Друштво на писатели на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 14:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Друштво на писатели на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За нови членови на ДПМ пријавени 69 кандидати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/za-novi-chlenovi-na-dpm-prijaveni-69-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/za-novi-chlenovi-na-dpm-prijaveni-69-kandidati/#respond Wed, 16 Nov 2022 14:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=761733

Шеесет и девет кандидати се пријавиле за нови членови на Друштвото на писателите на Македонија на конкурсот што заврши вчера. -На Конкурсот се пријавија кандидати од Републикава, но и кои живеат во странство – Австралија, Германија, Шпанија и други земји. Старосната граница на кандидатите е од 18 до 88 години, а исто така различна е и нивната етничка припадност, соопшти ДПМ. За приемот на новите членови со тајно гласање ќе одлучуваат членовите на Претседателството на писателската асоцијација, а имињата на новите членови ќе бидат познати во декември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/za-novi-chlenovi-na-dpm-prijaveni-69-kandidati/feed/ 0
Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristo-petreski-izbran-za-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristo-petreski-izbran-za-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/#respond Sat, 28 May 2022 15:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=682950

Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години. Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна Мојсова-Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска, Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска. Новоизбраниот претседател Христо Петрески ќе ја преземе функцијата од Соња Стојменска-Елзесер, која го раководеше ДПМ од 2018 до 2022 година. Петрески (1957, Крушево) членува во ДПМ од 1985 година. Дипломирал на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје. Основач е и директор на издавачката куќа „Феникс” и на Фондацијата „Македонија презент”. Во својата изборна програма Петрески наведе дека ќе се залага редовно, еднаш во годината, да се примаат нови и млади членови во Друштвото на писателите, но со почитување на сите правила и критериуми за прием. Покрај постојните годишни награди, тој предлага да се воведе и награда за драмски дела, која може да го носи името на Горан Стефановски. Предлага дисперзирање на книжевните настани со карвани од писатели низ земјава, промоции, литературни средби, трибини на актуелни теми и активности за популаризација на книгата и читањето. Петрески ќе се залага за меѓународна соработка со потпишување спогодби со сродни институции, пред сѐ од соседството. Во наредните четири години тој предлага ДПМ да објави шест антологии на современата македонска поезија, проза, критика, есеј, драма и творештво за деца и млади, а просториите на Друштвото да бидат реновирани и тоа да стане, како што вели, отворено привлечно и работно катче за секојдневни работни средби и разни пригодни настани. Членовите на ДПМ, како што стои во неговата програма за кандидатура, ќе имаат членски книшки со кои ќе остваруваат право на попуст во театар, кино, железнички превоз, ресторани… На домашна адреса тие ќе го добиваат бесплатно списанието „Стожер” – единственото гласило на Друштвото на писателите, покрај тоа што ќе им биде достапно и електронски на веб-страницата на ДПМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristo-petreski-izbran-za-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/feed/ 0
Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/konkurs-za-tradicionalni-godishni-nagradi-na-dpm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/konkurs-za-tradicionalni-godishni-nagradi-na-dpm/#respond Tue, 07 Dec 2021 09:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=605171

Како и секоја година, така и овој декември Друштвото на писатели на Македонија го распишува Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања, чии автори се членови на асоцијацијата. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и младинци и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се репер за валоризација на годишната книжевна продукција. Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2021 година) во посочените категории. Примероците треба да се достават во канцеларијата на ДПМ, но поради состојбата со Ковид 19, треба секоја посета да се најави на телефонскиот број назначен на веб-страницата на ДПМ или на мејл-адресата [email protected].]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/konkurs-za-tradicionalni-godishni-nagradi-na-dpm/feed/ 0