државен ревизор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Dec 2019 06:54:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државен ревизор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изборот на главен државен ревизор и автентичното толкување за помилувањето на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-glaven-drzaven-revizor-i-avtentichnoto-tolkuvanje-za-pomiluvanjeto-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-glaven-drzaven-revizor-i-avtentichnoto-tolkuvanje-za-pomiluvanjeto-na-sobraniska-sednica/#respond Thu, 12 Dec 2019 06:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=276345

Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски и изборот на главен државен ревизор се само дел од 73-те точки на дневен ред на 123-тата собраниска седница што треба да се одржи денеска. Во рамки на седницата, пратениците треба да ги разгледаат и точките за избор на заменици на Народниот правобранител и на главниот државен ревизор, како и за објавување огласи за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На дневен ред на оваа седница се и неколку ратификации и закони во прво и во второ читање, како и закони по скратена постапка. Дел од законските предлози се за усогласување со новиот Законот за прекршоци, односно намалување на глобите]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-glaven-drzaven-revizor-i-avtentichnoto-tolkuvanje-za-pomiluvanjeto-na-sobraniska-sednica/feed/ 0
Комисијата за избори и именувања го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-go-predlozi-maksim-acevski-za-glaven-drzaven-revizor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-go-predlozi-maksim-acevski-za-glaven-drzaven-revizor/#respond Fri, 06 Dec 2019 14:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=274328

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор. Едногласно е донесена одлуката од Комисијата, а нејзиниот претседател Илија Димовски посочи дека нејзините членови дошле до општо прифатливо решение – економистот од Велес, Ацевски да му биде предложен на Собранието на главен државен ревизор. Димовски нагласи дека нема сомнеж дека сите 12 кандидати би биле добар избор, но сепак членовите постигнале согласност за Ацевски. Истакна дека е потребно да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности. Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите. Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, за што беше информирано, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-go-predlozi-maksim-acevski-za-glaven-drzaven-revizor/feed/ 0
Нов обид за избор на главен државен ревизор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-obid-za-izbor-na-glaven-drzaven-revizor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-obid-za-izbor-na-glaven-drzaven-revizor/#respond Fri, 06 Dec 2019 06:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=274019

Изборот на главен државен ревизор денеска е повторно пред членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Собраниски извори за МИА посочија дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа денеска да се официјализира. Последните изјави и од власта и од опозицијата минатата недела беа дека се залагаат за широк консензус за кандидат за главен државен ревизор. Претседателот на Комисијата Илија Димовски тогаш за МИА рече дека додека не се постигне согласност за еден кандидат од барем седум пратеници нема да свика седница. Комисијата има 12 членови и 12 заменици-членови, претседател и заменик-претседател. Хари Локвенец од СДСМ, кој е член на Комисијата рече дека очекува дека најдоцна оваа недела да се реши прашањето околу изборот на прв државен ревизор. – Наша цел е обезбедување на широк консзензус околу изборот на главен државен ревизор во насока на зголемување на довербата на граѓаните во државните инстититуции. Покрај тоа паралелно размислуваме и за законско одблокирање на работата на ревизијата, не само од технички аспект на идното функционирање, туку и во суштинскиот дел за она за што се задолжени, додаде Локвенец. На конкурсот за нов главен државен ревизор, кој во Службен весник излезе на 26 декември 2017 година, се пријавиле 12 кандидати, од кои големо мнозинство ревизори, кои работат во институцијата. Државната ревизија веќе една година и 11 месеци функционира без директор, а на 4 октомври годинава истекол мандатот и на заменикот директор, со што е оневозможено нормалното функционирање на Заводот и е доведена во прашање неговата независност. Без директор нема да бидат во можност да ја реализираат тековната програмата за работа до крај, ниту да ја донесат програмата за работа за 2020 година.  Тие ќе бидат онеспособени да ги контролираат државните институции, да ги плаќаат сметките за нивните канцеларии, да добијат плати. Нема да можат да ги контролураат ниту финансиските извештаи на партиите од кампањите. А за оваа пролет веќе се најавени нови избори. На дневен ред на другите две продолженија на Комисијата се и утврдување предлози за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, избор на директор и заменик директор на ДЗЛП, именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, избор на член на Советот на јавните обвинители. Пред пратениците се и предлозите за именување членови на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и избор на членови на Судскиот совет, изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за избор на членови на Советот на ААВМУ и Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-obid-za-izbor-na-glaven-drzaven-revizor/feed/ 0