дрца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 05:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дрца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да добијат вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-okolu-67-milioni-detsa-vo-svetot-propushtija-da-dobijat-vaktsini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-okolu-67-milioni-detsa-vo-svetot-propushtija-da-dobijat-vaktsini/#respond Thu, 20 Apr 2023 05:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=825682

Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН. „Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани“, се вели во новиот извештај на агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ, додавајќи дека враќањето на вистинскиот пат „ќе биде предизвик“. Од 67 милиони деца чија вакцинација беше „сериозно нарушена“, 48 милиони целосно ги пропуштија рутинските вакцини, соопшти УНИЦЕФ, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијалните епидемии на полио и сипаници. Вакцинација кај децата се намали во 112 земји, а процентот на вакцинирани деца ширум светот се намали за 5 поени на 81 процент - ниско ниво што не е забележано од 2008 година. Африка и Јужна Азија беа особено погодени. „Загрижувачки е тоа што назадувањето за време на пандемијата дојде на крајот на една деценија кога, генерално, растот на имунизацијата во детството стагнираше“, се вели во извештајот. Вакцините спасуваат 4,4 милиони животи секоја година, бројка според која ОН би можеле да скокнат на 5,8 милиони до 2030 година доколку се исполнат нивните амбициозни цели да не остават „никого зад себе“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-okolu-67-milioni-detsa-vo-svetot-propushtija-da-dobijat-vaktsini/feed/ 0