Државен инспекторат за труд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 16:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Државен инспекторат за труд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инспекција „хараше“ 7 саати во Чаир, се проверувало дали се почитува законот за недела неработен ден – казнети 12 објекти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspekcija-harashe-7-saati-vo-chair-se-proveruvalo-dali-se-pochituva-zakonot-za-nedela-neraboten-den-kazneti-12-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspekcija-harashe-7-saati-vo-chair-se-proveruvalo-dali-se-pochituva-zakonot-za-nedela-neraboten-den-kazneti-12-objekti/#respond Sun, 14 Aug 2022 16:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=718413

Денеска (14.08.2022),во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на опстина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи. Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspekcija-harashe-7-saati-vo-chair-se-proveruvalo-dali-se-pochituva-zakonot-za-nedela-neraboten-den-kazneti-12-objekti/feed/ 0
Инспекторатот во служба на авторитаризмот: Сите видоа прекршување на законите од двајцата пратеници, но не и Државниот инспекторат за труд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-vo-sluzba-na-avtoritarizmot-site-vidoa-prekrshuvanje-na-zakonite-od-dvajcata-pratenici-no-ne-i-drzavniot-inspektorat-za-trud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-vo-sluzba-na-avtoritarizmot-site-vidoa-prekrshuvanje-na-zakonite-od-dvajcata-pratenici-no-ne-i-drzavniot-inspektorat-za-trud/#respond Wed, 21 Apr 2021 21:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=500600

Власта повторно им даде до знаење на граѓаните дека во земјава, законите не важат подеднакво за сите, односно дека тие се над нив. Со други зборови со својот однос и носењето на двајца пратеници позитивни на корона вирус покажа дека сите закони, донесени мерки и протоколи кои важат за сите за време на пандемијата не важат за власта. Сите видоа прекршување на законите и протоколите за изолација на пратениците од владејачкото мнозинство Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, но не и власта, ниту пак Инспекторатот. Државниот инспекторат за труд по извршениот надзор вчера во Собранието не констатираше никакви неправилности и оцени дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени. Тие го убедуваат народот дека тоа што го виделе, всушности и него виделе, бидејќи инспекторатот не го виде очигледното и тоа што им беше пред очите. Двајца пратеници позитивни на корона вирус, ги прекршија мерките за изолација и си се прошетаа до Собрание. Без око да им трепне ја прекршија изолацијата и Законот за заштита на населението од заразни болести и дури не убедуваат дека тоа е правилно и исправно. Неверојатно е како власта смета дека е исправно да се загрозат животите на граѓаните, на пратениците и вработените во Собрание, а уште поневеројатно е немањето чувство на срам и немањето одговорност во целиот настан. Да биде ситуацијата полоша, нивната ароганција оди до тој степен што тие дрско се расправаат со секој што ќе им воочи дека таквата постапка не беше исправна. Да прекрши изолација било кој друг ќе добие казна. Но, не и овие двајца пратеници, не и тие што им дозволиле да се појават на работа. Ужасот е уште поголем ако знаеме дека пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска ангажирала амбулантно возило како да е такси превоз. Сите знаеме дека во овој период дека амбулантите возила се најпотребни, но тоа не го знае пратеничката Бисера, а ни нејзината партија СДСМ. И колку да сакаат да манипулираат дека нејзиниот глас бил неопходен за плати и гласање на петтиот пакет на мерки, тоа не е точно. За пакетот на мерки гласаа 113 други пратеници, а нејзиното присуство беше заради другата собраниска седница од која власта не сакаше да се откаже иако во овој момент не беше толку приоритетна. Токму поради тоа овој чин, не само што беше покажување на мускули од страна на власта, туку и невиден преседан се покажува дека не сме сите еднакви пред законите и дека не живееме во демократско општество, туку во некоја форма на авторитаризам. За крај има една работа која ја забораваат а тоа е дек тие двајца се пратеници, народни претставници кои треба да даваат пример. А примерот кој го дадоа на сите останати граѓани е дека отсега секој може да ја прекрши изолацијата доколку облече скафандер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-vo-sluzba-na-avtoritarizmot-site-vidoa-prekrshuvanje-na-zakonite-od-dvajcata-pratenici-no-ne-i-drzavniot-inspektorat-za-trud/feed/ 0
ДИТ: Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на ширење на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dit-rabotnicite-da-go-prijavuvaat-nepochituvanjeto-na-merkite-za-prevencija-na-shirenje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dit-rabotnicite-da-go-prijavuvaat-nepochituvanjeto-na-merkite-za-prevencija-na-shirenje-na-koronavirusot/#respond Tue, 24 Mar 2020 13:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=321395

Државниот инспекторат за труд апелира граѓаните да ги пријавуваат сите евентуални непочитувања на мерките за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот на нивните работни места. Преставките и пријавите велат од Инспекторатот ќе останат анонимни, а по нив веднаш ќе се постапи. Од Државниот инспекторат за труд најавуваат и особено засилени контроли во производствените погони во кои работат поголем број работници. – Секоја претставка ќе биде анонимна нема да излеземе да кажеме кој пријавил. Граѓаните да не се плашат да пријават. Ние ќе постапуваме веднаш по сите пријави, а тие ќе останат анонимни, рече на денешната прес-конференција директорот на Државниот инспекторат за труд Аљадин Хавзиу. Тој појасни дека граѓаните за нерегуларностите или непочитување на мерките можат да пријават преку веб страницата на Државниот инспекторат за труд или преку кол-центарот. Има дежурни лица кои ги примаат повиците и во зависност од регионот на кој се однесува претставката се информираат подрачните единици за постапување. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со жалби на граѓани од фабрика во Кичево, дека не се почитуваат мерките за заштита и превенција, тој рече дека Државниот инспекторат досега пет пати извршил инспекција и оти одговорните изјавиле дека ќе нарачаат 50 илјади заштити маски. Со оглед на тоа што, поплаките за истака компанија се повторуваат, рече тој, ќе продолжат коинтинуирани секојдневни инспекциски надзори во различни делови од денот за да се утврдат фактите и оти ако се утврди дека не се применуваат препораките од владата таа компанија ќе биде санкционирана. Во врска со полаките на граѓаните дека не им се дозволува користење мерка за отсуство од работа за дете до 10 години, Хавзиу истакна дека досега до Инспекторатот пристигнале околу 500 жалби по овој основ. – Работникот ако има соодветна документација треба само да го извести работодавачот дека ги има потребните документи. Тука завршува нивата работа. Ако има жалби и поплаки тука сме ние да постапуваме и во работни но и во денови од викенд, рече директорот на ДИТ: Од 19 до 22 март, како што беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет што се одржа во Владата, од Државниот инспекторат за труд биле реализирани вкупно 463 контроли, при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле согласно владините мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dit-rabotnicite-da-go-prijavuvaat-nepochituvanjeto-na-merkite-za-prevencija-na-shirenje-na-koronavirusot/feed/ 0