државен карантин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Dec 2020 11:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државен карантин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во државен карантин оние кои од Велика Британија ќе пристигнат на Кипар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drzaven-karantin-onie-koi-od-velika-britanija-kje-pristignat-na-kipar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drzaven-karantin-onie-koi-od-velika-britanija-kje-pristignat-na-kipar/#respond Mon, 21 Dec 2020 11:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=446170

Државен карантин во траење од седум дена и тридневна домашна изолација воведува Кипар за сите оние кои ќе пристигнат од Велика Британија, јави дописничката на МИА од Атина. Министерството за здравство на Кипар соопшти дека од 18 часот попладневно, од превентивни причини, сите патници од Велика Британија, по пристигнувањето ќе бидат тестирани, а потоа пренесени во хотели каде што седум дена ќе останат во карантин. На седмиот ден, повторно ќе им се прави тест за Ковид-19, а оние кои ќе добијат негативен резултат ќе треба да поминат три дена во домашен карантин. Трошоците за пренесувањето и сместувањето во хотелите ќе бидат на трошок на државата. Од Министерството додаваат дека позитивните примероци на оние кои во изминатата седмица пристигнале од Велика Британија, ќе бидат доставени до Институтот за неврологија и генетика за да се оцени евентуалното постоење на мутираниот вид на коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-drzaven-karantin-onie-koi-od-velika-britanija-kje-pristignat-na-kipar/feed/ 0
Со чаршаф избегале од хотелски соби кои се користеле како државен карантин- сега слободно се шетаат со коронавирус низ Скопје! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charshaf-izbegale-od-hotelski-sobi-koi-se-koristele-kako-drzaven-karantin-sega-slobodno-se-shetaat-so-koronavirus-niz-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charshaf-izbegale-od-hotelski-sobi-koi-se-koristele-kako-drzaven-karantin-sega-slobodno-se-shetaat-so-koronavirus-niz-skopje/#respond Thu, 09 Jul 2020 15:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=372707

На 08.07.2020 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел - државен карантин во Скопје бил забележано чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже. По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид - 19 кај едно од лицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charshaf-izbegale-od-hotelski-sobi-koi-se-koristele-kako-drzaven-karantin-sega-slobodno-se-shetaat-so-koronavirus-niz-skopje/feed/ 0
Границите од денеска отворени без обврска за тест и карантин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granicite-od-deneska-otvoreni-bez-obvrska-za-test-i-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granicite-od-deneska-otvoreni-bez-obvrska-za-test-i-karantin/#respond Fri, 26 Jun 2020 05:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=363157

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција Според здравствените власти, отворањето на границите не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик,.Оценката е дека отворањето на границите со почитување на превентивните мерки (воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата) го сведува на минимум ризикот за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти. Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПЦР-тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со иклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките. За патување во земјите членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава. Оваа одлука  членките на Унијата деновиве треба повторно да ја разгледаат  поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионов. Грција, според најавите на  властите во Атина, засега останува на основниот план за отворање на границите на 1 јули, но и со укажување дека тоа е „план што континуирано се ажурира и во соработка со европските власти“. Словенија и Хрватска, пак, најавија можност за заострување на граничниот режим и повторно враќање на обврската за двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и од Косово, имајќи ја предвид епидемиолошката слика во овие земји. Бугарија, пак, ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули поради новиот бран заразени со коронавирусот. Во пресрет на отворањето на границите, на барање на Главниот координативен кризен штаб,  Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа донесе одлука со која се поништуваат сите дејствија по решенијата за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лицата под здравствен надзор и домашна изолација и лицата во државен карантин кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granicite-od-deneska-otvoreni-bez-obvrska-za-test-i-karantin/feed/ 0
Нов Зеланд не е веќе „корона слободна“ земја, една грешка ги чинеше нови случаи на вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-ne-e-vekje-korona-slobodna-zemja-edna-greshka-gi-chineshe-novi-sluchai-na-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-ne-e-vekje-korona-slobodna-zemja-edna-greshka-gi-chineshe-novi-sluchai-na-virusot/#respond Wed, 17 Jun 2020 07:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=358897

Откако на две жени, заразени со коронавирус, им било дозволено да се шетаат, војската на Нов Зеланд ги чува објектите наменети за карантин, а засилени се и контролите на границите. Нов Зеланд вчера го загуби статусот на корона слободна земја откако на две жини кои допатувале од Велика Британија им било дозволено да го напуштат карантинот за да посетат пријател кој бил на смртна постела, а за кои подоцна било утврдено дека се позитивни на Ковид-19. Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека на заболените лица не смеело да им биде дозволено да го напуштат карантинот. -Тоа претставува неприфтлива грешка на систеот. Ќе бараме да се врши не едно, туку две тестирања во тие објекти, без исклучок, изјави Ардерн. Таа се договорила со помошник министерот за одбрана, војската да ги надгледува сите карантини и да раководи со објектите за изолација, вклучително и процесот на пуштање на лицата од истите објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-ne-e-vekje-korona-slobodna-zemja-edna-greshka-gi-chineshe-novi-sluchai-na-virusot/feed/ 0
Место во државен карантин да седат сами во соби, еве што правеле во хотелот Дрим- ова „задоволство“ ги чини 3.000 евра! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mesto-vo-drzaven-karantin-da-sedat-sami-vo-sobi-eve-shto-pravele-vo-hotelot-drim-ova-zadovolstvo-gi-chini-3-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mesto-vo-drzaven-karantin-da-sedat-sami-vo-sobi-eve-shto-pravele-vo-hotelot-drim-ova-zadovolstvo-gi-chini-3-000-evra/#respond Fri, 24 Apr 2020 12:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=336696

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица, осум кои не ја почитувале Одлуката за задолжителен државен карантин, а едно за движење во полициски час, соопштија од ОЈО Струга. – Тие со хуманитарни летови организирани од Владата се вратиле во земјава, по што биле сместени во задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“. Но, на 8 април, полициски службеници ги затекнале надвор од нивните соби. Кога им било наредено да се вратат во собите, тие продолжиле да се движат низ ходникот на хотелот. Надлежен јавен обвинител предложи на секое од овие лица да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска противвредност, се вели во образложениот на обвинителството. Деветото лице за кое струшкото обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог не ја почитувало Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, па за време на полицискиот час на 31 март тој бил затекнат надвор од неговиот дом. Основното јавно обвинителство Струга за ова лице предложи парична казна од 100 дневни глоби, секоја во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mesto-vo-drzaven-karantin-da-sedat-sami-vo-sobi-eve-shto-pravele-vo-hotelot-drim-ova-zadovolstvo-gi-chini-3-000-evra/feed/ 0
Заврши државниот карантин на 99 лица во „Молика“, примени нови 94 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-drzavniot-karantin-na-99-lica-vo-molika-primeni-novi-94/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-drzavniot-karantin-na-99-lica-vo-molika-primeni-novi-94/#respond Sat, 18 Apr 2020 11:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=333910

Заврши двонеледниот државниот карантин на 99 лица кои беа сместени во х.Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април. -Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели. Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија, информираат од ЕСМ. За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-drzavniot-karantin-na-99-lica-vo-molika-primeni-novi-94/feed/ 0
Македонски државјани денеска се враќаат со летови од Базел и Виена, изолацијата ќе ја поминат во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzavjani-deneska-se-vrakjaat-so-letovi-od-bazel-i-viena-izolacijata-kje-ja-pominat-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzavjani-deneska-se-vrakjaat-so-letovi-od-bazel-i-viena-izolacijata-kje-ja-pominat-vo-struga/#respond Mon, 30 Mar 2020 06:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=324026

Државјани на Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел. Синоќа по полноќ се очекуваше авион со 180 наши државјани да слетаат на скопскиот аеродром од Бон. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација. Вчера од Берлин со авион беа вратени 176 лица, 173 возрасни и 3 дечиња. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје. – Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, напиша Димитров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzavjani-deneska-se-vrakjaat-so-letovi-od-bazel-i-viena-izolacijata-kje-ja-pominat-vo-struga/feed/ 0
Чулев: Министерството за внатрешни работи има 156 пунктови за контрола и ги обезбедува и лицата во државен карантин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-ima-156-punktovi-za-kontrola-i-gi-obezbeduva-i-licata-vo-drzaven-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-ima-156-punktovi-za-kontrola-i-gi-obezbeduva-i-licata-vo-drzaven-karantin/#respond Thu, 26 Mar 2020 21:07:40 +0000 https://kurir.mk/?p=322798

Министерот за Внатрешни работи, Наќе Чулев во извјава за телевизија Сител, истакна Министерството за внатрешни, котролата за почитување на полицискиот час ја врши преку пунктови и мобилни полициски патроли. Тој рече дека на ниво на цела држава се поставени 156 пунктови на главните сообраќајници и дека дека на другиот дел преку мобилни полициски патроли. -Министерството за Внатрешни работи, контролата за мерката за ограничување на движењето на граѓаните, ја врши на три начини и тоа преку пунктови. На територија на цела држава имаме 156 и тоа се главно на главните сообраќајници, бидејќи таму најмногу се движат граѓаните, додека на другите места преку мобилни полициски патроли. На подрачјето на СВР Скопје имаме 50 полициски пунктови и голем број на полициски патроли, рече Чулев. Министерот додаде дека припадниците на министерството за внатрешни работи би обезбедуваат и лицата кои што се дојдени од странство и кои моментално се наоѓаат во државен карантин. Чулев истакна дека лица во државен карантин во моментот имаме околу 350 граѓани и дека тие се сместени на вкупно седум локации на територија на Македонија. -Ние како припадници на Министерството за внатрешни работи ги обезбедуваме и државните карантини. Во моментот обезбедуваме седум објекти на територија на државата, во кои што отприлика има сместено околу 350 македонски граѓани кои што од странство пристигнале на територија на нашата држава. И согласно одлуката на Влада мора да бидат задолжително, 14 дена во државен карантин, рече Чулев. Во однос на мерките за изолација и самоизолација, за жал рече Чулев, од ден на ден се повеќе се зголемуваат решенијата кои се издават на граѓаните кои што се ставаат во изолација и самоизолација. Во моментот, додаде тој, решенија за здравствен надзор на граѓани се вкупно 1500, додека за самоизолација се 8900 и ова значи зголемен број на на активности и обврски за припадниците на полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-ima-156-punktovi-za-kontrola-i-gi-obezbeduva-i-licata-vo-drzaven-karantin/feed/ 0