluchnoto-pristanishte-na-dunav-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/#respond Wed, 16 Aug 2023 06:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=867209

Украинското воено воздухопловство денеска соопшти дека руските сили лансирале голема група дронови кон украинското пристаниште Измаил, на Дунав, во близина на границата со Романија, што е клучно за извозот на жито. Британските медиуми пренесуваат дека на социјалните мрежи е објавено дека стрелбата на системот за противвоздушна одбрана се слушнал во областа во близина на овој град и пристаништето Рени, исто така на Дунав. Во јужниот дел на областа Одеса, предупредувањето за воздушна опасност беше на сила околу еден час. Преку украинските пристаништа на Дунав се извезуваше околу една четвртина од украинското жито, пред Русија да се повлече од договорот што дозволува безбедно поминување на бродови низ Црното Море. Оттогаш, пристаништата на Дунав станаа главна излезна точка, а житото се испраќа со шлепери до романското црноморско пристаниште Констанца, од каде што го продолжува своето патување. На почетокот на август, рускиот напад врз Измаил ги зголеми цените на храната на глобално ниво, наведуваат британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-so-dronovi-go-gagale-izmail-kluchnoto-pristanishte-na-dunav-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/feed/ 0
Кина воведе ограничување за извоз на дронови со голем дострел за да не се користат за воени цели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vovede-ogranichuvane-za-izvoz-na-dronovi-so-golem-dostrel-za-da-ne-se-koristat-za-voeni-tseli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vovede-ogranichuvane-za-izvoz-na-dronovi-so-golem-dostrel-za-da-ne-se-koristat-za-voeni-tseli/#respond Mon, 31 Jul 2023 13:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=862041

Кина денеска воведе ограничувања за извоз на цивилни беспилотни летала со голем дострел, наведувајќи ја руската војна во Украина и загриженоста дека беспилотните летала би можеле да се користат за воени цели. Владата на кинескиот лидер Си Џинпинг одржува пријателски врски со Москва, но вели дека е неутрална во актуелната војна во Украина. Забраната за извоз ќе стапи во сила утре за да се спречи употребата на беспилотни летала „за воени цели“, соопшти Министерството за трговија. Ограничувањата ќе важат за беспилотни летала кои можат да летаат надвор од природната линија на гледање на операторот или да останат во воздух повеќе од 30 минути, да имаат додатоци кои можат да исфрлаат предмети и тежат повеќе од седум килограми, се вели во соопштението. „Од почетокот на војната во Украина, некои кинески цивилни компании за беспилотни летала доброволно ги прекинаа своите операции во конфликтните области“, соопшти Министерството за трговија. Ги обвини американските и западните медиуми дека шират „лажни информации“ за извозот на кинески дронови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vovede-ogranichuvane-za-izvoz-na-dronovi-so-golem-dostrel-za-da-ne-se-koristat-za-voeni-tseli/feed/ 0
Гладков: Гори енергетска централа во Белгород врз која дрон фрли бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gladkov-gori-energetska-tsentrala-vo-belgorod-vrz-koja-dron-frli-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gladkov-gori-energetska-tsentrala-vo-belgorod-vrz-koja-dron-frli-bomba/#respond Mon, 05 Jun 2023 07:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=842106

Гувернерот на рускиот Белгородски огруг Вјечеслав Гладков утринава соопшти дека во овој регион избувнал пожар во енергетска централа, потврдувајчи дека пожарот бил предизвикан од бомба фрлена од дрон. Гувернерот тврди дека во нападот нема повредени, а објектот не е оштетен. Проукраински сили, составени од руски бунтовници, веќе неколку недели вршат диверзантски акции во Белгородската област. Во последниот вчерашен напад на овие руски партизани биле заробени неколку руски војници, кои, наведуваат овие проукраински сили, ќе им ги предадат на украинските власти. Рускиот волонтерски корпус ова го соопшти преку видео порака на каналот Телеграм, откако претходно беше нападнато село во руската Белгородска област. Корпусот, заедно со борците од руската Легија на слободата, ја презеде одговорноста за серијата напади на руска територија, вклучително и нападот минатата недела во кој Москва соопшти дека двајца цивили биле убиени за време на борбите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gladkov-gori-energetska-tsentrala-vo-belgorod-vrz-koja-dron-frli-bomba/feed/ 0
Подољак: Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-nevoobichaeniot-i-chuden-napad-so-dron-vrz-kreml/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-nevoobichaeniot-i-chuden-napad-so-dron-vrz-kreml/#respond Thu, 25 May 2023 12:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=838599

Михајло Подољак, висок советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ, минимизирајќи ги извештаите на американските медиуми. Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека анализите на американските разузнавачки служби покажале дека нападот со дрон врз Кремљ овој месец најверојатно бил извршен од украинска разузнавачка единица или специјална единица. Москва го обвини Киев за нападот. Подољак рече дека Русија настојува да ги намали испораките на оружје за Украина во обид да ги искористи стравовите од Западот од можна ескалација поради наводните украински напади на руска територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-nevoobichaeniot-i-chuden-napad-so-dron-vrz-kreml/feed/ 0
Украинската армија одбила уште еден напад со дронови врз Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-odbila-ushte-eden-napad-so-dronovi-vrz-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-odbila-ushte-eden-napad-so-dronovi-vrz-kiev/#respond Thu, 25 May 2023 05:34:59 +0000 https://kurir.mk/?p=838361

Киевската воена управа денеска соопшти дека противвоздушната одбрана во целост одбила уште еден „масовен“ напад на руски дронови. - Русија повторно го нападна Киев од воздух. Според првичните информации, беспилотни летала од типот Шахид учествуваа во овој масовен напад, објави на Телеграм шефот на цивилната и вбоена управа на Киев, Серхи Попко. Тој додаде дека „ангелите чувари на Киев“ ги собориле сите руски беспилотни летала. Според Попко во мај биле извршени 12 такви напади врз Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-odbila-ushte-eden-napad-so-dronovi-vrz-kiev/feed/ 0