државен врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Dec 2021 12:01:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државен врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО ЖИВО: Државниот врв им оддава почит на загинатите, во тек е преземањето на останките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzavniot-vrv-im-oddava-pochit-na-zaginatite-vo-tek-e-prezemanjeto-na-ostankite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzavniot-vrv-im-oddava-pochit-na-zaginatite-vo-tek-e-prezemanjeto-na-ostankite/#respond Fri, 03 Dec 2021 11:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=603524

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром. Почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница. Посмртните останки со возила на погребалното претрпијатие „Бутел“ ќе бидат пренесни до нивните вечни почивалитша. На плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzavniot-vrv-im-oddava-pochit-na-zaginatite-vo-tek-e-prezemanjeto-na-ostankite/feed/ 0
Света Софија и Турција во фокусот на средбите на Анастасиадис со грчкиот државен врв https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/#respond Tue, 14 Jul 2020 13:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=375653

Координација во пресрет на Самитот на ЕУ, заедничка реакција наспроти турските активности, а секако и одлуката Света Софија да стане џамија се најдоа во фокусот на средбите што претседателот на Кипар Никос Анастасиадис ги имаше во Атина со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу, како и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на Света Софија, Мицотакис порача дека не станува збор за грчко-турско прашање, ниту пак за европско, туку за светско прашање, а Анастасиадис истакна дека Света софија им припаѓа на оние кои го почитуваат културното наследство. – Историјата подучува дека светското наследство не може да биде натпревар за надвладување меѓу државите и дека на крај, спомениците не се понижуваат, туку ги понижуваат оние кои не ги почитуваат. Света Софија е поголема од сите и ги надминува сите, нѐ надминува сите, порача Мицотакис, кој додаде дека „пред оваа непотребна иницијатива на Турција, Грција ги разгледува иницијативите на сите нивоа“. Грчкиот премиер истакна дека се поставува и прашањето дали Света Софија сега ќе може да ги задржи посебните привилегии на светски културен споменик на УНЕСКО. Претседателот на Кипар рече дека ќе дејствуваат заедно, а со нив и сите цивилизирани луѓе, како и политичарите и граѓаните. – За да се испрати силната порака дека е незамисливо, во модерни времиња да без мерка, да се презира културното наследство, порача претседателот на Кипар. Во однос на активностите на Турција, Мицотакис и Анастасиадис истакнаа дека постои координација, а Грција и Кипар имаат еднакви ставови, порачувајќи дека тие поддржуваат дијалог. – Нема да дозволиме да преовладува она што го сака Турција, односно да попуштиме пред провокацијата за да се создаде непотребна криза. Тоа што заеднички ќе сториме е да видиме како ефекасно ќе се активира Европската унија. Конкретно, ќе се повикаме на чувствителностите на европските партнери, не само за кршењето на меѓународното право и за европските принципи и вредности, туку и за она што никој не очекуваше го направи една светска држава, односно Света Софија да ја претвори во џамија, порача Анастасиадис. – Обединета и одлучна, Европа веќе мора да одреди една конкретна листа со активности и санкции за земјата која сака да има улога на локален бељаџија, но и да се развива во закана за стабилноста за целиот регион на Југоисточниот Медитеран, истакна Мицотакис и додаде дека Грција и Кипар никогаш не одбиле дијалог со Турција, но тој треба да биде базиран на меѓународното право, принципите на добрососедство и почитување на суверените права на сите земји. На средбата, станало збор и за новиот Фонд за закрепнување на Европската унија што ќе биде една од темите на Самитот на ЕУ во петок, а и за ова прашање, било констатирано дека двете земји се со исти позиции. Претседателот на Кипар, кој е во еднодневна посета на Атина, утрово оствари средба и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, која рече дека „Грција, Европската Унија и меѓународната заедница мора да се мобилизираат со сите соодветни средства за да се врати историската вистина и да се зачува универзалниот карактер на Света Софија“. Грчката претседателка кон крајот на септември ќе го посети Кипар, откако претходно, поради пандемијата беше откажано патувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/feed/ 0