другарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jun 2022 19:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png другарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Неверојатно – четири најдобри пријателки бремени во исто време и тоа двапати https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-neverojatno-chetiri-najdobri-prijatelki-bremeni-vo-isto-vreme-i-toa-dvapati/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-neverojatno-chetiri-najdobri-prijatelki-bremeni-vo-isto-vreme-i-toa-dvapati/#respond Sun, 12 Jun 2022 20:31:19 +0000 https://kurir.mk/?p=689994

Меди Кастељано е тиктокерка која стана вирална откако објави видео на кое се наоѓа во своите три пријателки. Сите четири биле бремени во исто време со нивните први деца, а истот се случило и со вторите бебиња. -Некои од вас можеби се сеќаваат дека јас и моите најдобри пријателки бевме бремени во исто време, вели Меди на објавеното видео на кое позира со пријателките. Како што објаснува нивните деца се родени со разлика од неколку недели. Меди вели дека сега многу работи прават заедно, а нивните деца се најдобри другари уште од мали, односно уште од утробата. Пред една година четирите пријателки повторно биле бремени во исто време со вторите деца, а Меди вели дека ништо не било договорено меѓу нив.  
@maddiecastellano Story time on how 4 best friends got pregnant at the same time TWICE! Love u @lobeeston & @britneekent ❤️ #pregnant #pregnancy #momsoftiktok ♬ She Share Story (for Vlog) - 山口夕依
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-neverojatno-chetiri-najdobri-prijatelki-bremeni-vo-isto-vreme-i-toa-dvapati/feed/ 0
Овие ваши грешки би ви ги простиле само најдобрите пријатели https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-vashi-greshki-bi-vi-gi-prostile-samo-najdobrite-prijateli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-vashi-greshki-bi-vi-gi-prostile-samo-najdobrite-prijateli/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=413350

Веќе со години сте најдобри пријатели и заедно сте минале низ сито и решето. Многу добро се познавате и може да комуницирате дури и без зборови. Сите правиме грешки, но вакви нешта само најдобрите пријатели простуваат и после години истите стануваат добри приказни за раскажување. Купување на исто парче облека Доколку вашата колешка од работа се појави со ист фустан како вашиот тоа навистина би ве изнервирало, но случајот не е ист со вашата најдобра пријателка. Напротив, тоа дури може да биде и олеснителна околност бидејќи, како прво, нема да има потреба да ви го позајми вашиот фустан па да не ви го врати со месеци, и второ, може сосем случајно и без договор да го облечете за една иста пригода и заедно да изгледате како чудаци (што навистина ќе ве забавува во текот на вечерта). Шала на страна, одбирањето исто парче облека може дури и да значи дека навистина сте сродни души, и иако можеби на почеток ќе ви пречи, никогаш нема да ѝ се налутите и ќе најдете начин од тоа да направите забава. Кажување остра критика Како најдобра пријателка треба да биде искрена со вас за ваше добро. Тоа значи дека ќе ви каже кога облеката не ви одговара, кога не треба да купите одредено парче облека, кога она што сте го напишале треба да се поправи или кога она што сте го направиле не е најдоброто од вас. Во принцип егото на човекот е големо и никој не сака да му биде посочено дека направил грешка, но најдобрите пријатели имаат пропусница за критика. Најважно до сè, ја кажуваат од срце и за доброто на пријателот. Уништување на серија/филм/книга О, не, само што ви го кажа крајот на филмот! Ова не е на добро. Но, бидејќи станува збор за најдобар пријател, простувате… и му го кажувате крајот на книгата што ја чита. Или можеби е толку возбудена за новата серија што ви кажува дури и повеќе отколку што треба бидејќи не сте почнале да ја гледате. Малку фучите со носот но ви минува за миг. Кажување лоши нешта за вашите омилени работи/личности Само најдобриот пријател може да каже негативна критика за нештото/личноста што го/ја сакате без да добие лавина аргументи и убиствен поглед. Секако, најчесто станува збор за провокација од која ќе излезе добра шега. Заборавањето да се честита роденден на ФБ Сè додека не заборави да ви купи поклон и да ви честита во живо, во ред е. Всушност, на најдобриот пријател не му треба ФБ потсетник дека имате роденден и може воопшто да не се осврне кон социјалните мрежи за честитка. Будење во глуво доба од ноќта Само најдобриот пријател може да ви ѕвони во 4 наутро во пијана состојба или за да ве извести дека завршил со читање на најдобрата книга која некогаш му дошла во раце а вие да не го испратите на едно посебно место. Најверојатно дури и ќе се впуштите во разговор. Игнорирањето на пораките кои ги праќате Доколку навистина има важна работа знае дека ќе може да ви објасни подоцна зошто била недостапна. Тоа е така бидејќи знае дека од вас ќе биде разбрана. Барањето на чудна услуга Може да биде одење некаде, извршување чуден телефонски повик, купување нешто што не ви е јасно како би го употребила. Она што за познаниците е барање голема или чудна услуга, за најдобрите пријатели е задача која ја извршуваат со задоволство и знаат дека секогаш може да побараат нешто за возврат. Имањето ставови кои се тотално различни од вашите Најдобрата пријателка може да има сосем различни ставови од вас за некои работи, може да членува во организација која се коси со вашите верувања и интереси, и иако да беше некој друг никогаш не би му проститле, со пријателот едноставно одлучувате да не зборувате повеќе за тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-vashi-greshki-bi-vi-gi-prostile-samo-najdobrite-prijateli/feed/ 0
Сингл сме, но тоа не нè спречи да имаме деца: Две другарки забременија во исто време од донори на сперма https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/singl-sme-no-toa-ne-ne-sprechi-da-imame-deca-dve-drugarki-zabremenija-vo-isto-vreme-od-donori-na-sperma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/singl-sme-no-toa-ne-ne-sprechi-da-imame-deca-dve-drugarki-zabremenija-vo-isto-vreme-od-donori-na-sperma/#respond Wed, 23 Sep 2020 19:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=407590

34-годишната Лорен Харис и нејзината најдобра пријателка 36-годишната Џес отсекогаш сакале деца - но времето полека им истекувало, а ниту една од нив не го пронашла вистинскиот маж за тоа. Па така другарките склучија пакт да имаат деца заедно - со помош на донори на сперма! До јануари оваа година, Лорен и Џес станаа мамички на ќерки - кои ги воспитуваат заедно во Флорида, каде се први сосетки. Во ексклузивен разговор за „The Sun“ тие ја раскажаа своите приказни. - Кога Џес и јас се запознавме преку татко ми, со кој таа работеше, веднаш се поврзавме. На 31 година, Џес беше две години постара и како мене, таа беше очајна да стане мајка. Но, никој од нас не го најде вистинскиот човек за заеднички живот и иднина. Во текот на следните три години, двете имавме врски и безброј први средби, надевајќи се дека една од нив ќе се претвори во наша среќа. Кога стигнав до 32, практично можев да го слушнам „отчукувањето“ на мојот биолошки часовник. Се чувствував безнадежно и Џес исто така. „Не сакам да се откажам од своите соништа да бидам мајка, но, времето истекува“ - ми велеше Џес. Ние секогаш се шегувавме со заобиколувањето на делот со врската и самостојно раѓање бебиња со помош на донатор на сперма. После некое време, се прашував дали тоа навистина може да биде можност. „Зошто не останеме бремени сами?“ - ми рече Џес еден ден. Имам потполна доверба во неа и знаев дека ќе се поддржуваме една со друга, исто како што би имала со партнер. Колку повеќе разговаравме за тоа, толку повеќе имаше смисла. Значи, започнавме да го истражуваме процесот на користење банка за сперма и откривме заедница на жени кои имаат бебиња кои ги израснуваат сами, нарекувајќи се „Самохрани мајки по избор“. Секоја реално размисливме за тоа, пресметувајќи ги трошоците за воспитувањето на дете сам. Посетивме клиника за плодност за да ги процениме нашите опции и потоа направивме тестови. Една вечер излезени во еден бар, го извадивме лаптопот за да ги разгледаме донаторите на сперма. Пиејќи пијалоци, прелистувавме низ различни профили, проценувајќи ја нивната висина, семејната историја и сè она помеѓу. „Толку е нереално да се мисли дека еден од овие мажи може да биде татко на моето дете!“ - реков. Додека планирав да чекам до мојата 35-та година, тестовите покажаа дека мојата плодност се намалува и сфатив дека е сега или никогаш. Затоа, по шест месеци, ѝ реков на Џес: „Навистина сакам да го сторам ова.“ Истото го сакаше и таа. За среќа, бевме исполнети со љубов и поддршка од нашето семејство и пријатели. До ноември 2018-та година, се одлучивме за нашите донатори на сперма и два месеци подоцна, Џес беше оплодена. Девет дена после тоа, таа ми заѕвони на видео повик. „Мислам дека халуцинирам“, рече таа, мавтајќи со позитивниот тест за бременост пред мене. Бидејќи мав оплодувањето подоцна тој ден, се чувствував надежно. Но, две недели подоцна, тие надежи беа уништени кога не забременив. „Следниот пат“- ми рече Џес. И покрај моето разочарување, мојата возбуда за неа никогаш не прекина и по шест недели отидовме на нејзиниот прв скрининг. Ја држев за рака додека гледавме нагоре во екранот. Во текот на следните неколку месеци, бременоста на Џес напредуваше добро, но моето патување не беше толку лесно. До април 2019-та година, имав три неуспешни оплодувања и решив да пробам ИВФ. Следуваа дневни инјекции, пред да добијам јајцеклетки и да се оплодат со донаторска сперма. Нешто повеќе од две недели подоцна, во мај 2019-та година, ѝ заѕвонив на Џес: „Јас сум бремена“- реков. После пет месеци измачување, јас бев облеана со среќа и олеснување. На мојот прв скрининг, на ред беше Џес да ми ја држи раката додека гледавме на екранот. Ултразвукот покажа дека носам близнаци, но неколку недели подоцна, изгубив едно од бебињата. Потоа, неколку дена пред датумот на породување на Џес, медицинските сестри забележаа дека нејзиниот крвен притисок е висок, па таа беше хоспитализирана. И покрај тоа што и јас бев бремена пет месеци, бев решена да бидам тука за неа. Останав покрај Џес додека контракциите ја држеа и, по 29 часа, таа го донесе своето бебе на свет. „Дали е таа навистина моја?“ - ме праша Џес, гледајќи во бебето на нејзините гради. Таа беше совршена. Потоа, во 38-мата недела, лекарите забележале дека моето бебе престана да расте. Бев хоспитализирана, а сега на ред беше Џес да биде тука за мене, бидејќи контракциите ми стануваа сè посилни и посилни. На 18-ти јануари родив прекрасно девојче - кое го крстив Хана Џејн. Додека лежеше во моите раце, срцето ми препукна од среќа. Кога се вратив дома, се соочив со улогата да бидам самохрана мајка. На почетокот беше претешко, но и Џес и моето семејство беа неверојатни. Јас и Џес дури купивме куќи една до друга. Сега се надевам дека нашата приказна ги охрабрува другите жени да го бараат својот пат кон мајчинството. Бидејќи кога родивме бебиња со мојата најдобра пријателка ми ги остварија соништата- раскажа Лорен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/singl-sme-no-toa-ne-ne-sprechi-da-imame-deca-dve-drugarki-zabremenija-vo-isto-vreme-od-donori-na-sperma/feed/ 0
Секунди ја делеа од смрт: Тинејџерка ја бутна својата другарка под автобус кој за милиметар ја промаши нејзината глава (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekundi-ja-delea-od-smrt-tinejdzerka-ja-butna-svojata-drugarka-pod-avtobus-koj-za-milimetar-ja-promashi-nejzinata-glava-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekundi-ja-delea-od-smrt-tinejdzerka-ja-butna-svojata-drugarka-pod-avtobus-koj-za-milimetar-ja-promashi-nejzinata-glava-video/#respond Thu, 19 Apr 2018 11:49:30 +0000 https://kurir.mk/?p=43089

Во Полска е снимено страшно видео од незгода на улица, кога една 17 годишна тинејџерка за малку не ја прегази автобус. Нејзината другарка од шала ја бутна под автобус, а тинејџерката со главата падна пред тркало на возилото и за голема среќа избегнато е најлошото. Нејзината другарка сега е обвинета за загрозување на живот, а ако ја осудат и се заканува една година затвор. Погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekundi-ja-delea-od-smrt-tinejdzerka-ja-butna-svojata-drugarka-pod-avtobus-koj-za-milimetar-ja-promashi-nejzinata-glava-video/feed/ 0