држава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 10:04:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png држава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петровска: Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-vo-ovoj-moment-nema-realna-zakana-za-bezbednosta-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-vo-ovoj-moment-nema-realna-zakana-za-bezbednosta-na-drzavata/#respond Tue, 20 Dec 2022 10:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=778039

Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата и тоа е она што граѓаните треба да го знаат. Не оставаме ништо на случајност и службите, секоја во своја надлежност преземаат дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Во одговор на новинарско прашање на денешната деветта НАТО студентска симулација, Петровска посочи дека на вчерашниот состанок се отворила дебата, заедно со претставниците на разузнавачките служби и министерот за внатрешни работи и додава дека идејата е оперативниот тим да ја забрза и подобри координацијата на службите, како и на службите на партнерските земји. – Кибер заштитата на сите институции, но и на се тоа што претставува критична инфраструктура е предизвик. Министерството е носител на новото законско решение за заштита на критична инфраструктура и впрочем утре во Клубот на пратеници ќе ја имаме последната јавна дебата по што законот ќе биде проследен во процедура. Додека да се усвои и стапи во сила законот, апсолутно секоја институција презема дополнителни мерки во однос на кибер заштитата. Имаме постојана комуникација и поддршка од стратешките партнери и во рамките на НАТО и надвор од тоа. Сајбер заштитата е нешто на кое во континуитет мора да се работи и не е нешто кое еднаш засекогаш завршува, порача министерката. Додаде дека се следат сите евентуални обиди за кибер-напад и се во координација со сите засегнати институции со цел навремено реагирање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-vo-ovoj-moment-nema-realna-zakana-za-bezbednosta-na-drzavata/feed/ 0
Државата на приватниот сектор му должи 197 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavata-na-privatniot-sektor-mu-dolzi-197-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavata-na-privatniot-sektor-mu-dolzi-197-milioni-evra/#respond Thu, 05 May 2022 10:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=672263

Министерството за финансии ги објави последните податоци за достасани и неплатени обврски на државата кон јавниот сектор, кон физички лица, странство и обврски кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации. Бројката на неподмирени обврски кон приватниот сектор, кон македонските стопанственици во годината кога голем дел се на работ на рентабилноста е навистина голема – 197 милиони евра. Вкупниот внатрешен долг (достасани, а неплатени обврски на сите нивоа на државата) на крајот на првиот квартал од годинава изнесува 392 милиони евра. Бројката беше слична и за последниот квартал лани - 393 милиони евра. Но, она што е тука индикативно е значајното зголемување на долгот кон приватниот сектор - за 43 милиони евра. Наспроти тоа, во првиот квартал од годинава имаме намалување на долгот кон јавниот сектор за 47 милиони евра. Достасаните, а неплатени обврски на АД Македонски енергетски ресурси од 82 милиони евра во последниот квартал од минатата година се платени во првиот квартал од годинава. Кај АД ЕЛЕМ од 7 милиони евра на крајот од 2021 година, долгот е пораснат на 17 милиони евра. Вкупно достасаните, а неплатени обврски кон приватниот сектор се зголемени за 80 милиони евра. Кога ќе се споредат последните два квартали, последниот од лани и првиот од годинава, најголем раст на достасани, а неплатени обврски има кај јавните здравствени установи (17,7 милиони евра), останати субјекти (14,3 милиони евра), општински јавни претпријатија (6,2 милиони евра). Најголем кумулативен раст на достасаните неплатени обврски има кај јавните здравствени установи и тоа од околу 40 милиони евра. И општините имаат високи достасани побарувања – од околу 70 милиони евра и општинските јавни претпријатија со околу 60 милиони евра (состојба на крај на 2021 година).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavata-na-privatniot-sektor-mu-dolzi-197-milioni-evra/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: 900 милиони евра нов долг, а ниту еден проект – Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-900-milioni-evra-nov-dolg-a-nitu-eden-proekt-kovachevski-i-sdsm-ja-frlaat-drzavata-vo-dolznichko-ropstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-900-milioni-evra-nov-dolg-a-nitu-eden-proekt-kovachevski-i-sdsm-ja-frlaat-drzavata-vo-dolznichko-ropstvo/#respond Thu, 05 May 2022 07:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=672065

900 милиони евра нов долг, а ниту еден проект, Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ветуваше бесплатно здравство, 600 километри автопат, европска иднина, а испорача долгови, криминал и корупција. СДСМ не направи ниту еден значаен проект изминативе 5 години, но затоа го дуплираше јавниот долг. СДСМ ја краде иднината на генерациите што допрва доаѓаат, затоа што наместо раст и развој генерира долгови кои треба да се враќаат во наредните децении, а притоа не за развој, туку за покривање на криминалот и неспособноста. Овие 900 милиони евра можеа да се инвестираат во капитални инвестиции и нови проекти, но заради СДСМ одат на покривање на дупките од нивната неспособност, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-900-milioni-evra-nov-dolg-a-nitu-eden-proekt-kovachevski-i-sdsm-ja-frlaat-drzavata-vo-dolznichko-ropstvo/feed/ 0
Мизрахи: Држава на НЕ-еднаквите – За некои решението за изолација е закон, за некои закон нема!(ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-drzava-na-ne-ednakvite-za-nekoi-reshenieto-za-izolacija-e-zakon-za-nekoi-zakon-nema-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-drzava-na-ne-ednakvite-za-nekoi-reshenieto-za-izolacija-e-zakon-za-nekoi-zakon-nema-foto/#respond Sun, 18 Apr 2021 12:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=498842

За некои решението за изолација е закон, за некои закон нема, коментира на својата Фејсбук страница пратеничката Рашела Мизрахи. -Држава на НЕ-еднаквите! За некои решението за изолација е закон, за некои закон нема. За некои нема возило за ИТНА ПОМОШ кога ИТНО Е ПОТРЕБНА ПОМОШ, за некои итната помош е приватна сопственост. Има разлика!!!, пишува во својата објава Мизрахи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-drzava-na-ne-ednakvite-za-nekoi-reshenieto-za-izolacija-e-zakon-za-nekoi-zakon-nema-foto/feed/ 0
Мисајловски: Нема тендер што не е наместен, со државата владее мафија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nema-tender-shto-ne-e-namesten-so-drzavata-vladee-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nema-tender-shto-ne-e-namesten-so-drzavata-vladee-mafija/#respond Tue, 13 Apr 2021 13:10:17 +0000 https://kurir.mk/?p=496505

Почитувани колеги, почитувани граѓани, почитувана претседателке, внимателно ве слушав, навистина добар план ќе кажам. Сериозен план, ми се допаѓа тоа што сте го направиле, сериозно на многу страни, и се надевам нема да остане само едно парче хартија. Убаво кажавте вие, тоа е законска обврска и треба да се донесе на секои 5 години. Но за жал, реалноста не е таква. Јас ќе пробам да бидам малку подиректен со овие 15 приоритети горе доле што вие ги опфаќате во вашата, односно во стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси, го започна својот говор на денешната собраниска седница, Владо Мисајловски, потпретседател и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. - Една од главните работи што ја спомнавте и што ја има во стратегитата е зголемување на нивото на политичка одговорност. Апсолутно е така. Од четири години за никого од власта нема, апсолутно нема. Може прогон против ВМРО постојано да има, но во моментов, за власта на никој нема. Прво нешто што го спомнавте како главен приоритет се јавните набавки. Апсолутно сте во право. Јас тука ќе бидам директен, кажавте убави формулации како треба да се спроведуваат јавните набавки, но јас ќе ви кажам директно, НЕМА тендер што не е наместен, тоа е проблемот. И не го зборувам јас тоа сеа, 20/30 години од кога постои државава дали во локална самоуправа дали во централна власт, постои. Во овој акционен план, вие убаво наведувате нови формули, нови акциски планови. Но што ќе се спроведе? Бидејќи слушнавте колку има наместени тендери, моментално слушнавме за Рашковски тендерите, што еве кажува пратеникот има пресумпција на невиност, јас тоа нема да го говорам, но дали е тоа вистина ? Дали има вистина во тендерите што ги чувме со некои фантомски фирми за вакцини, дали има вистина за тендерите оние што се во здравството итн. Дадовте многу формулации дека во здравството дека едно користење на јавните ресурси и финансии, што не е добро,  рече тој. - Јас ве охрабрувам, и не само јас туку претпоставувам сите пратеници, не само вашата борба против корупција, туку сите заеднички да ја следиме оваа стратегија и навистина да дадеме се од себе. Еве јас јавно кажувам, јас секогаш ќе поддржам ваков документ, ќе го поддржам навистина но да има ефект од сето тоа. Бидејќи ова е законска обврска, да не испадне да се носат акциони планови и стратегии само затоа што има законска обврска. Државата ни станува мафијашка држава. Јас кога почнав со првиот говор тука, премиерот, министрите, ја формираа Владата, кажав дека мафијата си добива своја држава и сега гледате овој мозаик, овие коцки како полека една со друга се лепат, и гледаме дека во оваа држава навистина владее мафија, посочи Мисајловски. - Кажавте исто така има голем проблем со вработувањата во јавниот сектор, и сите до еден знаеме дека тоа е проблем со партиските вработувања. Но, дали има предмет за овие години за овие партиски вработувања?  Дали има за роднини, пријатели, пратеници, директори, функционери ? Многу малце, минимално... или ич. Но ако има, одлично. Еве ве охрабрувам секој предмет да го проверите. И не само што ќе го чуете од оваа говорница или од новинарите, туку и вие навистина да се задолжите, вие што сте во комисијата и се разбира на сите оние кои ве комуницираат да дадете максимум, да излезе се на површина и да се види сето тоа бидејќи ова не е проблем овие четири години, сега ја слушнав колешката зборуваше и за минатите години. Епа сега нема човек што не е вработен од СДСМ, нема, не постои. И тоа е реалноста, дециден е Мисајловски. Во продолжение може да го слушнете целосно неговиот говор на денешната собраниска седница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nema-tender-shto-ne-e-namesten-so-drzavata-vladee-mafija/feed/ 0
Со Заев на власт граѓаните не добија реформи, ама мафијата доби држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-zaev-na-vlast-gragjanite-ne-dobija-reformi-ama-mafijata-dobi-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-zaev-na-vlast-gragjanite-ne-dobija-reformi-ama-mafijata-dobi-drzava/#respond Thu, 08 Apr 2021 10:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=494354

Наместо ветените реформи за правда и подобар живот за граѓаните, кои ги ветуваа актуелниот премиер Зоран Заев и неговите најблиски соработници, со него граѓаните добија мафија на власт. Место да работат за доброто на македонските граѓани, Владата предводена од Заев ги згрижува најголемите мафијашки структури од целиот балкански полуостров. Државјанства се дадени на турскиот мафијаш Седат Пекер, кого власта пред одреден период извести дека бил протеран од Македонија, како и на платениот убиец од Црна Гора, Јован Вукотиќ, на водачот на познатиот нарко картел од Албанија, Флорјан Мусај. Се претпоставува дека издадени се вкупно 215 македонски, лажни незаконски пасоши на разни криминалци кои циркулираат низ светот. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави афера „Мафија“ со која ја обвинува власта дека давала македонски државјанства на криминалци, мафијаши и нарко босови од земјите од регионот и истите им ги издавала со украдени идентитети на македонски државјани. Доказите ваквата голема афера опозицијата ги обезбедила од страна на „свиркач“ кој до нив ги документите и доказите. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред некој ден преку прес конференција ги објави првите имиња вели дека аферата „Мафија“ потврдува дека Владата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските нарко – босови. Тој смета дека не може главните луѓе во МВР да не знаат ништо за лажни пасоши кои се издаваат и да се апсат службеници од пониски структури во пасошкото, во однос на апсењето на неколку лица вработени во МВР. Врвот на власта, според Мицкоски е Мафијашко гнездо и оцени дека акцијата не е пробиена со нивните информации туку е убрзана за да не се сокрие. -Ако ја спроведувале во последните година дена тогаш требало да ја спроведат, дај Боже стално вака да ги саботираме и да ги инспирираме да ги завршуваат акциите но треба да почнат од себе, не да почнат од службеникот или службеничката што зема отисок од прст и фотографира. Бидејќи на нив им било така кажано од други структури, затоа што немојте да ме убедувате дека тој службеник знае кој е Јован Вукотиќ или уште помалку знае кој е Георги Андонов. Или пак Седат Пекер, а уште помалку знае кој е Џадин Адемовски и уште такви стотици лица. Да не се лажеме, криминалот е во врвот на власта. Колку побрзо расчистиме со овие луѓе, толку побрзо ќе имаме правна држава. Се останато е растурање пердуви и приказни за мали деца, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. И потпретседателот на партијата, Александар Николоски, кој вчера објави нови имиња на кои им се издадени македонски пасоши со украдени идентитети истакна дека оваа афера „Мафија“ ја докажува целата немоќ на правната држава, која е окупирана, погазена и завиткана во хибриден режим. -Поставувам јавно прашање дали македонски пасош издаден од МВР имал и водачот на познат нарко картел од Албанија? МВР во регуларна постапка на 17.07.2019 година му издала македонски пасош со број C1265083 и на шефот на нарко клан од Албанија, Флорјан Мусај со позајмен идентитет Наум Фило роден на 22.01.1986 година, објави Николоски. Од друга страна, откако ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата, МВР спроведе акција која ја нарече „Двојник“ и во која уапси 9-мина вработени, главно од управната пасошка служба во МТВ, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел кои работеле на фотографирање на двојниците со криминално досие и им издавале „чисти“ пасоши со украден идентитет од македонски државјанин. Но тоа се само ситни риби, додека главните и големи риби од оваа криминална афера сеуште се на слобода. Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски место да се грижи за безбедноста на македонските граѓани тоа се дало во згрижување и вдомување на најопасните балкански криминалци. Од целата оваа афера може да се констатира дека државата овозможува логистика на криминалци, мафијаши и нарко картели од балкански и европски калибар. Нема граѓанин кој верува во приказната дека мафијашки бос извадил легален пасош со украден или лажен идентитет кај обичен полициски службеник. Такво кривично дело е возможно најмалку со знаење на претпоставениот кој е поставен директно од Оливер Спасовски. Целта е ситните риби да одговараат за крупните да се спасат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-zaev-na-vlast-gragjanite-ne-dobija-reformi-ama-mafijata-dobi-drzava/feed/ 0
Занаетчиите во неизвеснот – сѐ уште ја чекаат помошта од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/#respond Fri, 19 Mar 2021 11:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=484709

Занаетчиите бараат што поскоро да се изгласаат законите и да се исплати ветената финансиска помош, бидејќи голем дел од нив се на работ на егзистенцијата. Претседателот на Занаетчиската комора на Македонија (ЗКРСМ) и на Регионалната комора Куманово, Агрон Фазлији очекува брза исплата на платите и отворање на можност за аплицирање на бескаматни кредити, мерки ветени со петтиот сет економски мерки. Тој апелираше што побрзо да се изгласаат законите кои се во постапка и се во интерес на многу дејности, наменети за спас на економијата. – Апелираме занаетчиите што побрзо да ја добијат помошта од државата, затоа што се во незавидна положба и едвај врзуваат крај со крај. Само во еден ден во Куманово пет занаетчии ги затворија дуќаните. Постојано ни се јавуваат занаетчии од целата држава и бараат помошта што побрзо да стигне до нив. Бараме под итно да се донесат законите, да ни се помогне. Од почетокот на кризата, па се до денес, сè уште сме во незавидна положба и сме една од најпогодените гранки. Нас нѐ не интересираат партиските препукувања, потребна ни е помош. Пред кризата никогаш не баравме поддршка од државата,изјави Фазлији. Тој смета дека со петтиот сет економски мерки ќе се пребродат тешките месеци, а се надева дека од средината на пролетта ќе се рестартира економијата и дека ќе успеат самите постепено да се изборат со последиците од едногодишната пандемија, но доколку продолжи кризата, најави Фазлији, ќе бараат уште еднаш поддршка од државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата, една шака луѓе кои ја ограбуваат земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-preku-mijalkov-pokaza-deka-postoi-mafija-vo-drzavata-edna-shaka-lugje-koi-ja-ograbuvaat-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-preku-mijalkov-pokaza-deka-postoi-mafija-vo-drzavata-edna-shaka-lugje-koi-ja-ograbuvaat-zemjata/#respond Thu, 25 Feb 2021 07:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=473550

Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ. Впрочем во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности. Целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев во континуитет го прави. Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат. Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации. Мафијата е таа шака луѓе кои ја ограбуваат државата, го осиромашуваат народот, а тие енормно се богатат. На ова се гледа крајот, а тоа ќе се оконча со крајот на власта на Заев, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-preku-mijalkov-pokaza-deka-postoi-mafija-vo-drzavata-edna-shaka-lugje-koi-ja-ograbuvaat-zemjata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-imotniot-list-na-drzavata-e-asnom-i-referendumot-od-1991-godina-a-zaev-e-shrederot-koj-go-kine-parche-po-parche-imotniot-list/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-imotniot-list-na-drzavata-e-asnom-i-referendumot-od-1991-godina-a-zaev-e-shrederot-koj-go-kine-parche-po-parche-imotniot-list/#respond Sun, 03 Jan 2021 09:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=451497

Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев. Од партијата додаваат дека со Заев иднина е невозможна, исто како и ЕУ. -Се што направи Заев е уништување, на она што со векови и децении е градено. Заев успеа за 4 години да ја урниса државата. Нема владеење на правото, има криминал и корупција. Нема квалитетно образование, имаме студентски кои прокиснуваат. Нема бесплатно здравство, имаме пациенти кои примаат терапија во иста просторија со починати лица, се наведува во партиското соопштение. Од паријата велат дека Заев да имал малку лице ќе си поднесел оставка уште кога добивме вето за отпочнување на преговорите со ЕУ. -Со ветото за ЕУ пропаднаа сите ветувања на Заев, тој тврдеше дека се решени сите прашања со соседите, а сега гледаме нови ултиматуми, но и дека ќе влеземе во ЕУ, а сега гледаме дека сме подалеку од ЕУ од кога било. Во ЕУ не се оди со скапи мотори, додека народот нема леб да јаде, додека секој 4 Македонец е на раб на сиромаштија, додека државата има долг од над 60% од БДП, додека имаме неодговорност за криминал и корупција, во случаи каде постои сомнение за вмешаност на врвот на власта. Со Заев ЕУ е невозможна мисија. Со Заев нема иднина, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-imotniot-list-na-drzavata-e-asnom-i-referendumot-od-1991-godina-a-zaev-e-shrederot-koj-go-kine-parche-po-parche-imotniot-list/feed/ 0
Таравари: Државата нема стратегија да се справи до Ковид пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-drzavata-nema-strategija-da-se-spravi-do-kovid-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-drzavata-nema-strategija-da-se-spravi-do-kovid-pandemijata/#respond Fri, 23 Oct 2020 17:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=419937

Градоначалникикот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за Ковид пандемијата во државата и посочи дека Република Македонија е држава со најголем морталитет во регионот, па и во Европа и треба да се размисли кој ги прави грешките. Имено тој истакна дека државата е единствена држава во регионот која нема стратегија како да се постапи доколку од тестираните 20% се позитивни, ако 15% се позитивни од тестираните. -Бројките кои кажуваат како одредени држави менаџираат со кризата, Македонија е рангирана со последен четврт степен на успешност во менаџирањето и мислам дека одговорност треба да се бара од некого. Македонија е мала држвата и треба да се седне да се види кои се најдобрите епидемиолози и најкомпетентни и ако не ја смениме целата комисија барем да бараме таа да се прошири и да се повикаат одредени луѓе без разлика на која партија припаѓаат. Јас гледам во таа комисија тенденцијата е да бидат партиски луѓе и затоа мислам дека треба да се седне да се направи тим кој ќе ни даде најдобри препораки. На Клиниката за инфективни болести вие сеуште немате препораки како да се лекува еден пациент со Кови-19, додаде Таравари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-drzavata-nema-strategija-da-se-spravi-do-kovid-pandemijata/feed/ 0